-
Напишано со тебе (Regret duet #2)
2420,00 денКога имав петнаесет години, еден куршум ми го смени животот. Ја поминав следната декада обидувајќи се да побегнам од ужасот од моето минато, градејќи империја за да се заштитам од сè што би можел да ми приреди животот.
Но немаше пари што можеа да ми помогнат кога најдов расплакано новороденче оставено на мојот праг.
Никогаш не сакав да бидам татко. Не сакав никому, а најмалку на невино дете, да му ја пренесам гнасотијата што течеше низ моите вени – тоа ми личеше на трагедија. Но ете, таа сега беше таму, на мојот праг – со розови обравчиња, црвена коса и дефинитивно моја.
Некако, тоа мало девојченце стана најдоброто нешто што некогаш ми се случило. Беше невозможно да останам изгубен во минатото кога јас бев единствениот на светот кој можеше да ѝ донесе безбедност и заштита во иднината. И затоа, кога мајка ѝ конечно реши да се врати по неа четири години подоцна, јас бев подготвен за борба.
Само камо среќа да можев да не се заљубам во неа за време на војната…

-
-36%
Врати ме назад
6Original price was: 420,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Фин и Лејла се млади, заљубени, и на одмор. Тие возат по автопат кога Фин одлучува да застане на одмориште покрај патот за да отиде до тоалет. Тој излегува од колата, ја заклучува и влегува во тоалетот. Но кога се враќа, Лејла ја нема – и никој никогаш веќе не ја гледа. Тоа е приказната што Фин им ја кажува на полицајците. Но тоа не е целата приказна…
Десет години подоцна, Фин е свршен со сестрата на Лејла – Елен. Заедничката болка и тага за она што се случило со Лејла ги зближила и тие планираат да останат заедно. Но, кај Елен има нешто што Фин никогаш не успева целосно да го разбере. Неговото срце сака да верува дека таа е вистинската за него… иако некое шесто сетило му вели да не ѝ верува.
И тогаш, непосредно пред неговата венчавка со Елен, Фин добива телефонски повик. Некој од неговото минато ја видел Лејла. А се случуваат и некои чудни работи: во куќата на Фин и Елен одеднаш почнуваат да се појавуваат одамна изгубени предмети од минатото на Лејла. Почнуваат да стигнуваат мејлови од непознати луѓе кои од некаде знаат премногу. Тајни пораки, траги, предупредувања. Ако Лејла е жива – и ако таа е онаа што го прогонува Фин – што сака таа? И колку знае?
„Врати ме назад“ ќе ве тера да се сомневате во сè и секого до последната страница.
-
-49%
Совршеното дете
5Original price was: 450,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Кристофер и Хана се среќен брачен пар; тој е хирург, а таа медицинска сестра и имаат речиси совршен живот. Единственото нешто што им недостасува е дете. Кога едно напуштено шестгодишно девојченце, Џејни, се појавува во болницата каде што работат, Кристофер веднаш страшно се поврзува со неа и ја убедува Хана да ја земат дома.
Но Џејни не е баш обично дете и нејзината оштетена психа е покомплициран проблем од она што новите родители го очекуваат. Џејни е претерано поврзана со Кристофер и почнува со вознемирувачки испади, насочувајќи го целиот бес кон Хана. Хана никако не може да се зближи со Џејни, па почнува да попушта под притисокот, особено затоа што Кристофер одбива да ја гледа Џејни со објективни очи и да признае дека нешто не е во ред со нејзиното однесување.
Хана знае дека Џејни манипулира со Кристофер и дека намерно го оддалечува од неа, иако таа се обидува да го зближи целото семејство. Но вистината што се крие во минатото на Џејни веројатно е доволна да го распарчи целото семејство.
Морничав трилер за млад пар очаен за дете… и страшните последици од исполнувањето на нивната желба.
-
-39%
Трагајќи по неа
1Original price was: 490,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Пред седум години, безгрижната студентка Флора Дејн ја киднапираат за време на пролетниот распуст. И цели 472 дена, Флора постепено открива колку всушност и што сè може да издржи една личност.
Жива со помош на некое чудо по сето тоа, Флора ги поминува последните пет години привикнувајќи се повторно на ритамот на нормалниот живот и работи со нејзиниот специјалист за жртви од ФБИ. Таа има мајка која никогаш не престанала да ја сака, брат кој се плаши од личноста во која таа е претворена и еден ѕид во нејзината спална соба кој е покриен со слики од други девојки кои за разлика од неа, никогаш не се вратиле дома.
Кога детективката Ди Ди ја повикуваат на место на злосторство, каде што има мртов маж и врзана гола жена која го убила, таа дознава дека Флора се плеткала и со други тројца осомничени откако се вратила во општеството. Па, дали Флора е жртва или одмаздничка? И дали е можно со нејзиното лично искуство со предатори, таа да може да помогне со спасување на исчезнатата студентка чие киднапирање го тресе Бостон? Но кога и Флора повторно исчезнува, Ди Ди сфаќа дека сè е уште покомплицирано отколку што изгледа и дека некој очигледно решил дека Флора Дејн овој пат нема да побегне жива.
-
-45%
Пациентот
8Original price was: 450,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.ПРЕД ЕДНА ГОДИНА: Тил Беркхоф го сака својот син Макс со цело срце. Но и покрај тоа што го чуваат како сопствените очи и постојано го предупредуваат никогаш да не оди со непознати, Макс еден ден оди да игра со другарче и не се враќа дома.
СЕГА: Макс Беркхоф е исчезнат цела година. Само киднаперот знае што се случило со него. Дали е жив или мртов… Но киднаперот сега е во психијатриското крило на затвор со максимално обезбедување и одбива да каже нешто.
Па таткото на Макс нема друг избор, има само еден начин да се стигне до вистината: тој мора да влезе во психијатриското крило на затворот како пациент на тајна мисија. Планот е јасен: нема потреба од насилство, тој сака само признание, последна шанса да си го пронајде синот. Но како и во секоја книга на Фицек, ништо не е така како што изгледа…
-
Жив мртовец
3450,00 денБаш пред мугри, во близина на шкотската граница, тринаесет патници кои летаат во балон на топол воздух стануваат сведоци на брутално убиство долу на земјата. И во текот на следниот час, сите тие ќе бидат мртви, освен една жена.
Но таа му го има видено лицето на убиецот, а и убиецот го има видено нејзиното – тој нема да застане додека не го елиминира единствениот сведок на неговото злосторство.
Сама, исплашена и не можејќи да верува никому, таа бега за да спаси жива глава, бега кон единственото место каде што се чувствува безбедно. Но тоа може да се покаже како најопасното место од сите…
„Оваа книга те зграпчува од самиот почеток и не те пушта. Приказната вешто вози, со многу моќно пресврти по пат“.
The Times -
Шепкачот
6450,00 денПо ненадејната смрт на неговата млада жена, Том Кенеди смета дека она што може да им помогне нему и на неговото мало синче да си дојдат на себе е нов почеток. Нов град, нова куќа. Федербенк.
Но градот што го одбираат има мрачно минато. Пред дваесет години, во тој град, сериски убиец киднапирал и убил пет деца. Убиецот Френк Картер го добил прекарот „Шепкачот“ затоа што ги намамувал жртвите така што им шепотел под прозорците ноќе.
И баш кога Том и Џејк се сместуваат во нивната нова куќа, повторно исчезнува мало дете. Неговото исчезнување страшно потсетува на случаите на Френк Картер, па иако тој е во затвор, почнуваат да се шират гласини дека е можно да има соучесник. Детективите Аманда Бек и Пит Вилис мора да го најдат момчето, па макар и по цена Пит да влезе во затворот за да се соочи со својот стар непријател: Шепкачот.
И тогаш Џејк почнува да се однесува чудно. Слуша шепотење под својот прозорец ноќе…
-
Немата пациентка
11450,00 денАлисија Беренсон има навидум совршен живот. Таа е позната сликарка мажена за популарен и баран моден фотограф, живее во грандиозна куќа со огромни прозорци со поглед кон парк во една од најелитните населби во Лондон. Една вечер, нејзиниот сопруг Габриел се враќа дома доцна од фотосесија, и Алисија му пука петпати во лице, а потоа никогаш повеќе не прозборува ни збор.
Нејзиното одбивање да зборува или да даде какво било објаснување ја претвора оваа домашна трагедија во нешто многу поголемо, мистерија која ја потпалува имагинацијата на јавноста и ја прави Алисија уште поозлогласена. Цената на нејзините уметнички дела вртоглаво расте, а таа, немата пациентка, е скриена од таблоидите и рефлекторите во обезбеденo психијатриско одделение во Лондон.
Тео Фабер е психијатар за криминалци кој многу долго ја чека можноста да работи со Алисија. Неговата одлучност да ја натера да прозбори и да ја разоткрие мистеријата за тоа зошто го застрелала нејзиниот сопруг се испреплетува со неговите сопствени мотиви – потрага по вистината што не му дава мир. Зошто му е пак нему сево ова толку важно?
-
-53%
Верити
14Original price was: 420,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Ловен е авторка на раб на финансиска катастрофа кога прифаќа една од оние понуди што доаѓаат еднаш во животот. Џереми Крафорд, сопруг на легендарната авторка Верити Крафорд, ја ангажира Ловен да ги доврши останатите книги во успешен серијал кој неговата сериозно повредена сопруга не може да го заврши.
Ловен пристигнува во нивниот дом каде што треба да ги разгледа и истражи сите забелешки и осмислени концепти во канцеларијата на Верити, надевајќи се дека ќе најде доволно материјали за да почне со пишување. Но она што Ловен не го очекува е пронаоѓањето на недовршена автобиографија во хаотичната канцеларија, што Верити немала намера никој да ја прочита. Таа автобиографија е полна со грозоморни признанија, а едно од тие признанија е и приказната што навистина се случило дента кога умрела ќерка ѝ.
Ловен одлучува да не му ја покаже автобиографијата на Џереми затоа што знае дека сето она што го пишува внатре ќе го уништи веќе ужалениот татко. Но кога нејзините чувства за Џереми почнуваат да се засилуваат, таа сфаќа дека може да ѝ оди во прилог ако тој ги прочита зборовите на жена му. На крајот на краиштата, без разлика колку е посветен на повредената сопруга, ниеден маж не би можел да продолжи да сака жена по една толку ужасна вистина.
-
-53%
Пакетот
5Original price was: 420,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Младата психијатарка Ема Штајн воопшто не излегува од дома од вечерта кога ја силуваат во хотелска соба. Таа е третата жртва на психопат кој новинарите го нарекуваат „фризерот“ затоа што им ги бричи главите на жените пред да ги убие. Ема, единствената која успева да му побегне, се плаши дека фризерот ќе се врати по неа за да ја доврши грозоморната мисија.
Во нејзината параноја, таа е убедена дека секој маж што го гледа е фризерот, иако реално воопшто не успеала да го види во хотелот. Ема се чувствува безбедно само во нејзината мала куќа во Берлин – или барем се чувствува до дента кога поштарот ја замолува да прими еден пакет во име на нејзиниот сосед кој не одговара на ѕвончето.
Маж чие име не ѝ е познато и кој таа никогаш не го сретнала, иако живее на истата улица со години… Кога пакетот влегува во нејзиниот дом, Ема станува попараноична од кога било претходно.
„Германскиот мајстор за трилери со уште едно ремек дело кое ви ветува нова непрoспиена ноќ“.
-
Другата жена
3440,00 денПодготви се да ја запознаеш другата жена: нема нешто што не е подготвена да направи за да те тргне од нејзиниот син…
Емили е убедена дека Адам е совршениот; човекот што мислела дека никогаш нема да го запознае. Но во сенките демне ривалка, жена која има длабока врска со човекот кој таа го сака.
Емили го одбира Адам, но не ја одбира неговата мајка Пами. Сите знаат дека секоја мајка би направила буквално сè за својот син и Емили сега ќе дознае колку далеку е подготвена да оди Пами за да го добие тоа што го сака, а тоа е: Емили засекогаш да исчезне од животот на Адам.
Другата жена е заразен, брз психолошки трилер за деструктивната врска меѓу една жена, човекот што го сака и неговата страшно манипулативна мајка.
-
Совршената мајка
4420,00 денЗаразен психолошки трилер за група жени кои заедно се дружат во нивната група на мајки и неочекувано се поврзуваат кога доаѓа до трагедија. Се нарекуваат Мајските Мајки, бидејќи сите се имаат породено во истиот месец и се сретнуваат во паркот со количките, барајќи прибежиште од стресовите што доаѓаат со мајчинството; ги делат стравовите, радостите и советите што ги имаат како тазе мајки.
Една вечер по договор излегуваат без бебињата за да се опуштат малку, но токму таа вечер, нешто тргнува во ужасно лош правец: едно од бебињата го снемува од неговото креветче дома. Вини е самохрана мајка, која секако не сака да го остави бебето со дадилка, но другите жени инсистираат дека сè ќе биде добро и таа неволно попушта. Сега нејзиното бебе го нема, џандарите поставуваат вознемирувачки прашања и животот на затворената Вини се наоѓа под рефлектори. Кој е таткото на бебето? Каде всушност била мајката вечерта? Иако никој од групата мајки не е близок со резервираната Вини, три од нив преземаат големи ризици за да ѝ помогнат да си го најде синот. И кога новинарите почнуваат да им вадат душа на сите жени од групата, почнуваат да се разоткриваат штетни тајни, а браковите и пријателствата се ставени на голем тест.
-
-53%
Душокршачот
8Original price was: 420,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Тој не ги убива, не ги силува, не ги измачува… Неговото злосторство е многу, многу полошо.
Три жени – млади, прекрасни, полни со живот – исчезнуваат без трага. На психопатот, кој медиумите го нарекуваат „Душокршачот“, му е потребна само една недела да ги уништи. До седмиот ден, жените се ментално мртви, како тела без душа. Никој не знае што им прави, но тие се како живи мртовци.
Кратко пред Божиќ, Душокршачот повторно напаѓа, но овој пат во една ексклузивна психијатриска клиника. Докторите и пациентите се испаничуваат кога сфаќаат дека во клиниката е примен тежок, насилен психопат, особено затоа што никој не знае кој е тој. Од друга страна, страшна снежна бура тотално ја отсекува изолираната клиника, па сите остануваат заробени внатре – со нефункционални телефони – заедно со Душокршачот. Заробени во клиниката, вработените и пациентите се здружуваат за да се заштитат, но во една ноќ полна со незамислив терор, Душокршачот им покажува дека никој не е безбеден и дека ништо не е така како што изгледа.
Уште едно ремек дело на Фицек, чиј крај никој нема да може да го предвиди.
-
Нешто во водата
7420,00 денСте се запрашале ли некогаш колку време е потребно за да се ископа гроб?
Ерин го сака Марк и Марк ја сака Ерин. Нивната љубов е една од оние фанатичните, кои горат силно, љубов каде ништо друго не е важно. Тие имаат совршен живот; таа е режисер на документарци, а тој згоден, успешен банкар. Имаат прекрасна куќа во Лондон и ја планираат нивната свадба, како и луксузен меден месец на Бора Бора. Да, тие имаат сè, но Марк одеднаш ја губи работата и во нивниот совршен живот почнуваат да се појавуваат пукнатини.
Но тие се решени да се потрудат да им успее. Одат на свадбеното патување и веруваат дека сè ќе се среди – на крајот на краиштата, се имаат еден со друг. На Бора Бора, Марк инсистира да нуркаат. Ерин страшно се плаши, но тој е со неа – знае дека ќе биде безбедна. Но, неочекувано наоѓаат нешто во водата.
Колку далеку би отишле за да бидете вистински среќни?
Марк ја сака Ерин и Ерин го сака Марк. Но кога приказната почнува, тие двајца се во шума; едниот од нив е мртов, а другиот копа гроб. Што ли се случило? Има само еден начин да дознаете…
-
Понекогаш лажам
8420,00 ден„Се викам Амбер Рејнолдс. Има три работи што треба да ги знаете за мене:
1. Во кома сум.
2. Маж ми не ме сака веќе.
3. Понекогаш лажам.“Амбер Рејнолдс се буди во болница. Не може да се движи. Не може да зборува. Не може да ги отвори очите. Ги слуша сите околу неа, но тие не се свесни дека ги слуша. Амбер е во кома. Не се сеќава како дошло до тоа, но се сомнева дека маж ѝ е некако поврзан со „несреќата“.
Преплашена и заробена во сопственото тело, се обидува да ги состави спомените од минатата недела, но и од пред 20 години, преку дневници од детството. Со сопруг што не ја сака веќе, сестра што крие опасна тајна и бивши дечко што не сака да крене раце од неа, Амбер знае дека некој лаже и нејзиниот живот сè уште е во опасност. Но може ли да се принуди себеси да се разбуди пред да стане предоцна?
-
Фати ме
4420,00 денШТО АКО ГО ЗНАЕШ ТОЧНИОТ ДЕН КОГА ЌЕ УМРЕШ?
Шарлин Грант верува дека ќе умре наскоро. Во изминатите две години, некој ги убива нејзините пријателки од детството една по една. На истиот ден. Во исто време. И сега таа е последната што е останата жива и ги одбројува последните четири дена до 21-ви јануари.
КОЛКУ ДАЛЕКУ ЌЕ ОДИШ ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕШ?
Шарлин не планира да се предаде без борба. Таа цела година боксува, тренира пукање и трча. Таа исто така сака, ако сепак биде убиена, истрагата за нејзиното убиство да ја води детективката Ди Ди Ворен.
Но како што Ди Ди навлегува подлабоко во случајот, така почнува да ја преиспитува приказната на жената. Инстинктите ѝ велат дека има шанси Шарлин да не е во никаква опасност. Ако тоа е вистина, тогаш жената мора да има некоја тајна – некоја толку страшна тајна што таа самата по себе би можела да биде најголемата закана од сите.