Филтер по цена
Жанр
  • -40% Ја слушнавте ли лагата?

    Ја слушнавте ли лагата?

    0

    Луси и Савана се убави, паметни и обожавани девојки, кои живеат во својот роден град во Тексас. Луси е венчана за мажот од соништата и живее во новиот, раскошен дом, а Сави е дружељубивата, мила девојка што сите ја сакаат, а особено е популарна кај мажите, ако им се верува на гласиштата. Но кога Луси ја наоѓаат како лута по улиците облеана во крвта на својата најдобра другарка, сите мислат дека таа ја убила.

    Од таа кобна ноќ, на која Луси не се сеќава, се поминати години и таа сега живее во Лос Анџелес и се обидува да изгради нов живот. Но Бен Овенс, вообразениот и неверојатно привлечен водител на исклучително популарниот поткаст за решавање нерешени убиства, одлучува во втората сезона да го истражи убиството на Савана. Луси е принудена да се врати во родниот град, во местото во кое се има заколнато дека никогаш повеќе нема да се врати, за да се обиде да го открие убиецот на својата другарка – макар и тоа да е таа.

    Вистината е во етерот. Треба само да знаеш како да ја начуеш.

    Original price was: 550,00 ден.Current price is: 329,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -43% Исаак

    Исаак

    0

    Древни скапоцености. Писма со порака за смрт. И Исак, кој со своите тајни се наоѓа во средина, во окото на бурата.

    Оксфорд, 1884 година. Во една мирна пред-Велигденска ноќ во месец април, се појавуваат 141 коверт на исто толку куќни прагови, кои во себе содржат загатка со порака за смрт и рок од три дена, како и една нишка црвен конец. Оксфорд се крева на нозе; потрагата почнува. Што се бара? Кој треба да биде најден? И зошто треба сите да умрат? Разбирајќи ја итноста на пораката, младиот професор Вилијам Еванс и неговата сестра близначка Изобел почнуваат трка со времето. Им се придружуваат детективот Грин и вдовицата Камингс која со себе ја носи тајната за Аластер Ворен, единствениот преживеан од големата трагедија пред седум години.

    Охрид, 2025 година. Во една мирна пред-Велигденска ноќ во месец април, се појавува едно писмо на само еден куќен праг, кое ја содржи истата порака и нишка црвен конец како пред 141 година. Прагот на Исак Илиев. Зошто исто писмо? Што треба да биде најдено? И зошто повторно сите треба да умрат? Заедно со неговиот најдобар пријател Крсте и Британката Агата која мистериозно се појавува, почнуваат трка со времето и бегаат. Бегаат од ловци на глави, ловци на духови, ловци на богатства, ловци убијци. Од северот на Македонија до пазувите на Егејското море, пред нив се распослани загатки, мапи, писма, нови вистини и стари тајни. Сѐ во рок од три дена.

    Што се случува со загатките кои завршуваат со закана за смрт во Охрид и Оксфорд? Како се овие два града поврзани преку една голема лична трагедија и загуба која ќе го растрепери целиот свет? И зошто Исак станува Исаак?

    Original price was: 400,00 ден.Current price is: 229,00 ден.
    Додај во кошничка
  • Одмаздата на богомилката

    Одмаздата на богомилката

    1

    Две жени. Едно минато. Безброј тајни.

    За колкумина од оние што ги познавате можете да сте сигурни дека љубовта или болката не го бојадисале нивниот живот, во бои зависно од чувствата што ги одбележале. Во „Одмаздата на богомолката“, Оља Петрушевска-Томева нѐ води низ мрачен и сензуален лавиринт од емоции, каде љубовта и болката се вечни сопатници. Сара е силна, но длабоко повредена жена, чие детство е обележано со загуба, насилство и молк. Нејзината глад за правда и одмазда ја турка низ светот, од темните тајни на родниот град до блескавите фасади на меѓународниот бизнис. Кога се враќа дома, минатото ја пречекува со отворени раце-старата болка, заборавените пријателства, нераскажани вистини. Повторната средба со самата себе, средбата со сестра  ѝ Ева, нерешените убиства, мистериозниот инспектор и незаменливиот пријател Филип, единствениот маж нејзиниот живот – сите се дел од мозаикот што полека се составува. Или можеби само така изгледа..

    Дали крајот е навистина крај? Или е само уште еден почеток?

    Овој психолошки роман со елементи на трилер и длабоки емотивни слоеви ќе ве натера да се прашате колку навистина познавате некого-па дурии самите себе.

    370,00 ден
    Додај во кошничка
  • -37% Дечкото

    Дечкото

    0

    Сидни нема среќа со мажите, како и секоја втора жена во Њујорк. Таа има видено сѐ: мажи кои лажат на своите профили на сајтовите за запознавање, мажи кои те оставаат сама да ја платиш сметката за вечерата и, најлошо од сѐ, мажи кои не можат да престанат да зборуваат за своите мајки.

    Но нејзиниот нов дечко е совршен. Шармантен, згоден и работи како доктор во локална болница. Па Сидни е на седмо небо.

    Тогаш се случува бруталното убиство на млада жена – само уште едно во низата смртни случаи на брегот. Главниот осомничен е мистериозен маж кој има кратки романтични врски со жртвите пред да ги убие.

    Сидни треба да се чувствува безбедно. На крајот на краиштата, се гледа со човекот од нејзините соништа. Но ја јаде некој сомнеж дека има шанси совршениот маж да не е толку совршен колку што изгледа. Затоа што некој го набљудува секој нејзин чекор и ако не ја дознае вистината, таа ќе биде следната жртва на убиецот.

    Original price was: 520,00 ден.Current price is: 329,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -38% Дневникот на непознатите

    Дневникот на непознатите

    0

    Проколнато село. Таинствен дневник. Минато што не сака да остане закопано.

    Кога познатиот писател Давор пристигнува во селото Црвенокамен, поканет од сопственикот на најголемата приватна библиотека во Македонија, таму очекува инспирација — не мистерија за убиство од пред дваесет години. Но, во библиотеката наоѓа дневник со црвени корици, ист како оној што го имала неговата мајка.

    Преку страниците, оживуваат гласовите на убиен наставник и забранета љубов, поврзани со животот на Давор повеќе отколку што тој може да замисли. Со секое ново откритие, сомнежот расте, минатото добива облик, а вистината е на раб да биде откриена.

    Дневникот на непознатите е мистериозна, емотивна приказна што ги поврзува генерациите преку љубов, вина и откритија што менуваат сè.

     

    Original price was: 370,00 ден.Current price is: 229,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -41% Сите нејзини демони

    Сите нејзини демони

    0

    Во срцето на Јужна Австралија, во напуштен ресторан среде паркот Драј Крик, полицијата наоѓа тело – обезглавено, совршено распарчено, внимателно завиткано – спакувано како нешто што никогаш не требало да биде пронајдено. Детективката Оливија Вест е назначена да го води случајот што не ѝ дава сон – и не ѝ остава простор за грешка. Таа не знае дека тоа што го гледа е само почеток на нешто многу пострашно.

    Телото не можат да го идентификуваат. Времето на смртта е нејасно. А поврзаноста со местото – непостоечка. Додека Лив се обидува да собере какви било траги, случајот неочекувано ескалира: полицијата открива уште десет тела и мрежа од настани што води далеку од границите на Аделаида. Притисната од јавноста, Лив мора да го фати серискиот убиец пред темнината да ја проголта – не само професионално, туку и неа лично.

    Шокантен психолошки трилер за злосторства кои не се забораваат, за тајни кои се пренесуваат од генерација на генерација и за демоните што се кријат во секој од нас. Ова не е само приказна за убиства. Ова е приказна за спас… ако преживееш доволно долго да го пронајдеш.

    Original price was: 390,00 ден.Current price is: 229,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -40% Мимики

    Мимики

    0

    Што кога ќе те обвинат за убиството на сопственото семејство?

    Хана се буди во мотелска соба и не може да се сети како се нашла таму, ниту пак зошто ја обвинуваат за убиство на нејзиното семејство.

    И не само што ја обвинуваат, туку ѝ покажуваат видео снимка на која таа признава дека навистина ги извршила убиствата.

    Но Хана е експерт за читање изрази на лицето, па ја користи својата професионална експертиза за да ја докаже својата невиност, притоа откривајќи злокобна позадина која вклучува личност којашто ѝ е блиска.

    Маестрото за психолошки трилери длабоко го истражува мрачното прашање: Колку добро ги познаваме оние кои ги сакаме? Со уникатен спој на форензика, психологија и морална комплексност, Мимики е незаборавно неизвесен трилер кој ќе ве натера да преиспитате сѐ што сте мислеле дека знаете за семејните врски и човечката природа.

     

    Original price was: 550,00 ден.Current price is: 329,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -37% Девојката со свеќа

    Девојката со свеќа

    0

    Што ако смртта е твојата единствена шанса за преживување?

    Пред единаесет години, Алма била дадена на посвојување под мистериозни околности додека сè уште била бебе. Во досието за посвојување кое се држело во строга тајност, стоел коментарот: „Идентитетот на родителите никогаш не смее да излезе во јавност! Ризик по животот на мајката!“

    Но сега Алма е сериозно болна и итно ѝ треба трансплантација на коскена срж.

    За да го спаси животот на посвоената ќерка, Оливија Раух тргнува во очаен лов на биолошките родители на девојчето.

    Во нејзината потрага, психологот експерт за насилни злодела наидува на легендата за „Девојката со свеќата“ – млада девојка која еден Божиќ се изолирала од светот во една куќа во шумата Франкенвалд. Но дотаму ја следел и некој психопат кој ја принудил да отвора „божиќен календар“ полн со ужасни, ужасни задачи.

     

    Original price was: 550,00 ден.Current price is: 349,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -45% Балот на лудите жени

    Балот на лудите жени

    0

    Историска драма за жените затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 век.

    Во прочуената психијатриска болница „Салпетриер“, доктор Шарко го фасцинира општеството со своите јавни демонстрации на хипноза врз наводно луди жени отфрлени од семејствата. Но вистината е покомплицирана – тие не се навистина луди. Некои се несакани или непослушни сопруги, други мајки што не можат да ја преболат загубата на чедото, трети се ќерки што одбиваат да се покорат или девојки родени од вонбрачни врски. За париската елита, најзначајниот годишен настан е Балот на лудите жени, кога можат да ги набљудуваат пациентките облечени во свечени костими како танцуваат на звуците на валцерот. А за самите пациентки, балот претставува редок момент на надеж.

    Женевјев е главна медицинска сестра во „Салпетриер”. По смртта на сестра ѝ Бландин, таа ја отфрла верата и се посветува на науката, слепо верувајќи му на познатиот доктор Шарко. Но нејзините убедувања се разнишуваат кога ја запознава 19-годишната Ежени – ќерка на угледно семејство, насилно затворена во болницата. Ежени има тајна: таа гледа духови. Инспирирана од забранетата Книга за духовите за која зборува цел Париз, таа е решена да избега од болницата, да се ослободи од ограничувањата на својот пол и да најде луѓе што ќе ѝ поверуваат. Но затоа ѝ е потребна помошта на Женевјев…

    Original price was: 400,00 ден.Current price is: 219,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -40% Девојчето во снегот (Мирен Тригс #1)

    Девојчето во снегот (Мирен Тригс #1)

    0

    Њујорк, 1998 година – парада за Денот на благодарноста. Кира Темплтон исчезнува во толпата. По детално пребарување на целиот град, некој наоѓа неколку прамени коса до алиштата на девојчето. Во 2003 година, дента кога Кира би требало да наполни 8 години, нејзините родители добиваат чуден пакет – видео касета со снимка која трае само една минута и ја прикажува Кира како си игра во непозната соба.

    Мирен Тригс, студентка на факултетот за новинарство, започнува своја паралелна истрага и дознава дека и нејзиниот живот, исто како и животот на Кира, е преполн со неизвесности и несигурности.

    „Девојчето во снегот”, продадена во милиони примероци, е совршен трилер кој ги менува правилата на жанрот. Кастиљо несомнено е нов феномен во европската литература.

    Original price was: 500,00 ден.Current price is: 299,00 ден.
    Додај во кошничка
  • Твој Толак

    Твој Толак

    0

    Стариот Толак е човек со многу противречности. Горделив е и избувлив, но и праведен и нежен. Тој води битка со новиот, непрепознатлив свет во кој одамна не наоѓа смисла и сѐ уште бескрајно ја сака својата прекрасна сопруга Ингеборг, која исчезнала пред неколку години. А сега, тој умира.

    Неговите две деца ретко го посетуваат, останат му е само Одо, или Одо Будалата како што го нарекуваат соседите, кого Толак како мал го прибрал да живее со неговото семејство. Тој ќе настојува ќерката и синот да го посетат за последен пат — зашто е дојден моментот кога молчаливиот човек треба да проговори и конечно да им ја открие тајната која со години му ја јаде душата.

    Во овој краток роман, во кој се испреплетуваат елементи на љубовна приказна, на семејна драма и на неизвесен трилер, истакнатиот норвешки автор Торе Ренберг слика трогателен, комплексен и вознемирувачки портрет на маж од „стариот свет“, кој е релевантен и денес. Роман за потрагата по смисла и за суштинските нешта во животот.

    Тригери: семејно насилство, ментално здравје.

    370,00 ден
    Прочитај повеќе
  • -37% Професорот

    Професорот

    1

    Ив води убав, спокоен живот. Секое утро се буди со бакнеж од нејзиниот прекрасен и згоден сопруг, Нејт, пред да тргнат кон гимназијата во која и двајцата предаваат. Нивното секојдневие тече како подмачкано. Или барем така изгледа.

    Нејт, обожаван од учениците и колегите, упорно одбива да ѝ обрне повеќе внимание. Парите не им стигнуваат, а згора на сѐ, оваа година и двајцата треба да ѝ предаваат на најпроблематичната ученичка, 16-годишната Ади, која е причината што минатата година еден од најдобрите професори во училиштето беше принуден да си замине. Ништо никогаш не беше докажано, не беа поднесени обвиненија, но гласините беа доволни. Затоа што кога некој ќе се посомнева во врска меѓу професор и ученичка, последиците секогаш се тешки.

    Сите знаат дека на Ади не може да ѝ се верува. Дека лаже и манипулира. Уништува туѓи животи. Барем така се зборува. Но лекција број еден во оваа гимназија е да не веруваш никому. Некои гласини кријат далеку пострашни тајни.

    „Професорот“ е мрачен, психолошки трилер со бројни остроумни пресврти што ќе ги држат читателите во неизвесност до последната страница.

    Original price was: 520,00 ден.Current price is: 329,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -43% Првата лага е добитна

    Првата лага е добитна

    0

    Таа ти го украде идентитетот.
    Сега треба да си го вратиш.

    Иви Портер има сè што една обична девојка може да посака: прекрасно момче што ја сака, удобна куќа со двор и бела дрвена ограда, забавна група пријатели. Но… Иви Портер не постои.
    Најпрво ѝ даваат нов идентитет: Иви Портер. Штом ќе ја добие и локацијата од мистериозниот шеф, господин Смит, таа дознава сè што може за градот и неговите жители. Потоа ја дознава целта: Рајан Самнер. А нејзината мисија е последното парче од сложувалката.

    Иви не го знае вистинскиот идентитет на господин Смит, но знае дека оваа задача е посебна. Но Рајан успева да ѝ се пикне под кожа и таа веќе почнува да замислува поинаков живот. Само, не смее да направи никаква грешка – особено по она од последниот пат.

    А единствената работа што цел живот се обидува да ја зачува, единствениот идентитет на кој секогаш може да се врати – вистинскиот – одеднаш пристигнува во градот. Иви Портер мора да биде еден чекор понапред од своето минато и да се погрижи да има некаква иднина пред себе. Влогот не може да биде поголем. Но Иви отсекогаш сакала предизвик.

    Original price was: 520,00 ден.Current price is: 299,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -43% Тајната на куќната помошничка (The Housemaid #2)

    Тајната на куќната помошничка (The Housemaid #2)

    0

    Во совршениот дом постои само едно правило: Не ѕиркај зад затворената врата…

    На Мили Каловеј ѝ е тешко да најде работа каде што нема да ја распрашуваат за нејзиното минато. Затоа е неизмерно благодарна кога семејството Гарик ја ангажира да го чисти нивниот прекрасен стан со неверојатен поглед на Менхетн и да подготвува префинети оброци во нивната модерна кујна.

    Сè изгледа речиси совршено – само што сè уште не ја видела госпоѓа Гарик, која е постојано затворена во една од гостинските соби. Мили ја слуша како плаче и забележува дамки од крв на нејзините бели ношници кога ги пере алиштата. Еден ден не може да издржи и тропнува на вратата, која тивко се подотвора. Тоа што го гледа внатре менува сè…

    Тогаш се заветува. На крајот на краиштата, веќе го има направено тоа порано. Таа може да ја заштити госпоѓа Гарик и истовремено да ги зачува своите тајни.

    Даглас Гарик ќе плати. Прашање е само колку далеку е подготвена да оди куќната помошничка.

    Original price was: 520,00 ден.Current price is: 299,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -40% Галерија на мртвите (Robert Hunter #9)

    Галерија на мртвите (Robert Hunter #9)

    0

    „Работам во полицијата подолго од три декади и за тоа време имам видено куп лудачки дела, но кога пред смртта би требало да изберам една работа што би сакал да jа заборавам… тоа би било она што се наоѓа во онаа соба.“ Тоа е мислата која се врти низ главата на детективот Хантер кога пристигнува на едно од најшокантните места на злосторства кои некогаш ги видел.

    Неочекуван развој на настаните ги принудува Хантер и неговиот партнер да ги здружат силите со ФБИ за да го фатат серискиот убиец кој не знае за граница; психопатот кој го обожава тоа што го прави затоа што за него, убиствата се многу повеќе од убивање – тие се форма на уметност.

    Добредојдовте во Галеријата на мртвите.

    Original price was: 550,00 ден.Current price is: 329,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -40% Чуварот на крокодили

    Чуварот на крокодили

    0

    Кога фикцијата и реалноста се пресретнуваат, границата меѓу нив може да биде крајно смртоносна.

    Во центарот на Копенхаген, млада студентка е пронајдена брутално убиена во нејзиниот стан, а нејзиното лице обележано со чудни исеченици. Инспекторот Јепе Корнер и неговата партнерка Анет Вернер, одговорните на случајот, брзо откриваат дека минатото на жртвата е полно со мрачни тајни. Сопственичката на куќата и сосетка, Естер, пишува роман кој до најситен детаљ го раскажува убиството. Дали се работи само за обична случајност или макијавелистички план?

    Јепе и Анет мораат да нурнат подлабоко во минатото на двете жени за да го откријат идентитетот на суровиот манипулатор кој остро ги влече конците во овој возбудлив трилер.

    Скандинавска приказна која ќе ве остави без сон.

    Original price was: 450,00 ден.Current price is: 269,00 ден.
    Додај во кошничка