Кирил Ангелов е новелист, поет, преведувач и истражувач роден во 1985 година во Велес, а живее во Скопје. Дипломирал со почести по Дипломатија и меѓународни односи и Англиски јазик и креативно творење на Универзитетот „Анатолија“ во Солун, Грција, а магистрирал по Европска културологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија.
Има објавено два романи со наслов „Безсловен: Мојата животна приказна: сексуалното и менталното злоупотребување во детството и младоста, борбата со ракот и преживување на траумите“ (2024), и „Исаак“ (2025) кој е прв дел од планирана трилогија.
Секојдневно се труди да подигнува свест за сексуално злоупотребување на деца, рана детекција на канцер, како и секоја друга форма на злоупотребување, вклучително и булинг (врсничко насилство). Нешто повеќе од половина од необјавените романи и раскази ги обработуваат токму тие теми. Вели дека има премногу зло во светот за да се слават негативците, па затоа решава да пишува за добрата страна на човечката психа, која треба да егзистира во слеана хармонија со духовноста, православието, Бог.