Филтер по цена
Жанр
  • Книга што сакате да ја прочитаат вашите сакани

    Книга што сакате да ја прочитаат вашите сакани

    0

    Животот во најголема мера зависи од поврзаноста меѓу луѓето и од квалитетот на врските – семејни, партнерски, пријателски… А најважна меѓу нив е поврзаноста со себеси. Ако изградите здрава и функционална врска со самите себе и со светот, тогаш сите останати нешта во животот стануваат полесни за справување.

    Чувството на поврзаност со другите, па дури и со идеите, предметите или околината, е дел од вистинското човекување. Со здрава доза на обмисленост, советите на Филипа Пери ќе ви помогнат да станете поздрава и поразумна личност и ќе ви дадат одговори на многу прашања: Како да ја пронајдете и одржувате љубовта? Што можете да направите за да се справите со секојдневните конфликти? Како можете да се одглавите кога се чувствувате изгубено?

    Низ долгогодишната пракса, Филипа Пери дошла до сознание за многу современи празнини и дилеми. Секоја личност е единствена, а прашањата на животот се многу конкретни, но сепак, постојат обрасци и заеднички карактеристики и на секое прашање може да се применат некои општи мудрости и техники. Оваа книга изобилува токму со такви практични прашања и одговори.

    „Мудар придружник за сите животни предизвици.“

    Киркус ривјус

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Илон Маск: „Тесла“, „Спејс Екс“ и потрагата по фантастична иднина

    Илон Маск: „Тесла“, „Спејс Екс“ и потрагата по фантастична иднина

    0

    За едни гениј на векот, за други луд научник, Илон Маск несомнено успева да го привлече вниманието не само во технолошката индустрија туку генерално на целиот свет. Со докажана натпросечна интелигенција, човекот што стои зад „Тесла“ и „Спејс екс“ во исто време го величаат и го осудуваат за неговиот опсесивен, често нетолерантен перфекционизам.

    Илон Мaск е амалгам на легендарните пронаоѓачи и индустријалци: Томас Едисон, Хенри Форд, Хауард Хјус и Стив Џобс. Но, повеќе од кој било друг, Маск ги посвети сета своја енергија и огромно богатство да измисли иднина што е исто толку богата и далекосежна како и онаа на визионерите од златната доба на научната фантастика.

     

    Оваа исклучителна биографија напишана од Ешли Венс мошне објективно успева да го долови човекот што многу често е споредуван со фамозниот Тони Старк, не дозволувајќи самиот Маск да се меша во содржината. Опфаќајќи ги неговите детски години, па сè до електричниот автомобил и ракетите, Венс проникнува во умот на најинтригантната фигура во Силициумската Долина, откривајќи детали не само за функционирањето на неговите компании туку и за неговиот личен живот.

    Духовитиот стил, живописното раскажување и интервјуата лично со Маск и со луѓето што биле со него во неговите најважни моменти се она што прави оваа книга да биде прочитана во еден здив.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тошо Малерот: монологија

    Тошо Малерот: монологија

    0

    Види батка, животот се состои од односи, а видот на односите зависи од стадиумот на поединечниот однос во однос на тоа дали станува збор за обичен однос, коректен или некоректен однос, а градењето односи во однос на нивното доградување се однесува на поединечниот однос во однос на меѓусебното однесување!

    Секој личен однос зависи од меѓусебниот сооднос, и може да се однесува на другарски однос воопшто, или на интимен однос, посебно!

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • ПЛАНУМ - РЕДИЗАЈНИРАНО ИЗДАНИЕ

    ПЛАНУМ – РЕДИЗАЈНИРАНО ИЗДАНИЕ

    0

    Омилениот планер во ново, редизајнирано издание

    Време е за нови креативни планови, а каде да ги впишете, ако не во вашиот омилен ПланУМ и тоа во ново издание, со нова содржина за вашите идеи, мисли, состаноци, средби, едноставно сè што ќе ви падне на УМ.

    Сите вие кои водите грижа за личниот и професионалниот напредок – подгответе се вашите планови да добијат друга инспиративна димензија!

    600,00 ден
    Прочитај повеќе
  • КАРАНТИНСКИ ПРИКАЗНИ

    КАРАНТИНСКИ ПРИКАЗНИ

    0

    Годинава што ја живееме е година на предизвици, на застанати или одложени животни приказни. Карантинските приказни се омаж на времето поминато во карантин и наоѓањето утеха во исцелувачката моќ на зборот.

    Да ја запаметиме оваа 2020 како миг од нашата историја кога посведочивме големи промени, а ги запишавме заедно!

    „На крајот, сите стануваме приказни.“ Маргарет Атвуд

    199,00 ден
    Додај во кошничка
  • Планум креативност

    Планум креативност

    0

    Јас сум импулс. Јас сум ритам. Јас сум музика која покренува и одѕвонува кога сè околу е тивко. Јас сум движење кое нема правец. Јас сум пат по кој ретко се оди. Јас сум предизвик. Бескрајна игра водена од емоции. Сон и јаве. Страст и оган. Визијата зад големата слика. Креативната сила која создава сè и се пресоздава себеси, одново. Зашто јас сум слобода. Јас сум десната половина.

    360,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Мала помош за идната мајка

    Мала помош за идната мајка

    0

    Мала помош и мал совет секогаш ѝ се потребни на идната мајка, која за првпат се соочува со најубавиот момент во својот живот – бременоста и раѓањето на првото дете.
    Затоа советите и помошта што ѝ ги дадов на мојата ќерка сакам да ги споделам и со другите млади жени , кои за првпат ќе станат мајки. Да уживаат во секој момент од бременоста и со нежно исчекување да си го замислуваат своето бебенце. Да се ослободат од стравот и од загриженоста и на најлесен начин, самоуверено и релаксирано, без трошка стрес да се грижат за својот нов член и максимално да учествуваат во неговото одгледување.
    Во овој мал прирачник ќе најдат и многу други мали совети за негата и за исхраната на бебето, неколку рецепти за подготвување на првите оброци, совети за првите прошетки и многу други работи, кои младата мајка треба да ги знае.

    Со љубов,
    Јелица Лончар

    340,00 ден
    Додај во кошничка
  • Девојката на сликата

    Девојката на сликата

    0
    Прочитај повеќе
  • КАФУЛЕТО ЗОШТО

    КАФУЛЕТО ЗОШТО

    0

    Џон зема еднонеделен одмор и тргнува на пат, некаде каде што ќе може да избега од едноличноста што веќе почнува да го заморува. Изгубувајќи се и останувајќи без бензин, гладен и бесен, заталкува во некое пусто, ненаселено место. Одненадеж, патот ќе го однесе до едно необично кафуле. Во него, на задната страница од менито, ќе прочита три прашања кои ќе се надоврзат на неговото што сè почесто си го поставува: зар животот нема ништо друго да ми понуди?

    Зошто си тука?
    Се плашиш ли од смртта?
    Дали се чувствуваш исполнет?

    Тоа се трите навидум бесмислени и чудни прашања до чии одговори ќе се потруди да дојде разговарајќи со вработените во Кафулето Зошто си тука. Одговорите што ќе ги добие ќе му го сменат животот од корен.

    „Вселенски водич за животот.“
    Орландо сентинел

    „Тој (Стрелецки) го става прстот на пулсот на светот.“
    Ју-Ес-Еј тудеј

     

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • ИГРАТА НА ЖИВОТОТ

    ИГРАТА НА ЖИВОТОТ

    0

    Предметот на играта на животот е јасно да го видиме сопственото добро и да ги избришеме сите ментални слики на злото. Во оваа инспиративна книга Флоренс Сковел Шин, на неформален, пријателски и хумористичен начин, ни ги пренесува безвременската порака и принципите на успехот покажувајќи ни како со користење на афирмации да ги промениме својата состојба и околностите и да научиме дека животот не е борба, туку игра, игра на давање и примање.

    Книгата „Играта на животот и како да ја играш“ за првпат ја здогледала светлината на денот во 1925 година. Оттогаш има инспирирано илјадници луѓе низ целиот свет, со вистината што ни ја открива – дека љубовта и добрата волја ги отстрануваат сите препреки на нашиот пат.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • БОЕНКА ЗА КРЕАТИВЕН ДЕН

    БОЕНКА ЗА КРЕАТИВЕН ДЕН

    0

    Боенките не се повеќе за малите деца!

    Иако подолго време терапевтите ги истакнуваат позитивните ефекти на боењето, тие се сега нов начин да се дојде до малку мир во претерано бучното секојдневие. Сè што е потребно е да ги подготвите боичките, да заземете удобна позиција и да се препуштите на изобилството од шари што се отвораат пред вас.

    Во оваа наша боенка ќе најдете инспиративни цртежи кои ќе ви ја поттикнат креативноста, ќе го смират и насочат вашиот ум на начин на кој тоа го прави медитирањето. А по само неколку минути боење веќе ќе го почувствувате пријатниот ефект на боењето и, многу веројатно, ќе заборавите потполно на времето и на работите кои непотребно ве окупираат.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ШКОЛА НА ЖИВОТОТ

    ШКОЛА НА ЖИВОТОТ

    0

    Нашиот живот не е генерална проба! 

    Ова е сознанието со кое Бруно Шимлеша нè освестува за личната одговорност водејќи нè на патот кон совршенството и остварувањето на нашиот вистински потенцијал. Повеќе немаме изговори – за да постигнеме некаква животна промена, најважна е одлуката. А клучот за нашето совршенство е љубовта – кон самите себе и кон животот.

    Во својата книга Школа на животот Шимлеша нè повикува на акција, апелирајќи да не се помируваме со живот што не нè исполнува и нудејќи ни проверени и докажани алатки. На овој пат ќе ги промислиме сите прашања што не се учат дома и низ образованието: Како да изградиме мудар и здрав однос кон самите себе? Зошто болката е, а страдањето не треба да биде составен дел од животот? Зошто оние што упорно се негираат себеси полесно се разболуваат? Како позитивното размислување  се одразува врз нашиот живот?

    Се разбира, книгата не може да живее и да носи одлуки наместо нас, но може да ни даде инспирација и одговори за живеење со полни гради. Дали ќе бидеме беспомошен лист на ветрот на животот или ние ќе го создаваме ветрот – изборот е наш!

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • УМРЕН ЧОВЕК

    УМРЕН ЧОВЕК

    0

    Пак јас…

    Прости ми, пријателе мој, посилно е од мене… Ти ветив дека повеќе нема да пишувам за себе, ама што маж сум јас ако си го одржам ветувањето? Имаат ли крај овие мои климактерични его-трипови? И имало ли во моите мозочни „фајлови“ уште нераскажани приказни?

    Е па… имало, пријателе.

    Ќе умрам ако не ти ги раскажам. Или откако ќе ти ги раскажам. Ете така, просто морам да ти ги раскажам.

    Како старецот во приказните кој претчувствува дека му доаѓа крајот, па ги собира околу смртната постела своите тројца синови, за да им каже нешто што дотогаш им го немал кажано. Нешто многу вредно. Некоја тајна што тие не ја знаеле. Или… едноставно да им подари некоја стара мудрост, онака за крај.

    Ете, така и јас. Не оти ќе се умира набргу. Вакви говеда како мене живеат за инает. И не оти тврдам дека во моите приказни има некоја мудрост. А и да има, ќе мораш сам да ја откриеш, пријателе мој. Ако сакаш.

    Или пак, едноставно, препушти им се на приказните…

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • УЛИЦА ДИШИ ДЛАБОКО

    УЛИЦА ДИШИ ДЛАБОКО

    0

    Пријателе мој,

    Во оваа книга ќе најдеш стихови кои навистина успеале да опстанат во ова време во кое инвазијата од кичот и шундот достигна кулминација.

    Ќе најдеш „хитови“ кои публиката и денес ги пее наизуст на моите концерти, но ќе најдеш и за тебе наполно непознати текстови кои се нашле тука само затоа што ми се мене посебно драги.

    На крајот ќе најдеш и некои стихови кои јас нескромно ги сместувам во графата – „поезија“. Е па, пријателе мој, читај… и диши длабоко.

    299,00 ден
    Прочитај повеќе
  • НА КРАЈОТ ОД ДЕНОТ

    НА КРАЈОТ ОД ДЕНОТ

    0

    ДОБИТНИК НА БУКЕРОВАТА НАГРАДА

    По три децении служба во Дарлингтон хол, батлерот Стивенс тргнува на заслужено патување низ земјата, и наедно во службена посета на својата некогашна колешка, г-ца Кентон. Во текот на патувањето размислува за својата дотогашна кариера, за да си потврди дека преку службата на еден „голем џентлмен“ му служел на човештвото. А спроти средбата со госпоѓица Кентон, го преиспитува нивниот однос во кој се насетувало нешто повеќе од колегијалност… Но во неговите спомени демнат сомнежи за вистинската природа на „големиот“ лорд Дарлингтон кому му служел, и уште поголеми сомнежи во сопствените избори и пропуштени можности.

    На крајот од денот е маестрален психолошки портрет на еден совршен англиски батлер од златната доба која бледнее на прагот на повоена Англија. Напишан на префинет стил од перото на Казуо Ишигуро, ова е трогателен и моќен роман за вистинските вредности и за суштината на човековата среќа.

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ПРИРАЧНИК ЗА АНТИ АНТИАЛКОХОЛИЧАРИ

    ПРИРАЧНИК ЗА АНТИ АНТИАЛКОХОЛИЧАРИ

    0

    Сè што сте сакале да научите за алкохолот, ама не сте имале време од пиење 

    Кога ќе почнете со првата страница од оваа книга, се вклучувате во директен пренос од животот на Џамбазов. Уште од првата средба со неговото височество Алкохолот, сè се одвива пред ваши очи, како и вие да сте таму, на театарската сцена наречена живот. Низ призмата на алкохолот, најголемиот непријател маскиран во пријател, Џамбазов раскажува за него како за најголема животна школа, во која тој самиот завршува како најдобар дипломец во класата.

    Брилијантно, искрено, интимно, духовито и заразно четиво кое го задржува вниманието од почеток до крај. Суров и безмислосен кон себеси, Игор Џамбазов ги нарекува нештата со нивните вистински имиња, со голема доза самоиронија, без цензура и автоцензура, без обид да се допадне некому или да се оправда себеси. Како што ќе рече Венко Андоновски, Игор е мајстор на леснотијата на тешкото, мајстор на елегантното во бруталното.

    Зошто ја напишав оваа книга? За да ми олесни на душата. Сакав да раскажам за најевтино платениот убиец на планетава. Сакам да им помогнам на оние кои пробале, но и да им објаснам на оние кои не знаат.

    399,00 ден
    Прочитај повеќе