Availability: На залиха

Една декемвриска љубов

Автор на книгата: Лорен Ашер

490,00 ден

Постојат многу начини да си ги уништиш празниците. Но да бидеш деверица на свадбата на сестра ти и твоето поранешно момче? Тоа е посебен степен на божиќен кошмар.

Каталина Мартинез има само една цел: да ја преживее свадбата со насмевка на лицето, да не направи сцена и да си замине од Лејк Вистерија со недопрено достоинство. Но не смета на Лук Дарлинг.

Најдобриот пријател на младоженецот. Кумот на свадбата. И последниот маж на светот со кого би требало да се впушти во нешто. За жал, Лук е неподносливо згоден, сомнително внимателен и решен да ја освои, без оглед на тоа колку пати ќе го одбие. А таа е решена да му одолее. Барем така си повторува секогаш кога ќе ѝ се насмевне, ќе ја погледне малку подолго отколку што треба или ќе најде нов изговор да биде покрај неа.

Но како што наближува Божиќ, а меѓу нив сè повеќе се разгорува нешто што ниту еден од двајцата не може да го игнорира, Каталина почнува да се прашува дали направила огромна грешка… Можеби цело време била со погрешниот пријател. И можеби оваа свадба сепак ќе има среќен крај. Само не оној што сите го очекуваат.

Категорија , Brand:

Дополнителни информации

Автор