-
Силмарилион
0550,00 денФасцинантна сага за човештвото кое го изгубило земскиот рај
Силмарилион е еден од најраскошните светови во историјата на фантазијата, митолошки канон што Толкин го создавал целиот свој живот. Тоа е збирка од восхитувачки историски записи проткаени со приказни за создавањето, за љубовта и предавството, за пријателството и моќта.
Силмарилион дава поширока слика на Средна Земја, во која се сместени дејствата на Хобитот и Господарот на прстените. На романите што му претходеле им дава длабочина, ги пополнува празнините и нуди историски контекст на Толкиновиот свет и легендариум. Оваа книга ја раскажува приказната за старите дни, за првата доба, кога во Средна Земја живеел Моргот, првиот господар на темнината, а елфите од висок род војувале против него за да ги вратат Силмарилите, скапоцености кои ја содржеле чистата светлина на Валинор.
Потпирајќи се на своите длабоки познавања од Библијата и митологиите на многу народи, Толкин создал ремек-дело кое се смета за еден од најчитаните и најинтригантните романи во светската книжевност.
-
Зошто никој не ми го кажал ова порано?
0450,00 денСамодовербата е домот што го градите за себе.
Со своето повеќегодишно искуство во клиничката психологија, интернет-сензацијата д-р Џули Смит ни дава драгоцени совети со кои скапоплатените психолози им помагаат на своите пациенти за справување со најчестите животни предизвици.
Богата со тајни од кутијата со терапевтски алатки, „Зошто никој не ми го кажал ова порано“ изобилува со совети за зацврстување и одржување на менталното здравје. Од тоа како да се справиме со својата анксиозност или променливото расположение, да се соочиме со критика, да си ја поттикнеме мотивацијата, преку умешноста за развивање на самодовербата, прифаќање на загубата и тагата и учење како да си простиме – д-р Смит нагледно ни го објаснува функционирањето на човечкиот ум и ни дава насоки за секојдневно одржување на неговото здравје.
Ова не е книга која нè враќа во детството во потрага по основната причина за проблемите. Таа е современ и практичен водич за одржување на менталното здравје и за живот во хармонија со себе.
-
БРАЌАТА КАРАМАЗОВИ-Ф.М.Достоевски
0750,00 ден„Браќата Карамазови“, последното и најдоброто дело на Фјодор М. Достоевски, е едно од врвните достигнувања во светската литература. Според Фројд, најголемиот роман на сите времиња.
Раскошна филозофска расправа која покренува низа етички проблеми за природата на Бог, слободата на волјата, правдата и етичноста. Вистинска драма за моралните борби околу верата и сомнежот, разумот и емоциите, разбирањето и осудувањето. Проникнат со алчност и љубомора, љубов и страдање, тага и душевна благородност, овој роман е истовремено и теолошка и психолошка расправа. За Ниче, Достоевски е најдобриот психолог од кого научил многу за животот.
Романот бил објавуван во текот на 1879–1880 година во списанието „Руски весник“. Според него се снимени многу филмови и серии, поставени се многу театарски пиеси и сè уште доживува многу изданија низ целиот свет. Неговото дејство се случува во Русија, во XIX век, и сведочи за распаѓањето на едно имотно семејство составено од тројца браќа, толку различни меѓу себе што немаат речиси ништо заедничко освен нивниот неморален татко.
Полн со симболи, желба за правда и сострадание – за на крајот животот да се сведе на само еден сончев зрак. Ако го гледаш, жив си. А ако си жив, сè уште имаш можност да го откупиш животот.
„По Библијата, „Браќата Карамазови“ е веројатно највредниот трансисториски бестселер за природата на доброто и злото. Фројд, Ајнштајн, Хајдегер, папата Бенедикт Шеснаесетти мислеле пред мене – исто. Какво мајсторство е да го покажеш Божјото зрно во различна изртеност кај тројца браќа – Дмитриј, Иван и Аљоша, како и семето на злото кај нив и нивниот татко Фјодор, во различни големини? И зошто кај некого едното го надраснува другото, а кај некои второто го задушува првото? Вечни прашања и страшни филозофски стрмнини пред читателот од можеби најголемиот гениј во уметноста воопшто, книжевниот Моцарт. Бестселер што не пламнува како слама, туку топли со тивка и трајна, вечна жар.“
Венко Андоновски
-
Како да зборувате за децата да слушаат и како да слушате за децата да зборуваат
0650,00 денОвој бестселер, кој веќе се смета за своевидно класично дело во полето на модерната детска психологија, напишан од меѓународно признати експерти за комуникација меѓу родители и деца, содржи голем број важни сознанија и предлози, но и методи (за коишто се покажува дека успешно го издржуваат тестот на времето) за решавање на честите проблеми коишто се среќаваат во рамките на оваа комуникација и за градење основи за трајни врски, вклучувајќи бројни иновативни начини за: · Справување со негативните чувства на вашето дете, како што се фрустрираноста, лутината и разочарувањето.
• Изразување на вашите силни чувства без притоа никого да повредите.
• Остварување ефективна соработка со вашето дете.
• Поставување цврсти граници и одржување на добрата волја.
• Користење алтернативи за казнување кои поттикнуваат самодисциплина.
• Разбирање на разликата помеѓу корисните и некорисните пофалби за одделни поведенија.
• Мирно разрешување на семејните конфликти.
Ентузијастички фален и од родителите и од бројни експертиnод оваа област низ светот, пристапот на Фејбер и Мазлиш ги прави односите со децата од сите возрасти помалку стресни и, општо земено, повредни и позадоволувачки.
-
Група
0490,00 денСурово искрено четиво кое прво ве крши на многу парчиња, а потоа одново ве составува, така што ниту еден дел не е излишен.
Кристи Тејт е штотуку прогласена за најдобра студентка на Правниот факултет и успешно се справува со нарушувањата во исхраната. Но зошто вози низ Чикаго посакувајќи да исчезне? Зошто си замислува дека ѝ става крај на тагата што ја притиска?
Кога влегува во шестчлената група на психотерапевтот д-р Розен, сѐ почнува да се менува. Но пресвртницата во нејзиниот живот не се случува прекуноќ. Влезот во тој чуден и застрашувачки свет, во кој пред непознати луѓе треба да ги исповеда дури и најмрачните тајни, воопшто не е лесен. Но во секој случај е исплатлив.
Кристи Тејт е наш водич во тешкиот, но возбудлив процес на поврзување со себеси и со другите – врска за која не сме знаеле дека ни е толку потребна сѐ додека не се најдеме разголени пред оваа книга согледувајќи колку нѐ чинат чувствата што ги потиснуваме во себе. Време е да ги пуштиме надвор, кон новиот среќен живот.
„Потребни се храброст и доверба за да се разголи душата пред психотерапевт и плус пред шестмина странци. Одлуката на Тејт да ја раскаже оваа приказна е вистински подвиг, и среќни сме што се одлучи на тој чекор.“
Лори Готлиб, авторка на „Можеби треба да разговараш со некого“
-
Богатство што не се купува со пари
0600,00 денНе биди роб на своето минато, туку господар на својата иднина
Револуционерна книга што ја преобликува дефиницијата за успех, за да ни покаже што навистина значи богат и исполнет живот. Следете го примерот на Шарма, зашто богатството со кое ќе го облагородите срцето е многу позначајно од сите материјални работи и од сето она што ќе го ставите во банка.
Вистинското богатство е многу повеќе од брз автомобил или луксузен одмор на егзотични острови. Парите се само еден вид на богатство. Затоа многу луѓе, и покрај финансиските успеси, се исклучително сиромашни кога станува збор за нештата што се навистина важни за животот – среќата, здравјето и спокојството.
Општеството ни продава варијанта на успех што многумина ги остава празни во душата, неостварени и полни со каење. За среќа, постои многу подобар начин на животот.
„Богатството што не се купува со пари“ ќе ви открие систем кој го менува животот и ќе ви помогне да го промените од корен пред да биде предоцна. Ќе научите дека формулата втемелена врз осумте скриени навики што ги користат вистински богатите луѓе е совршен начин за да ја земете судбината во свои раце.
Отворете ја оваа книга и дозволете човекот кој го најде ќупот со злато копајќи во себе, да ви понуди сознанија што водат до неисцрпен извор на богатство:
Како да станете сопствен создавач на добри шанси
Дури 90 % од вашата среќа доаѓа од правилно избраниот партнер
Секојдневно работете на себенадминување
Помагајте им на луѓето, служете во локалната заедница
Скриените навики на вистински богатите луѓе се лесно достапни за секој
Прифатете ја чудесната идеја да „исчезнете“ една година од лицето на светот…
Неверојатно моќна книга што ќе ви ги прошири хоризонтите. Полна со практични алатки и тактитки за трансформација, таа ви ја открива филозофијата со која конечно ќе ви се насмевне вистинското богатство.„Робин Шарма е неверојатен ментор. Тој е еден од највлијателните луѓе на денешницата.“
Дипак Чопра
„Ремек-дело. Задолжително треба да го прочитате, доколку посакувате навистина богат живот.“
Џ. Балвин
-
Престанете да размислувате прекумерно
0320,00 денЗачекорете по патот кон смиреноста и уживајте во сегашниот момент
Дали сте често растревожени и под стрес? Не можете да заспиете постојано вртејќи ги низ глава настаните од денот и развивајќи безброј сценарија за иднината?
Прекумерното размислување е најголемата причина за несреќа, а и за многу болести. Со него влегувате во еден бескраен циклус на негативни мисли и го преоптоварувате умот со работи што никогаш нема да се случат или да имаат пресудно значење за вашиот живот. Тоа е исцрпувачки процес кој ви предизвикува дополнителен стрес, а не ги решава реалните проблеми.
Ник Трентон ни покажува како да влијаеме врз умот за да стекнеме поголема контрола врз своите мисли, да ги разбиеме негативните мисловни модели и да почнеме позитивно да размислуваме. И конечно, наместо постојано да се жалиме од минатото и да се плашиме од неизвесната иднина – да се фокусираме на сегашноста и да уживаме во секој момент од животот.
Прекумерното размислување не може да ви донесе позитивни резултати. Па тогаш зошто да бидете негов затвореник? Ослободете го умот од затворот што самите си го градите.
-
Љубов, теоретски
0500,00 денДали паѓањето во орбитата на згодниот физичар ќе ја доведе нашата протагонистка во искушение да ги преиспита своите теории за љубовта?
Двојниот живот на физичарката Елси Ханавеј е како од филм. Прекуден е растргната меѓу својата слабо платена професорска работа и желбата да истражува. Навечер својата ниска плата ја надополнува како лажна девојка, користејќи ги своите усовршени вештини за да се преобразува според потребите на клиентите.
За нив, таа е целосен погодок – слатка и внимателна. Исто како и Џек Смит, привлечниот постар брат на нејзиниот омилен клиент – студен физичар што ја уништил кариерата на нејзиниот ментор и со тоа ја разнишал репутацијата на теоретската физика. Истиот Џек кој е член на комисијата пред која Елси треба да ги претстави своите истражувања за да ја добие работата од соништата.
Елси е подготвена да се бори со сите сили, но… што е со збунувачките продорни погледи? Дали електрицитетот меѓу нив може да предизвика експлозија во две непокорни срца?
„Владетелка и кралица во областа на романсите.“
Вашингтон пост„Али Хејзелвуд е вистинска фабрика за романси.“
Кристин Лорен -
ДАНСКИ НАЧИН ЗА ВОСПИТУВАЊЕ ДЕЦА
0430,00 денОвој практичен и пред сè оптимистички советник, родителите ги запознава со навиките на најсреќните луѓе на светот. Четириесет години Данска доминира на листата на земји во кои живеат најсреќните луѓе, додека тајниот чинител на нивната среќа сè уште не е откриен. Сепак, авторките на оваа книга тврдат дека конечно го имаат решението во своите раце: тајната на данската среќа е во тоа што родителите ги воспитуваат своите деца да бидат полни со самодоверба, дружељубиви, исполнети − и, се разбира − среќни. Се прашувате како? На страниците на оваа книга ќе најдете разновидни, креативни и оригинални совети, како да: − ја поттикнете слободната игра − ја поттикнете автентичноста и самодовербата − негувате емпатија − го нагласувате тимскиот дух − го прославите заедништвото. Со многу практични решенија за проблемите и со инспиративни примери, книгата Дански начин за воспитување деца им помогна на родителите ширум светот, без разлика на културата и начинот на живот, да воспитаат среќни, добро приспособени деца. „Моќен воспитен метод… отпорни, емоционално сигурни и среќни деца – со други зборови, токму она кон кое сите тежнееме“, бележи списанието Mother „Би ја препорачала оваа книга на секој којшто себе и на своите деца сака да им понуди шанса за среќен живот“, пишува Малене Ридал, данска амбасадорка на добра волја
-
Бидете полезни
0400,00 денСакате да си помогнете себеси? Помогнете им на другите.
Најголем бодибилдер на сите времиња. Најплатен актер. Режисер, претприемач, инвеститор, подучувач, политичар. Сето тоа се однесува на еден човек, кој верува дека сè може да се постигне со сопствените раце и со силен ум.
Напишана со неговиот толку карактеристичен искрен и сугестивен глас, Шварценегер ги носи читателите на возбудлива прошетка запознавајќи ги со своите алатки и принципи за духовно богат и осмислен живот. Несебично ни покажува како да ги користиме за да ја создадеме посакуваната иднина, збогатувајќи ги со интересни приказни што вклучуваат големи успеси, но и застрашувачки падови. Некои од нив веќе ги знаеме, други се за првпат раскажани на овие страници.
Животниот пат на Шварценегер е восхитувачки и инспиративен – успева да излезе од родното село во Австрија и со упорност и многу работа, скалило по скалило, се искачува кон успехот. Никој нема да ви дојде на помош – можете да сметате единствено на себе, нè поучува тој. Но и нè охрабрува: вие самите сте си сосема доволни. А ако сакате да си помогнете себеси, помогнете им на другите!
-
Сто и една лекција што ќе ни го сменат начинот на размислување
0600,00 денСреќата не е во тоа колку нешта правиме, туку колку добро ги правимe. Мора да бидете најсрдечни кон себе тогаш кога ви се чини дека најмалку го заслужувате тоа. Оваа книга ќе ви помогне да бидете искрени кон себе и гордо да застанете пред огледалото соочувајќи се со она што сè се крие зад вашиот одраз. Светот ќе ви покаже толку добрина колку што вие ќе си покажете себеси, а не колку што заслужувате. Време е да се ослободите од сите заблуди за тоа како треба да го гледате светот и како светот ве гледа вас. Ова не е обична книга што само се чита, туку и богато искуство што поттикнува на самопроучување и отворање кон позитивни промени. Таа е длабоко, филозофско согледување зошто треба да ја следите целта со страст, да го прифатите негативното размислување, да ја видите мудроста во секојдневната рутина и да станете свесни за сè што ви го одредува животот. На крај, ќе сфатите дека ви го променила начинот на кој размислувате, вашиот живот и вашиот светоглед. „’Сто и една лекција што ќе ни го сменат начинот на размислување’ е внатрешно патување. Како да сте на терапија во сопствената соба. Ако сакате да созреете и длабоко да навлезете во себеси, прочитајте ја оваа книга.“ Гудридс
-
Седумте духовни закони за успешно родителство
0280,00 денОсмислениот живот ја открива смислата на животот.
„Седумте духовни закони на успехот“ на Дипак Чопра со својата посебност и вистинитост им го просветли патот на многумина во светот. Овој мудар концепт на животот им го отвора патот на возрасните, па книгава што ја држите в раце е надополнување на безвременските совети што на родителите им помагаат да ги изведат своите деца на вистинскиот пат.
Успехот зависи од она што сте и од она што го правите, вели овој светски признат доктор и писател, покажувајќи дека духовноста е темел на сите животни достигнувања. Чопра предлага начини на кои родителите можат да им помогнат на децата да ја впијат оваа мудрост уште од најрана возраст и нуди редовна дневна програма за целото семејство, проникната со практични духовни идеи и совети што поттикнуваат на размислување и на правилно постапување.
Благодарение на оваа книга, родителите можат да ги научат своите деца да живеат на најприроден, хармоничен и креативен начин – и така да остварат вистинско изобилство низ целиот живот.
„Идеите на Дипак Чопра за духовноста и воспитувањето на децата се оригинални, длабоки и фасцинантни.“
Бенџамин Спок
или
„Соработувај со својата судбина, не спротивставувај ѝ се, не попречувај ја. Дозволи ѝ да се исполни.“
Нисаргадата Махараџа
-
Островот на стаорците
0500,00 денСекојпат длабоко нè потресува она што е конечно и неповратно
Добредојде на Островот на стаорците, во пандемиско време во кое богатите чекаат евакуација од врвовите на облакодерите, додека обичните луѓе се борат за опстанок по улиците.
Остварлив ли е сонот за вечен живот? Научникот кој го истражува во последен миг го активира бришачот на меморијата во Бришачот, зашто пронајдената формула може да предизвика истребување на човештвото. Во Штурци е ставено на тест пријателството и патувањето низ времето кога двајца најдобри другари ќе се вљубат во иста девојка. Во Противотров отуѓениот син оди кај татко му на фарма на змии во Африка обидувајќи се да извлече пари од него. А во епскиот и брутален Црн скокач психологот Маер навечер станува професионален убиец во служба на корпоративните картели…
Од дволичност и одмазда до дистописки визии, Несбе ги испреплетува жанровите истражувајќи го она што ја движи судбината на поединецот – дали има место за љубов, сочувство и правда дури и во екстремни услови на борба за опстанок?
„Морничави приказни во кои Несбе ги истражува изопачените умови и темните места на човечкото срце соочувајќи нè со можните сценарија за нашата блиска иднина.“
Букрипортер
„Со остро перо, живи ликови и застрашувачки сцени, Несбе е модерен шекспировски мангуп, стивенкинговски исповедник на длабочините на душата, брилијантен норвешки раскажувач.“
Берлингске
-
Твоите пет следни потези
0490,00 денУспешните претприемачи и шаховските велемајстори имаат визија да ги погледнат фигурите пред нив и да ги предвидат своите следни пет потези. Во оваа книга, Патрик Бет-Дејвид „им помага на претприемачите да разберат што точно треба да направат следно“ (Брајан Трејси, автор на „Изеди ја жабата!“) со преведување на оваа вештина во вредна методологија. Без разлика дали се чувствувате како да сте удриле во ѕид, сте го изгубиле жарот за работа или барате иновативни стратегии за да го подигнете вашиот бизнис на следното ниво, „Твоите пет следни потези“ ги има одговорите. Ќе добиете: ЈАСНОСТ за тоа што сакате и кој сакате да бидете. СТРАТЕГИЈА да ви помогне да размислувате во воената соба и просторијата за состаноци. ТАКТИКИ НА РАСТ за добри и лоши времиња. ВЕШТИНИ за градење на вистински тим заснован на силни вредности. УВИД во игрите на моќ и уметноста на создавање стратешка предност.
-
Мала книга за Лике: Данската потрага по најсреќните луѓе на светот
0780,00 денLykke (Luu-kah) (n): среќа ОЧИГЛЕДНО Е ЗОШТО ДАНСКА ЧЕСТО ЈА НАРЕКУВААТ НАЈСРЕЌНА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ. ПОКРАЈ ТОА ШТО НА СВОИТЕ ЖИТЕЛИ ИМ НУДИ СОВРШЕНА РАМНОТЕЖА ПОМЕЃУ ДЕЛОВНИОТ И ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ, БЕСПЛАТНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ И БЕСПРЕКОРЕН РАСПОРЕД НА ВОЗОВИ, ТАА ГО НАДМИНУВА ОСТАТОКОТ ОД СВЕТОТ И ВО ОДНОС НА БРОЈОТ НА ЗАПАЛЕНИ СВЕЌИ ПО ДОМАЌИНСТВО. . Никој не знае повеќе за среќата – која Данците ја нарекуваат лике – од Мајк Викинг, директор на Институтот за истражување на среќата и автор на „Мала книга за хиге“. Иако може да се научи многу од Данците во поглед на уживањето во животот, клучните тајни на среќниот живот треба да се откријат насекаде низ светот. Во оваа фасцинантна книга, авторот нè води на лов на богатство за да ја отклучиме вратата за квалитетниот живот. Собирајќи податоци, искуства и совети од најсреќните краишта на светот, тој ни кажува како да го трошиме скапоценото време, како да се однесуваме со соседите или како да приготвиме вечера. Дозволете оваа книга да послужи како водич во вашата потрага по малку повеќе лике во животот!
-
Смртта на Иван Илич, Кројцерова соната, Отец Сергиј
0400,00 ден„Смртта на Иван Илич“ (1886)
Од детството, па сè до крајот на неговиот живот, Иван Илич честопати се соочува со клучното прашање: „Како живеев?“ Токму ова прашање ја сублимира сржта на раскажувачкиот глас на Толстој кој мајсторски нè поттикнува да го ставиме прстот на чело и да размислиме за нашите постапки кон самите себе, кон нашите блиски, но и кон животот.
„Кројцерова соната“ (1889)
Преку разговорот на Позднишев со непознат странец во возот, читателот се запознава со причините кои го навеле во бран на љубомора и гадење да ја убие својата сопруга. Покрај острата општествена критика за нееднаквоста на половите, Толстој поставува негативен став и кон сексуалноста, сметајќи дека таа кај човека ги побудува животинските нагони и поттикнува на злосторства, нешто што може да се спречи единствено со апстиненција. Делото го носи името на истоимената соната за виолина и пијано на Лудвиг ван Бетовен.
„Отец Сергиј“ (1911)
Младичот Степан Касацки доживува морална навреда, по што закрила бара во руското православие и се замонашува. Во наредните години неговиот живот станува потежок, проследен со искушенија, по што тој почнува живот на пустиник. Една вечер го посетува жена чија појава го поткопува самотниот живот на јеромонахот. Соочен со соблазна, отец Сергиј го напушта манастирот и ја бара Пашенка, по што се среќава со потешки подвизи, кои стануваат мерило на неговата вера во Бога.