Филтер по цена
Жанр
  • На небото има реки

    На небото има реки

    0

    Водата се стврднува при неповолни услови, исто како и човечкото срце.

    Во древноста, крај животодавната река Тигар, една мала дождовна капка паѓа врз главата на суровиот владетел Асурбанипал, опседнат со глинените плочи на кои е запишан познатиот еп за Гилгамеш. Следејќи го цикличниот пат на капката низ вековите, патуваме низ земјите и културите, а нејзините промени нè носат до нови херои: момче со генијална меморија родено на брегот на валканата Темза во викторијански Лондон, наглуво девојче кое во 2014 г. со баба ѝ заминува во долината Лалиш, свето место на нејзиниот народ соочен со уништување. Во наши дни, ним им се придружува една научничка која го напушта сопругот и се сместува во својот нов дом: брод на реката Темза.

    Овој волшебен роман на Елиф Шафак ги следи чудесните текови на водата, историјата и судбините, испишувајќи приказна проткаена со длабока емпатија за несреќните и отфрлените. Водата владее над сите нив – таа е и предвесник на животот и гласник на смртта. Иако телото е смртно, душата е вечен патник – исто како капката вода. Водата памети. Луѓето забораваат.

    „Одисеја, еп, приказна за искупување. ‘На небото има реки’ е повик да им се оддаде почест на елементарните сили кои ни ги обликуваат сеќавањата, историите, нашиот свет. Накратко – ремек-дело.“
    Рут Озеки

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • За македонските работи

    За македонските работи

    0

    Треба сега, и еднаш засекогаш, да се согласиме и да прифатиме едно нешто: „За македонските работи“ (1903) на Крсте Петков Мисирков (1874 – 1926) е најважната книга за македонското прашање што кога било е напишана и објавена на македонски јазик.

    А тоа е така бидејќи, од една страна, таа става круна на македонската преродба од ХIX век, еден долг и комплексен, но и многу оспоруван процес, а од друга страна, поставува цврст идеолошки и културолошки камен-темелник на современата македонска нација oд XX век. Едновремено, со огромна ерудиција и со изразен романтичарски налет, каков што ретко сме прочитале на македонски јазик, таа говори за настани и појави од поблиското и подалечното минато на Македонците и на Балканскиот Полуостров, и визионерски и актуелно дефинира и објаснува настани и појави што ни се случуваат одново и одново на истиот географски простор сто дваесет и две години по нејзиното објавување.

    Кога сме кај годините, Мисирков ја создава оваа книга на дваесет и осум години (каква мудрост од каква младост!) и ја објавува во годината што има најголемо симболично значење за секој Македонец: годината на Солунските атентати, на Илинденското востание, на загубата на Гоце Делчев, Питу Гули, Лазар Поп Трајков, на основањето на Крушевската Република, на прогласувањето на Крушевскиот манифест, а со делото на Мисирков дефинитивно можеме да ја наречеме – „Годината на македонските работи“. Во целиот овој контекст, Крсте Мисирков не е само значајна фигура од македонската борба за самостојност, туку и надисториски феномен што декларативно, еволуционистички, недвосмислено, храбро и неповратно издаде проглас за културна борба преку која (ќе) дојде до конечна независност и автономија на Македонија.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сезона на соништата

    Сезона на соништата

    0

    Сара има на располагање едно лето да организира пет свадби како од бајките. Но, дали таа ќе успее во тоа!

    Сара и Гевин решија да реставрираат еден стар замок сместен по течението на Дордоња, меѓу прекрасните лозја во Бордо и да отворат место за свадби каде бајките се остваруваат… Но, кога Сара го пронаоѓа Гевин во туѓа прегратка нивната заедничка среќа исчезнува како меур од сапуница. Соочена со пет двојки кои допрва треба да кажат „Да“, таа сфаќа дека е оставена сама да биде домаќин на свадбите што треба да се организираат за време на првата сезона откако го отворија местото за организирање на свадби. За летото да помине без проблем, Сара мора да го закопа своето скршено срце и да го надмине стравот дека набрзо ќе мора да се врати назад во Лондон. Така, кога згодниот Томас Кортини, експерт за вино и локален диџеј, ќе се појави во нејзиниот живот, Сара конечно се осмелува да здивне и да се надева дека летото можеби нема да биде целосна катастрофа…

    Дали Сара ќе успее да го спаси својот нов бизнис и да ја најде својата вистинска љубов.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Златниот ангел

    Златниот ангел

    0

    Каде се крие тајната на Златниот ангел?

    Роман полн со авантура и непредвидливи пресвтри. Во стилот на Ден Браун, нашиот автор Марин Гавриловски нѐ носи на мистична авантура низ Балканскиот Полуостров.

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Привремен

    Медо љубител на медот

    0

    Поучна, картонска сликовница со текстилен елемент на корицата.

    150,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Магичниот круг на детството

    Магичниот круг на детството

    0
    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Синевина

    Синевина

    0

    Трезвена и вознемирувачка приказна за потрагата по изгубените врски и за значењето на водата – најважниот ресурс на планетата.

    Годината е 2017. Норвежанка Сигне отсекогаш се залагала за зачувување на природата, а нејзината борба продолжува и денес. На речиси седумдесет години повторно ќе се качи на својата едрилица „Синевина“, со необичен товар, да се впушти во опасно патување до Франција за да го најде човекот што некогаш го сакала.

    Франција, 2041. Давид и неговата мала ќерка Лу преживуваат во свет опседнат со суша и глад. Бегалци среде хаосот без вода, откриваат стара едрилица во дворот на напуштена куќа длабоко на копното. Ова ненадејно откритие станува симбол на надеж и врска со минатото, додека нивната судбина постепено се испреплетува со онаа на Сигне.

    Приказна за храброст, љубов и непокорноста на човечкиот дух, романот ја истражува ранливоста на природата и луѓето, последиците од климатските промени, изборите што ги правиме, како и нивното влијание врз иднината. Жедта во романот не е само за вода, туку и за дом, иднина и за сигурно пристаниште.

    Меѓународен бестселер, објавен во дваесет земји, номиниран за Наградата на норвешките книжари, „Синевина“ е инспиративна и длабоко вознемирувачка приказна која нè потсетува дека сè уште имаме можност да го направиме вистинскиот избор и да го зачуваме најважниот ресурс.

    Прочитај повеќе
  • Германски со љубов - Deutsch mit Liebe 1

    Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1

    0

    Книгата „Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1“ е наменета за сите кои имаат желба да го изучуваат германскиот јазик, почетно ниво, независно од возраста.

    Книгата е поделена во шест дела:
    – Теоретски дел и аудиоматеријал, лесно достапен преку QR код што ве води директно на веб-страницата http://www.germanskisoljubov.mk

    (Теоретскиот дел на книгата има појаснувања на македонски јазик, што дополнително го олеснува изучувањето на германскиот јазик)

    – Преглед на вокабулар – табеларен преглед на вокабуларот, кој се среќава низ целиот теоретски дел;

    – Вежбанка – дел со вежби кон теоретскиот дел;

    – Краток преглед на граматиката од теоретскиот дел;

    – Преглед на вокабуларот за самопроверка – Ова го научив;
    – Преглед на решенијата од вежбанката.

    Успешно учење на германскиот јазик!

    999,00 ден
    Додај во кошничка
  • 101 ПОРАКА ЗА УБАВ ДЕН

    101 ПОРАКА ЗА УБАВ ДЕН

    0

    Понекогаш само една порака ни е доволна да ни го исполни денот

    220,00 ден
    Додај во кошничка
  • Грст афионови зрнца

    Грст афионови зрнца

    0
    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • И јас сум Сирма

    И јас сум Сирма

    0

    И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминативе шеснаесет века. Таа вели дека сè што напишала e вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но… таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми… но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. „Авторката“ не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат. Кога издавачот ми го прати текстот да напишам рецензија, не наидов на ништо што не ми е познато. Имав впечаток дека секоја страница од оваа историска читанка ја има некаде во нашите гени.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • ТОНИ

    ТОНИ

    0

    Реалноста е секогаш пошокантна од тоа што го пишува во книгите.

    Тони е средовечен бивш рокер од Скопје, кој живее со мајка му и работи во државна институција. Во текот на пандемијата, ненамерно, но по своја вина, предизвикува неколку настани кои засекогаш го менуваат неговиот, а и животот на луѓето околу него.

    Напишан на жив, остар и современ јазик, во препознатливиот горчлив и истовремено духовит стил на Бужаровска, Тони е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално комичен, но и длабоко трагичен, се чита во еден здив. Ова е роман што ќе ве удри од земја и ќе ве натера да ги преиспитате општествените, романтичните и семејните односи од нашето секојдневие.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Вегетаријанка

    Вегетаријанка

    0

    Во „Вегетаријанка“, роман награден со Меѓународната книжевна награда „Букер“, низ три приказни ја следиме Јонг-хе, млада жена која, измачувана од еден кошмар, решава да престане да јаде месо. Оваа, навидум мала одлука ќе има огромни последици и целосно ќе го пресврти животот на Јонг-хе, доведувајќи ја во неочекувани конфликти со сите блиски луѓе од кои очекува поддршка. „Вегетаријанка“ е искрен, моќен роман за парадоксалната битка што мора да ја водиме за да бидеме тоа што сакаме да бидеме. Приказната за Јонг-хе е алегорија за трансформациите и преиспитувањата преку кои се откриваме или се губиме себеси, преку кои бараме љубов и добиваме омраза. „Алегорија, телесни преобразби, секојдневна битка за преживување – како да не помислиме на Кафка додека го читаме овој прекрасен, субверзивен роман? ’Метаморфоза‘, ’Уметник во гладување‘ и дневниците на Кафка се само некои од делата чии одеци може да се насетат низ ’Вегетаријанка‘.“

    330,00 ден
    Додај во кошничка
  • РАЗМИСЛУВАЈ КАКО МОНАХ

    РАЗМИСЛУВАЈ КАКО МОНАХ

    0

    Да размислуваш како монах значи да размислуваш како најуспешниот и највлијателниот мудрец на денешницата!

    Додека растел во околина полна со сомнежи за неговиот успех, одбрал да ја следи сопствената извонредна интуиција, па наместо да присуствува на свеченоста за дипломирањето на факултетот, заминал во Индија за да стане монах. По тригодишна неуморна потрага по себеси, додека им помагал на сите околу него, го напушта монашкиот живот со цел глобално да ја рашири својата мудрост. И успева во тоа! Видеата на неговиот видеоканал, лансиран во 2016 година, имаат над 4 милијарди прегледи. Ова го прави еден од најгледаните луѓе на интернет во целиот свет.

    Супермоќта на Џеј Шети не е само во тоа што успеал да го разбуди монахот во себе, туку и во тоа што својата мудрост ја прави достапна за секого. Неговата незаменлива книга-водич „Размислувај како монах“ ќе ги подготви сите храбри луѓе да ги истражат длабочините на својата душа и да му подарат на светот сè убаво што спие неоткриено во нив. Апстрактните лекции, совети и вежби собрани во оваа инспиративна, прониклива, длабока и практична книга се доказот дека секој може и секој треба да размислува како монах.

    Спојувајќи ја древната мудрост со искуството што го стекнал во ашрамот, Шети ни открива како да се ослободиме од негативните мисли и да се препуштиме на смиреноста која лежи во сите нас. Тој докажува дека секој може – и треба – да размислува како монах. Разумно борете се со секојдневните предизвици! Да се размислува како монах повеќе не е избор, туку потреба!

    600,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сè што син ми треба да знае за светот

    Сè што син ми треба да знае за светот

    0

    Пред себе имаме длабоко проникливо обраќање од првите борбени редови на едно од најзастрашувачките животни искуства на секој маж: татковството.

    Бакман ни дава интимен увид во односот меѓу татковците и синовите. Проникнувајќи длабоко во сопственото искуство и обраќајќи се директно на своето дете, Бакман ги разгледува перспективата и алатките што ќе му бидат потребни на неговиот син за да се снајде во светот.

    Делумно мемоари, а делумно љубовни писма, оваа книга претставува прирачник за големите, но и малите животни лекции, подеднакво важни како и првите. Од тоа како да се излезе накрај со љубовта до тоа како да се монтира парче мебел од ИКЕА. И нешто уште поважно – зошто таткото понекогаш ќе му ја стега дланката малку поцврсто од обично.

    Ова е Бакман каков што досега не сте го виделе – интимен, ранлив и храбар. Оваа книга, пред сè, претставува омаж на љубовта меѓу родителот и детето.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Животот на нашата планета

    Животот на нашата планета

    0

    Земјата ја делиме со другите животни и со растенијата – најсовршениот замислив систем за одржување на животот, конструиран милијарди години. Стабилноста на планетата почна да се губи паралелно со намалувањето на разновидноста на живиот свет – овие две нешта се меѓусебно поврзани. Затоа, за да ја обновиме стабилноста на планетата, мораме да го обновиме биодиверзитетот, токму она што го уништуваме сега. Тоа е единствениот излез од кризата што ја предизвикавме самите. Мораме да ја вратиме дивината во светот.

    Животот на нашата планета

    Моето сведоштво и мојата визија за иднината

    Имам 94 години. Имав извонреден живот. Дури сега сфаќам колку извонреден.

    Како младич, додека шетав мислев дека ја гледам дивината, дека го искусувам негибнатиот свет на природата – но, тоа беше илузија. Трагедијата на нашето време се случуваше насекаде околу нас, едвај забележливо од ден за ден – исчезнувањето на дивината, намалувањето на нејзиниот биодиверзитет.

    Бев сведок на ова намалување. Животот на нашата планета е моето сведочење, но и мојата визија за иднината. Тоа е приказна за тоа како ја направивме нашата најголема грешка и како, доколку дејствуваме веднаш, можеме да ја исправиме.

    Имаме уште само една, последна шанса да го создадеме нашиот совршен дом и да го обновиме волшебниот свет што сме го наследиле.

    Сè што ни треба е волја.

    Сер Дејвид Атенборо е најпознатиот британски автор на природонаучни филмови. Неговата кариера на природонаучник и телевизиски презентер опфаќа речиси седум децении. Тој се здобил со почесна витешка титула во 1985-та, а во 2005 година му бил доделен Орден за заслуги. Член е на Кралското друштво и се занимава со теми поврзани со изумирањето на видовите и нивното сочувување.

     

     

    450,00 ден
    Додај во кошничка