До дома за Божиќ
520,00 ден
Лорен Ричмонд не го сака Божиќ. Не ги сака семејните собири, празничната еуфорија и сите оние очекувања дека во декември светот одеднаш треба да стане посреќно место. Затоа со години успешно ги избегнува празниците дома, уживајќи во својот живот во Калифорнија. Но овој Божиќ сѐ се менува. Нејзиниот брат чека бебе, а Лорен нема срце да гo одбие. Единствениот проблем? Патувањето до Илиноис. Бидејќи таа ужасно се плаши од летање, брат ѝ наоѓа совршено решение: ќе патува со автомобил, во друштво на неговиот најдобар пријател.
Вил Синклер. Момчето во кое некогаш била безнадежно вљубена. Мажот кого се обидува да го заборави повеќе од десет години.
Таа сака ред, планови и контрола. Тој живее спонтано, флертува без срам и има насмевка на која сѐ уште е опасно тешко да ѝ се одолее. Пред нив се илјадници километри, бескрајни разговори, неочекувани авантури и едно минато кое никако не сака да остане таму каде што припаѓа. Лорен цврсто верува дека луѓето не се менуваат. А Вил е решен да ѝ докаже дека греши.
И, можеби најубавиот божиќен подарок не е нешто што те чека под елката, туку некој што цело време го носиш во срцето.

