Availability: На залиха

Декември 1989

Автор на книгата: Рута Шепетис

520,00 ден

Додека комунистичките режими низ Европа се рушат еден по еден, Романија сè уште живее во железната прегратка на еден од најсуровите диктатори во историјата – Николае Чаушеску.

Во земја во која секој може да биде шпион, а еден погрешен збор може да те чини живот, кому можеш да му веруваш?

Седумнаесетгодишниот Кристијан Флореску сонува да стане писател. Но во земја во која владеат стравот, лагите и тајната полиција, дури и соништата можат да бидат опасни. Кога озлогласената Секуритате ќе го уцени да стане доушник, тој се соочува со невозможен избор: да ги предаде луѓето што најмногу ги сака или да го ризикува сопствениот живот за да го урне режимот однатре.

А најопасните тајни ги кријат токму оние на кои најмногу им верува. Но револуцијата е сè поблиску. Додека улиците се полнат со гнев, крв и повици за слобода, Кристијан сфаќа дека вистината има своја цена. Колку далеку би отишол за слободата? И кого би бил подготвен да жртвуваш за неа?

Категорија Brand:

Дополнителни информации

Автор