Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Исидора Мун има волшебни сипаници

    Исидора Мун има волшебни сипаници

    0

    Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква. Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете. Исидора има тест по математика в понеделник и многу е исплашена дека нема да помине добро. Ах, кога би можела само да се разболи за да се извлече од тестот… Волшебните сипаници ù се чинат како одличен изговор да остане дома, но кога нештата ќе излезат од контрола, ќе сфати дека тоа не било добра идеја. Може ли Исидора да ги поправи работите ?

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Смола

    Смола

    0

    Лив умрела кога имала шест години. Барем така гласи официјалната верзија.

    Една вечер таткото ќе го турне нивниот чамец кон брановите и ќе гледа како се распарчува од карпите. Потоа ќе ја пријави својата ќерка како исчезната. Службената потера трае долго и безуспешно. Но, зад шутот пред работилницата на нејзиниот татко се крие Лив. Живее сама во мракот, треперејќи пред секој неочекуван шум. Татко ѝ тврди дека на ваков начин нема да мора да оди на училиште. Нема да мора да ги напушти родителите и да се соочи со светот кој е полн со опасности и лоши луѓе.

    Неизмерно трогателната и напната приказна прикажува што се случува кога некого премногу сакате, а желбата да го заштитите се претвора во нешто што таа личност неповратно ќе ја повреди.

    „Смола“ ги доби четирите најважни крими-награди во Скандинавија и доживеа светска препознатливост. „Гардијан“, „Телеграф“ и „Дејли експрес“ ја прогласија за еден од најдобрите романи во 2018 година. Досега е преведена во 31 земја, а во 2019 година е адаптирана во филм.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кафе-муабет со себеси

    Кафе-муабет со себеси

    0

    Уморни сте од едноличното секојдневие без инспирација? Сакате живот полн со авантури остварувајќи ги своите соништа?

    Што ако секојдневно скокате од кревет возбудени и полетно преземате нешто за да ги остварите јасно поставените цели за кои сте мислеле дека се невозможни? Размислете – има ли нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, но сте мислеле дека е резервирано само за избраните?

    Техниката на кафе-муабет на Кристен Хелмстетер ќе ви овозможи:

    – да ги промените навиките

    – да стекнете здравје и долговечност

    – да бидете прекрасен родител или да најдете совршен партнер

    – да постигнете богатство и успех – да живеете со нов сјај во очите.

    „Кафе-муабет со себеси“ не дава здодевен список на задолженија, туку забавен и делотворен начин секој ден да се будите насмеани и среќно да впловите во својот нов, неверојатен живот. И сето тоа со само петминутни дневни афирмации и шолја вкусно кафе!

    „Моќна, досетлива и инспиративна книга што ќе ви покаже како целосно да го искористите својот потенцијал со неколкуминутно дневно сонување големи соништа, колку што е потребно да ја испиете својата шолја кафе. Оваа книга ќе ви го промени животот.“

    Кристи Белкамино, најпродавана авторка на „Ју-Ес-Еј тудеј“

    360,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Париз не ве остава

    Париз не ве остава

    0

    Војната е завршена, но минатото никогаш не е минато. Откако ја прејивеала Втората светска војна со ќеркиcхката Виви, работејќи во книјарниcа во Париз и борејќи се за својот јживот, шарлот не е јртва, туку бореc за гол јживот. Но, моје ли да го прејивее следното поглавје од јживотот? Како комбинаcија од јживотот во окупираниот Париз и во Њујорк од педесеттите години, книгата Париз не ве остава е неверојатна приказна за издрјливост, љубов и невозмојни одлуки, и проникнува во тоа како опстанокот никогаш не се слуcхува без одредена cена. „Прекрасна приказна што го дава она за кое сите сме гладни: интелигентен и комплексен јенски лик кој ги предизвикува нашите замисли за праведно и неправедно, моралност и неморалност.“ Елизабет Џ. чрcх, авторка на Атомската тејина на љубовта „Со гаранcија ќе ве следи уште многу време откако ќе ја свртите и последната страниcа. Јас лиcхно ја проголтав.“ Стејси шиф, авторка на Клеопатра

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Модерни измами

    Модерни измами

    0

    Кој има снажни раце, ќе победи еден непријател; кој има знаење, ќе победи илјада.

    Непроценлив водич за самозаштита од вешти измами, од најнаивни до најсофистицирани – наградни игри, онлајн нарачки, давање лични податоци и пари на рака без договор, до хакирање и „купување“ криптовалути…

    Како инспектор во областа корупција и фалсификати, финансиски криминал и измами, Роберт Атанасов посведочил најразновидни измами на кои наседнуваат голем број луѓе, кои понекогаш остануваат и без своите животни заштеди. Сакајќи да ни помогне, тој ни ја нуди оваа практична и корисна книга за самозаштита. Книга каква што досега сме немале можност да прочитаме, која изобилува со примери од најразличен вид измами – и класични и современи, со користење на сите достапни видови технологија.

    Не дозволувајте да паднете во истата стапица како многумина чии финансии и животи биле загрозени поради мало невнимание. Научете како да си ја заштитите платежната картичка од злоупотреби и кражби, кои се знаците дека вашиот телефон можеби е хакиран и уште многу други корисни совети што нема да ве направат плен на киберкриминалците. Прочитајте ја книгата на Роберт Атанасов за да не бидете жртва на вештите измамници.

    499,00 ден
    Додај во кошничка
  • Соларис

    Соларис

    0

    Најчитаниот автор на научна фантастика во светот конечно на македонски, со едно од најважните Sci-Fi дела во историјата – „Соларис“!
    На една истражувачката станица што се наоѓа на планетата Соларис, целата прекриена со огромен жив океан, доаѓа нов член на експедицијата. Веднаш по слетувањето, Крис Келвин го вознемируваат чудните однесувања на членовите од екипажот.
    Открива дека еден од нив, доктор Гибариан, извршил самоубиство, а во просториите на станицата се појавиле суштества што ги креирал „океанот“, односно материјализираните спомени за ликови или нешта од најдлабоко потиснатите делови од умовите на истражувачите. Во моментот кога Крис почнува да се истражува себеси, почнуваат компликациите…

    Романот „Соларис“ има огромно влијание врз уметноста. Најпозната од трите филмски адаптации е онаа на Андреј Тарковски од 1972 година, за која тој ја доби главната награда во Кан.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Непобедлив

    Непобедлив

    0

    Вселенскиот брод „Непобедлив“ слетува на планетата Регис III. Задачата на неговиот екипаж е да ги открие причините за исчезнувањето на претходната експедиција од вселенскиот брод близнак „Кондор“, кој слетал и набргу потоа прекинала комуникацијата со него. Научниците почнуваат да ја испитуваат планетата, го пронаоѓаат бродот, но не можат да ги утврдат причините за катастрофалните случувања.
    Наскоро откриваат и остатоци од нешто што прилега на „град“, а потоа и форма на еволуција на мртвото, т.н. некросфера, за што се претпоставува дека се механизми потомци од одамна исчезнатата цивилизација на Лираните.
    Во овој култен роман се зборува за средбата со вонземското и за неможноста на човештвото да оствари контакт со непознатото. Исто така, Лем ја преиспитува човековата желба за истражување на космосот и го поставува прашањето што да направи човештвото кога ќе се соочи со својата ограниченост.

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Јас сум Акико

    Јас сум Акико

    0

    Ова е книга за деца, но и за возрасни. „Јас сум Акико“ е кус, лирски, поетски роман за осаменоста на едно девојче кое живее само со својот татко, нема пријатели и е сосем различно и поинакво од сето она што се подразбира под девојче во пониските одделенија на училиште. – Акико е девојче со пеги кое не ги сака границите. Го сака својот татко, кожата ѝ мириса на стара хартија и често е осамена. Вратите (на световите) ги отвора со виолински клуч, носи чевли број А4, вози срце со помошни тркала наместо велосипед. На другите им изгледа необично, но животот ќе ѝ се смени благодарение на Баобаб и Марсело. Пешкирот и Баобабот се скалила кои ја носат Акико до Марсело, нејзиниот прв вистински пријател… – објаснува авторот. Ова е мудра книга и многу ставови што ги истакнува Акико за родителската љубов, за внатрешниот свет, за извртената стварност, за пријателството и за многу други сфери, добро е да допре и до возрасните.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бегалка

    Бегалка

    0

    Ниту еден жив писател не може толку убедливо да пишува за „текот на љубовта“ како Алис Манро. Таа е жив џин на модерниот расказ, а нејзиниот чеховски реализам, длабоката психолошка интуиција, инстинктивното чувство за емоционалната аритметика на животот, оставија неизбришлив печат на современото пишување. Вештината на Манро во прикажувањето на човековите чувства и богатството на овие приказни, прави тие да делуваат како заокружени романи. Под нејзиното перо ликовите – жени од секакви средини и возрасти и нивните пријатели, љубовници, родители и деца – оживуваат како да ни се соседи. Бегалка е збирка од 8 раскази која критичарите ја сместуваат на највисокото скалило од опусот на Алис Манро.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Замрачување

    Замрачување

    0

    Во нарација подеднакво маѓепсувачка и мистериозна како и сеќавањето – ја дознаваме приказната за Натаниел (14 години) и неговата постара сестра Рејчел.

    Во 1945 година, непосредно по Втората светска војна, тие остануваат во Лондон додека нивните родители се преселуваат во Сингапур, оставајќи ги на чување на мистериозната фигура по име Молецот.

    Сомневајќи се дека тој е криминалец, децата стануваат уште позагрижени кога ја запознаваат неговата ексцентрична група пријатели: мажи и жени споени од заедничката, недефинирана служба во војната. И сите тие се решени сега да ги заштитат и едуцираат (на крајно невообичаени начини) Рејчел и Натаниел.

    Но, дали се навистина оние што тврдат дека се? И што значи кога мајка им се враќа по месеци молк без таткото и без какво било објаснување?

    Десетина години подоцна Натаниел почнува да открива сè што сакал да дознае, а токму патувањето низ фактите, сеќавањата и имагинацијата е пренесено во ова ремек-дело од еден од најголемите писатели на нашето време.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Божиќна песна

    Божиќна песна

    0

    Сметководителот и скржавец Ебенизер Скруџ не ги почитува обичаите на Божиќ, кои налагаат несебичност, љубезност, добрина и споделување со другите. Но, за време на една студена божиќна ноќ, што одлучува да ја помине осамен, далеку од друштвото и љубовта на семејството и пријателите, тој е посетен од духот на својот покоен партнер Џејкоб Марли. По него следуваат духовите на божиќното минато, сегашност и иднина, со чијашто помош Скруџ се соочува со сопствените гревови и се преобразува во доблестен човек… Новелата „Божиќна песна“ уште од своето прво издавање во 1843 година е постојано во печат веќе 185 години, преведена е на многу јазиџи и приспособена на најразлични филмски, театарски и музички адаптации.

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Привремен

    Жолти чорапи

    0

    „Жолти чорапи“ е топла, лирска приказна за препознавање на чувствата кај децата раскажана на лесен, забавен и симболичен начин преку вселувањето на добродушниот Бувко во една нова шума. Сакајќи да се запознае и да се спријатели со соседите, Бувко секому му подарува соодветен подарок и на крајот сите животни стануваат посреќни.

    „Жолти чорапи“ поттикнува на запознавање и го негува пријателството. Децата, освен што можат да уживаат во оваа приказна, можат и да учествуваат во неа преку работниот додаток на крајот од сликовницата.

    220,00 ден
    Додај во кошничка
  • Привремен

    Живот без крај

    0

    Новото дело на славниот Фредерик Бегбеде романот Живот без крај е негова најавтобиографска приказна. Самиот автор ја нарекува темата на романот соодветна на неговата возраст – доколку претходните книги му беа за љубовта сексот бракот експериментирањето со дрогите итн. во овој роман педесетгодишниот Бегбеде ги истражува темите на семејството на смртта и вечниот живот.

    Нараторот на Живот без крај е опседнат со идејата да најде „лек“ за смртта и во таа навидум невозможна потрага ќе биде вклучено целото негово семејство. Трагањето по бесмртноста се претвора во луда авантура, за на крајот, останувајќи во доменот на предвидливото и исполнувајќи ги очекувањата на читателот, нараторот да открие дека бесмртноста постојано била пред него, отелотворена во неговите две ќерки.

    Бегбеде без патетика и со многу хумор ја допира оваа мрачна тематика и гради возбудлива приказна која завлегува во доменот на научната фантастика.

     

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мудар родител – среќен тинејџер

    Мудар родител – среќен тинејџер

    0

    Петтата книга од серијалот посветен на семејниот живот и начинот на воспитување ќе ви помогне да ги согледате потребите на детето кога е на возраст помеѓу 13 и 19 години.

     

    Адолесценцијата е период кога на родителите им изгледа дека детето станува и го напушта сето она што го изградиле заедно. Големото ново чувство кај тинејџерите е желбата да се оддалечат од познатото.

    Тие го прават тоа за да се пронајдат самите себе, но семејството во кое пораснале и во кое веројатно им е добро, сега се доживува на целосно нов начин. Тинејџерите бараат подобри верзии, сонуваат за нешто друго: за родители кои се покул, за подобра исхрана и поопуштена атмосфера. Меѓутоа, дури и кога се оддалечува, детето во целост зависи од односот што го имате. Истовремено сте и пресудни, но веќе и помалку важни.

    Зошто тинејџерите сè повеќе ја губат самодовербата и стануваат самокритични? Зошто срамот на оваа возраст е посилен од порано, а стравот од погледите на другите понекогаш е речиси оневозможувачки?

    Тинејџерските години се напорни, кревки и полни со животни случајности. Покрај тоа што другите ги гледаат поинаку, тинејџерите го менуваат и погледот што го имаат самите за себе. На адолесцентите никој не им се насмевнува како што е тоа случај со малите деца. Училиштето во нив ја всадува сериозноста што ги чека, а од друга страна и љубовните проблеми стануваат посложени.

    Потрудете се барем вие да сфатите дека под лушпата создадена од проблемите се крие човечко суштество. Покажете разбирање и поддршка за оние кои навистина ја чувствуваат силата што се разбудила.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Најубави митови од антиката

    Најубави митови од антиката

    0

    Како и зошто Прометеј им го подарил огнот на луѓето? Зошто само Девкалион и Пира го преживеале големиот потоп? Какви биле авантурите на Аргонаутите, а какви подвизите на Херакле? Со чија помош Персеј ја поразил Горгоната Медуза, а кој му помогнал на Тезеј да излезе од Лавиринтот? Како Тантал ги разбеснил боговите? Што открил Дедал, а каде погрешил Икар? Како Ахајците конечно ги поразиле Тројанците и зошто Одисеј десет години не можел да се врати на Итака? Во книгата „Најубави митови од антиката“ ќе ги прочитате централните приказни што го обликувале духовното постоење на старите народи од Медитеранот.

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Поклони се и почни

    Поклони се и почни

    0

    Поклони се и почни“ е ведра, игрива сликовница за заедништвото, забавно поттикнување на децата (и животните!) да учествуваат во најразлични собирања и прослави по секакви поводи – „раѓањето на десетмилијардитото ливче во шумата“, во конкретниов случај. И кога знаат и кога не знаат да пеат, да играат, да пишуваат песни и да римуваат, децата треба да се собираат како и животните од сликовницата (штурчето Свирче, богомолката Богдана, бумбарот Јакоб, дабарот Дрварко и црвеношиестиот валаби), бидејќи шансите да го научат она што го сакаат се многу поголеми кога околу нив има повеќемина што можат да помогнат. Или барем само да слушаат. Односот помеѓу штурчето Свирче, главниот херој во сликовницата, кое сака а не знае да пишува во рима и дабарот Дрварко кому не му е гајле за рима а одлично ја владее, е прекрасен пример за волшебната моќ на дружбата. На крајот од сликовницата има и работен додаток за совладување на римите, така што сите, и ликовите и читателите, излегуваат од оваа духовита, несекојдневна книга на Владимир Лукаш и Љубиша Камењаров оспособени за дружење и… римување.

    „Поклони се и почни“ е симболичен поттик за секое дете да го земе микрофонот на своите желби в раце и да ја започне забавата на детството по сопствена мерка. Како вистинска, среќна „ѕверка“!

    250,00 ден
    Додај во кошничка