Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Болка во џебот

    Болка во џебот

    0

    Роман за слепата љубов, насилството и капитализмот. Базиран е на вистински настан – пожар на патнички траект во 1990 година, во кој загинаа 159 луѓе. Иако настанот е реален, ликовите се фиктивни.

    Жена патува со автобус низ јужна Данска. Кога погледнува низ прозорецот, пред неа се појавува лик на маж со бела коса. Заслепена е од неговото лице, но не го препознава. Повторно се качува во автобусот, овој пат патувајќи во спротивната насока, и се симнува на местото каде што ѝ се појавил ликот на човекот. Во моментот кога се доближува до една куќа и заѕвонува на ѕвончето, пред неа се откриваат слики од животот на двајца луѓе, Курт и Меги.

    Сопружниците живеат на фарма во своите подоцнежни години. Тука Курт ја започнува својата мала автобуска компанија, додека Меги води тивок живот, тонејќи во спомените. Во куќата тие се љубат и се караат. Како што изминуваат годините, караниците се сè почести, сѐ додека нивната врска не се распадне, оставајќи ги само со чувство на апатија. Тоа што на почетокот е пламена страст почнува да венее, а насилното минато и финансиските проблеми сѐ повеќе се испречуваат помеѓу нив. По нејзината смрт, еден бизнисмен го охрабрува Курт да инвестира во траект што ќе плови помеѓу Данска и Норвешка. Набрзо ги губи сите вложени пари откако траектот ќе изгори. Ги поминува своите последни денови сам и во сиромаштија. Спомените го измачуваат и почнува да ги слуша криковите на првородениот син.

    Романот е наречен „најамбициозен книжевен потфат за 2020 година“.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Што ќе кажат другите

    Што ќе кажат другите

    0

    Животот не е бесцелна битка за комплетно игнорирање на туѓите мислења, туку е процес на формирање круг составен од луѓе, верувања и мислења кои не се само важни туку се и нужни за нашиот личен успех.

     

    Барањето одобрување од другите и грижата што мислат тие за нас е нешто сосем нормално, бидејќи е дел од човековата природа. Но тоа не значи дека секој од нас, во одреден момент во животот, не се обидел да го пронајде одговорот на најтешкото животно прашање – како да не се грижам што ќе мислат другите за мене?

     

    Одговорот е во кругот! Но кругот не е секогаш совршено затворен. Понекогаш спротивните верувања го разнишуваат. Меѓутоа ако е доволно силен, кругот ќе те направи имун на туѓите влијанија, и само тогаш ќе можеш да ги надминеш препреките. Само човек што се наоѓа во вистинскиот круг, кој е опкружен со вистински луѓе – може да направи чуда.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Во акрата нема мостови

    Во акрата нема мостови

    0

    Си земам за право да го прогласам романот „Во Акрата нема мостови“ за една од најубавите љубовни приказни напишани на македонски јазик, но и за првиот „on the road“ роман во македонската литература. Иако има дела со сродни елементи, ниту едно не ја гради „поетиката на патувањето“, бегството и егзистенцијалната потрага како органска целина. Јостед е јунак во движење, млад и рефлексивен, за кого патувањето е слобода, а домот цел. Сенката на Одисеј и стиховите на Кавафис ја продлабочуваат потрагата, додека љубовта на Јостед и Елени му дава смисла на нивното самопронаоѓање. – Зоран Бојаровски, новинар и автор; „Некои мостови ги разбираме дури кога веќе е предоцна да ги преминеме.“ Со прецизна и воздржана нарација, Миле Бошњаковски создава роман во кој личните судбини се преплетуваат со историјата, а интимните избори одекнуваат во рамките на општествените системи. „Во Акрата нема мостови“ отвора прашања за припадноста, семејството и цената на неизговорените вистини, покажувајќи дека тишините што ги наследуваме знаат да бидат посилни од зборовите. Ова е приказна за љубовта и загубата, за родители и деца, за невидливите нишки што ги поврзуваат луѓето и тогаш кога мислат дека се разделени. Роман што се чита внимателно и останува долго по последната страница. – Катерина Синадиновска, новинар

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Скандалозни страсти

    Скандалозни страсти

    0

    Може ли еден гусар да разбере дека вистинското богатство лежи во срцето на една жена?

    Сајланс Холингбрук е сиромашна, убава и љубезна дама – и пред девет месеци направи страшна грешка. Побара помош од гусарот за да си го спаси мажот и притоа се согласи на спогодба што ќе ја чини брак. Таа ноќ беше толку многу повредена што дури остана во сиропиталиштето во кое му помагаше на својот брат Винтер. Но, нејзиниот мир имаше краток рок на траење.

    „Шармантниот“ Микеј О’Конор е најнемилосрдниот гусар во Лондон. Тој е неодоливо привлечен и интелигентен и успеа да се пробие на врвот на лондонското подземје.

    Кога неговата вонбрачна ќерка, чија мајка е умрена, ќе му ја остават за да се грижи за неа, Микеј не може да одолее на поривот детето да го остави на куќниот праг на Сајланс…

    Ова е третата од неколкуте романтични и секси љубовни романси што авторката Елизабет Хојт ги објави по 2010 година. Најпребирливите читатели неодамна имаа можност од оваа серија на македонски јазик да ги прочитаат историските љубовни романси „Опасни намери“ и „Забранети задоволства“. Во романот „Скандалозни страсти“ ќе се потсетат и на тие настани и на главните ликови.

    „Роман што ја враќа вербата во магијата на љубовта“, Романтик тајмс.

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тоа бевме ние

    Тоа бевме ние

    0

    Роман што вибрира од тага, но и од животна радост, како емотивен удар со тупаница што се однесува на сите нас!

    Нахид и Масуд се среќаваат една вечер во Техеран. И двајцата се на осумнаесетгодишна возраст и во себе носат сон за слобода и демократија. Се движат кришум и делат летоци. Започнуваат демонстрации и илјадници луѓе извикуваат пароли на улиците. Но сето тоа станува многу посериозно и понасилно отколку што можеле да си претстават. Со позајмени пари и со лажни пасоши бегаат во Шведска. Го прават тоа заради подобар живот и заради иднината на својата ќерка. Слободата што им недостигала сега ја имаат во изобилие, но што е слобода кога ти недостигаат корењата?

    Триесет години подоцна, Нахид има уште шест месеци живот. Или барем така ѝ кажуваат докторите. Исполнета е со нов гнев. Во исто време дознава дека нејзината ќерка е бремена. „Ако го добијам ова, не сакам ништо повеќе.“ Но сè се претвора во трка со времето.

    Извонредна приказна за егзилот, раселувањата и емотивните врски меѓу мајките и ќерките, приказна за љубовта, за вината и за соништата за подобро утре. „Тоа бевме ние“ нè тера да се запрашаме: што им оставаме на нашите деца? Што им должиме на тие што ги сакаме? И, дали без корени можеме вистински да бидеме слободни?

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • П.С. Те сакам

    П.С. Те сакам

    0

    Памети ги нашите прекрасни спомени, но немој да се плашиш да создаваш и нови…

    Холи и Гери имаат совршен живот. Живеат во Даблин блиску до семејството и пријателите и уживаат во својата љубов. Но пред нејзиниот триесетти роденден, човекот кој ѝ е најдобар пријател, љубовник и сродна душа, ја напушта. Светот престанува да постои, животот застанува. Но Гери ѝ ветил дека секогаш ќе биде до неа – и го исполнува своето ветување со пораките што ѝ ги пишувал додека бил во болница. Холи секој месец чита нова порака од него, која ѝ помага да ја преброди тагата.

    П. С. Те сакам е прв роман на Сесилија Ахерн. Преведен е во шеесетина земји и стана бестселер во целиот свет, беше најпродаваниот дебитантски роман во Ирска, Англија, САД, Германија, Холадија… Во 2007 година беше и филмуван.

    П. С. Те сакам е топла, духовита, искрена и романтична приказна за благословите на пријателството, семејството и вечната природа на вистинската љубов. Според Космополитен, тој е сензационален првенец кој докажува дека вистинската љубов никогаш не умира.

    Див хумор и тага – сето ова во еден фантастичен роман.

    Кети Кели

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Италијански приказни

    Италијански приказни

    0

    Бајките патуваат низ времето и просторот, премостуваат векови и континенти, преминуваат низ општествените слоеви опишувајќи го патот кон успехот или падот, низ раскажување кое се обновува и постојано го преобразува слушателот во наратор, и обратно.

    Италијанските народни приказни распостилаат пред нас еден волшебен свет на маѓепсници и зли сили кои го демнат човекот, но кои тој секогаш успева да ги надитри. Тоа е еден напати нереален универзум населен со необични суштества, во време исполнето со чуда, а во суштина толку човечки. Кога се запишани од мајсторот на книжевниот збор Калвино, бајките стануваат ремек-дело повистинито од кој било современ роман. Не затоа што ни раскажуваат возбудливи приказни за јунаци и вештери, самовили или змејови, туку затоа што нè учат како да го живееме животот опкружени со нивните метафори.
    Калвино во овие бајки го внел целиот раскошен свет на кралеви и принцези, но и на сиромашни селани и момчиња кои со својата остроумност успеваат да се извлечат од замките на судбината и да се кренат над неа. Успевајќи со своето перо да ги истакне уникатните одлики на националниот фолклор, со овие приказни тој остава неповторлив печат во светската литература.

    Овие традиционални италијански приказни прераскажани од книжевниот мајстор се вистинско литературно богатство.
    Лос Анџелес тајмс

    Избрани приказни прераскажани од една од најголемите книжевни икони.
    Њујорк тајмс бук ривју

    790,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Уметноста на заведувањето

    Уметноста на заведувањето

    0

    Клучот на заведувањето е создавање искушение на кое луѓето не можат да му одолеат.

    Кој вид на заводник би можеле да бидете? Сирена, ѕвезда? Шармер, комичар, харизматичен или светец? Можете да бидете што сакате, зашто заведувањето е игра на психологија, не на убавина, и секој може да стане мајстор на таа игра. Способноста за создавање илузија е еден од блескавите дарови на заводникот – привлечна фигура која е способна истовремено и да манипулира, и да заведува и да дава задоволство.

    И мамка и уметност, како што го објаснува бестселер авторот Роберт Грин, заведувањето е синоним за индиректна и суптилна форма на моќ. Таа отсекогаш соборувала империи, добивала избори, ги поробувала и големи умови. Истражувајќи ги историјата, книжевноста и животот, Грин создава водич за суштината на едно од најмоќните а невидиливи оружја во историјата.

    Научете ги сите стапици и фини трикови, усвојте ги суптилните 24 маневри и стратегии и станете заводник кој лесно стекнува контрола. Тоа нека биде нов почеток што ќе ве води до големи победи!

    „Макијавели има нов ривал. И Сун Цу треба да се замисли. Грин состави список на амбициозно и непобедливо однесување.“

    Њујорк магазин

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Исчезнат во лет

    Исчезнат во лет

    0

    “Клаустрофобична, интензивна и невозможно е да се остави.” – Виктор Метос, бестселер автор

    Од USA Today авторката на бестселери Одри Џ. Кол, пристигнува вознемирувачки трилер за жена соочена со незамисливото – нејзиното бебе исчезнува за време на лет кон Њујорк.

    Кога набрзина се враќа на своето седиште, Микејла Роси чувствува олеснување што сè изгледа мирно. Но кога погледнува кон своето заспано бебе, олеснувањето веднаш се претвора во паника. Колевката е празна.

    Лиам го нема.

    Тоа беше долг лет од Анкориџ до Њујорк. Бидејќи стјуардесите беа зафатени, Микејла неволно замоли патничка да внимава на нејзиниот син додека таа отиде до тоалетот. Ја немаше само неколку минути. А, сепак, на триесет илјади стапки височина, тој исчезна.

    Патниците и екипажот го пребаруваат авионот, но без успех. А, кога никој не се сеќава дека ја видел со бебето, сомнежот се насочува кон неа. Сигурна е дека не го губи разумот, како нејзината мајка – пред очите на целата јавност. Само Џек да беше тука, нејзиниот сопруг ќе ѝ поверуваше. Како успешен банкар објавен во Форбс, можеби и ќе помогнеше.

    Но овојпат Микејла е сама. И ќе мора да размислува брзо ако сака да го пронајде својот син – пред да биде предоцна.

    „Одри Џ. Кол е на врвот на својата игра во овој возбудлив, навистина оригинален трилер зад затворени врати. Беспрекорно испланиран со шокантни пресврти на секој чекор, не можев да престанам да ги вртам страниците!“ – Сузан Волтер, бестселер автор

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Butterfly at the flower door

    Butterfly at the flower door

    0

    Set in the insect village, Butterfly at the Flower Door is a short story and a reminder for its readers not to give up on themselves easily…

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • За твојот успех

    За твојот успех

    0

    Смелите цели ги постигнуваат луѓе
    коишто „горат“ од желба да ги остварат.

    Од авторот на бестселерот „Ставот е сѐ“, оваа инспиративна книга е збирка од 62 моќни есеи посветени на принципите на успехот и позитивниот став. Преку едноставни, но практични техники, читателот учи како да го промени начинот на размислување, да изгради дисциплина и да го отклучи сопствениот потенцијал.

    Оваа книга не зборува за успех кој е постигнат преку ноќ или за збогатување без труд. Такви работи не постојат. Успехот бара дисциплина, развивање нови начини на размислување и однесување. И вреди да се вложи време и труд за да се изгради таа дисциплина.

    Инспирирана од личната трансформација на авторот, книгата нуди искрени и применливи поуки што веќе им помогнале на милиони луѓе ширум светот да создадат посреќен и поисполнет живот. Ова не е приказна за брз успех, туку водич за вистинска и трајна промена.

    Ова е книга што ќе те поттикне да веруваш во себе – и да почнеш да го градиш животот што го заслужуваш.

    Ова е за ТВОЈОТ успех!

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Исидора Мун има волшебни сипаници

    Исидора Мун има волшебни сипаници

    0

    Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква. Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете. Исидора има тест по математика в понеделник и многу е исплашена дека нема да помине добро. Ах, кога би можела само да се разболи за да се извлече од тестот… Волшебните сипаници ù се чинат како одличен изговор да остане дома, но кога нештата ќе излезат од контрола, ќе сфати дека тоа не било добра идеја. Може ли Исидора да ги поправи работите ?

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Смола

    Смола

    0

    Лив умрела кога имала шест години. Барем така гласи официјалната верзија.

    Една вечер таткото ќе го турне нивниот чамец кон брановите и ќе гледа како се распарчува од карпите. Потоа ќе ја пријави својата ќерка како исчезната. Службената потера трае долго и безуспешно. Но, зад шутот пред работилницата на нејзиниот татко се крие Лив. Живее сама во мракот, треперејќи пред секој неочекуван шум. Татко ѝ тврди дека на ваков начин нема да мора да оди на училиште. Нема да мора да ги напушти родителите и да се соочи со светот кој е полн со опасности и лоши луѓе.

    Неизмерно трогателната и напната приказна прикажува што се случува кога некого премногу сакате, а желбата да го заштитите се претвора во нешто што таа личност неповратно ќе ја повреди.

    „Смола“ ги доби четирите најважни крими-награди во Скандинавија и доживеа светска препознатливост. „Гардијан“, „Телеграф“ и „Дејли експрес“ ја прогласија за еден од најдобрите романи во 2018 година. Досега е преведена во 31 земја, а во 2019 година е адаптирана во филм.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Географија: Пустини

    Географија: Пустини

    0

    Оваа категорија на енциклопедии се фокусира на нашата прекрасна планета Земја. Исполнети со корисни информации и неверојатно фотографии, овие енциклопедии сигурно ќе заземат посебно место во умот на младите читатели.

    170,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кафе-муабет со себеси

    Кафе-муабет со себеси

    0

    Уморни сте од едноличното секојдневие без инспирација? Сакате живот полн со авантури остварувајќи ги своите соништа?

    Што ако секојдневно скокате од кревет возбудени и полетно преземате нешто за да ги остварите јасно поставените цели за кои сте мислеле дека се невозможни? Размислете – има ли нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, но сте мислеле дека е резервирано само за избраните?

    Техниката на кафе-муабет на Кристен Хелмстетер ќе ви овозможи:

    – да ги промените навиките

    – да стекнете здравје и долговечност

    – да бидете прекрасен родител или да најдете совршен партнер

    – да постигнете богатство и успех – да живеете со нов сјај во очите.

    „Кафе-муабет со себеси“ не дава здодевен список на задолженија, туку забавен и делотворен начин секој ден да се будите насмеани и среќно да впловите во својот нов, неверојатен живот. И сето тоа со само петминутни дневни афирмации и шолја вкусно кафе!

    „Моќна, досетлива и инспиративна книга што ќе ви покаже како целосно да го искористите својот потенцијал со неколкуминутно дневно сонување големи соништа, колку што е потребно да ја испиете својата шолја кафе. Оваа книга ќе ви го промени животот.“

    Кристи Белкамино, најпродавана авторка на „Ју-Ес-Еј тудеј“

    360,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Париз не ве остава

    Париз не ве остава

    0

    Војната е завршена, но минатото никогаш не е минато. Откако ја прејивеала Втората светска војна со ќеркиcхката Виви, работејќи во книјарниcа во Париз и борејќи се за својот јживот, шарлот не е јртва, туку бореc за гол јживот. Но, моје ли да го прејивее следното поглавје од јживотот? Како комбинаcија од јживотот во окупираниот Париз и во Њујорк од педесеттите години, книгата Париз не ве остава е неверојатна приказна за издрјливост, љубов и невозмојни одлуки, и проникнува во тоа како опстанокот никогаш не се слуcхува без одредена cена. „Прекрасна приказна што го дава она за кое сите сме гладни: интелигентен и комплексен јенски лик кој ги предизвикува нашите замисли за праведно и неправедно, моралност и неморалност.“ Елизабет Џ. чрcх, авторка на Атомската тејина на љубовта „Со гаранcија ќе ве следи уште многу време откако ќе ја свртите и последната страниcа. Јас лиcхно ја проголтав.“ Стејси шиф, авторка на Клеопатра

    360,00 ден
    Додај во кошничка