Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Клучот за Ребека

    Клучот за Ребека

    0

    Безмилосен шпион

    1942 година. Целта на Алекс Волф е Каиро. По едно макотрпно пешачење низ Сахара, тој стигнува во градот со себе носејќи примерок на Ребека од Дафне ди Морие, еден смртоносен бодеж и траги на убиени лица зад себе. Познат како Сфинга во неговите кругови, Волф е нацистички шпион со брутална желба за успех по секоја цена.

    Неуспешна воена кампања

    Британската воена кампања во северна Африка станува едвај одржлива. Под водство на Ромел, Германците сè побрзо се приближуваат, а извештаите на Алекс Волф за движењата на британските трупи и нивните стратешки планови им даваат предност. Разузнавачкиот офицер Вилијам Вандам има задача да го фати Волф пред да бидат поразени Британците.

    Смртоносна потера

    Вандам бара помош од куртизаната Елени Фонтана, која се согласува да се обиде да го фати нацистичкиот шпион во замена за подобар живот во Палестина. Дали можат да го фатат овој извонредно лукав шпион пред тој да ги открие тајните на Каиро и да пропадне воената кампања?

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Срце, љубовникот

    Срце, љубовникот

    0

    На последната година од студиите по книжевност, една студентка запознава двајца брилијантни студенти – Сем и Јаш, најдобри пријатели кои живеат надвор од кампусот, во куќата на нивниот професор. Вовлечена во нивниот опоен свет на интелект, брзи шеги и игри со карти, таа го добива прекарот Џордан – и брзо станува дел од кругот на љубовта, пријателството и амбициите. Но, страста брзо се претвора во сложен љубовен триаголник што ќе ги одбележи сите тројца. Децении подоцна, кога Џордан ќе го живее животот за кој отсекогаш сонувала, минатото ненадејно се враќа, па таа е принудена да се соочи со сопствените избори и заблуди од младоста. Срце, љубовник е и роман што реферира на изобилство литературни дела, нагласувајќи ја моќта на книжевноста за развојот на една личност.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Жената не е маж

    Жената не е маж

    0

    Човек мора да ја дочита приказната докрај за да ги дознае одговорите. Така е и со животот. Никој ништо не добил уште на самиот почеток.

     

    Палестина, 1990 година. Седумнаесетгодишната Исра повеќе сака да чита отколку со сведнат поглед да ги служи просците што татко ѝ ги пречекува сакајќи да ја омажи. Брзо како насон, но многу различно од нејзините соништа, таа за една недела од мечтателка станува жена и заминува за Бруклин. Таму започнуваат маките на Исра, која се труди да ги исполни очекувањата на свекрвата и на сопругот Адам, со надеж дека ќе ја засакаат.

     

    Бруклин, 2008. Осумнаесетгодишната Деја, најстарата ќерка на Исра, мора да се запознава со кандидатите за сопруг кои баба ѝ ги избира, иако нејзината желба е да студира. Деја се прашува дали ќе ѝ помогнеа нејзините родители ако не загинеа во сообраќајна несреќа. Меѓутоа баба ѝ е одлучна: единствената добра иднина за Деја е бракот со вистинскиот човек.

     

    Но судбината си има свои патишта. Наскоро Деја ќе се соочи со болни вистини за семејството што долго биле криени од неа – за смртта на нејзините родители, за бегството на тетка ѝ, за неопходноста самата да одлучува за својата иднина.

     

    „Жената не е маж“ е приказна за традицијата, честа, тајните и предавството, љубовта и насилството. Таа е интимен поглед во строгиот и затворен свет на арапската жена, универзална вистина за семејството и начинот на кој замолчувањето и срамот може да ги уништи кревките души што треба да бидат заштитени.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сонцето и Кралицата на темнината

    Сонцето и Кралицата на темнината

    1

    Сонцето е осамено и тажно. Наконтените и занесени ѕвездички му се потсмеваат бидејќи не е како нив. Но, еден убав ден ќе ја сретне својата посебна другарка – планетата Земја. Колку е убаво да се има вистинско другарче!

    И можеби сѐ ќе беше добро ако не се појавеше Кралицата – љубителка на мракот.

    Ох, ќе успее ли Сонцето да ја врати светлината?

    Најмили деца, придружете му се и откријте ги своите супермоќи како што Сонцето ги открива своите.

    И што е најважно – бидете свои и сјајни како него!

    200,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Детето на месечевата светлина

    Детето на месечевата светлина

    0

    Вознемирувачки и емотивен трилер што нема да ве остави мирни сè додека не откриете сè за вашите соседи.

    Една студена јануарска ноќ Шерон излегува во дворот за да го гледа помрачувањето на месечината за кое сите зборуваат. Сакајќи да ја фотографира, го насочува мобилниот кон куќата на соседите. За нив знае само дека се презиваат Флеминг благодарение на поштенското сандаче.

    Но таа ноќ забележува нешто чудно во нивната куќа – мало девојче кое мие садови поткачено на столче во кујната. Шерон знае дека соседите немаат дете на таа возраст. А дури и да имаат некое гостинче, зошто толку мало дете би миело чинии во единаесет часот навечер?

    Кога ќерка ѝ Ејми ќе ја замоли привремено да ја вдоми Никита, осумнаесетгодишна девојка без родители, Шерон ја заборава таа случка. Но наскоро и Никита почнува да забележува сомнителни работи во соседната куќа. А кога социјалните служби не сакаат да се вмешаат во случајот, тие двете ги преземаат работите во свои раце.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Љубовни неврони

    Љубовни неврони

    0

    Што би направила Марија Кири ако…

    Би Кенигсвасер живее според едноставен принцип: што би направила Марија Кири? Ако НАСА би ѝ понудила водечка улога во значаен невронаучен проект – што е буквално остварување на сонот – Марија би го прифатила без двоумење. Но мајката на модерната физика никогаш не морала да работи со Ливај Ворд.

    Зашто Ливај, високиот и мрачен тип со продорен поглед, многу јасно ѝ дал до знаење на постдипломските студии – дека му е одбивна. Сега двајцата заколнати непријатели треба заедно да направат астронаутски шлем. Кога опремата ѝ доцни, новите колеги ја игнорираат и на секој чекор наидува на сопки, се случува невозможното – Ливај ги поддржува нејзините идеи и ѝ станува сојузник. А помислата дека навистина му се допаѓа – ги активира сите нејзини неврони.

    Меѓутоа кога ќе мора да ја стави на коцка не само својата стручност туку и срцето, важно е само едно прашање: Што би направила Би Кенигсвасер?

    „Али Хејзелвуд е совршена авторка која ни докажа дека науката може да биде и ептен секси, а љубовта може да се појави дури и на најнеочекувани места.“

    Џоди Пико

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • На запад ништо ново

    На запад ништо ново

    0

    Секој војник останува жив благодарејќи на илјадници случајности.

    И секој војник верува и му се препушта на случајот. Од школската клупа директно на бојното поле. Паул Бојмер на почетокот на Првата светска војна е регрутиран заедно со своите врсници во германската војска. Млади и полни со идеализам, тие стануваат силни војници. Но наспрема поривот што го тера да војува, Паул води уште една битка во себе – онаа против омразата што бесмислено ги тера луѓето да се борат во различни униформи, едни против други.

    На запад ништо ново е најпопуларниот и најпреведуван воен роман на сите времиња. Не можеле да го замолчат ниту прогонството на Ремарк од татковината ниту горењето на неговите книги. Бил и останува сведок на разорните последици што војувањето ги носи врз личната и колективната болка и судбина.

    Оваа книга е жестока осуда на ужасите на војната. Обид да престанат или барем да се ублажат нејзините трауми, повик да не се повтори никогаш. Надежна приказна што зрачи со љубов и грижа за човештвото.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • The AI Journey

    The AI Journey

    0

    Долгогодишниот професионалец во ИТ индустријата, Суад Сефери, ја објавува првата книга за вештачка интелигенција на Балканот, „The AI Journey“, со цел да едуцира како луѓето ефикасно да ја користат вештачката интелигенција (ВИ). Во време на неверојатен технолошки напредок, ВИ брзо се наметнува како клучна алатка во различни области – од работните места до креативните индустрии.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Фатени во љубовна мрежа

    Фатени во љубовна мрежа

    0

    Љубовта е секогаш повеќе од доволна

    Фокс Тортон, ловецот на кралски ракови, живее во согласност со репутацијата што го следи од основно училиште – забава без обврски. Духовит, привлечен и навидум несериозен, женскиот заводник ги поминува викендите во блискиот град. Но кога во неговиот живот ќе се појави Хана Белинџер, принуден е да ги преиспита своите принципи.

    Хана доаѓа на неколку дена во рибарското гратче со филмската екипа и се сместува во слободната спална соба на Фокс. Таа е имуна на неговиот шарм и се чини дека повеќе ужива во неговата личност. Бидејќи премногу му се допаѓа за да ризикува целосно да ја изгуби, тој го прифаќа понуденото пријателство. Но поминувајќи ги деновите со неодоливиот казанова од Вестпорт, Хана сфаќа дека се замаглува границата меѓу нивното другарство и флертот.

    Дали ќе продолжат да се преправаат дека се само другари или ќе се осмелат да си ја признаат љубовта? Ќе успее ли Фокс да ги победи своите внатрешни демони и да ги оправда надежите на Хана? И двајцата треба да си одговорат многу прашања додека сè повеќе се заплеткуваат во љубовната мрежа.

    „Теса те разоружува со смеа, искриво ја запалува атмосферата, а потоа ти влегува право во срцето. Нежност, ранливост и вжештени ситуации – ете зошто Теса Бејли ми е една од омилените автори на сите времиња.“

    Сали Торн

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Море од спомени

    Море од спомени

    0

    Кога Кендра првпат ја посетува својата болна баба, таа ја замолува да ја запише нејзината приказна, пред да ја заборави…

    Во 1937 година, животот на седумнаесетгодишната Ела се менува засекогаш кога е испратена да летува на прекрасниот Иле де Рѐ и се среќава со харизматичниот Кристоф. Тие го поминуваат летото заедно, истражувајќи ги песочните плажи на островот и кристално чистите води и, за прв пат во животот, Ела се чувствува навистина слободна.

    Но, избувнувањето на војната менува сѐ. Ела е принудена да се врати во Шкотска, каде волонтира за воените сили заедно со застрашувачкиот Ангус. Во овој нов свет, Ела се чувствува како да се оддалечува сѐ повеќе од она што го доживеа на Иле де Рѐ.

    Дали таа некогаш ќе успее да го најде својот пат назад? И дали тоа навистина го посакува?

    490,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Никому ништо не должите

    Никому ништо не должите

    0

    Нашите обрасци на перфекционизам и угодување на луѓето настанале врз основа на некогашните повреди на емоционално ниво.

    Никому ништо не должите е книга за перфекционисти, трудохоличари, оние што им угодуваат на луѓето и оние што макотрпно се трудат и што се чувствуваат заглавено во циклусот на бескрајно вложување напори. Споделувајќи ги со читателите своите искуства како животен тренер и „излечен“ перфекционист, Керолајн Гарнет Макгро ни покажува како може да се ослободиме од тежината на очекувањето и нѐ охрабрува да одиме понатаму во животот, без да му се правдаме на некој.
    Инспирирана од текстот на авторката „Никому не му должиш да влезеш во интеракција со него“, кој стана вирален, оваа книга нѐ повикува да направиме изненадувачки избор што може да ни помогне да се ослободиме. Наместо да понудат само уште повеќе начини за постигнување промени со вложување труд, овие лични приказни се како сочувствен сведок и претставуваат одраз на нашите перфекционистички навики. Тие се истовремено и повик за будење што ни помага да излеземе од менталитетот на маченик и нѐ инспирира да тргнеме во нов, позитивен правец.
    Низ едноставната и достапна практика, Никому ништо не должите ни покажува како изгледа кога ќе одлучиме да престанеме да функционираме на стариот начин, со претерување во сѐ, и нѐ повикува да донесеме одлуки што ѝ помогнаа и на авторката, а и на нејзините клиенти да го надминат перфекционизмот, зајакнувајќи и овозможувајќи да се ослободиме од стравовите и да го заздравиме своето срце.

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Расеани умови

    Расеани умови

    0

    Ако можеме активно да сакаме, нема да има ни недостиг на внимание ни растројство

    Книга што го разбива митот за растројството со недостиг на внимание, задолжително четиво за родителите и за сите кои сакаат да разберат како искуствата во детството ги обликуваат биологијата и психологијата на човечкиот мозок.

    Растројството со недостиг на внимание (АДД) сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста поради неговата широка распространетост и влијанието врз децата, но и врз кариерата на возрасните и социјалниот живот. Опишувајќи ја болната реалност на многу луѓе, искрено споделувајќи го своето лично искуство како возрасен со оваа состојба и татко на три деца со истата дијагноза, д-р Мате повикува на создавање семејни односи што гарантираат простор во кој сите се чувствуваат разбрани и сакани онакви какви што се.

    Длабинската анализа и терапевтските опции засновани врз емоционална блискост и емпатија ќе ги променат животите на милиони деца и возрасни. Универзални по својата суштина и вредност, советите во оваа остроумна и привлечна книга се верен водич во односите на човекот со себеси, со своите деца и со опкружувањето, и ја враќаат нашата верба во првобитното право на уникатност и независност. Книга која нуди вистинска надеж и практични совети за децата и возрасните кои живеат со оваа состојба.

    Исцелител што заслужува вистинска почит, возбудлива книга што стигна во вистинско време.

    Наоми Клајн

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Стела, Сани и фамилијата Фламингоси

    Стела, Сани и фамилијата Фламингоси

    0

    Шшш!

    Некој доаѓа во кампот на Стела и Сани.Кој би можел да биде?

    Тоа е мрзливата фамилија Фламингоси! Никој не би рекол дека од членовите на ова ново

    друштво може толку многу да се научи.

    И сè одеше супер, сè  додека не се успа Месечината.

    Ќе се сети ли некој да ја разбуди?

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Размислете уште еднаш: Моќта на знаењето за сопственото незнаење

    Размислете уште еднаш: Моќта на знаењето за сопственото незнаење

    0

    Оваа книга ја истражува умешноста како да ги преиспитувате своите мислења и како да им го менувате мислењето на другите.

    Интелигенцијата често се оценува како способност за размислување и учење, но во свет што постојано се менува, постојат и друг тип вештини што значат многу повеќе: способноста за преиспитување и одучување. Секојдневно ги слушаме оние мислења што прават да се чувствуваме добро за себе, наместо идеи што ќе нѐ замислат. Секое несогласување го доживуваме како напад на нашето его, наместо како можност за учење нешто ново. Се опкружуваме со луѓе што се согласуваат со нашите заклучоци, наместо да избираме луѓе што ни го предизвикуваат начинот на размислување.

    Новите докази ни покажуваат дека преиспитувањето како начин на размислување и вештина може да биде научено и Грант ни објаснува како да ги развиеме потребните квалитети за да го направиме тоа.

    „Размислете уште еднаш“ е книга за разумното сомневање, како подобро да го прифатиме непознатото и да не се плашиме од грешките. Доказите потврдуваат дека креативните гении не ги врзува еден идентитет, туку константно се подготвени да ги преиспитаат своите ставови, а лидерите што признаваат дека нешто не знаат и бараат конструктивна критика водат попродуктивни и поиновативни тимови.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Едно непознато суштество

    Едно непознато суштество

    0

    Ветувањето е ветување. Тоа не смее никогаш да се прекрши.

    Сѐ започна вака: една ноќ, пред да си легне, Сани слушна… невообичаен звук зад фрижидерот. Знаеше дека таму живее некое суштество. Но не сакаше да открие што е тоа без Стела, а ни без тебе.

    А ти сакаш ли да откриеш?

    Ако сакаш, влегувај во нашата приказна! Те чекаме!

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • ПОТЕКЛО Саша Станишиќ

    ПОТЕКЛО Саша Станишиќ

    0

    Вака стојат нештата: земјата во која сум се родил денес веќе ја нема. Додека постоеше, се сметав себеси за Југословен. Како и моите родители: татко ми – Србин, a мајка ми – од бошњачко муслиманско семејство. Бев дете на мултиетничка земја, плод и исповед на двајца луѓе што се сакале и кои југословенскиот melting pot ги ослободил од притисокот на различното потекло и религија.

    ПОТЕКЛО е книга за моите потекла, за сеќавањата и откритијата. Книга за јазикот, работата на црно, штафетата на младоста и за многу, многу лета.

    Во својот трет роман Саша Станишиќ раскажува како од родниот Вишеград патува за Хајделберг, па се враќа назад во босанските планини кај баба си. Топол, близок, духовит и живописен роман, кој ја плени германската публика. Вонсериско дело што ќе ве освои на прво, второ и на секое следно читање.

    Германска книжевна награда за 2019 година!

    „За разлика од други постјугословенски автори што ја создаваат својата книжевност во тесните, зададени рамки на идентитетскиот кафез, Станишиќ сам отвора рамки и дефинира идентитети.“ – Миљенко Јерговиќ

    400,00 ден
    Додај во кошничка