-
Бело се пере на деведесет
0350,00 денБело се пере на деведесет е шокантен, духовит и инспиративен билдунгс-роман, што ја бележи животната приказна на нараторот, кој во прво лице раскажува за своето детство во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, па сè до неодреден ден во денешницата.
Во нејзините живи спомени на детските денови има врволица од луѓе, роднини и пријатели и богат социјален живот, што повеќепати нескриено и со носталгија таа ги поврзува со животот во рамки на поранешната република, кога се организирале групни летувања, колективни зимски екскурзии и кога луѓето главно биле безгрижни.
Но, покрај тоа што овој роман во основата е наратив за растењето, истовремено е и соочување со загубите и со болеста, и го доловува напорот за припитомување на стравот и на сето она што не сакаме да го видиме додека не се соочиме со него неминовно.
Броња Жакељ (1969) е дипломирана новинарка по образование. Нејзината радост заради пишувањето останува некаде меѓу страниците на списанијата и во редакциите на дневните весници, па својот прв професионален ангажман ù е во секторот маркетинг, а денес работи во секторот банкарство. Со оглед на тоа што во финансиите нема многу креативност, а нејзината љубов кон пишувањето никогаш не ја напушти целосно, одлучува да го напише својот прв роман, Бело се пере на деведесет (2018), за кој ја добива престижната книжевна награда „Кресник“ за 2018 година
-
Тивкиот Американец
0390,00 денНикогаш не сум познавал човек кој имал подобри мотиви за сите проблеми што ги предизвикал, забележува нараторот Фаулер за Олден Пајл, т.н. тивок Американец и можеби најконтроверзниот лик во делата на Греам Грин. Пајл е млад идеалист, испратен од Вашингтон на тајна мисија во Сајгон, во време кога француската армија се соочува со герилците од Виет Мин. Но неговите добронамерни политики водат до крвопролевање. Фаулер, искусен и циничен британски новинар, се потешко останува само набљудувач. Сепак, и неговите мотиви се сомнителни – за полицијата, но и за него самиот – бидејќи Пајл му ја презема прекрасната љубовница – Виетнамката Фуонг. Првпат објавен во 1956 година и двапати екранизиран, Тивкиот Американец останува вознемирувачки и пророчки портрет на наивноста на дело и е моќна и провокативна приказна за љубовта и моралот во Виетнам.
-
Куклата
0500,00 ден#5 ДЕТСКАТА КУЌА
Требаше да биде тивко семејно патување со риболов, можност за мајката и ќерката да разговараат,но тоа засекогаш ги менуванивните животи!
Не уловуваат ништо освен една скршена кукла што се заплеткува во мрежата. По години минати во океанот, куклата изгледа застршувачки и првичниот инстинкт на мајката е да ја фрли назад.Попушта откако ќерка ѝ инсистира да ја задржат. Истата вечер, мајката објавува фотографија од куклата на социјалните мрежи. До следното утро, таа е мртва, а куклата е исчезната.
Неколку години подоцна, Хулдар е на своетонајомразено место – брод во разбранувани води, барајќи човечки остатоци. Меѓутоа, идентификувањето на скелетот што ќе го пронајдат се покажува потешко отколку што првично мислеле и Хулдар мора да го повика искуството на Фреја. Како што се продлабочува мистеријата, Хулдар е вовлечен во истрага на убиство на бездомен зависник од дрога, а Фреја истражува можен случај на сексуална злоупотреба во дом за сираци.
Наскоро станува очигледно дека овие случаи се поврзани преку еден исчезнат сведок: девојчето што ја посака куклата пред сите тие години.
Напната, застрашувачка и невозможна да се остави, „Куклата“ ја цементира репутацијата на Ирса Сигурдардотир како маестро на раскажувачка тензија и изненадување.
-
Три желби
0450,00 денЛит, Кет и Џема Кетл, прекрасни триесет и тригодишни тројни близначки, се чини го привлекуваат вниманието каде и да се појават. Кога се заедно, се чини како постојано да ги следат смеата и драмата, но, со тоа, тука се и неволите, додека секоја посебно си води и своја битка со личните подеми и падови. Лин си го организира жживотот според еден голем список што си го прави самата, Кет дознава вчудовидувачка тајна за нејзиниот брак, а Џема, која ја прекинува секоја врска кога ќе дојде до шестиот месеc, конечно почнува да се надева на трајна љубов.
-
Лажливиот живот на возрасните
0450,00 денУште една неаполска приказна за преминот од детството во светот на возрасните
Убавото лице на 13-годишната Џована почнува да се менува и да огрдува и таа сè повеќе заличува на тетка ѝ. Барем така мисли нејзиниот татко. Но дали таа ги гледа работите такви какви што навистина се? Дали се претвора во Викторија, жена која одвај ја познава, a која нејзините родители очигледно ја презираат? Во кое огледало би требало да се погледне за да се најде себеси и да успее да се засака и да се спаси?
Џована го бара својот одраз во двете линии на нејзиното семејство, во двете крајности на сопствената личност. Растргната меѓу двата спротивни краја на родниот Неапол, меѓу височината и приземноста, префинетоста и вулгарноста, таа се впушта во една мачна потрага по вистината. Проникнувањето во долгогодишните семејни тајни ќе ѝ го открие нејзиното вистинско лице.
Новиот роман на славната Елена Феранте е уште еден доказ за нејзиното ненадминато мајсторство да ги извлече читателите од реалноста и да ги пресели во својот совршено изграден книжевен свет.
„Феранте толку умешно нè вовлекува во тинејџерскиот ум што сето она што изгледа неразумно – променливи расположенија, љубомора, страв, солзи и бес, ни се чини сосем нормално.“
Тајмс, Велика Британија
-
Пет капки сон
0700,00 денВтората книга фотографии на Милчо Манчевски содржи 49 уникатни композиции фор форма на пентаптих. Секој пентаптих содржи пет фотографии, организирани во хоризонтални визуелни целини, како ехо на традицијата на триптих слики и икони.
„Во збиркава композиции ПЕТ КАПКИ СОН ме интересираат две работи:
1. Експлозијата на визуелното во прозаичниот момент; и
2. Костецот и прегратката на наративното и формалното.
Фотографииве живеат само кога се заедно и кога формираат
композиција. Kако ноти во песна”, вели Манчевски за делата во Пет капки сон.
-
Писма од стоикот
0300,00 денНајсреќен е оној човек кому среќата не му е потребна, а најсилен и најмоќен е оној што владее со самиот себе.
Најдобриот тест за вредноста на едно дело е времето. А за оваа книга – тоа и не постои. Мудростите, советите и одговорите на животните ситуации кои се распослани низ писмата на Сенека до Лукилиј не изгубиле ништо од својата актуелност.
Спој на филозофската мудрост и животното искуство, размислувања за човечката природа, моќта, судбината и моралот, Сенека уште пред две илјади години ни го покажа патот до спокоен и среќен живот.
Сè уште современ и инспиративен, Сенека нè потсетува дека вистинската мудрост не се мери со богатство или моќ, туку со способноста да се живее разумно, храбро и чесно.
Вистинската слобода започнува со оваа книга. Од мигот кога човек ќе успее да живее стоички во свет полн со неизвесности и опасности, со дух што владее над самиот себеси.
-
Надвор од рамките
0500,00 денАко работиш доволно напорно и се докажеш, и ги користиш умот и имагинацијата, можеш да си создадеш свет каков што посакуваш.
Во оваа чудесна книга Малком Гладвел нè носи на интелектуално патување во светот на најдобрите и најмудрите, најпознатите и најуспешните – оние кои излегуваат надвор од рамките. Прашувајќи се што ги прави успешните луѓе поинакви, тој доаѓа до низа одговори што не сте ни знаеле дека ви стојат како загатки во умот.
Ние обрнуваме премногу внимание на тоа какви се успешните луѓе, без да ги земеме предвид околностите во кои живеат, нивната култура, фамилија, генерација… И обично забораваме дека тие се концентрираат на сопствената природа и постојано работат на свое подобрување и самонадминување.
Објаснувајќи ги тајните на софтверските милионери, што е потребно да се биде добар фудбалер, зошто Азијците се познати математичари и како Битлси станаа најпознатиот рок-бенд, Гладвел нè поведува во една неверојатна умствена авантура од другата страна на човечката природа.
„Дознајте што ги издвојува луѓето со високи достигнувања од останатите – од Бил Гејтс до Битлси – во неповторливиот број 1 бестселер на Малком Гладвел.“
Њујорк тајмс
-
Сечилиште
0250,00 денПо дваесет и пет години, семејството конечно се собира во малото балканско гратче во кое некогаш владеела среќа и напредок, сѐ додека над нив не се надвила сенката на војната. Сега ненадејно се вратиле: најстариот син Владимир, истакнат професор по економија, снаата Хелена и внукот Давид. Бабата Надија и дедото Клемент одвај дочекале да ги видат. На семејната вечера се појавува и синот Игор, воен репортер, кој се обвинува себеси за семејната трагедија.
Од аперитивот до дижестивот, Игор Штикс нѐ води низ напната и интересна семејна историја која секако дека е обременета со политиката на XX и XXI век. Во неа важна улога игра и прадедото Оскар, кој како млад австроунгарски војник учествувал во Октомвриската револуција, а на крајот завршил во логор во текот на Втората светска војна. Ноќ во која се откриваат долгопотиснатите тајни, во која се заменуваат судири и одмазди, во која станува очигледно дека минатото не може да се врати, но дека може од неговите стеги да се извлече со човечност и со непосредност. Ноќта завршува како и секоја друга, со изгрејсонце, но дали е тоа нов почеток или само уште едно ново разминување?
„Сечилиште“ на Игор Штикс ги допира сите оние резови и рани кои војната ги остава кај луѓето а и тие меѓу себе, се занимава со емоциите и неможноста минатото и личностите од нашиот живот да се отсечат со ножици.
-
Подарок за сеќавање
0430,00 денДарси Арчер работи во мала книжарница на Менхетен. Верна на своите соништа, одбива да се заљуби во некој што не е речиси совршен маж, некој што нема да ја собори од на нозе… буквално. Еден ден, на патот до книжарницата, возејќи велосипед, Дарси случајно ќе налета во убаво облечен маж со куче на поводник. Тој паѓа во несвест и итната помош мора да го однесе во болница, додека сиротото куче ќе остане само. Исполнета со чувство на вина, Дарси го зема кучето и размислува како да го врати на сопственикот што за целото тоа време лежи во болница и не може да се сети на ништо што се случило пред несреќата. Додека му помага на непознатиот маж да се сети на својот живот и семејството, го открива неговиот свет на книгите, патувањата, авантурите и сите оние работи за кои дотогаш само мечтаела. Дарси полека го спојува мозаикот за овој таинствен човек и почнува да се прашува, дали е тој ЕДЕН ЕДИНСТВЕН… Но, дали реалноста и мечтаењето се едно исто? И што ќе се случи кога на принцот на белиот коњ ќе му се врати меморијата? Дали Ајдан е навистина оној што го чека и со кој ќе живее среќно…
„Пријатна и слатка божиќна романса!“
‒ Паблишерс викли„Магична, топла и забавна.“
‒ Клоузер„Заплетот на оваа книга е исклучителен и ме натера да го видам крајот.“
‒ Marie’s Book Boutique -
Кирка
0500,00 денМагична книга која ткае поинаква приказна за волшебничката Кирка.
Неугледна, повлечена и без никакви моќи, иако ќерка на богот на сонцето Хелиј и заводливата нимфа Персеида, малата Кирка е осудена на осаменост и потсмев. Но наскоро таа во светот на смртните луѓе ќе ја открие својата волшебна моќ.
Сомничавиот Зевс ја прогонува на еден пуст остров, кој станува нејзино царство. Тука таа ги припитомува дивите животни, ги усовршува своите вражби и се среќава со многу митски јунаци – Дедал и неговиот несреќен син Икар, Минотаур, Медеја и лукавиот Одисеј во когошто се вљубува.
Жената што сака да биде независна е демнета од најразлични опасности. Кирка несвесно си го навлекува гневот и на луѓето и на боговите, а на крај се соочува и со одмаздољубивата божица Атина. За да го заштити најмилото, мора конечно да реши дали местото ѝ е покрај боговите, од кои потекнува, или покрај смртниците, коишто ги засакува.
„Волшебна приказна! Мадлин Милер создала смела феминистичка верзија на класичната приказна; во митскиот свет полн со богови, чудовишта и нимфи, длабоко во себе, главната хероина е иста како секој од нас.“
О магазин
„Иако знаеме како сè ќе заврши, оваа сочна приказна, раскажана во нова светлина, е напната и полна со неочекувани елементи.“
Вашингтон пост
-
Духот на мајка ми
0300,00 денПост-концептуалистичка мини-книга од Милчо Манчевски, илустрации Матијас Хајпел.
-
Куќа од стакло
0490,00 денРоуз Баркли е деветгодишно девојче, кое, веројатно, е сведок на убиството на нејзината дадилка и кое, во екот на жестоката бракоразводна битка на своите родители, престанува да зборува. Стела Хадсон е адвокатка за најдобар интерес на детето, чијашто задача е да открие кој во семејството е жртва, а кој убиец. Но како да ја открие вистината кога сите лажат? Штом Стела ќе помине низ железната безбедносна порта и ќе зачекори во луксузната, зачувана куќа во стар стил на семејството Баркли во Вашингтон, сфаќа дека случајот е уште поизвртен отколку што претпоставувала, а самото семејство – многу порастроено. И куќата е морничава – се што во неа било направено од стакло, е заменето со пластика. Додека Стела се доближува до вистините кои Барклиеви очајно се обидуваат да ги скријат, опасноста се овкиткува околу неа како покров, а нејзините минато и сегашност се судираат на неочекуван начин. Секој е осомничен за убиството на дадилката: мајката, таткото, бабата, момчето на дадилката. Дури и Роуз. Дали личноста што Стела треба да ја заштити… е токму таа од која треба да се заштити?
-
365 дена свесни
0650,00 денНа секој ден во нашиот живот му е доделена посебна намена!
Секој ден е единствен и неповторлив.
Прирачникот „365 дена свесни“ е замислен како ваш сојузник за секој ден во годината. За да ви помогне во секој ден да освестите нешто за животот што може да ви послужи да учите, духовно да растете и на денот што е пред вас да му го додадете најважниот зачин: мудроста.
Бидејќи вистински живеат само тие што знаат да живеат…
-
Клетва
0490,00 денРеши дека нема да ги даде ни мајка си ни сестрите, што и да се случи. Му даде завет на татко си дека ќе се бори за нив до последниот здив.Во тој момент помисли дека не е сосем сигурна дали тоа беше вистински завет или беше клетва.
Идиличниот живот на семејството Станимировиќ од корен ќе се промени кога нивното мирно банатско село ќе го зафати виорот на Втората светска војна. Таткото Јован ќе мора да го напушти семејството за да се вклучи во борбата против окупаторот, а неговата најстара ќерка Душанка ќе направи се за да ги заштити мајка си и трите помлади сестри. Во тоа ќе и помогне баба и Радојка, надалеку прочуена по своите моќи и своите напивки.
Јелена Бачиќ Алимпиќ,една од најпопуларните српски авторки, ни раскажува една емотивна и силна приказна за неизмерната љубов, храброст и преданост. Романот “Клетва” е омаж на човечката сила и потсетување дека со упорност и истрајност може да се надминат и најголемите ужаси и страдања…
-
Скриен потенцијал
0600,00 денАдам Грант уште еднаш ни објаснува на кој начин можеме да се издигнеме, себеси и другите, до неочекувани височини.
Живееме во свет опседнат со дарбите. Ги воспеваме талентираните ученици на училиште, природно надарените спортисти во спортовите, децата генијалци во музиката. Меѓутоа, додека им се восхитуваме на луѓето кои почнуваат со вродени предности, како да превидуваме колку далеку можеме да стигнеме самите ние. Потценуваме колкав спектар вештини можеме да научиме и колку добри можеме да станеме. Секој од нас може да се подобрува. А, кога приликите сами не ви затропаат на врата, постојат начини на кои самите ќе си направите врата. „Скриен потенцијал“ нуди нова рамка со чија помош ќе си ги подигнете амбициите и ќе ги надминете очекувањата.
Адам Грант преплетува пионерски докази, изненадувачки согледувања и живописно раскажани приказни, со што нè вади од четирите ѕида и нè носи насекаде – од училницата до олимписките терени, од утробата на земјата до вселената. Покажува дека напредокот не зависи од тоа колку напорно работите, туку од тоа како учите. Растот нема врска со генијалноста што ја поседувате – туку со карактерот кој го развивате. Грант истражува како се градат карактерни вештини и мотивациски структури со чија помош го реализираме нашиот потенцијал, и како да се осмислат системи кои ќе создадат можности за сите оние кои се потценувани. Оваа книга открива како секој може да се издигне до ниво на кое ќе постигне големи нешта. Вистинското мерило на вашиот потенцијал не е колку е висок врвот на кој сте се искачиле, туку колкав пат сте минале за да стигнете дотаму.