-
Жените што трчаат со волците
0850,00 денВо секоја жена има диво и природно суштество, моќна сила исполнета со добри инстинкти, страсна креативност и безвремено знаење. Името ѝ е Дивата Жена, но таа е загрозен вид. Иако се раѓаме со дарбите на дивата природа, обидот на општеството да нè „цивилизира“ во крути улоги го грабнал ова богатство и ги замолчел длабоките, животворни пораки на нашите сопствени души. Без Дивата Жена, стануваме премногу припитомени, страшливи, некреативни, заробени.
„Жените што трчаат со волците: митови и приказни за архетипот на Дивата Жена“ (1992) се смета за еден од класиците на феминизмот. Тоа е дело што функционира како хибрид на феминистичка антропологија, етнологија и психоанализа. Во него авторката користи богати интеркултурни митови, бајки и приказни, со цел да им помогне на жените повторно да се поврзат со својата инстинктивна природа. Преку приказните и коментарите на авторката се истражува, се анализира и се објаснува митот за Дивата Жена и се создава нов лексикон за опишување на женската психа. Авторката верува дека здравјето, среќата и целоста на жената зависат од нејзиното враќање кон изворите на нејзината потисната природа, и ова го објаснува врз основа на интерпретација на значењето на некои традиционални приказни од северноамериканскиот, јужноамериканскиот и од европскиот фолклор.
Во книгата има шеснаесет поглавја, секое посветено на некој особен аспект на женското искуство – врските, креативноста, лутината, спиритуалноста, припаѓањето итн. Во поговорот, авторката зборува и за терапевтската функција на приказните, надоврзувајќи се така и на традиционалните начини на прекугенерациско пренесување на женската историја и искуство. -
Митот за нормалното
0690,00 денТраумата не е она што ви се случува вам, туку она што се случува во вас.
Во револуционерната книга „Митот за нормалното“ Габор Мате докажува дека нашата емоционална состојба и меѓучовечките односи се во тесна врска со здравјето и болеста. Според овој реномиран лекар, и покрај сета наша стручност и технолошкиот напредок, западната медицина сѐ уште не му пристапува на човекот како на целокупна личност, туку се сосредоточува само на болеста. Нашите лекари го занемаруваат фактот дека целата денешна култура на живеење го изложува телото на стрес, го оптоварува имунолошкиот систем и ја разнишува емоционалната рамнотежа.
По четири децении богато клиничко искуство, Мате согледал дека она што се сфаќа како нормално е погрешно, зашто го занемарува влијанието на доживеаните негативни искуства и на стресот. Во некој момент од животот потиснатите трауми испливуваат на површина во форма на болест. Токму затоа, медицината треба да ја согледа поврзаноста на умот и телото и да прифати дека тие се цврсто испреплетени и дека нашиот целокупен систем има едно име – телоум.
Напишана заедно со неговиот син Даниел, оваа е најамбиоциозната, можеби и најважната современа книга за здравјето. Таа е водич кон исцелувањето и претставува неодложен повик за спас на современиот човек.
„Книга во која читателите можат да најдат засолниште и утеха во моменти на длабока лична и општествена криза, која може да послужи како компас кога ќе се изгуби ориентацијата.“
– Естер Перел, психотерапевт, автор и водител на поткастот Од каде да почнеме?
Габор Мате нѐ води на епско патување за да откриеме како нашата емоционална благосостојба и социјалната поврзаност (т. е. начинот на кој живееме) се тесно испреплетени со здравјето, болестите и зависностите.“
– Бесел ван дер Колк, автор на Телото памети
„Мудро, промислено, прецизно и креативно: интелектуално и сочувствено истражување за тоа кои сме и кои можеме да станеме. Битно четиво за секој човек.“
– Тара Вестовер, авторка на Образована
-
Три нови драми
0320,00 денОд памтивек волците колат јагниња и ниеднаш ниедно јагне не заклало волк, па сепак, на светот има повеќе јагниња од волци.
Драмите се за гледање, а дури потоа за читање, вели авторот на овие „Три драми“. Но и читателите во нив ќе најдат врвно уживање. Прво, затоа што не се изведени. Второ, затоа што го носат печатот на стилското мајсторство на својот автор. Трето, затоа што, на овој или на оној начин, ни се одигруваат пред очи. А во нив е нашата клучна реплика.
Овие три драми – „Мачкина глава“, „Кузман Капидан“ и „Изрешетани души“ – се тематски различни, а толку слични според пораките што ги носат. Впрочем, како и нашите животи. Секој ја води својата битка продолжувајќи го времето со страдање, скратувајќи го со радост, а сопирајќи го со смртта. Но барем може да излезе од својата драма како јунак што го спасува човештвото со љубов.
Иако злото се шири полесно и побрзо од доброто, сепак, и кога ќе ја фрли последната карта, доброто во рацете ќе држи уште една – бесмртноста. Ние би додале – и љубовта, како доказ за човечката добрина, преку која најсигурно се стигнува до бесмртноста.
-
Фенг Шуи во вашиот живот
0360,00 ден“Фенг Шуи Во Вашиот Живот” е практичен водич со алатки и вежби што ќе ви помогне да ги постигнете вашите животни цели и ќе ви покаже каква е важноста на расчистувањето на просторот и создавањето релаксиран и организиран дом.
-
Првиот ден од остаток на твојот живот
0450,00 денНајскапоценото нешто што го имам е срцето, а него не можам да ти го дадам, па ти го давам тоа што ми помогна да го запознаам.
Маел, директорка за финансии во успешна развојна фирма, живее забрзан живот што се сведува на одење на работа и повремени задоволства. Нејзините соништа… зар таа има време за нив? Во тој строго испланиран живот нема место за мечти, сѐ до денот кога нејзината најдобра пријателка, Романа, ќе ја замоли за голема услуга.
Прашање на живот и смрт.
Маел е пред најважниот тест, но сепак прифаќа и оди на патување во далечниот Непал. Искачувањето кон врвовите на Анапурна, на хималајскиот венец, ќе се претвори во вистинско духовно патување. Кога младата жена ќе сфати дека реалноста можеби не е онаква каква што ја замислувала, започнува нејзиното лично преиспитување. Во текот на возбудливите искуства и средби, Маел ќе го најде клучот за вистинската среќа и ќе си го промени животот од корен.Дали ќе успее да ја спаси и својата пријателка?
„Гледам само еден начин човек да дознае до каде може да се стигне. Да тргне и да оди.“
Анри Бергсон
-
-
-
Скопјани
0290,00 ден„Оваа книга е мал колаж од песни и други стихозборја и тивкозборја, игрозборки и зборограпки, сонофатки и досеќавалки, слова, записи, документи, препеви паметења, и уште други зборовни итроштини, врзани исклучиво за Скопје и за скопјани“ ќе напише Гане Тодоровски во белешката кон Скопјани, што можеби неслучајно се наоѓа во средсрцето на оваа книшка. Низ овие стихувани страници со документаристичка вредност, поетот пее за конкретни теми, објекти и личности сместени во реалистична просторно-временска рамка каде што опеаното се актуализира. Овде поетската слика е отворена и согледлива, што ја прави оваа поетска збирка комуникативна и читлива и надвор од својот контекст.
-
-
Невидлив
0400,00 денПриказна за едно дете кое, раководејќи се од најлошиот советник – стравот, посакува да има супермоќи како суперхероите од стриповите што ги чита. Го прави тоа за да се спаси од насилството што го трпи од соучениците. Посакува да стане невидливо, како механизам за бегство, за заштита од суровата реалност што го опкружува, без да биде свесно дека всушност страда. Детето не добива помош од никој, бидејќи е невидливо за сите оние што гледаат што се случува но претпочитаат да не видат, за сите што не сакаат да гледаат и ја вртат главата настрана, и за сите што гледаат но се плашат или едноставно мислат дека тоа не е нивен проблем. Како што вели и самиот автор: „Никој не е невидлив ако другите не му помогнат да биде невидлив“.
Невидлив е приказна раскажана низ призмата на насилникот и жртвата, неговата симпатија и пријателите, родителите и наставниците, и поучна за сите што ќе ја прочитаат.
Училишното насилство отсекогаш било присутно меѓу нас, но овој роман е напишан сега и тука, од талентиран автор што го прави ова искуство уште помоќно од она во реалноста.
Романот досега има повеќе од дваесет изданија и е преведен на многу јазици. Невидлив ги добива наградите „Јолео“ и „Аче“ за 2019 година, а бил финалист и за наградата „Менхалибрес“.
-
Мисли и збогати се: Практични чекори
0400,00 денНишто не е невозможно кога желбата е поткрепена со цврста верба.
За многу луѓе успехот изгледа лесен и достапен. Тие не работат повеќе од вас, ниту се поинтелигентни или поостроумни. Која е нивната тајна? Наполеон Хил ја знае, а сега и вие можете да ја откриете.
„Мисли и збогати се“, продадена во над 20 милиони примероци, е бизнис-класика без која не може да се замисли овој вид литература, а и безброј успешни луѓе. Книгава, пак, што ја држите в раце изобилува со практични чекори и трансформативни методи со чија помош лесно и брзо од идеја ќе стигнете до немерлив успех.
Секој кој има јасна замисла, зацртана цел и горлива желба да ја претвори во реалност, решително ќе работи да си го оствари сонот и да стане успешна и среќна личност. Секому во животот му се појавува можност за пресвртница. Треба само да ја насетите и да запомните дека практичните сонувачи никогаш не се откажуваат! Нема исклучоци. Сè што умот може да замисли и во што верува – може и да го оствари.
-
Крадецот на сенки
0430,00 ден„Возбудлива, романтична, психолошка и секси сторија за најпребирливите читателки…“
Озлогласен поради своите диви, еротски потреби, Лазар Хантингтон, лордот Кер, е во потрага по бруталниот убиец во Сент Џајлс, во најозлогласениот лондонски кварт. Младата и преубава вдовица Темпранс Дус, од- лично го познава Сент Џајлс – целиот живот го поминала грижејќи се за неговите деца во сиропиталиштето што го води нејзиното семејство. Понудата на лордот Кер е едноставна: ако Темпранс му помогне да го пронајде патот низ опасните улички на Сент Џајлс, за возврат ќе ја внесе во високите лондонски кругови за да пронајде мецена за својот дом за сираци. Но, Темпранс не е толку невина колку што можеби изгледа. Она што на почетокот изгледа како студена рамнодушност наскоро прераснува во страст што ни тој, ни таа не можат да ја контролираат и што може да ги уништи. „Опојна комбинација на љубовна приказна, историски роман и бајка… Предизвикувачка, сензуална и забавна приказна со несекојдневни главни јунаци, што ќе ги воодушеви читателките што се жедни за длабоки и вистински чувства.“
Буклист
-
Менталист
0650,00 денНОВ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТРИЛЕР ФЕНОМЕН
Во забавен парк на периферијата на Стокхолм се појавува тело на брутално убиена жена во кутија избодена со мечеви. Додека полицијата е збунета, новинарите го нарекуваат убиецот Худини. Дали се работи за магионичарски трик што тргнал наопаку или за шокантно садистичко убиство? Злосторство какво што детективката Мина Дабири не видела досега. И тоа е само почеток…
Како што се продлабочува мистеријата за бруталното убиство, Мина бара помош од познатиот менталист Винсент Волдер. Само тој може да ѝ го претстави тајниот свет на илузиите. Наскоро откриваат дека жртвата го има изгравирано римскиот број III на ногата. Одбројување? Да, ќе има уште убиства. А и Винсент и Мина имаат мрачни тајни, така што станува очигледно дека и нивното минато е поврзано со она што се случува. Времето тече, а темпото станува сè побрзо.
Камила Лекберг и Хенрик Фексеус ги здружија силите во неверојатниот енигматичен трилер, претставувајќи една друга страна на овој жанр, полн со трикови, илузии и безмилосни убиства.
-
Правилото 5 секунди
0500,00 ден5… 4… 3… 2… 1! Почнуваме!
Како да се промени животот за само 5 секунди?
Оваа книга го открива правилото, базирано на научни факти, со чија помош ќе можете во целост да направите пресврт во вашиот живот.
Ќе научите:
– да бидетепосамоуверени,
– да престанете да ги одложуватеобврските,
– да ги победите стравот и несигурноста,
– да ги отфрлите грижите и да станете посреќни,
– храбро да ги споделите своите идеи.
Придружете им се на повеќе од десет милиони луѓе што го открија овој метод со кој можат да променат буквално сè. Вие можеби знаете ШТО треба да промените, но оваа книга ќе ви покаже КАКО да го сторите тоа.
Користејќи се со научните истражувања за навиките, со сведоштва од луѓе и со изненадувачки факти за некои од познатите моменти во историјата и деловниот свет, Мел Робинс ја објаснува силата на „почетниот импулс“ во моментот кога сакаме нешто да преземеме или да промениме.
Тука во игра влегува правилото „5 секунди“. Тоа ни помага да се придвижиме и, што е најважно – функционира! Ова правило е лесно а неговиот ефект е неверојатен. Впрочем, тоа е тајна со која може да се промени апсолутно сè. Штом ќе го научите правилото, веднаш можете да почнете да го применувате. Ќе ви помогне да живеете, да сакате, да работите и да разговарате со многу поголема самодоверба и смелост!
-
Татко ми, Босфор
0350,00 денНа самиот крај од XIX век и почетокот на XXI век, некаде помеѓу современиот свет и почетокот на падот на Oсманлиската држава, се случуваат две, навидум различни приказни.
Камила Џалал е посветена детективка која ќе го преврти Истанбул за да ја најде причината за смртта на нејзиниот сопруг.
Но, Камила Џалал е и девојка која по низа несреќни случаи во нејзиниот живот почнува да станува блиска со луѓето околу султанот во сарајот Јилдиз. Додека се приближува крајот на династијата и соборувањето на султанот Абдулхамид од престолот, на другата страна од времето, Босфор трага да го најде чудовиштето зад серија убиства коишто ја згаснаа светлината на градот.
Што имаат заедничко девојките со исто име?
И двете живеат за едно нешто. Да ѝ најдат смисла на смртта.
-
Полуде ли светот? Фикциja или реалност
0350,00 денЌе мораме да си подадеме рака меѓу себе и со цврст и јасен чекор да зачекориме кон иднината.Сега ќе знаеме каде одиме. Со љубов и соработка да откриваме нови хоризонти, нови перспективи што ќе му бидат корисни на човештвото.