-
Човекот по име Уве
0450,00 денЗапознајте го Уве, 59-годишен вдовец. Тагата по неговата сакана го тера секој ден да ја посакува сопствената смрт. Уве е еден од оние што покажуваат со прст во луѓе што не им се допаѓаат. Секое утро врши инспекција по населбата во која живее. Ги преместува велосипедите и проверува дали ѓубрето е правилно селектирано – иако веќе поминале неколку години откако е разрешен од должноста претседател на здружението на станари. Вечно гневен и незадоволен, лесно избувлив, накратко: сосед од кошмарите. Меѓутоа, зад неговата мрзоволност, педантерија и железна принципиелност се крие една многу тажна судбина… И така, еден ноемвриски ден, кога соседот што се вселува во соседната куќа случајно го уништува поштенското сандаче на Уве, одеднаш почнува комично топлата приказна. Приказна што суштински ќе промени еден човек и едно соседско здружување. Ова е роман за влијанието на еден човечки живот врз безброј други.
Истоимениот филм во 2017 година беше номиниран за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
-
Сопруга на хартија
0420,00 денЈужна Кина, 1923 година. Очајни да ѝ обезбедат иднина, родителите на Меј Линг договараат нејзин брак со вдовец кој живее во Калифорнија. За да влезе во земјата, Меј Линг мора да се преправа дека е првата сопруга на својот сопруг- сопруга на хартија.
За време на опасното патување, Меј Линг прима под своја закрила девојче- сирак по име Сју. Соништата за подобар живот во Америка ѝ даваат сила на Меј Линг да ги издржи мачното патување и држењето во излоација на островот Енџел. Но, кога конечно ќе стигне во Сан Франциско ја чека изненадување…
-
Кери
3360,00 денКери Вајт не е обична девојка. Таа има дар. Може да поместува предмети со нејзиниот ум. Вратите се заклучуваат. Светилките паѓаат. Поканата од Томи Рос на матурската вечер за Кери е исполнување на сонот – прв чекор кон влез во средношколското друштво. Сѐ додека неочекуваната суровост не го претвори нејзиниот дар во оружје на хорор и деструкција кои никој никогаш нема да ги заборави.
„Најпрекрасниот морничав човек на планетата.“ Ју-ес-еј тудеј
„Страшен и мачен – вистински хорор!“ Паблишерс викли
„Трескавично, морничаво, мрачно зло!“ Питсбург пост газет
„Стивен Кинг буквално создал жанр кој ги доведува луѓето во најужасни ситуации… Тој е автор што секогаш го прави невозможното толку страшно што те тера да провериш дали си ја заклучил вратата.“ Бостон глоуб
„Бесценета имагинација.“ Обзервер (Лондон)
-
1984
0450,00 денРоманот „1984“ се вбројува меѓу највлијателните книги на дваесеттиот век и претставува ретко дело чие значење добива се поголема моќ денес, кога неговото предвидување почнува да се остварува.
Објавен во 1949 година, најпознатиот роман на политичкиот сатиричар Џорџ Орвел ни ја открива кошмарната визија за еден тоталитарен, бирократски свет и за обидот на еден обичен човек да ја зачува својата индивидуалност. Мајсторството на „1984“ лежи во авторовото претскажување на модерниот живот – сеприсутноста на телевизијата, искривоколчувањето на јазикот – и неговата способност да создаде толку сеопфатна верзија на пеколот.
Култниот роман и 70 години по објавувањето останува задолжително четиво и се уште важи за една од најзастрашувачките книги што некогаш биле напишани.
-
Млеко и мед
0300,00 денКнигата „Млеко и мед” од авторката и илустраторка Рупи Каур е најпродаваната колекција на поезија и проза според Њујорк Тајмс. Продадена е во повеќе од еден милион копии низ светот и преведена е на повеќе од 30 јазици.
„Млеко и мед” е збирка поезија за љубовта, загубата, траумата, малтретирањето, зацелувањето и женственоста. Поделена на четири поглавја и секое поглавје има друга цел, се справува со различен тип болка, лекува друг тип болка во срцето .„Млеко и мед” ги води читателите на патување низ најгорчливите моменти во животот и наоѓа слатки нешта во нив – затоа што слатки нешта има насекаде, само ако сте желни да ги побарате.
-
Боксерот од Ново маало
0300,00 денАнгел Тотевски, меѓу своите маалци и пошироко попознат како Шуре Катиљ, е прочуен тепач од Ново маало. Прекарот го добива во кланицата каде што работи, оти најбрзо од сите шури јагниња, ама и затоа што е катиљ по душа. Поради проблемите што си ги навлекува со својот терсене карактер, еднаш завршува претепан од милицијата и прибран во затвор. Единствено решение да го скроти својот темперамент е да почне да тренира бокс. Тренирајќи напорно и посветено, Шуре прераснува во боксерска икона на боксерскиот клуб „Вардар“ и гордост на новомаалци.
„Боксерот“ е уште едно емотивно четиво на Владимир Плавевски, во кое преку приказната за маалскиот кабадаија Шуре, ги преживуваме сите премрежиња низ кои поминале луѓето во кобните 1962 и 1963 година во Скопје.
-
Архангел-ослободување на ѕверот
0390,00 денПо завршувањето на најразорната војна во историјата, Третата светска војна, човековата цивилизација одлучува да го реорганизира светот, со помош на напреднатата технологија. Најголемото достигнување на здружениот труд е тест-населбата Архангел 2009, сместена на Антарктикот, најнегостопримливото место на Земјата. На Архангел се вселуваат врвните умови од сите области: психолози, инженери, биолози, економисти, лекари, физичари, филозофи, па дури и уметници. За многу брзо време проблеми како глобално затоплување, загадување, глад, недостаток на вода за пиење, недостаток на живеалишта и слично, драстично се намалуваат или целосно стануваат минато. И додека се чини дека планетата доживува преродба од секаков аспект, човековите слабости, како што се алчноста и потребата за надмоќ, сè уште демнат зад аголот како најголема опасност.
-
Прашај ме повторно, ќе ти речам „да“
0480,00 денФренсис Глисон и Брајан Стенхоуп, двајца полицајци-почетници во њујоршката полиција, живеат еден до друг во соседство надвор од градот. Она што се случува во двете куќи зад затворени врати – осаменоста на сопругата на Френсис, Лена, и нестабилноста на сопругата на Брајан, Ен – поставува сцена за експлозивни настани што следуваат.
Прашај ме повторно, ќе ти речам „Да“ е приказна за долгогодишното пријателство и љубовта помеѓу ќерката на Френсис и Лена, Кејт, и синот на Брајан и Ен, Питер, што никого нема да остави рамнодушен. Брилијантно, емотивно и искупувачки, оваа книга открива како спомените од детството се менуваат од дистанца на зрелоста – негативците не се веќе закана, а невините и не се баш наивни. Љубовната приказна на Кејт и Питер, тестирана од ехото од минатото, е обележана со нежност, дарежливост и милост.
-
Убиствата во Кингфишер хил
0400,00 денФантастичен сплет од мистерии, дисфункционални семејни односи, морбидност и неизвесност – совршениот рецепт што ќе ве натера да го прочитате романов во еден здив!
Херкул Поаро патува со луксузен пајтон до елитниот имот Кингфишер хил. Тој и неговиот верен придружник, инспектор Кечпул, се најмени од Ричард Девонпорт да го истражат убиството на неговиот брат Френк и да докажат дека неговата свршеница Хелен е неправедно осудена за убиството. Но има еден чуден услов: Поаро не смее да ја открива вистинската причина зошто е таму пред другите членови на семејството Девонпорт.
При патувањето, пајтонот наеднаш застанува зашто една вознемирена жена бара да се симне и инсистира дека, ако остане на своето место, ќе биде убиена. Иако за време на патувањето никој не е повреден, Поаро насетува дека тука се крие уште една мистерија. Неговите стравови набргу се остваруваат: пронајдено е тело на кое е оставена злокобна порака поврзана со седиштето на госпоѓата.
Дали Поаро ќе успее да ја одгатне поврзаноста на случаите? И, ако Хелен е навистина невина, ќе успее ли да го открие вистинскиот убиец на Френк Девонпорт?
-
Вернон Субутекс 1
0350,00 денНапишан од провокативната француска писателка и режисерка Виржини Депант, „Вернон Субутекс 1“ е маестрален портрет на современото француско општество. Вернон Субутекс, диџеј и продавач на грамoфонски плочи, добро познат во Париз, соочен со брзите промени кои се одвиваат во светот и со својата неиницијативност и мрзеливост, губи сè што има и од некогашна легенда, станува бездомник. Тоа само ја зацврстува неговата желба за живеење „од ден за ден“, со сите непредвидливости што тоа ги носи. Во обид да најде место за преноќевање, Вернон ги посетува своите некогашни пријатели, откривајќи за нив многу повеќе отколку што сака да дознае.
„Вернон Субутекс“ е камелеонски роман-колаж во кој приказната тече низ гласот на цела галерија чудесни ликови. Со овој роман, Депант го достигнува своето заслужено место во самиот врв на француската книжевност.
-
Кревка рамнотежа
0550,00 денВо еден неименуван град крај морето, власта воведува вонредна состојба. И така, хаосот се вселува во секојдневниот живот на луѓето: многумина остануваат бездомници, некои се апсени, некои се принудени на присилна работа, сите се исплашени и осамени…
„Кревка рамнотежа“ раскажува за четворица ликови кои кога се заедно не можат да ја поднесат блискоста, но кога се далеку едни од други не можат да преживеат.
Среде политичките превирања во Индија, реалноста станува толку неверојатна, што дури и она што е измислено изгледа вистинито. Така, овој чудесен роман час може се чита како магичен реализам, час како историски портрет на распадот на една земја.
-
Пластично трособје
0280,00 денЕдна чешка сексуална работничка решава со читателот на овој роман да ги сподели своите размислувања за професијата што ја работи, за стареењето, за влијанието на новите технологии врз сексот и за суштината на материјализмот. Својот светоглед го пренесува преку скици за сценарио за документарна телевизиска серија, за која искрено и наивно сонува дека еден ден ќе биде снимена.
Исполнувајќи го површното секојдневие на својата протагонистка со фетишизам, насилство, хумор и чуден, ама неочекувано успешен, спој од вулгарен и поетски јазик, Петра Хулова на само стотина страници успева да создаде свет во мало преку текот на свеста на својот лик. „Пластично трособје“ е една од најнаградуваните современи чешки книги: последно во низата признанија е наградата на Англискиот ПЕН центар за најдобар превод во 2017 година.
-
Министерство за врвна среќа
0500,00 денПриказната во „Министерство за врвна среќа“ полека и мајсторски се ткае низ сиромашните квартови на Делхи и низ рајските пејзажи на Кашмир. Рој раскажува за ликови кои на прв поглед се чинат маргинални и кои во други приказни веројатно би останале заборавени, но овде полека се претвораат во јунаци. Раскажувајќи за немирот и болката, за среќата и надежта, Рој гради епски портрет на современа Индија, но и грандиозна слика на нашето денешно општество.
Варирајќи од љубовна приказна до историски роман, од семејна сага до политичка сатира, „Министерство за врвна среќа“ е дело какво што се среќава сосем ретко, роман во својот чист и моќен облик. -
Невидливите
0370,00 денНа малиот остров Барој, зафрлен меѓу норвешките фјордови во близина на Поларниот Круг, живее само едно петчлено семејство. За тригодишната Ингрид островот е рајска градина, огромна и зачудувачка како универзум. За нејзиниот татко, Ханс, островот е место каде што целокупното постоење на човекот се сведува на борба против студот и гладот – борба што секогаш одново сите ја губиме.
„Невидливите“ е многуслоен, моќно напишан роман што личи на бура: преку едноставно и ненаметливо раскажување, полека ја собира својата сила, за потоа да ја излее во една точка и да го преврти светот и на ликовите и на читателот. Ова веројатно е најдоброто дело на Рој Јакобсен и секако, еден од најмаркантните современи норвешки романи. -
Снежно слепило
0330,00 ден„Снежно слепило“ ја раскажува приказната за младиот полицаец Ари Тор, кој уште пред да ја заврши академијата добива работно место во Силгуфјордур – мало рибарско гратче на крајниот север на Исланд. Ари Тор ќе ги напушти студиите, својата девојка и животот во Рејкјавик и ќе замине на север, очекувајќи дека ќе живее во место каде никогаш ништо не се случува. Зимските бури ќе го парализираат Силгуфјордур и ќе го отсечат од остатокот од земјата, а потоа во местото ќе почнат да се случуваат убиства. Ари Тор сфаќа дека мора да се соочи со нешто за што воопшто не е подготвен – сложените полициски случаи и застрашувачките поларни бури.
Напишан во манирот на класичен детективски роман, „Снежно слепило“ е уникатен во доловувањето на ледената атмосфера и сликањето на животот во мало провинциско место, каде приказните на цела низа ликови одеднаш се преплетуваат и се поврзуваат. -
Врвки
0250,00 денПо дванаесет години брак, врската на Ванда и Алдо се распаѓа поради неверство. Сепак, зад нивната разделба се кријат многу повеќе мрачни тајни отколку што се чини на прв поглед. Соочувањето со сиот притаен гнев, со насобраните разочарувања и со желбата за независност и слобода целосно ги пресвртува животите на Ванда, Алдо и нивните две деца.
Приказната е мајсторски изградена и преку фрагменти ја раскажува долгата историја на распадот и повторното обединување на едно семејство. Доменико Старноне во „Врвки“ ни подарува моќен приказ на бегството од себеси и на малите одлуки кои целосно и неповратно ни ги менуваат животите.