-
Децата од улицата Пал
0350,00 ден„Децата од улицата Пал“ е роман за ривалството на две детски дружини од Будимпешта и нивните борби за освојување на просторот за играње.
Во улицата Пал во Будимпешта живеела група момчиња чијшто најголем непријател била дружината на црвените кошули од ботаничката градина. Повод за конфликт на двете групи деца е запленувањето на џамлиите на Немечек од улицата Пал од страна на браќата Пастор од противничката група.
Децата го минувале своето немирно детство во воени игри, имитирајќи ги возрасните и јунаците од прочитаните авантуристички романи. Но, на крајот, безгрижното детство ќе биде трагично прекинато…
-
Возот в снег
0250,00 денВо Јабуковац во Велико Село живеат тројцата другари: Љубан, Драга и Перо. Учениците од селското училиште со нивниот наставник со воз одат на излет во градот.
Таму, во печатницата се заблагодаруваат за бесплатниот пат до Загреб со песна, а на крајот одат во зоолошката градина. Меѓутоа, наставникот се разболува во градот и
останува во болница, па децата мораат сами да се вратат. На враќање, поради силното невреме, возот се заглавува во снежните наноси. Железничарите и децата
се исправени пред сериозен предизвик: ќе успеат ли безбедно да се вратат дома?
-
Шармери од осмо
0250,00 денВо својот зелен нотес, будниот училиштен педагог Златан Самоилов запиша:„Мали вербални препукувања…“
Токму така почнува приказната за закачките помеѓу учениците од осмо-А и нивните врсници од осмо-Б одделение во училиштето „Септември“. Иако видно вознемирени и желни за одмазда, двете одделенија успеваат да најдат заеднички јазик и да ги премостат закачките и караниците, формирајќи заеднички тим за турнирот во мал фудбал. Нивниот тим „Шармери“ ги освојува срцата не само на девојчињата туку и на директорот на училиштето Бојан Милјановски, кој го одржува својот збор и ја закачува врамената фотографија на „Шармерите“ на ѕидот во својата канцеларија,
наспроти работната маса.
Шармот на младите „Шармери“ зрачи не само на фудбалскиот терен туку и надвор од него, вљубените срца почнуваат да бијат посилно…
-
Мојот пријател А
0200,00 денПриказната започнува во една таванска соба во куќата на Баба Баба во Охрид. Таа е двапати баба бидејќи прво ù е баба на мајка му на Јане, а потоа е баба на Јане.Таа е мајка на бабата на Јане, а на Јане му е прабаба. И токму во таа таванска соба, што некогаш била кат во кој НЕ се чувале старите работи, Јане го запознава својот пријател А. Токму таа зима кога Јане има девет години се качува во таванската соба по најубавото ново нешто – слаткото на Баба, но кога посегнува по теглите на рафтот се случува катастрофа. Пропаѓа во распараното седиште на столот на кој е поткачен и неколку тегли паѓаат на земја. Две тегли ги спасува стариот килим на тетка му, но од едно купче срчи нешто силно почнува да чади… Токму тој чад е пријателот А, што би бил скапоцен пријател за секое дете.
-
Автобиографија
0200,00 денГригор Ставрев Прличев е истакнат македонски писател од времето на романтизмот (или преродбата) и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Во неговиот богат опус спаѓаат поемите „Сердарот“ и „Скендербег“, песната „В хилјада седемстотин шездесет и второ лето“, есејот „Критик и преведувач“, делото „Автобиографија“ и неколку обиди за преведување на Хомеровата „Илијада“.
Делото „Автобиографија“ е објавено во 1894 година додека Прличев работи како учител во Солун. Во неа тој ги исцртува главните контури на сопствениот живот: фигурата на неговата измачена мајка, интелектуалното влијание на Димитар Миладинов, постојаните борби со грчките власти, престојот во затвор, како и многубројните патувања и учителствувања низ Македонија, Грција, Бугарија и Албанија.
Прличевата „Автобиографија“ е првото дело од овој книжевен вид во македонската книжевна традиција.
-
Бескрајна приказна
0350,00 денБастијан Балтазар Букс е срамежлив, чуден и воопшто не е некој херој. Неговото единствено бегство е читањето книги. Кога Бастијан ќе наиде на книгата наречена „Бескрајна приказна“, тој ќе биде вовлечен во магичниот свет на Фантазија – толку многу што ќе открие дека станал еден од ликовите во приказната! А кога ќе сфати дека овој мистериозен, волшебен свет е во страшна опасност, тој открива и дека е избран да го спаси.
-
Чудна случка со кучето во ноќта
0350,00 денКристофер Џон Франсис Бун има 15 години, ги знае сите држави во светот и нивните главни градови. Ги знае напамет и сите прости броеви до 7057. Ги сака животните, но не може да ги разбере емоциите кај луѓето. Не поднесува кога некој ќе го допре. И мрази жолта боја.
Една ноќ, во дворот на сосетката, го наоѓа нејзиното куче мртво. Решава да ја истражи сомнителната смрт, како вистински детектив, но во таа потрага открива и многу други вистини – за себе, за родителите, за светот околу него, за животот воопшто…
Овој современ класик на Марк Хадон е светски бестселер и добитник на многубројни награди.
-
Meine ersten deutschen wörter
0148,00 денДа учиме германски со Софија.Научи ги првите германски зборови со забавните илустрации поделени по различни теми: семејство, дом, училиште, животни, овошје и зеленчук, човечко тело, облека и обувки… -
My first english fun activity book
0148,00 денДа учиме англиски со Софија.Научи ги првите англиски зборови со забавните илустрации поделени по различни теми: семејство, дом, училиште, животни, овошје и зеленчук, човечко тело, облека и обувки…
-
Тото мачката-нинџа и големото бегство на змијата
0350,00 денО, здраво!
Веќе си тука.
Совррршено!
Ова е Тото
и таа е
прекрасна.
Но, таа не е обична рунтава мачка. Таа е речиси целосно слепа, поседува нинџа-вештини и навечер доживува неверојатни авантури со нејзиниот своеглав брат, Сивко.
Во оваа приказна, Тото и Сивко, заедно со нивниот нов пријател, одат во потрага по големата, смртоносна кралска кобра, која, бегајќи од зоолошката градина, сее страв низ Лондон. Но, на сцената стапува Тото, која ќе ги искористи сите свои супермоќи за да ја фати.
-
Тото мачката-нинџа и неверојатната кражба на сирењето
0350,00 денЕј, здраво!
Неверојатната мачка-нинџа Тото се врати, и тоа уште покул од претходно!
Се случи нешто катастрофално: сето сирење од целиот свет исчезна. Некој го украл.
Придружете им се на Тото, нејзиниот брат Сивко и заедничкиот пријател Мачколик на нивната тајна спасувачка мисија. На Тото ќе ù требаат сите нинџа-вештини за да го совлада тој безмилосен крзнен крадец на сирењето…
-
Совршена дремка
0500,00 ден„Совршена дремка“ е сликовница со големи шарени илустрации и една забавна приказна за неколку животни од џунглата.
Сè започнува со ветувањето на ракунот дека ќе го разбуди јагуарот од неговата попладневна дремка, за да не се успие. Да ветиш некому дека ќе го разбудиш од спиење е голема одговорност, но тука малку се комплицираат работите. Ќе успее ли ракунот да го одржи ветувањето?
-
Девојчињата можат сè
0280,00 денДевојчињата ги има во сите форми и бои.
Тие нè воодушевуваат и нè радуваат.
Тие постојано нè изненадуваат.
Девојчињата можат сè,
што и да посакаат – веднаш.
А ако си девојче…
…и ти можеш исто – повеќе од еднаш!
Дали сакаш да освоиш врв на некоја планина? Или да возиш пожарникарско возило? Да станеш премиерка на држава? Придружи им се на девојчињата на страниците на оваа книга за да ги видиш неверојатните нешта што тие ги прават секој ден – и откриј што би сакала да правиш ТИ!
Сликовница за сите што имаат сон.
-
Дневникот на Ана Франк
0350,00 ден„Дневникот на Ана Франк“ е исповед на едно еврејско девојче за време на Втората светска војна. За својот тринаесетти роденден Ана добива дневник, во кој на 14.06.1942 година ги запишува првите реченици. Но набрзо семејството мора да избега и да се скрие во тајното засолниште во Амстердам, во кое ќе помине повеќе од две години криејќи се од нацистите. Во засолништето им се придружува и семејството Ван Дан, а подоцна и забарот Дусел. Таа во дневникот ги забележува животот, настаните и проблемите во засолништето, прикажувајќи ги и особините на неговите станари, што доаѓаат до израз при живеење во таквите околности.
Ова е потресна приказна за трагично завршеното детство, приказна која низ призната на невиното еврејско девојче ги отсликува ужасите на нацистичкиот режим за време на втората светска војна.
-
Пајажината на Шарлот
0350,00 денЧудесно прасе. Скромно. Блескаво.
Ова се зборовите во пајажината на Шарлот, високо во аголот на шталата на Цукерман. Пајажината на Шарлот зборува за нејзините чувства кон прасенцето Вилбур, кое најмногу од сè сака да има пријател.
„Пајажината на Шарлот“ зборува и за љубовта кон Вилбур на девојчето Ферн, која му го спасува животот кога се раѓа како кржле во леглото прасиња.
Овој роман е нежна приказна за пријателството, љубовта, животот и смртта, кој ќе продолжи да ги освојува срцата на идните генерации деца.
-
Хајди
0199,00 денШто ќе се случи кога едно мало девојче без родители е оставено да живее со својот студен и страшен дедо, во една мала колипка на швајцарските Алпи? Авантури, доживувања и многу научени нови работи! Хајди ги менува животите на сите околу неа: го враќа дедо ù помеѓу луѓето, ù ја враќа желбата за живот на баба ù и го учи Петар да чита. Но, најважната промена се случува кога нејзината болна другарка од големиот град Франкфурт, Клара, ќе дојде да ја посети. Дури тогаш вистински почнуваат авантурите.