Одбрани наслови со попуст од 40% до 60%
-
21 Начин да умреш
0420,00 денКолку брзо може да ти се урне сиот свет?
Во еден момент, Стела е едно од најпопуларните девојчиња во класот, а во следниот таа е отфрлена, понижена и исклучена од групата која порано ја водеше.
Кога караницата со нејзината најдобра другарка Амалие излегува од контрола, Стела станува мета на неумоливо малтретирање. Малтретирање преку Фејсбук, по пораки, со сурови видеа на Јутјуб, на страницата за омраза што секој ден собира сè повеќе лајкови. Амалие ништо не може да ја спречи во одмаздата. Само Филипа разговара со неа, но… каква е таа другарка што го крие нивното пријателство пред другите?
Додека вознемирувањето станува сè пожестоко, светот на Стела тоне во тишина. Музиката која порано ѝ беше единствениот спас, повеќе не ѝ носи утеха. Никому не му верува, надежта ѝ исчезнува.
Но тука е нејзиниот список – списокот со дваесет и еден начин како да ја запре оваа болка. Со дваесет и еден начин како да умре.
-
Лето во Тоскана
0500,00 денПолина Фонтана е жизнерадосна старица која со години е отуѓена од своето американско семејство. Но сега ги поканува своите правнуки Емилија и Лучана да ја придружуваат на патувањето во нејзината родна Италија. Им ветува дека на нејзиниот осумдесетти роденден ќе ја сретне љубовта на својот живот на скалите од катедралата Равело и ќе стави крај на проклетството што ги следи сите второродени ќерки во семејството Фонтана.
Проклетството веројатно е само обична случајност, древен мит. Сепак, неоспорно е дека со векови, ниту една второродена ќерка во семејството Фонтана не пронашла љубов.
Што би се случило ако се растури клетвата? Дали Емилија и Лучана ќеуспеат да ја најдат својата вистинска љубов? Покрај кривулестите венецијански канали, на тосканските полиња и во волшебните селца на брегот на Амалфи, расцветуваат романси, се остваруваат судбини и се откриваат долго чувани семејни тајни – тајни кои се повознемирувачки од проклетството старо со векови..
-
Киндерленд
0420,00 денМоќен роман за детството, напуштањето и издржливоста. Кога родителите заминуваат на печалба во странство, 12-годишната Кристина е принудена да се грижи за своите две помали братчиња. Оставена во малото молдавско село во кое живеат речиси само деца и старци, Кристина нема друг избор освен да го носи товарот на животот на возрасна жена – да готви, да чисти и да ги чува братчињата – и истовремено да се соочи со осамата, тагата и копнежот што ја обземаат поради прерано изгубеното детство.
Низ нејзините очи, романот го истражува длабокото влијание на економската миграција врз семејствата, особено врз децата обременети со родителски обврски несоодветни за нивната кревка возраст. Во селото обележано од отсуството, напуштените деца, кои сепак се полни со надеж, се сеќаваат на нивните родители низ ритуали и обичаи, низ нивната бујна имагинација. Додека се борат со чувството на напуштеност, наоѓаат утеха во избледените спомени од семејниот живот. Авторката мајсторски ја балансира суровата реалност на преживувањето со нежните моменти од детството, сликајќи трогателен портрет на изгубеното детство на предвреме пораснатите деца.
-
Како на филм
0430,00 денНора Хамилтон ја знае формулата за љубов подобро од кој било. Тоа ѝ е работа, како сценарист на филмови за канал за романси. Но кога сопругот кому му е под чест да работи ги остава неа и нивните две деца, Нора решава да заработи од колапсот на бракот и го пишува најдоброто сценарио во својот живот. Сепак е шокирана кога добива понуда од огромна продукција и снимањето се закажува во нејзиниот дом. И нејзиниот живот никогаш повеќе нема да биде ист, особено откако дознава дека улогата на нејзиниот поранешен сопруг ќе ја игра Лио Венс – претходно прогласен за Најсекси маж кој постои.
Утрото откако снимањето завршува и екипата заминува, Нора го наоѓа Лио на својот трем со полупразно шише текила и предлог. Вели дека ќе ѝ плаќа по илјада долари дневно ако му дозволи да остане уште една недела. Парите би ѝ дошле добро, се разбира, но причината поради која прифаќа е очајот што го гледа во неговите очи. Седум дена: може да минат дур трепнеш или да ти се чинат како вечност, зависи. Доволно време да се вљубиш. Доволно да ти го скршат срцето.
Топла, смешна и мудра – ова е една од оние најубавите љубовни приказни во кои љубовта ја комплицираат работата, децата и емоционалниот багаж кој доаѓа со животот. За Нора и Лио, оваа љубов е поголема дури и од онаа на големите екрани.
-
Сите нејзини демони
0390,00 денВо срцето на Јужна Австралија, во напуштен ресторан среде паркот Драј Крик, полицијата наоѓа тело – обезглавено, совршено распарчено, внимателно завиткано – спакувано како нешто што никогаш не требало да биде пронајдено. Детективката Оливија Вест е назначена да го води случајот што не ѝ дава сон – и не ѝ остава простор за грешка. Таа не знае дека тоа што го гледа е само почеток на нешто многу пострашно.
Телото не можат да го идентификуваат. Времето на смртта е нејасно. А поврзаноста со местото – непостоечка. Додека Лив се обидува да собере какви било траги, случајот неочекувано ескалира: полицијата открива уште десет тела и мрежа од настани што води далеку од границите на Аделаида. Притисната од јавноста, Лив мора да го фати серискиот убиец пред темнината да ја проголта – не само професионално, туку и неа лично.
Шокантен психолошки трилер за злосторства кои не се забораваат, за тајни кои се пренесуваат од генерација на генерација и за демоните што се кријат во секој од нас. Ова не е само приказна за убиства. Ова е приказна за спас… ако преживееш доволно долго да го пронајдеш.
-
Славејот
12420,00 денФранција, 1939
Во тивко француско село, кротката и плашлива Вијан Моријак се збогува со својот сопруг, кој оди да војува. Таа не верува дека Германците ќе ја окупираат Франција, но тоа сепак се случува и ја принудува да прими непријател во сопствениот дом. Во ова време на војни, Вијан мора да научи да биде храбра. Храбра како сестра ѝ.Нејзината помала сестра Изабел, од друга страна, мора да научи да се плаши. Таа е премногу бунтовна и храбра за свое добро. На самиот почеток од војната, се запознава со мистериозниот партизан Гејтон и се вљубува како што може да се вљуби само млад човек… лудо и комплетно. Не можејќи да ја гледа татковината како пропаѓа, Изабел непромислено се приклучува на тајните групи за ослободување на Франција без да размисли за опасностите.
Безвременска новела која ќе ве тера да ги голтате страниците без пауза. Приказна за издржливоста и храброста на жените која ќе ја помните цел живот. Сага за преживувањето и љубовта за време на војна што ќе ве натера да липате на глас.
Ова е книга за секого, ова е книга за навек.

