Одбрани наслови со попуст од 40% до 60%
-
-41%
21 Начин да умреш
0Original price was: 420,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Колку брзо може да ти се урне сиот свет?
Во еден момент, Стела е едно од најпопуларните девојчиња во класот, а во следниот таа е отфрлена, понижена и исклучена од групата која порано ја водеше.
Кога караницата со нејзината најдобра другарка Амалие излегува од контрола, Стела станува мета на неумоливо малтретирање. Малтретирање преку Фејсбук, по пораки, со сурови видеа на Јутјуб, на страницата за омраза што секој ден собира сè повеќе лајкови. Амалие ништо не може да ја спречи во одмаздата. Само Филипа разговара со неа, но… каква е таа другарка што го крие нивното пријателство пред другите?
Додека вознемирувањето станува сè пожестоко, светот на Стела тоне во тишина. Музиката која порано ѝ беше единствениот спас, повеќе не ѝ носи утеха. Никому не му верува, надежта ѝ исчезнува.
Но тука е нејзиниот список – списокот со дваесет и еден начин како да ја запре оваа болка. Со дваесет и еден начин како да умре.
-
-50%
Лето во Тоскана
0Original price was: 500,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Полина Фонтана е жизнерадосна старица која со години е отуѓена од своето американско семејство. Но сега ги поканува своите правнуки Емилија и Лучана да ја придружуваат на патувањето во нејзината родна Италија. Им ветува дека на нејзиниот осумдесетти роденден ќе ја сретне љубовта на својот живот на скалите од катедралата Равело и ќе стави крај на проклетството што ги следи сите второродени ќерки во семејството Фонтана.
Проклетството веројатно е само обична случајност, древен мит. Сепак, неоспорно е дека со векови, ниту една второродена ќерка во семејството Фонтана не пронашла љубов.
Што би се случило ако се растури клетвата? Дали Емилија и Лучана ќеуспеат да ја најдат својата вистинска љубов? Покрај кривулестите венецијански канали, на тосканските полиња и во волшебните селца на брегот на Амалфи, расцветуваат романси, се остваруваат судбини и се откриваат долго чувани семејни тајни – тајни кои се повознемирувачки од проклетството старо со векови..
-
-41%
Камчето
0Original price was: 420,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Трогателно сведоштво за надежта и пријателството во еден од најмрачните периоди во човековата историја.
Приказна за талентираниот виолинист Еитанас и неговата најдобра другарка Ривка, кои растат во свет во кој децата се смеат, кучињата лаат, а жените си муабетат на скалите.
Животот би бил прекрасен, дури и идиличен, да не е ужасната вистина – никому не му е дозволено да излезе од градот, а оние кои ќе минат низ портите, никогаш повеќе не се враќаат.
Оваа наградувана сликовница ни открива моќна приказна што се одвива во еден од најмрачните периоди за човештвото – холокаустот.
Лиричното раскажување на авторот и прекрасните илустрации одлично ги доловуваат деталите од секојдневието во гетото: град опкружен со sидишта, патролиран од војници, во кој надежта сè уште се насетува на покривите.
Тивок потсетник дека дури и во најтешките моменти надвладуваат надежта, пријателството и човечноста.
-
-41%
Киндерленд
0Original price was: 420,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Моќен роман за детството, напуштањето и издржливоста. Кога родителите заминуваат на печалба во странство, 12-годишната Кристина е принудена да се грижи за своите две помали братчиња. Оставена во малото молдавско село во кое живеат речиси само деца и старци, Кристина нема друг избор освен да го носи товарот на животот на возрасна жена – да готви, да чисти и да ги чува братчињата – и истовремено да се соочи со осамата, тагата и копнежот што ја обземаат поради прерано изгубеното детство.
Низ нејзините очи, романот го истражува длабокото влијание на економската миграција врз семејствата, особено врз децата обременети со родителски обврски несоодветни за нивната кревка возраст. Во селото обележано од отсуството, напуштените деца, кои сепак се полни со надеж, се сеќаваат на нивните родители низ ритуали и обичаи, низ нивната бујна имагинација. Додека се борат со чувството на напуштеност, наоѓаат утеха во избледените спомени од семејниот живот. Авторката мајсторски ја балансира суровата реалност на преживувањето со нежните моменти од детството, сликајќи трогателен портрет на изгубеното детство на предвреме пораснатите деца.
-
-42%
Како на филм
0Original price was: 430,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Нора Хамилтон ја знае формулата за љубов подобро од кој било. Тоа ѝ е работа, како сценарист на филмови за канал за романси. Но кога сопругот кому му е под чест да работи ги остава неа и нивните две деца, Нора решава да заработи од колапсот на бракот и го пишува најдоброто сценарио во својот живот. Сепак е шокирана кога добива понуда од огромна продукција и снимањето се закажува во нејзиниот дом. И нејзиниот живот никогаш повеќе нема да биде ист, особено откако дознава дека улогата на нејзиниот поранешен сопруг ќе ја игра Лио Венс – претходно прогласен за Најсекси маж кој постои.
Утрото откако снимањето завршува и екипата заминува, Нора го наоѓа Лио на својот трем со полупразно шише текила и предлог. Вели дека ќе ѝ плаќа по илјада долари дневно ако му дозволи да остане уште една недела. Парите би ѝ дошле добро, се разбира, но причината поради која прифаќа е очајот што го гледа во неговите очи. Седум дена: може да минат дур трепнеш или да ти се чинат како вечност, зависи. Доволно време да се вљубиш. Доволно да ти го скршат срцето.
Топла, смешна и мудра – ова е една од оние најубавите љубовни приказни во кои љубовта ја комплицираат работата, децата и емоционалниот багаж кој доаѓа со животот. За Нора и Лио, оваа љубов е поголема дури и од онаа на големите екрани.
-
-49%
Сите нејзини демони
0Original price was: 390,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Во срцето на Јужна Австралија, во напуштен ресторан среде паркот Драј Крик, полицијата наоѓа тело – обезглавено, совршено распарчено, внимателно завиткано – спакувано како нешто што никогаш не требало да биде пронајдено. Детективката Оливија Вест е назначена да го води случајот што не ѝ дава сон – и не ѝ остава простор за грешка. Таа не знае дека тоа што го гледа е само почеток на нешто многу пострашно.
Телото не можат да го идентификуваат. Времето на смртта е нејасно. А поврзаноста со местото – непостоечка. Додека Лив се обидува да собере какви било траги, случајот неочекувано ескалира: полицијата открива уште десет тела и мрежа од настани што води далеку од границите на Аделаида. Притисната од јавноста, Лив мора да го фати серискиот убиец пред темнината да ја проголта – не само професионално, туку и неа лично.
Шокантен психолошки трилер за злосторства кои не се забораваат, за тајни кои се пренесуваат од генерација на генерација и за демоните што се кријат во секој од нас. Ова не е само приказна за убиства. Ова е приказна за спас… ако преживееш доволно долго да го пронајдеш.
-
-40%
Мимики
0Original price was: 550,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Што кога ќе те обвинат за убиството на сопственото семејство?
Хана се буди во мотелска соба и не може да се сети како се нашла таму, ниту пак зошто ја обвинуваат за убиство на нејзиното семејство.
И не само што ја обвинуваат, туку ѝ покажуваат видео снимка на која таа признава дека навистина ги извршила убиствата.
Но Хана е експерт за читање изрази на лицето, па ја користи својата професионална експертиза за да ја докаже својата невиност, притоа откривајќи злокобна позадина која вклучува личност којашто ѝ е блиска.
Маестрото за психолошки трилери длабоко го истражува мрачното прашање: Колку добро ги познаваме оние кои ги сакаме? Со уникатен спој на форензика, психологија и морална комплексност, Мимики е незаборавно неизвесен трилер кој ќе ве натера да преиспитате сѐ што сте мислеле дека знаете за семејните врски и човечката природа.
-
-43%
Балот на лудите жени
0Original price was: 400,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Историска драма за жените затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 век.
Во прочуената психијатриска болница „Салпетриер“, доктор Шарко го фасцинира општеството со своите јавни демонстрации на хипноза врз наводно луди жени отфрлени од семејствата. Но вистината е покомплицирана – тие не се навистина луди. Некои се несакани или непослушни сопруги, други мајки што не можат да ја преболат загубата на чедото, трети се ќерки што одбиваат да се покорат или девојки родени од вонбрачни врски. За париската елита, најзначајниот годишен настан е Балот на лудите жени, кога можат да ги набљудуваат пациентките облечени во свечени костими како танцуваат на звуците на валцерот. А за самите пациентки, балот претставува редок момент на надеж.
Женевјев е главна медицинска сестра во „Салпетриер”. По смртта на сестра ѝ Бландин, таа ја отфрла верата и се посветува на науката, слепо верувајќи му на познатиот доктор Шарко. Но нејзините убедувања се разнишуваат кога ја запознава 19-годишната Ежени – ќерка на угледно семејство, насилно затворена во болницата. Ежени има тајна: таа гледа духови. Инспирирана од забранетата Книга за духовите за која зборува цел Париз, таа е решена да избега од болницата, да се ослободи од ограничувањата на својот пол и да најде луѓе што ќе ѝ поверуваат. Но затоа ѝ е потребна помошта на Женевјев…
-
-49%
Незначајни партнери
0Original price was: 490,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Лена Вестбрук, перфекционист и работохоличарка, внимателно го планира и оркестрира секој детаљ од својот живот. Па, по две години врска, кога нејзиното момче ѝ раскинува вечерта кога таа очекува да ја побара за жена, збунета е до бескрај, а срцето ѝ е скршено. Тогаш бега во домот на саканата тетка, прекрасниот остров Бејнбриџ во Сиетл, да тагува на мир и да си дојде на себе. Првата вечер заспива во гостинската куќа. Но кога се буди следното утро, повеќе не е во колибата на островот, туку во мал шик париски стан – облечена во скапа свилена ноќница – до згоден парижанец кој мисли дека Лена му е сопруга.
Од елегантните соседства во Париз, допрекрасните пејзажи на Ирска
и блескавите хоризонти на Њујорк, па и многу неочекувани дестинации помеѓу тие, секојпат кога Лена се буди, таа e на некое друго место, со некој друг. Во секое искуство, добива шанса да види како би било да тргнела по некој друг пат. Колку повеќе ѝ се разјаснуваат нејзините минати одлуки, толку повеќе се прашува, дали некоја од овие романси воопшто била… значајна?Интересна, изненадувачка и магична новела која ги истражува сите „што ако” во животот, но најмногу, љубовта.
-
-49%
Кафеноока (Тревис #4)
1Original price was: 450,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Ејвори е позната организаторка на свадби, но за жал, таа не верува во љубов – барем не кога станува збор за неа. Кога го запознава богатиот ерген Џо Тревис, помешувајќи го со фотограф, нема намера да му дозволи да ја шармира. Но Џо е човек кој се бори за тоа што го сака, а Ејвори сепак не може да му одолее на секси јужњачкиот шармер и топлата летна вечер.
Меѓутоа, по таа една вечер, Ејвори е решена да не дозволи тоа да се повтори. Човек како Џо може да значи само неволја за жена како неа, а таа секако не смее да си дозволи дистракции затоа што е ангажирана за свадбата на годината – настан кој е исклучително важен за неа.
Компликациите сепак почнуваат, ставајќи ја во опасност целата свадба, особено кога испливуваат шокантните тајни на невестата. Но Џо е категоричен дека нема да се откаже лесно, па Ејвори е принудена да се соочи со несигурностите и убедувањата кои произлегуваат од минатото кое би дала сѐ да го заборави. Ситуацијата доаѓа до точка на вриење и таа се соочува со најтешката одлука во својот живот. Само ако ризикува сѐ, вклучувајќи ја својата кариера и своето срце – ќе открие што е најважно во животот.
-
-49%
Шепотот на судбината
0Original price was: 390,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Таа не верува дека некогаш повторно ќе љуби, бидејќи смета дека во животот, човек само еднаш може да доживее вистинска, длабока, исконска љубов. Затоа, по драмата која ѝ го менува светот од корен, Стела Еванс бега од секој маж кој сака да ѝ се доближи поблиску од она што за неа е прифатливо. Посветена на својата професија, и во постојан обид да си ја излекува расрквавената душа, ќе успее ли да го наслушне шепотот на судбината и да се соочи со сенките кои истата ќе ѝ ги врати од минатото?
Тој е силен, убиствено згоден, неприкосновен шармер, на којшто ниедна жена не може да му одолее. Но, тој нема доверба во ниту една претставничка на понежниот пол, па затоа отворено им ги кажува своите намери, а тоа подразбира само добар секс и ништо повеќе. Кога најмалку очекува, Брајан Купер ќе се соочи со животен пресврт во кој може да изгуби сé, но и многу да добие. Кога во непредвидени околности ја запознава храбрата, синоока убавица, ќе успее ли комплетно да ѝ верува или ќе продолжи тврдоглаво да се спротивставува на она што за него го има смислено судбината?
-
-43%
Добра и лоша
0Original price was: 520,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Понекогаш, лоши работи им се случуваат на добри луѓе, па добрите луѓе се принудени да прават лоши работи.
Дваесет години откако едно бебе е украдено од количка, една жена е убиена во дом за нега на стари лица. Двете злосторства се некако поврзани, а една добра/лоша девојка веројатно е клучот за откривање на вистината.
Едит можеби ја прелажале за да ја пикнат во домот, но сега, на осумдесет години, го планира своето бегство. Пејшнс работи таму, па така и се зближува со Едит, како со сродна душа. Но Пејшнс ја лаже Едит речиси за сѐ. А и Едит не е безгрешна. Токму затоа, нејзината ќерка Клео, воопшто не зборува со неа.Со низа причини да не си веруваат меѓусебно, овие жени мора да решат една мистерија во која има тројца осомничени, две убиства и една жртва. И ако ја решат, можеби ќе откријат и што се случило со исчезнатото бебе, мајката која го изгубила и поврзаноста помеѓу нив. Ова е трилер во кој никому не може да му се верува…
-
-43%
Оддел Д
0Original price was: 520,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Студентката на медицински факултет Ејми Бренер треба да ја помине ноќта во заклучен психијатриски оддел.
Ејми е преплашена од ноќните смени во Одделот Д, одделот каде што се чуваат пациентите со ментални нарушувања. Постојат многу специфични причини што таа никогаш не сака да ја работи ноќната смена во тој оддел. Причини коишто никој не смее да ги дознае.
Како што часовите минуваат, така Ејми станува сѐ поубедена дека нешто ужасно се случува во тие строго обезбедени и изолирани ѕидови. Кога пациенти и вработени почнуваат да исчезнуваат без трага, станува повеќе од јасно дека сите во одделот се во смртна опасност.
Најголемиот кошмар на Ејми е да ја помине ноќта во Одделот Д. А сега можеби и никогаш нема да може да побегне од таму.
-
-49%
Добра ноќ, Џун
0Original price was: 490,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.„Добра ноќ, месечино“ е обожуван детски класик, но неговото вистинско потекло е загубено во историјата. Во „Добра ноќ, Џун“, Сара Џио споделува една своја имагинарна верзија за приказната зад инспирацијата за детскиот класик.
Џун Андерсен е успешна на професионално поле, но многу несреќна во приватниот живот. Неочекувано ја повикуваат за наследството на нејзината почината тетка Руби и треба да донесе одлука за судбината на детската книжарница Сината птица, која Руби ја основала во четириесеттите. Помеѓу документацијата во книжарницата, Џун наоѓа писма кои си ги пишувале Руби и покојната Маргарет Вајс Браун… и зачекорува во страниците на американската литература.
-
-43%
Танцувај со мене
0Original price was: 520,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.По долго време, легендарната Сузан Елизабет Филипс се враќа со емотивен роман за женскоста, дивите срца и исцелувачката моќ на љубовта.
Кога животот ја разочарува по којзнае кој пат, младата вдовица Тес Хартсонг бега во мало гратче високо во планините Тенеси, надевајќи се дека во природата ќе успее да побегне од скршеното срце и да го најде мирот којшто ѝ е потребен за да си дојде на себе. Но наместо спокој и тишина, пронаоѓа енигматичен уметник кој исто така е во потрага по самотија, еден слободен дух со премногу тајни, едно беспомошно новороденче, група љубопитни тинејџери и град сомничав кон секој новодојденец, особено таквите тврдоглави како Тес. А подеднакво тврдоглав е и Иан Норт; комплициран, надарен маж со измачена душа – човек кој ја тера Тес да преиспитува сè.
Бегајќи кон овој нов живот, Тес се прашува: дали целосно ќе се изгуби себеси… или ќе си ја пронајде иднината?
-
-45%
Ослободување
0Original price was: 450,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.ДУЕТ: RELEASE #1
Додека растев, Ремзи Стјуарт ми остави белези во душата што времето не умее да ги излечи.
На дванаесет години, ме праша дали сакам да му бидам девојка.
На тринаесет ми го подари првиот бакнеж.
На шеснаесет се вљубивме и планиравме заедничка иднина.Љубовта никогаш не пропаѓа.
За Ремзи, пропадна.
Љубовта го изневери.
Јас го изневерив.
Сиот свет го изневери.На седумнаесет години, Ремзи беше осуден за убиство на момчето што ме силуваше.
Заборави ме, ми напиша во првото и последно писмо од затворот.
Почни нов живот, настојуваше.
Не те сакам повеќе, излажа.Никогаш не помислив да се откажам од него. Можеби љубовта е нашето проклетство, но тој ми е во срцето – тогаш, сега и засекогаш.
Сега, по дванаесет долги години, го чекам да излезе низ затворските порти мажот којшто не го ни познавам.
