-
-30%
Ја слушнавте ли лагата?
0Original price was: 550,00 ден.385,00 денCurrent price is: 385,00 ден.Луси и Савана се убави, паметни и обожавани девојки, кои живеат во својот роден град во Тексас. Луси е венчана за мажот од соништата и живее во новиот, раскошен дом, а Сави е дружељубивата, мила девојка што сите ја сакаат, а особено е популарна кај мажите, ако им се верува на гласиштата. Но кога Луси ја наоѓаат како лута по улиците облеана во крвта на својата најдобра другарка, сите мислат дека таа ја убила.
Од таа кобна ноќ, на која Луси не се сеќава, се поминати години и таа сега живее во Лос Анџелес и се обидува да изгради нов живот. Но Бен Овенс, вообразениот и неверојатно привлечен водител на исклучително популарниот поткаст за решавање нерешени убиства, одлучува во втората сезона да го истражи убиството на Савана. Луси е принудена да се врати во родниот град, во местото во кое се има заколнато дека никогаш повеќе нема да се врати, за да се обиде да го открие убиецот на својата другарка – макар и тоа да е таа.
Вистината е во етерот. Треба само да знаеш како да ја начуеш.
-
-30%
Киндерленд
0Original price was: 420,00 ден.294,00 денCurrent price is: 294,00 ден.Моќен роман за детството, напуштањето и издржливоста. Кога родителите заминуваат на печалба во странство, 12-годишната Кристина е принудена да се грижи за своите две помали братчиња. Оставена во малото молдавско село во кое живеат речиси само деца и старци, Кристина нема друг избор освен да го носи товарот на животот на возрасна жена – да готви, да чисти и да ги чува братчињата – и истовремено да се соочи со осамата, тагата и копнежот што ја обземаат поради прерано изгубеното детство.
Низ нејзините очи, романот го истражува длабокото влијание на економската миграција врз семејствата, особено врз децата обременети со родителски обврски несоодветни за нивната кревка возраст. Во селото обележано од отсуството, напуштените деца, кои сепак се полни со надеж, се сеќаваат на нивните родители низ ритуали и обичаи, низ нивната бујна имагинација. Додека се борат со чувството на напуштеност, наоѓаат утеха во избледените спомени од семејниот живот. Авторката мајсторски ја балансира суровата реалност на преживувањето со нежните моменти од детството, сликајќи трогателен портрет на изгубеното детство на предвреме пораснатите деца.
-
-30%
Како на филм
0Original price was: 430,00 ден.301,00 денCurrent price is: 301,00 ден.Нора Хамилтон ја знае формулата за љубов подобро од кој било. Тоа ѝ е работа, како сценарист на филмови за канал за романси. Но кога сопругот кому му е под чест да работи ги остава неа и нивните две деца, Нора решава да заработи од колапсот на бракот и го пишува најдоброто сценарио во својот живот. Сепак е шокирана кога добива понуда од огромна продукција и снимањето се закажува во нејзиниот дом. И нејзиниот живот никогаш повеќе нема да биде ист, особено откако дознава дека улогата на нејзиниот поранешен сопруг ќе ја игра Лио Венс – претходно прогласен за Најсекси маж кој постои.
Утрото откако снимањето завршува и екипата заминува, Нора го наоѓа Лио на својот трем со полупразно шише текила и предлог. Вели дека ќе ѝ плаќа по илјада долари дневно ако му дозволи да остане уште една недела. Парите би ѝ дошле добро, се разбира, но причината поради која прифаќа е очајот што го гледа во неговите очи. Седум дена: може да минат дур трепнеш или да ти се чинат како вечност, зависи. Доволно време да се вљубиш. Доволно да ти го скршат срцето.
Топла, смешна и мудра – ова е една од оние најубавите љубовни приказни во кои љубовта ја комплицираат работата, децата и емоционалниот багаж кој доаѓа со животот. За Нора и Лио, оваа љубов е поголема дури и од онаа на големите екрани.
-
-30%
Дечкото
0Original price was: 520,00 ден.364,00 денCurrent price is: 364,00 ден.Сидни нема среќа со мажите, како и секоја втора жена во Њујорк. Таа има видено сѐ: мажи кои лажат на своите профили на сајтовите за запознавање, мажи кои те оставаат сама да ја платиш сметката за вечерата и, најлошо од сѐ, мажи кои не можат да престанат да зборуваат за своите мајки.
Но нејзиниот нов дечко е совршен. Шармантен, згоден и работи како доктор во локална болница. Па Сидни е на седмо небо.
Тогаш се случува бруталното убиство на млада жена – само уште едно во низата смртни случаи на брегот. Главниот осомничен е мистериозен маж кој има кратки романтични врски со жртвите пред да ги убие.
Сидни треба да се чувствува безбедно. На крајот на краиштата, се гледа со човекот од нејзините соништа. Но ја јаде некој сомнеж дека има шанси совршениот маж да не е толку совршен колку што изгледа. Затоа што некој го набљудува секој нејзин чекор и ако не ја дознае вистината, таа ќе биде следната жртва на убиецот.
-
-30%
Убавината на скршените нешта
0Original price was: 390,00 ден.273,00 денCurrent price is: 273,00 ден.Итан се бори за нешто целиот свој живот – за успех, за докажување, за љубов. Роден со големи соништа и амбиции, а израснат со малку, се обидува да се пробие во свет кој никогаш не му дал ништо на тацна. Научен да очекува загуби. Научен секогаш да биде подготвен за падот.
Тогаш ја запознава Ирис, девојката која му покажува дека ништо во животот не е невозможно. Таа прави тој да се чувствува семоќно. Со неа, повеќе не мора да се бори сам. Па кога таа сонува, тој сонува со неа. Кога таа посакува нешто, тој ќе помести и планини за да ѝ го даде. А кога таа копнее за семејство, тој се заколнува дека ништо – дури ни невозможното – нема да им застане на патот.
Нивната љубов е неуништлива, неопислива, луда… Но што кога љубовта не е доволна?
Навидум совршен пар, тие бијат битка во тишина: битка која им ги тестира силите, надежта, телата и љубовта. И кога конечно го добиваат чудото кое го чекаат, мислат дека е готово. Но грешат. Судбината е безмилосна и ја распарчува нивната љубовна приказна. Стануваат туѓинци во сопствените животи, а нивната љубов почнува да напукнува од грешката која никој не може да ја поправи. За првпат, тие се на спротивна страна на битката.
Некои љубови преживуваат сѐ. Некои не. Но за некои вреди да се бориш… дури и кога се скршени. Можеби затоа што има некоја посебна убавина во љубењето со скршено срце.
-
-30%
Дневникот на непознатите
0Original price was: 370,00 ден.259,00 денCurrent price is: 259,00 ден.Проколнато село. Таинствен дневник. Минато што не сака да остане закопано.
Кога познатиот писател Давор пристигнува во селото Црвенокамен, поканет од сопственикот на најголемата приватна библиотека во Македонија, таму очекува инспирација — не мистерија за убиство од пред дваесет години. Но, во библиотеката наоѓа дневник со црвени корици, ист како оној што го имала неговата мајка.
Преку страниците, оживуваат гласовите на убиен наставник и забранета љубов, поврзани со животот на Давор повеќе отколку што тој може да замисли. Со секое ново откритие, сомнежот расте, минатото добива облик, а вистината е на раб да биде откриена.
Дневникот на непознатите е мистериозна, емотивна приказна што ги поврзува генерациите преку љубов, вина и откритија што менуваат сè.
-
-30%
Сите нејзини демони
0Original price was: 390,00 ден.273,00 денCurrent price is: 273,00 ден.Во срцето на Јужна Австралија, во напуштен ресторан среде паркот Драј Крик, полицијата наоѓа тело – обезглавено, совршено распарчено, внимателно завиткано – спакувано како нешто што никогаш не требало да биде пронајдено. Детективката Оливија Вест е назначена да го води случајот што не ѝ дава сон – и не ѝ остава простор за грешка. Таа не знае дека тоа што го гледа е само почеток на нешто многу пострашно.
Телото не можат да го идентификуваат. Времето на смртта е нејасно. А поврзаноста со местото – непостоечка. Додека Лив се обидува да собере какви било траги, случајот неочекувано ескалира: полицијата открива уште десет тела и мрежа од настани што води далеку од границите на Аделаида. Притисната од јавноста, Лив мора да го фати серискиот убиец пред темнината да ја проголта – не само професионално, туку и неа лично.
Шокантен психолошки трилер за злосторства кои не се забораваат, за тајни кои се пренесуваат од генерација на генерација и за демоните што се кријат во секој од нас. Ова не е само приказна за убиства. Ова е приказна за спас… ако преживееш доволно долго да го пронајдеш.
-
-30%
Тунел
0Original price was: 400,00 ден.280,00 денCurrent price is: 280,00 ден.Септември 1940: Бомбардирањето почнува. Воздушните напади на Лондон траат со месеци. Секоја вечер, десетици илјади луѓе се засолнуваат во подземјето: спијат на платформи, на ескалатори, до шините. И таму, длабоко под земјата, се запознаваат четворица млади.
Квин има петнаесет години. Таа побегнала од дома со торба полна накит и сака да го смени светот. Џеј има изгубено сѐ, па навистина нема зошто да му биде гајле за правилата. Себастијан е постариот брат на Квин, но таа не го спомнува неговото име. За неговото семејство, тој повеќе не постои. Ела има четиринаесет години и таа е онаа која ја раскажува приказната. Таа се чувствува невидливо, особено поради болеста во изминатата година. Но тогаш се појавува тунелот.
Ана Волц е една од најпопуларните современи холандски авторки, особено позната по своите длабоки и емотивни приказни. Нејзините дела се издвојуваат по своето чувствително прикажување на сложени теми како што се пријателството, идентитетот, загубата и издржливоста. Волц има добиено низа престижни награди за своето пишување, како и многу пофалби не само за интригантните заплети туку и за емоционалната длабочина и нијансираните ликови.

-
-30%
Балот на лудите жени
0Original price was: 400,00 ден.280,00 денCurrent price is: 280,00 ден.Историска драма за жените затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 век.
Во прочуената психијатриска болница „Салпетриер“, доктор Шарко го фасцинира општеството со своите јавни демонстрации на хипноза врз наводно луди жени отфрлени од семејствата. Но вистината е покомплицирана – тие не се навистина луди. Некои се несакани или непослушни сопруги, други мајки што не можат да ја преболат загубата на чедото, трети се ќерки што одбиваат да се покорат или девојки родени од вонбрачни врски. За париската елита, најзначајниот годишен настан е Балот на лудите жени, кога можат да ги набљудуваат пациентките облечени во свечени костими како танцуваат на звуците на валцерот. А за самите пациентки, балот претставува редок момент на надеж.
Женевјев е главна медицинска сестра во „Салпетриер”. По смртта на сестра ѝ Бландин, таа ја отфрла верата и се посветува на науката, слепо верувајќи му на познатиот доктор Шарко. Но нејзините убедувања се разнишуваат кога ја запознава 19-годишната Ежени – ќерка на угледно семејство, насилно затворена во болницата. Ежени има тајна: таа гледа духови. Инспирирана од забранетата Книга за духовите за која зборува цел Париз, таа е решена да избега од болницата, да се ослободи од ограничувањата на својот пол и да најде луѓе што ќе ѝ поверуваат. Но затоа ѝ е потребна помошта на Женевјев…
-
-30%
Незначајни партнери
0Original price was: 490,00 ден.343,00 денCurrent price is: 343,00 ден.Лена Вестбрук, перфекционист и работохоличарка, внимателно го планира и оркестрира секој детаљ од својот живот. Па, по две години врска, кога нејзиното момче ѝ раскинува вечерта кога таа очекува да ја побара за жена, збунета е до бескрај, а срцето ѝ е скршено. Тогаш бега во домот на саканата тетка, прекрасниот остров Бејнбриџ во Сиетл, да тагува на мир и да си дојде на себе. Првата вечер заспива во гостинската куќа. Но кога се буди следното утро, повеќе не е во колибата на островот, туку во мал шик париски стан – облечена во скапа свилена ноќница – до згоден парижанец кој мисли дека Лена му е сопруга.
Од елегантните соседства во Париз, допрекрасните пејзажи на Ирска
и блескавите хоризонти на Њујорк, па и многу неочекувани дестинации помеѓу тие, секојпат кога Лена се буди, таа e на некое друго место, со некој друг. Во секое искуство, добива шанса да види како би било да тргнела по некој друг пат. Колку повеќе ѝ се разјаснуваат нејзините минати одлуки, толку повеќе се прашува, дали некоја од овие романси воопшто била… значајна?Интересна, изненадувачка и магична новела која ги истражува сите „што ако” во животот, но најмногу, љубовта.
-
-30%
Првата лага е добитна
0Original price was: 520,00 ден.364,00 денCurrent price is: 364,00 ден.Таа ти го украде идентитетот.
Сега треба да си го вратиш.Иви Портер има сè што една обична девојка може да посака: прекрасно момче што ја сака, удобна куќа со двор и бела дрвена ограда, забавна група пријатели. Но… Иви Портер не постои.
Најпрво ѝ даваат нов идентитет: Иви Портер. Штом ќе ја добие и локацијата од мистериозниот шеф, господин Смит, таа дознава сè што може за градот и неговите жители. Потоа ја дознава целта: Рајан Самнер. А нејзината мисија е последното парче од сложувалката.Иви не го знае вистинскиот идентитет на господин Смит, но знае дека оваа задача е посебна. Но Рајан успева да ѝ се пикне под кожа и таа веќе почнува да замислува поинаков живот. Само, не смее да направи никаква грешка – особено по она од последниот пат.
А единствената работа што цел живот се обидува да ја зачува, единствениот идентитет на кој секогаш може да се врати – вистинскиот – одеднаш пристигнува во градот. Иви Портер мора да биде еден чекор понапред од своето минато и да се погрижи да има некаква иднина пред себе. Влогот не може да биде поголем. Но Иви отсекогаш сакала предизвик.
-
-30%
Светлината на Антикитера
0Original price was: 370,00 ден.259,00 денCurrent price is: 259,00 ден.Ангелики Апостолакис е туристички водич кој живее и работи на островот Лезбос во Грција. Таа е порасната во патријархално и конзервативно семејство каде зборот на таткото е закон. Токму поради тоа, нема избор, освен да работи во семејната туристичка агенција, иако не ѝ се допаѓа ниту работата, ниту работната атмосфера. Но, на една семејна вечера, нејзината братучетка, Зои, која живее на островот Наксос, успева да издејствува Ангелики да замине со неа, под изговор дека ѝ треба помош во работата.
На прошетка до локалните знаменитости, Ангелики случајно открива стара кутија полна со чудни предмети. Па двете братучетки, заинтригирани од откритието, се обидуваат да дознаат што е тоа што го пронашле и колкава вредност има. Потрагата ги води низ авантури на повеќе грчки острови. Како што се сретнуваат со различни луѓе и дознаваат сѐ повеќе информации за грчката митологија и легендите, така стануваат сѐ посвесни дека имаат пронајдено нешто исклучително. Толку исклучително што може да ги одведе и до исклучителна опасност. Затоа што, некој почнува да ги следи. Некој постојано им е зад петици. Кој знае за нивното откритие? И зошто е тоа толку важно за некого?
„Светлината на Антикитера“ е мистерија која ќе ве поведе на раскошно патување по грчките острови. Приказна која шета помеѓу минатото и сегашноста, задржувајќи го вниманието со тензија, неизвесност и интересни факти од грчката митологија сѐ до последната страница.
-
-30%
Како намќорот го спаси Божиќ
0Original price was: 470,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Изабел Кук има сериозен проблем. Нејзината семејна фарма, местото каде што воедно се одржува еден од најважните традиционални настани во Тиликум, Божиќното село, е во неволја. Голема неволја. А најлошото од сѐ е што човекот којшто се обидува да ја купи фармата е најголемиот намќор на светот – Илајас Стоунхарт. Нема теоретски шанси. Таа нема намера да му дозволи ни да им се приближи. Не со тоа негово камено срце.
Илајас е заинтересиран само за стекнување богатство, не пријатели. Особено откако неговиот шеф му го ветува долгоочекуваното унапредување. Сѐ што треба да направи е да убеди едно семејство, на кое бизнисот секако не му оди добро, да ја продаде фармата. Проблемот? Фармата е на семејството Кук. А Изабел Кук му е поранешна девојка.
И покрај тоа што има минато со Изабел, ова е само бизнис. И нема намера да дозволи една фармерка која го обожава Божиќ да застане помеѓу него и неговите амбиции. А Божиќ? Па тој го мрази! Божиќното село е глупост. Но кога доаѓа во малиот град, божиќниот дух – и Изабел – почнуваат да му се пикаат под кожа. И има шанси таа да е единствената која може да го стопи мразот на неговото ледено срце.
-
-30%
За тебе (Браќата Бејли #1)
0Original price was: 390,00 ден.273,00 денCurrent price is: 273,00 ден.Една ноќ ги зближува. Друга ги разделува.
На Грејс Мајлс ѝ недостасува лесното другарство со Ашер, но растењето значи оддалечување. А и вистина, како би можел да се вљуби во неа кога го имаат поминато детството валкајќи се во кал на потокот и делејќи мастика за џвакање? Но летово, нешто како да е поинаку. Да беше понаивна, Грејс ќе помислеше дека Ашер флертува со неа. Тие темни очи, цврстото тело и ѓаволестата насмевка ѝ будат пеперутки во стомакот и храброст во срцето да се надева на работи за коишто отсекогаш била убедена дека никогаш нема да ги има.
Затрескувањето во најдобрата другарка не би требало да е комплицирано, но за Ашер Бејли, љубовта кон Грејс е сè, само не едноставна. Патот до романса не е лесен благодарение на глутницата браќа кои се заштитнички настроени кон девојката од соседната куќа, бабата која не трпи глупости, малото гратче каде што озборувањето е секојдневна појава, и кавгата што се протега низ генерации. Но Ашер сфаќа дека неговите чувства се преголеми за да ги игнорира. Не ризикува со тоа што ја љуби. Ризикува ако дозволи да ја изгуби.
И една вечер, еден бакнеж менува сè.
Конечното признавање на чувствата е почетокот на нивниот среќен крај. Но нивната бајковита љубовна приказна трагично прекинува и никој од нив никогаш повеќе нема да биде ист. -
-30%
Чуварот на крокодили
0Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.Кога фикцијата и реалноста се пресретнуваат, границата меѓу нив може да биде крајно смртоносна.
Во центарот на Копенхаген, млада студентка е пронајдена брутално убиена во нејзиниот стан, а нејзиното лице обележано со чудни исеченици. Инспекторот Јепе Корнер и неговата партнерка Анет Вернер, одговорните на случајот, брзо откриваат дека минатото на жртвата е полно со мрачни тајни. Сопственичката на куќата и сосетка, Естер, пишува роман кој до најситен детаљ го раскажува убиството. Дали се работи само за обична случајност или макијавелистички план?
Јепе и Анет мораат да нурнат подлабоко во минатото на двете жени за да го откријат идентитетот на суровиот манипулатор кој остро ги влече конците во овој возбудлив трилер.
Скандинавска приказна која ќе ве остави без сон.
-
-30%
Враќање
0Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.ДУЕТ: RELEASE #2
Избори. Сите ги правиме. Секојдневни, незамисливи, еден избор може да ти го промени целиот живот. Мајка ми избра да нè напушти и да нè остави со нашиот насилен татко. Брат ми избра да оди во затвор затоа што го уби момчето што ја нападна неговата сродна душа. Камден Кол избра да се вљуби во скршена девојка која може да му понуди само болка.Тоа лето под дрвјата, со Камден, го најдов местото каде што припаѓав. Најдов пријател на кој секогаш можев да се потпрам. Момче што не умееше да го тргне погледот од мене. Беше мој, но кога светот се сруши и тајните се разоткрија, јас избрав да го напуштам.
Избори. Секој ги прави.
Но мојот нè уништи сите.