Саем на книга, 2018 – VIP Арена, Борис Трајковски
На 25/04/2018 | 0 Коментари

Големиот саем на книга годинава ќе се одржи од 3-9 мај, на нова локација: VIP Арена „Борис Трајковски“, со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Годинава ви подготвивме 8 нови наслови, бестселер до бестселер – сето она што важи за најголем хит во светот, сега ќе може да се најде на нашиот штанд.

Еве кои книги не смеете да го пропуштите на овогодинешниот саем на книга:

  1. Жената на прозорецот од А.Џ. Фин – трилерот кој веќе ја обележа 2018 година.
  2. Совршената замена од Хендрикс и Пеканен – уште еден трилер за кој зборуваат сите годинава.
  3. Фати ме од Лиса Гарднер – единствената и многупати докажана авторка ни дава можност да уживаме во уште еден врвен трилер.
  4. Го имам твојот број од Софи Кинсела – со огромно задоволство ви носиме нешто ново и неодоливо од кралицата на романтичните комедии и нашата најнова авторка!
  5. Еленор Олифант е океј од Гејл Ханимен – книга што не се опишува со една реченица, едноставно мора да се прочита!
  6. Светлината што ја изгубивме од Џил Сантополо – апсолутен хит за 2017 година, преведен во повеќе од 35 земји.
  7. Синдер и Ела од Кели Орам – прекрасна љубовна приказна за сите возрасти.
  8. Секој има своја приказна – за сите што уживаа во Крадец на колачиња.

Па, ве чекаме на саем! А во меѓувреме, разгледајте го нашиот каталог.

Напиши коментар