-
А.Џ. Фин
Жената на прозорецот
од: А.Џ. ФинАна Фокс живее сама – таа е како затвореник во нејзината куќа во Њујорк, од каде што не може да излезе. Ги поминува деновите пиејќи вино (можеби повеќе отколку што треба), гледајќи стари филмови, присетувајќи се на подобри времиња… и шпионирајќи ги соседите.
И тогаш во куќата отспротива се вселуваат Раселови: татко, мајка и нивниот син тинејџер. Совршеното семејство. Но кога Ана една вечер набљудува низ прозорецот како и обично, и здогледува нешто што не треба да го види, нејзиниот свет почнува да се руши – и шокантни тајни излегуваат на виделина.
Што е реално? Што е замислено благодарение на тешките апчиња што ги пие за нејзината состојба? Кој е во опасност? Кој ја има контролата? Во овој нездраво неизвесен трилер, ништо и никој не е тоа што се чини дека е.
440 ден 290 ден
7 на залиха
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
ISBN: 978-608-4672-94-4
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 375
Стефани – :
Убава приказна и баш добро смислена.😊
sani4jc – :
Интересен психолошки трилер.Очекував малку повеќе но ми се допадна. Топло ја препорачувам на љубителите на психолошки трилери 🙂
Тина – :
Дали премногу очекував ама книгата воопшто не ме воодушеви.
Предвидлива и прилично споро се одвиваат настаните.
Нена – :
На почеток дејството се одвива премногу бавно, читав речиси 150 страници кога почнувата да се заплетуваат настаните, добар пресврт на крај, но како за “бестселер” очекував многу повеќе. Вака само просечен трилер.
Slagjan – :
Иако почетокот е малку бавен, крајот е тотално неочекуван и возбудлив. Одличен психолошки трилер, препорачувам 🙂
Александар Николовски – :
Па не е лоша книгата, но Сакам Книги имаат далеку далеку подобри трилери… Не ми остави некој претеран впечаток, а приказната на моменти ми беше некако мрзлива и бавна, но секој ја доживува различно секоја книга. Крајот барем да речам ајде беше задоволителен. Како и да е, вреди да ја прочитате, од мене 3.5/5!
Наталија – :
Книгиште – крај: тотално неочекуван!