-
Гејл Ханимен
Еленор Олифант е океј
од: Гејл ХанименЗапознајте ја Еленор Олифант. Таа е девојка со тајни со кои не може да се соочи цел живот. Таа си има проблем со социјалните вештини и има обичај да го кажува баш тоа што го мисли. Таа се убедува себеси дека ништо не недостига во нејзиното внимателно испланирано време каде што викендите се посветени на замрзната пица, вотка и телефонски разговори со Мама. Сево ова значи дека Еленор е станата роб на навиките, а и малку осамена.
Но сè се менува кога Еленор го запознава Рејмонд, пелтечавиот и несреден тип од ИТ во фирмата каде што таа работи. Кога таа и Рејмонд заедно го спасуваат Семи, еден постар човек кој доживува незгода на улица, тројцата стануваа еден вид на пријатели кои меѓусебно се спасуваат од изолацијата во која живеат.
Низ низа горко слатки и траги комични моменти, големото срце на Рејмонд ќе ѝ помогне на Еленор да најде начин да го поправи нејзиното крајно оштетено срце. А ако таа конечно успее да се соочи со тајните што ги крие, можеби ќе успее да најде и пријателство, па можеби дури и љубов.
400 ден
Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги, па ја грабна дури и наградата Costa Book, 2017. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку години да направи филмски верзии од сите најголеми книжевни хитови, а веќе ги погледнавме: Големи мали лаги (Big little lies) и Ејми ја нема (Gone girl). Искрено, едвај чекам да видам како ќе изгледа ова дело на големите екрани!
Долго се мислев дали воопшто да ја прочитам книгава и покрај сите награди и нездраво добри рејтинзи; искрено, оригиналната корица со некоја матна жена во портокалова блуза ич не ме привлекуваше. Мислев дека е некоја тешка, претенциозна глупост. На крајот, сепак решив да ѝ дадам шанса и кога ја почнав, не можев да ја оставам сè додека не ја дочитав доцна во ноќта. Ајде малку за книгата!
Запознајте ја Еленор Олифант. Таа е девојка со тајни со кои не може да се соочи цел живот. Таа си има проблем со социјалните вештини и има обичај да го кажува баш тоа што го мисли. Иако не се потенцира во книгата, мислам дека Еленор е некаде на спектарот на аутизмот, можеби со Аспергеров синдром – нејзиното однесување ќе им биде познато на сите што гледаат The big bang theory и го сакаат Шелдон. Таа се убедува себеси дека ништо не недостига во нејзиното внимателно испланирано време каде што викендите се посветени на замрзната пица, вотка и телефонски разговори со Мама. Сево ова значи дека Еленор е станата роб на навиките, а и малку осамена. Но сè се менува кога Еленор го запознава Рејмонд, пелтечавиот и несреден тип од ИТ во фирмата каде што таа работи. Кога таа и Рејмонд заедно го спасуваат Семи, еден постар човек кој доживува незгода на улица, тројцата стануваа еден вид на пријатели кои меѓусебно се спасуваат од изолацијата во која живеат.
Низ низа горко слатки и траги комични моменти, големото срце на Рејмонд ќе ѝ помогне на Еленор да најде начин да го поправи нејзиното крајно оштетено срце. А ако таа конечно успее да се соочи со тајните што ги крие, можеби ќе успее да најде и пријателство, па можеби дури и љубов.
Можеби на некои луѓе книгава ќе им биде чудна, можеби Еленор ќе им биде чудна и самата ќе речам дека не е за секого, не е за луѓе со малку позатапени емоции, не е за луѓе кои не знаат ништо за аутизмот и луѓето со социјални анксиозности. Треба да имате срце и мека душичка за да се поврзете со незамисливата, а сепак пресимпатична Еленор која просто не може да излезе од дома без да навреди некого, иако не е ни свесна за тоа. Мислам дека тоа всушност е најголемиот трик што го има направено госпоѓата Ханимен со оваа книга, има успеано да направи читателите да се заљубат во лик кој дава сè од себе да биде недопадлив. Тоа не е лесна задача!
Инаку, дејствијата течат одмерено и природно со некое тамамско темпо, а мистеријата за тајните на Еленор што се плете до самиот крај додава една нова димензија на приказната што цело време држи во неизвесност. На крајот, ја читаш последната реченица, воздивнуваш и воодушевено ја лепиш книгата за гради. Кога така се завршува една книга, со целосно исполнета душичка, не можам да не им ја препорачам на сите што ги познавам. Па, луѓе, што чекате? Фаќајте се за Еленор Олифант е океј.
ISBN: 978-608-4672-91-3
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 320
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Книгава е купче од емоции,многу убава приказна!😍🤗
Филипоска (го има купено овој производ од сајтот) – :
Убава книга која ќе ве насмее и растажи истовремено! 🙂
Маја – :
Интересна, емотивна книга… Морам да признам дека предвидов што се крие позади приказната zа Еленор, освен еден twist кој претпоставувам е актуелен периодов во писателскиот свет(го имаше и во жената на прозорецот) што мене лично не ми се допадна и не го постигна ефектот кој претпоставувам требало да се постигне. Ми се допаѓа ликот на Еленор, нејзиниот хумор како и вистинскиот приказ на некои секојдевни работи кои ние луѓето треба да ги правиме и кои таа ги исмејува на многу интелегентен начин. Од друга страна, баш поради тоа дека сум запознаена со аутизмот и со недостикот на чувство за социјално однесување, и честитам на Еленор што успеала да се вклопи во работниот свет и да опстои толку долго време. 🙂
Slagjan – :
Емотивна, комична и непредвидлива приказна со интересни пресврти. Гледано од психолошки аспект книгата си е супер, јас ја препорачувам 🙂
Наталија – :
Совршено, емотивно, неповторливо.
Bube – :
Клопко од толку многу емоции на едно место!
Популарноста е оправдана, книгава навистина е неверојатна 🙂
Оваа книга е право богатство!