-
Грир Хендрикс и Сара Пеканен
Совршената замена
од: Грир Хендрикс и Сара ПеканенЖЕНАТА ПРЕТХОДНО…
Ванеса и Ричард биле во брак седум години – сè додека не ја оставил за друга жена, некоја помлада и попосакувана. И таа сега ги поминува деновите навраќајќи се на болни спомени и обидувајќи се да сфати кога работите меѓу нив тргнале во толку лош правец. Но се разбира дека ни таа не е апсолутно невина во сето тоа – таа никогаш не била жената за која ја сметал Ричард.
ЖЕНАТА ОТПОСЛЕ…
Нели е свршена за човекот од нејзините соништа. Ричард е грижлив, харизматичен и успешен, но најважно од сè, ѝ ја дава безбедноста по која секогаш копнеела. Но како што нивната свадба наближува, таа сè повеќе има чувство дека некој ја следи и набљудува.
СОВРШЕНАТА ЗАМЕНА…
Никој не ја знае вистината за тоа што точно се случува во еден брак, дури ни за оние кои од страна личат на среќни бракови. Но Ванеса е сигурна во едно: ќе направи сè што треба за да ја запре свадбата на Ричард пред да биде предоцна. Таа нема да дозволи нејзината совршена замена да му стане нова сопруга.
440 ден308 ден
Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па си седнав релаксирано попладнето со Киндлот и една кутија чоколатца и додека да се свестам, веќе беше стемнето, бев стигната до пола книга и имав изедено пола од кутијата со чоколади. Ова ќе го кажам од старт; иако има доста пресврти во неа, не е книга што ќе ве шокира и ќе ве акне од земја, но дефинитивно е книга што не се остава, едноставно влече и те тера да се залажуваш со „Ајде само уште една глава, и ајде само уште една“ сè додека не ја прочиташ цела.
Па ајде малку за дејствието: Ванеса и Ричард биле во брак седум години – сè додека не ја оставил за друга жена, некоја помлада и попосакувана. И таа сега ги поминува деновите пиејќи и навраќајќи се на болни спомени, обидувајќи се да сфати кога работите меѓу нив тргнале во толку лош правец. Но се разбира дека ни таа не е апсолутно невина во сето тоа – таа никогаш не била жената за која ја сметал Ричард. Полека патуваме со неа, се навраќаме во минатото и дознаваме што се случувало во нивниот брак.
Од друга страна, помладата Нели е свршена за човекот од нејзините соништа. Ричард е грижлив, харизматичен и успешен, но најважно од сè, ѝ ја дава безбедноста по која секогаш копнеела. Но како што нивната свадба наближува, таа сè повеќе има чувство дека некој ја следи и набљудува. Се гледа дека и Нели има некоја скриена приказна, но уште не знаеме што е тоа.
Она што беше интересно е тоа дека додека ја читав книгава, буквално ме болеше срце за Ванеса. Секојпат кога ќе се спомнеше Нели и кога Ричард се потресуваше околу неа, чувствував љубомора како да се работи за мој маж и тоа е она што ми покажа колку авторките успешно си ја завршиле работата. Нели ми беше допадлива, а истовремено ме нервираше зошто Ричард ја сака, зошто не е веќе со Ванеса. Ова беше чуден и интересен конфликт на емоции за мене.
Никој не ја знае вистината за тоа што точно се случува во еден брак, дури ни за оние кои од страна личат на среќни бракови. Но Ванеса е сигурна во едно: ќе направи сè што треба за да ја запре свадбата на Ричард пред да биде предоцна. Таа нема да дозволи нејзината совршена замена да му стане нова сопруга.
Ќе запрам тука за да не ви го расипам читањето и се надевам дека ќе ви го задржи вниманието како што ми го задржа мене. Веќе најавија и филм по книгата, па ако стигне до финална фаза, баш би сакала да го изгледам.
ISBN: ISBN 978-608-4672-98-2
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 370
Marijana – :
Odlicna prikazna. Preporacuvam.
Nadja – :
Искрено кога ја земав да ја читам книгава бев многу скептична, мислев дека не е ништо посебно. Ама буквално се чита во еден здив. Поготово последните 50 страници ги прочитав без да трепнам, неизвесна и заплеткана до самиот крај на книгата. Ја препорачувам, и да не ве лажат критиките и негативните коментари, кои во случајов мене само ме поттикнаа да ја прочитам што побрзо.❤️
Гордана – :
Прекрасна книга.
Слаѓан – :
Ја почнав со не многу големи очекувања, но како што се приближував кон крајот сфатив дека едвај чекав да видам што ќе се случи и како ќе заврши. Има добри, неочекувани пресврти и приказната во целост ми го задржа вниманието; ја препорачувам 🙂
Нена – :
Книга која совршено покажува што се’ може да се крие под “совршеноста” на некои бракови. Особено ми се допадна пресвртот кога авторките ги спојуваат ликовите на “жената претходно” и жената сега”. Книга со не толку напнати но интересни пресврти и крај со поука дека секоја приказна има две страни.
Мила – :
Интересни пресврти. Супер книга што ми го задржа вниманието!
Цаци – :
Воглавно книгата беше добра и во поголемиот дел од книгата неможев да сфатам што се случува интересна и мистериозна ми беше, само не ми е јасно зошто не открија што се случи со Дјук, на крајот млако 🤔
Александар Николовски – :
Со исклучок на крајот, целата книга ми беше некако недоволно напната. Стилот и ликовите ми се допаднаа, но очекував многу многу повеќе…
Наталија – :
Совршена книга.
Bube – :
Иако сеуште се крчкат импресиите од прочитаното, секако можам да кажам дека ова е интересна книга, која читајќи го синописот мислиш дека сепак е прилично јасна приказна, но кога ќе почнеш да читаш се случуваат интересни, неочекувани работи. И она што многу ми се допадна во врска со оваа книга е што писателки е немаат напишано со крај за шок ефект, него е убаво спакувано со соодветен крај 🙂
Секако е препорачувам оваа книга! 🙂