Почитувани читатели и преведувачи, сакаме да ве известиме дека официјално е затворен огласот за нови преведувачи, бидејќи одбравме преведувач од апликантите (Ивана Павловска), а остваривме и контакти со повеќе потенцијални идни преведувачи.
На огласот аплицираа над 200 преведувачи, па не бевме во можност да ги известиме сите посебно за крајните резултати, особено затоа што моравме да ги провериме сите 200 кратки пробни преводи. Дел од апликантите преку мејл беа известени дека не се влезени во потесен круг, доколку не сте во тие, значи постои можност да бидете контактирани во следната прилика кога ќе имаме потреба од преведувач плус.