-
Лорен Лејн
Онаа ноќ во Њујорк
од: Лорен ЛејнЛинколн Матис не ја крие својата репутација на главен плејбој во Менхетен. Впрочем, ја култивира. Но зад секоја кокетна насмевка, секој провокативен коментар, има тајна што Линколн ја крие дури и од своите најдобри пријатели – трагедија од минатото што тивко го држи неговото срце како заробеник. Линколн знае што сака: некоја како Дејзи Синклер, паметната и остра, а сепак страшно мила деверица што не може да престане да ја гледа на свадбата на неговите најдобри пријатели. Но тој воедно знае дека таа е сè што тој никогаш не може да има.
По еден страшно лош развод, на Дејзи не ѝ треба никој да ја предупредува да не се доближува до шармантниот кум на свадбата на сестра ѝ. Доволен е само еден поглед и таа знае дека згодниот Линколн Матис е баш од оној тип на мажи што треба да ги избегнува. Но кога Дејзи случајно ја дознава тајната на Линколн , сфаќа дека во шармантниот плејбој има многу повеќе од она што се гледа со голо око. И одеднаш животите на Дејзи и Линколн беспомошно се испреплетуваат на едно патување што или ќе ги исцели нивните ранети души… или ќе ги уништи засекогаш.
390 ден273 ден
Моментално недостапна
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
ISBN: 978-608-4672-87-6
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2017
Број на страници: 290
Irena – :
Книгите на Lorain Layne се забавни, кокетни и секси, но ова е најемотивното нејзино издание! Сите нејзини книги те тераат да ги читаш во еден здив, но оваа со кнедла во грлото 🙂
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Ако сакате убаво да се насмеете и релаксирате,топло ви ја препорачувам!😊🥰
Мила – :
Лорен Лејн е супер за опуштање. Дефинитивно одлично „си поминав“ додека ја читав и оваа книга од неа.