-
Коски на срцето
4440,00 денЖивотот и безвредното презиме се единствените две работи што родителите некогаш ѝ ги дале на Бeја Грим. Откако потполно сама си го пробива својот пат во животот, Беја е насочена кон поголеми и подобри нешта, сето тоа благодарение само на самата себе.
Кога само два кратки месеци ја делат од иднината за која сонува цел живот и од минатото кое очајно сака да го остави зад себе, неочекувана смрт ја става во ситуација да остане без кров над главата.
Принудена да побара помош од последниот човек на светот од кого би сакала да бара што било, таа мора да го помине остатокот од летото на полуостров во Тексас со татко си кој едвај го познава.
Беја планира да остане тивка и незабележлива, па летото да помине безболно и брзо, но нејзиниот нов сосед, Самсон, го разнишува нејзиниот совршен план.
На прв поглед, Самсон и Беја се потполно различни. Таа израснала во сиромаштија, запоставена од своето семејство; тој потекнува од богато семејство со изобилство од привилегии. Единственото нешто што им е заедничко е тоа што и двајцата ги привлекуваат тажни нешта, што значи дека двајцата меѓусебно се привлекуваат.
Кога хемијата меѓу нив станува премногу силна за да се игнорира, двајцата се согласуваат на една незначајна летна романса. Она што Беја не го предвидува е бранот од емоции што надоаѓа и ризикот истиот да ја одвлечка во најопасните длабочини.
-
Ти си тој што го сакам
2400,00 денМеди, облечена во бело, стои на влезот од црквата. Пред олтарот се наоѓа Роб – човекот со кој ќе се мажи. До Роб стои Бен – кум и најдобар пријател на невестата и младоженецот. И тоа е проблемот.
Затоа што ако пред олтарот не ја чекаше Роб, постои голема веројатност тоа да беше Бен. Лојалниот и чувствителен Бен кој отсекогаш си ги чувал чувствата за себе, но кога би се свртел сега да ? каже на Меди дека прави голема грешка, дали таа би слушала? И дали тој би бил во право?
Тие се најдобри пријатели од детството; Меди, Бен и Роб – неразделни. Но љубовта менува сe. Меди мора да донесе одлука, но дали ќе ја донесе правилната? Нејзиното срце, а дефинитивно и срцата на двајцата најдобри момци што ги познава, зависат од тоа…
-
Маријана
2420,00 денЧудесна, неизвесна и богата приказна за љубителите на Лусинда Рајли…
Џулија Бекет за првпат ја здогледува куќата Грејветерс на само пет години, но уште тогаш има некое претчувство дека тоа некогаш ќе биде нејзина куќа. И кога конечно станува сопственичка на куќата после долги години, почнува да се сомнева дека постои причина што била привлечена кон неа.
Како Грејветерс да е портал помеѓу два света, таа во соништата повремено се транспортира во седумнаесеттиот век и станува Маријана; млада жена во Англија која се бори против опасности, сиромаштија и предавства, сето тоа под прангите на забранета љубов.
Со секое враќање назад, Џулија станува сè поопседната со минатото… па почнува да се плаши дека животот на Маријана целосно ќе го засени нејзиниот и мора да најде начин некако да го остави минатото зад себе или ќе ја изгуби шансата за среќа во сегашноста.
-
Знаеш ли да чуваш тајна?
5420,00 денЗапознајте се со Ема Кориган, млада жена со огромно срце, нескротлив дух и неколку мааали тајнички. Тајни што ги крие од нејзиниот дечко (како на пример тоа дека нема баш 52 килограми), тајни што ги крие од нејзината мајка (како на пример тоа кога и каде ја изгубила невиноста). Тајни што не би ги споделила со никој на светот, како на пример тоа дека истура кафе во цвеќето на злобната колешка на работа секогаш кога ја вади од такт. Сè додека не се најде во опасна ситуација за време на еден лет, па мислејќи дека авионот ќе се урне, во паника му се исповеда за сè по ред на непознатиот тип до неа.
Но само неколку дена подоцна, се покажува дека тој не е толку непознат. Впрочем, Џек Харпер е милионерот кој ја поседува компанијата каде што работи Ема – значи, нејзин директор. И тој сега го знае секој најмал понижувачки детаљ за неа…
„Ова е книгата која ми ја откри Софи Кинсела и никогаш нема да можам доволно да се заблагодарам. Откако ја открив, се заљубив и тргнав од книжарница во книжарница да барам повеќе книги од Софи. Едноставно ми требаше уште, уште и уште“.
-
Синдер & Ела
6390,00 денПомината е цела една година од сообраќајната несреќа на Ела, благодарение на која таа останува без мајка, со куп лузни по телото и неспособна да се движи без помагало. По долгиот и тежок процес на заздравување, Ела е принудена да се пресели кај таткото кој ја напуштил уште кога била мало дете. Ако Ела сака да побегне од домот на татко ѝ и нејзиното ново ужасно „семејство“, мора да ги убеди нејзините доктори дека е способна, физички и емоционално, да живее сама. Проблемот лежи во тоа што таа уште не е подготвена за тоа. И нема ниедна друга идеја како би можела да го отпочне овој процес на заздравување, освен повторно да се поврзе со единствената останата личност на светот која некогаш ѝ значела нешто – нејзиниот анонимен најдобар пријател од интернет – Синдер.
Холивудската ѕвезда Брајан Оливер има репутација на проблематично момче. Веќе се шират гласини дека е можно да биде номиниран за Оскар, но неговиот менаџер е убеден дека луѓето никогаш нема да почнат да го сметаат за сериозен актер ако не ги остави лудите денови зад себе. Па со цел да го изгаснат огнот околу неговата репутација на лошо момче, неговите агенти организираат лажна свршувачка со негова колешка актерка. Брајан не е воодушевен од идејата – ниту пак од неговата лажна свршеница – но решава дека ќе издржи ако тоа може да му донесе Оскар. Тогаш добива еден изненадувачки мејл кој менува буквално сѐ.
-
Живот за живот
4380,00 денЏил МекСвини посакува само сѐ да може да се врати во нормална состојба.
Но по смртта на татко ѝ, нејзиното огледало, човекот кој цел живот ја учел како да биде подобра личност, таа повеќе нема желба за ништо и едноставно се оддалечува од сите кои сакаат да ѝ помогнат: нејзиното момче, нејзините пријатели, нејзината мајка… И сега, кога мајка ѝ одлучува да посвои бебе, таа се чувствува гневно поради обидот еден живот да се замени со друг, бидејќи, се разбира, никој и ништо не би можел да го замени татко ѝ – сонцето на нејзиниот живот.
Менди Калиновски знае како е да пораснеш без никој да те сака, со мајка која никогаш не сакала да има дете.
Па кога останува трудна, таа е сигурна во една работа, дека сака подобар живот за своето дете. Но дали постои некаква шанса таа некогаш да најде подобар живот за себе, бидејќи, ако сме реални, таа и самата сѐ уште е дете? Ќе најде ли некогаш некој кој ќе се грижи за неа?
-
Онаа ноќ во Њујорк
4390,00 денЛинколн Матис не ја крие својата репутација на главен плејбој во Менхетен. Впрочем, ја култивира. Но зад секоја кокетна насмевка, секој провокативен коментар, има тајна што Линколн ја крие дури и од своите најдобри пријатели – трагедија од минатото што тивко го држи неговото срце како заробеник. Линколн знае што сака: некоја како Дејзи Синклер, паметната и остра, а сепак страшно мила деверица што не може да престане да ја гледа на свадбата на неговите најдобри пријатели. Но тој воедно знае дека таа е сè што тој никогаш не може да има.
По еден страшно лош развод, на Дејзи не ѝ треба никој да ја предупредува да не се доближува до шармантниот кум на свадбата на сестра ѝ. Доволен е само еден поглед и таа знае дека згодниот Линколн Матис е баш од оној тип на мажи што треба да ги избегнува. Но кога Дејзи случајно ја дознава тајната на Линколн , сфаќа дека во шармантниот плејбој има многу повеќе од она што се гледа со голо око. И одеднаш животите на Дејзи и Линколн беспомошно се испреплетуваат на едно патување што или ќе ги исцели нивните ранети души… или ќе ги уништи засекогаш.
-
На улица Шкотска
2390,00 денШенон Меклауд бега од своето минато и нема доверба во никого. Таа отсекогаш била позната по бирањето погрешни мажи, по влегувањето од една токсична врска во друга, но последниот бивши ја освестил на најлошиот можен начин. Па со тотално уништен живот, си се заколнува дека ќе се држи на растојание од мажите, а особено од оние лошите момци.
Кол Вокер е баш од оние типови што Шенон сака да ги избегнува – прекрасен, згоден, тетовиран, шармантен и арогантен. Но неговата груба надворешност крие добар човек кој е подготвен да ја најде Вистинската. Тој е решен да ја извлече Шенон од нејзината самотија и да го освои нејзиното срце. Кога тој конечно полека почнува да ја стекнува нејзината доверба, минатото се враќа да ја прогонува и нејзините стравови ја уништуваат довербата што Кол ја има изградено меѓу нив. Тоа минато и тие стравови се закануваат да ги разделат засекогаш.
-
Ќе има друг ден
6390,00 денВо оваа бескрајно симпатична приказна, една девојка тргнува да ја комплетира својата тајна листа со цели од детството и дознава дека животните соништа ќе ја доведат до животен пат кој никогаш не го очекувала.
1. Да одам во Париз.
2. Да изведувам во живо, на огромна сцена.
3. Да родам бебе, можеби и две.
4. Вистински да се вљубам.Брет Болинџер има заборавено на тајната листа со желби што ја има напишано како наивна тинејџерка. Впрочем, сега возрасна личност, таа смета дека има сè што еден човек може да посака – убава работа во огромната семејна компанија, голем и скапо уреден стан и неодоливо момче.
Но кога нејзината сакана мајка умира, светот на Брет се накривува на својата оска. Наместо едноставно да ја назначи за директор на семејната компанија како што се очекува, Елизабет остава тестамент кој ги вџашува сите: таа бара нејзината ќерка прво да ја комплетира целата листа со цели и желби од детството што ја направила пред петнаесетина години.
-
Една од момците
2390,00 денОпасниот спортски уредник Кол Шарп работи за списанието Оксфорд со години, па кога дознава дека се отвора одлична, редовна работна позиција, претпоставува дека ќе биде прв и единствен избор. Тогаш неговиот шеф му фрла една бомба: Кол има конкуренција. И тоа женска конкурентка, во форма на една симпатична машкуданка која се дружи со момците. Кол обично сака типични заводнички, русокоси со облини, но сега му се буди посебен интерес за слабичката, малку дрска ривалка, па макар и само за да ја држи на око. Но наскоро сфаќа дека веќе не може да го одлепи погледот од неа.
Пенелопе Поуп многу добро знае дека сите ја сметаат само за една од момците. Таа си ја има научено лекцијата дека посакувањето обично води до разочарување, па се има помирено со тоа дека очигледно ќе мора засекогаш да си „седи на клупа“ кога станува збор за љубовта. Па зошто тогаш Кол ја тера да посака да се врати во играта?
-
Кога сакаш некого
3420,00 денГодините поминати во неуспешни обиди да се зачне и роди дете имаат скршено многу повеќе од срцето на Енџи ДеСариа. Таа и нејзиниот сопруг веќе не можат да се борат со болката ни со заеднички сили, па по болниот развод, Енџи се преселува во родното гратче и го презема управувањето на нивниот семеен ресторан. Во Вест Енд, каде што животот надоаѓа и спласнува како и плимата во океанот, среќата на Енџи почнува драстично да се менува кога запознава една млада девојка со проблеми и се спријателува со неа.
Енџи ја вработува Лорен Рибидо затоа што гледа нешто посебно во седумнаесетгодишното девојче. Тие брзо се поврзуваат и кога мајката на Лорен одеднаш ја напушта, Енџи му нуди кров над глава на девојчето.
Но ништо не може да ја подготви Енџи за реперкусиите од овој акт на љубезност. Заедно, двете жени – едната што копнее за дете и другата што копнее за мајчинска љубов – животот ги тестира како никогаш претходно.
-
Улица Индија
1390,00 денНа последната средба на Хана Николс со Марко Д’Алесандро пред долги пет години, тој ѝ го крши срцето. Лошото момче со скриена мила страна во себе е единствениот тип што Хана некогаш го сакала – и единствениот маж со кој некогаш била. По една страсна ноќ кога тој не успева да ѝ одолее, Марко одеднаш заминува од Шкотска, оставајќи ја Хана без збор. Скршена од последиците од нивната заедничка ноќ, Хана никогаш не успева потполно да го заборави, да му прости за тоа што ѝ го направил и да продолжи понатаму со својот живот.
Марко знае дека тоа што ја оставил Хана му била најголемата грешка во животот и со години се кае за тоа, па кога судбината конечно повторно ги спојува, одбива да се откаже од неа без борба. Решен да ја освои, се обидува да ја потсети на сите причини поради кои треба да бидат заедно. Но баш кога помислуваат дека можеби сепак можат да имаат иднина заедно, Хана открива нешто што ја ослободува тајната болка што ја крие од него – тајна што може да ги раздели пред да добијат шанса да почнат одново.
-
Проблемот со бившите
3390,00 денЕма Синклер е експертот за раскинувања и скршени срца на списанието Stilleto, а таа е најдобра во тоа што го работи затоа што пишува од лично искуство. Пред пет години, Ема била лудо вљубена идна невеста. Сега е ледената кралица на Менхетен. Ема го оставила Југот зад себе, но дури ни нејзините најдобри пријателки не знаат дека си го оставила и срцето таму. Сега, нејзиниот шеф во Stilleto ѝ дава задача да се соочи со сите нејзини бивши; меѓу кои и ѓаволесто секси типот што ја оставил пред олтарот.
Алекс Кесиди упорно си ги гледа сите соништа како му се рушат пред очи. Кога конечно наоѓа нова професија што ја сака, чиста коинциденција е што одбира работа во истата област и во истиот град како неговата поранешна свршеница… така? И Алекс не може да не се прашува што ќе беше… Но за разлика од наивната девојка што ја помни тој, оваа Ема е кул, софистицирана и нездраво самоуверена – и таа не сака да има апсолутно ништо со него. Проблемот е во тоа што Алекс никогаш не ја посакувал повеќе.
-
Ова завршува со нас
22420,00 денПонекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.
Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.
Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.
-
Тој рече, таа рече
5390,00 денКако една од главните колумнистки на Stilleto, Грејс Брајтон се има прославено предупредувајќи ги жените за расипани, неверни лажговци. Таа само никогаш не се посомневала дека и нејзиниот свршеник би можел да биде еден од нив.
Џејк Мелоун сака да му се врати на својот стар авантуристички, спонтан живот и точно знае како да го изведе тоа. Во Oxford се отвора нова секција за патувања и Џејк – без жена, деца и подготвен да живее каде било – е совршен за работата… само што неговата репутација на плејбој не му влева многу доверба на неговиот шеф. За да ја добие работата, мора да се согласи на заедничкиот проект со Stilleto. Но по само еден состанок со неодоливата, дрска и сензационална Грејс Брајтон, Џејк почнува да ја сфаќа оваа задача многу посериозно.
-
Господин Неодолив
2390,00 денСе ближи најфамозната свадба на годината… Луси Јорик е ќерка на поранешната претседателка на Америка. Мег Коранда е дете на филмски ѕвезди.
Едната од нив треба да се омажи за господинот Неодолив – Тед Бодин – миленичето на Винет, Тексас. Другата не е среќна поради тоа и решена е да ја спаси својата пријателка од болка.Но иако Мег знае дека откажувањето на свадбата на нејзината најдобра пријателка е вистинскиот потег, очигледно е дека никој друг не се сложува со неа. Па таа станува најомразената жена во градот уште пред Луси да каже „да“ – а тоа патем е град каде што е заглавена со празен паричник, кола со дупнати гуми и еден многу бесен извисен младоженец.
