-
Дејзи Џонс енд Д сикс
0450,00 денСите ги знаат „Дејзи Џонс енд Д сикс“: албумот „Аурора“ на овој бенд ја дефинираше ерата на рокенролот во доцните седумдесетти и цела генерација девојчиња сакаа да бидат како Дејзи кога ќе пораснат. Но, никој не ја знае причината за распаѓањето на групата, една вечер по нивниот последен концерт на стадионот во Чикаго, на 12 јули 1979 година… сè досега. Дејзи е девојка на прагот на полнолетството во Лос Анџелес во доцните шеесетти години од минатиот век, која се прикрадува во клубовите на Сансет Стрип, спиејќи со рок-ѕвезди и која сонува да пее во „Виски а гоу-гоу“. Сексот и дрогата се возбудливи, но рокенролот е она што таа го сака најмногу. Кога ќе наполни дваесет години, нејзиниот глас ќе биде забележан, а нејзината зашеметувачка убавина ги предизвикува луѓето да прават луди работи. Паралелно ја следиме приказната за „Д сикс“, бенд предводен од меланхоличниот Били Дун. Вечерта пред нивната прва турнеја, неговата девојка дознава дека е бремена. Под притисок на претстојните татковство и слава, Били за време на турнејата комплетно откачува. Патиштата на Дејзи и Били ќе се вкрстат кога продуцентот сфаќа де
-
Див живот
0420,00 денРазмислувајќи за животот, онаков каков што е даден…
Див живот се случува во Алжир во 1979, романот е долг монолог на една млада девојка Алија која има 14 години. Таа се навраќа на минатата година од нејзиниот живот, една година по исчезнувањето на нејзиниот другар од детството, Сами. За да не го заборави, таа пишува, се навраќа на местата кои ги поврзуваат, случките кои ги поминале во текот на годините. Оваа книга е портрет на една млада девојка која навлегува во периодот на адолесценција, која не се чувствува добро во својата кожа и во своето тело. Ова е израз на голема тага, на голема осаменост, но и визија за светот на возрасните и животот.
НИНА БУРАУИ е родена во Рен во 1967 година, од татко алжирец и мајка французинка со потекло од Бретања. Првите четиринаесет години од нејзиниот живот ги поминува во Алжир. Потоа живее во Париз, Цирих и Абу Даби. Во нејзините романи таа пишува за љубовта, идентитетот и нејзините проблеми како и за нејзиното детство во Алжир за кој има носталгија. Уште од нејзиниот прв роман во 1991 година, се гледа дека нејзините дела се под влијание на Маргарет Дурас. Истребувањето, желбата и пишувањето се најчести теми на нејзините дела. Нејзините книги се преведени на повеќе од петнаесет јазици.
-
Децата од улицата Пал
0350,00 ден„Децата од улицата Пал“ е роман за ривалството на две детски дружини од Будимпешта и нивните борби за освојување на просторот за играње.
Во улицата Пал во Будимпешта живеела група момчиња чијшто најголем непријател била дружината на црвените кошули од ботаничката градина. Повод за конфликт на двете групи деца е запленувањето на џамлиите на Немечек од улицата Пал од страна на браќата Пастор од противничката група.
Децата го минувале своето немирно детство во воени игри, имитирајќи ги возрасните и јунаците од прочитаните авантуристички романи. Но, на крајот, безгрижното детство ќе биде трагично прекинато…
-
Возот в снег
0250,00 денВо Јабуковац во Велико Село живеат тројцата другари: Љубан, Драга и Перо. Учениците од селското училиште со нивниот наставник со воз одат на излет во градот.
Таму, во печатницата се заблагодаруваат за бесплатниот пат до Загреб со песна, а на крајот одат во зоолошката градина. Меѓутоа, наставникот се разболува во градот и
останува во болница, па децата мораат сами да се вратат. На враќање, поради силното невреме, возот се заглавува во снежните наноси. Железничарите и децата
се исправени пред сериозен предизвик: ќе успеат ли безбедно да се вратат дома?
-
Шармери од осмо
0250,00 денВо својот зелен нотес, будниот училиштен педагог Златан Самоилов запиша:„Мали вербални препукувања…“
Токму така почнува приказната за закачките помеѓу учениците од осмо-А и нивните врсници од осмо-Б одделение во училиштето „Септември“. Иако видно вознемирени и желни за одмазда, двете одделенија успеваат да најдат заеднички јазик и да ги премостат закачките и караниците, формирајќи заеднички тим за турнирот во мал фудбал. Нивниот тим „Шармери“ ги освојува срцата не само на девојчињата туку и на директорот на училиштето Бојан Милјановски, кој го одржува својот збор и ја закачува врамената фотографија на „Шармерите“ на ѕидот во својата канцеларија,
наспроти работната маса.
Шармот на младите „Шармери“ зрачи не само на фудбалскиот терен туку и надвор од него, вљубените срца почнуваат да бијат посилно…
-
Мојот пријател А
0200,00 денПриказната започнува во една таванска соба во куќата на Баба Баба во Охрид. Таа е двапати баба бидејќи прво ù е баба на мајка му на Јане, а потоа е баба на Јане.Таа е мајка на бабата на Јане, а на Јане му е прабаба. И токму во таа таванска соба, што некогаш била кат во кој НЕ се чувале старите работи, Јане го запознава својот пријател А. Токму таа зима кога Јане има девет години се качува во таванската соба по најубавото ново нешто – слаткото на Баба, но кога посегнува по теглите на рафтот се случува катастрофа. Пропаѓа во распараното седиште на столот на кој е поткачен и неколку тегли паѓаат на земја. Две тегли ги спасува стариот килим на тетка му, но од едно купче срчи нешто силно почнува да чади… Токму тој чад е пријателот А, што би бил скапоцен пријател за секое дете.
-
Автобиографија
0200,00 денГригор Ставрев Прличев е истакнат македонски писател од времето на романтизмот (или преродбата) и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Во неговиот богат опус спаѓаат поемите „Сердарот“ и „Скендербег“, песната „В хилјада седемстотин шездесет и второ лето“, есејот „Критик и преведувач“, делото „Автобиографија“ и неколку обиди за преведување на Хомеровата „Илијада“.
Делото „Автобиографија“ е објавено во 1894 година додека Прличев работи како учител во Солун. Во неа тој ги исцртува главните контури на сопствениот живот: фигурата на неговата измачена мајка, интелектуалното влијание на Димитар Миладинов, постојаните борби со грчките власти, престојот во затвор, како и многубројните патувања и учителствувања низ Македонија, Грција, Бугарија и Албанија.
Прличевата „Автобиографија“ е првото дело од овој книжевен вид во македонската книжевна традиција.
-
Леонардо да Винчи
0250,00 денРоден на 15 април 1452 во Винчи, Италија, Леонардо да Винчи бил отелотворување на поимот „ренесансен човек“. Надарен со љубопитност и остроумност, Да Винчи ги истражувал природните закони, што влијаело на неговата работа како сликар, скулптор, архитект, изумител, воен инженер и технички цртач. Неговите идеи и дела – што ги вклучува „Последната вечера“ и „Мона Лиза“ – извршиле влијание на безброј уметници, а Да Винчи го зацврстиле на водечката позиција во италијанската ренесанса.
Oва извонредно забавно биографско дело дава одлично оформена слика за животот и особините на еден од најголемите умови во историјата. Генијалноста на неговите замисли одекнува низ понорот на вековите, а со оваа светски популарна книга веројатно ќе дознаете и зошто.
-
Басни
0150,00 денБасната е еден вид кратка поучна приказна во која главните ликови најчесто се животните или природните појави. Преку нив се прикажуваат разни меѓучовечки односи, различни судбини на луѓето, се исмеваат нивните слабости или се возвишуваат нивните добрини.
Се смета дека првите басни ги создал Езоп пред многу векови. Оваа книга претставува избор од неговите најпопуларни басни.
-
Бескрајна приказна
0350,00 денБастијан Балтазар Букс е срамежлив, чуден и воопшто не е некој херој. Неговото единствено бегство е читањето книги. Кога Бастијан ќе наиде на книгата наречена „Бескрајна приказна“, тој ќе биде вовлечен во магичниот свет на Фантазија – толку многу што ќе открие дека станал еден од ликовите во приказната! А кога ќе сфати дека овој мистериозен, волшебен свет е во страшна опасност, тој открива и дека е избран да го спаси.
-
Чудна случка со кучето во ноќта
0350,00 денКристофер Џон Франсис Бун има 15 години, ги знае сите држави во светот и нивните главни градови. Ги знае напамет и сите прости броеви до 7057. Ги сака животните, но не може да ги разбере емоциите кај луѓето. Не поднесува кога некој ќе го допре. И мрази жолта боја.
Една ноќ, во дворот на сосетката, го наоѓа нејзиното куче мртво. Решава да ја истражи сомнителната смрт, како вистински детектив, но во таа потрага открива и многу други вистини – за себе, за родителите, за светот околу него, за животот воопшто…
Овој современ класик на Марк Хадон е светски бестселер и добитник на многубројни награди.
-
Зошто јас? Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади
0290,00 ден„Зошто јас?“ е прашање што секој од нас си го поставил во одреден момент од животот. Во потрагата по одговорите се насетуваат два избора: тешките искуства за некого ќе бидат нешто што само ќе го преживее, а за некој друг – нешто што ќе го врати во живот. Да се напише оваа книга е да се допре душата на секој од нас, но и личен терапевтски процес. Ставањето на хартија на нашите искуства и доживувања е навистина лековито искуство. Моментот во кој тие ќе заиграат пред нашите очи и ќе ја прочитаме својата приказна е момент во кој сме си ја дозволиле ранливоста, сме го скротиле егото и сме ѝ дале светлина на внатрешната реалност. Тој момент е истовремено и моќен, бидејќи само од позиција на препознавање на својата вистина и љубов за себе можеме да го исцелиме она што боли.
За сите вас кои сте ја запознале анксиозноста, ова четиво ќе ви биде вистински скапоцено, бидејќи ќе станете свесни дека не сте осамени во тоа искуство. Таа доаѓа во повеќе форми и може да зборува на различни јазици, но секогаш претставува покана за една поинаква средба со себеси.
-
Meine ersten deutschen wörter
0148,00 денДа учиме германски со Софија.Научи ги првите германски зборови со забавните илустрации поделени по различни теми: семејство, дом, училиште, животни, овошје и зеленчук, човечко тело, облека и обувки… -
My first english fun activity book
0148,00 денДа учиме англиски со Софија.Научи ги првите англиски зборови со забавните илустрации поделени по различни теми: семејство, дом, училиште, животни, овошје и зеленчук, човечко тело, облека и обувки…
-
Тото мачката-нинџа и големото бегство на змијата
0350,00 денО, здраво!
Веќе си тука.
Совррршено!
Ова е Тото
и таа е
прекрасна.
Но, таа не е обична рунтава мачка. Таа е речиси целосно слепа, поседува нинџа-вештини и навечер доживува неверојатни авантури со нејзиниот своеглав брат, Сивко.
Во оваа приказна, Тото и Сивко, заедно со нивниот нов пријател, одат во потрага по големата, смртоносна кралска кобра, која, бегајќи од зоолошката градина, сее страв низ Лондон. Но, на сцената стапува Тото, која ќе ги искористи сите свои супермоќи за да ја фати.
-
Тото мачката-нинџа и неверојатната кражба на сирењето
0350,00 денЕј, здраво!
Неверојатната мачка-нинџа Тото се врати, и тоа уште покул од претходно!
Се случи нешто катастрофално: сето сирење од целиот свет исчезна. Некој го украл.
Придружете им се на Тото, нејзиниот брат Сивко и заедничкиот пријател Мачколик на нивната тајна спасувачка мисија. На Тото ќе ù требаат сите нинџа-вештини за да го совлада тој безмилосен крзнен крадец на сирењето…