Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Шармери од осмо

    Шармери од осмо

    0

    Во својот зелен нотес, будниот училиштен педагог Златан Самоилов запиша:„Мали вербални препукувања…“

    Токму така почнува приказната за закачките помеѓу учениците од осмо-А и нивните врсници од осмо-Б одделение во училиштето „Септември“. Иако видно вознемирени и желни за одмазда, двете одделенија успеваат да најдат заеднички јазик и да ги премостат закачките и караниците, формирајќи заеднички тим за турнирот во мал фудбал. Нивниот тим „Шармери“ ги освојува срцата не само на девојчињата туку и на директорот на училиштето Бојан Милјановски, кој го одржува својот збор и ја закачува врамената фотографија на „Шармерите“ на ѕидот во својата канцеларија,

    наспроти работната маса.

    Шармот на младите „Шармери“ зрачи не само на фудбалскиот терен туку и надвор од него, вљубените срца почнуваат да бијат посилно…

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мојот пријател А

    Мојот пријател А

    0

    Приказната започнува во една таванска соба во куќата на Баба Баба во Охрид. Таа е двапати баба бидејќи прво ù е баба на мајка му на Јане, а потоа е баба на Јане.Таа е мајка на бабата на Јане, а на Јане му е прабаба. И токму во таа таванска соба, што некогаш била кат во кој НЕ се чувале старите работи, Јане го запознава својот пријател А. Токму таа зима кога Јане има девет години се качува во таванската соба по најубавото ново нешто – слаткото на Баба, но кога посегнува по теглите на рафтот се случува катастрофа. Пропаѓа во распараното седиште на столот на кој е поткачен и неколку тегли паѓаат на земја. Две тегли ги спасува стариот килим на тетка му, но од едно купче срчи нешто силно почнува да чади… Токму тој чад е пријателот А, што би бил скапоцен пријател за секое дете.

    200,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Автобиографија

    Автобиографија

    0

    Григор Ставрев Прличев е истакнат македонски писател од времето на романтизмот (или преродбата) и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Во неговиот богат опус спаѓаат поемите „Сердарот“ и „Скендербег“, песната „В хилјада седемстотин шездесет и второ лето“, есејот „Критик и преведувач“, делото „Автобиографија“ и неколку обиди за преведување на Хомеровата „Илијада“.

    Делото „Автобиографија“ е објавено во 1894 година додека Прличев работи како учител во Солун. Во неа тој ги исцртува главните контури на сопствениот живот: фигурата на неговата измачена мајка, интелектуалното влијание на Димитар Миладинов, постојаните борби со грчките власти, престојот во затвор, како и многубројните патувања и учителствувања низ Македонија, Грција, Бугарија и Албанија.

    Прличевата „Автобиографија“ е првото дело од овој книжевен вид во македонската книжевна традиција.

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Леонардо да Винчи

    Леонардо да Винчи

    0

    Роден на 15 април 1452 во Винчи, Италија, Леонардо да Винчи бил отелотворување на поимот „ренесансен човек“. Надарен со љубопитност и остроумност, Да Винчи ги истражувал природните закони, што влијаело на неговата работа како сликар, скулптор, архитект, изумител, воен инженер и технички цртач. Неговите идеи и дела – што ги вклучува „Последната вечера“ и „Мона Лиза“ – извршиле влијание на безброј уметници, а Да Винчи го зацврстиле на водечката позиција во италијанската ренесанса.

    Oва извонредно забавно биографско дело дава одлично оформена слика за животот и особините на еден од најголемите умови во историјата. Генијалноста на неговите замисли одекнува низ понорот на вековите, а со оваа светски популарна книга веројатно ќе дознаете и зошто.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Басни

    Басни

    0

    Басната е еден вид кратка поучна приказна во која главните ликови најчесто се животните или природните појави. Преку нив се прикажуваат разни меѓучовечки односи, различни судбини на луѓето, се исмеваат нивните слабости или се возвишуваат нивните добрини.

    Се смета дека првите басни ги создал Езоп пред многу векови. Оваа книга претставува избор од неговите најпопуларни басни.

    150,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бескрајна приказна

    Бескрајна приказна

    0

    Бастијан Балтазар Букс е срамежлив, чуден и воопшто не е некој херој. Неговото единствено бегство е читањето книги. Кога Бастијан ќе наиде на книгата наречена „Бескрајна приказна“, тој ќе биде вовлечен во магичниот свет на Фантазија – толку многу што ќе открие дека станал еден од ликовите во приказната! А кога ќе сфати дека овој мистериозен, волшебен свет е во страшна опасност, тој открива и дека е избран да го спаси.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Чудна случка со кучето во ноќта

    Чудна случка со кучето во ноќта

    0

    Кристофер Џон Франсис Бун има 15 години, ги знае сите држави во светот и нивните главни градови. Ги знае напамет и сите прости броеви до 7057. Ги сака животните, но не може да ги разбере емоциите кај луѓето. Не поднесува кога некој ќе го допре. И мрази жолта боја.

    Една ноќ, во дворот на сосетката, го наоѓа нејзиното куче мртво. Решава да ја истражи сомнителната смрт, како вистински детектив, но во таа потрага открива и многу други вистини  за себе, за родителите, за светот околу него, за животот воопшто…

    Овој современ класик на Марк Хадон е светски бестселер и добитник на многубројни награди.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Зошто јас? Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади

    Зошто јас? Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади

    0

    „Зошто јас?“ е прашање што секој од нас си го поставил во одреден момент од животот. Во потрагата по одговорите се насетуваат два избора: тешките искуства за некого ќе бидат нешто што само ќе го преживее, а за некој друг – нешто што ќе го врати во живот. Да се напише оваа книга е да се допре душата на секој од нас, но и личен терапевтски процес. Ставањето на хартија на нашите искуства и доживувања е навистина лековито искуство. Моментот во кој тие ќе заиграат пред нашите очи и ќе ја прочитаме својата приказна е момент во кој сме си ја дозволиле ранливоста, сме го скротиле егото и сме ѝ дале светлина на внатрешната реалност. Тој момент е истовремено и моќен, бидејќи само од позиција на препознавање на својата вистина и љубов за себе можеме да го исцелиме она што боли.

    За сите вас кои сте ја запознале анксиозноста, ова четиво ќе ви биде вистински скапоцено, бидејќи ќе станете свесни дека не сте осамени во тоа искуство. Таа доаѓа во повеќе форми и може да зборува на различни јазици, но секогаш претставува покана за една поинаква средба со себеси.

    290,00 ден
    Додај во кошничка
  • Meine ersten deutschen wörter

    Meine ersten deutschen wörter

    0
    Да учиме германски со Софија.Научи ги првите германски зборови со забавните илустрации поделени по различни теми: семејство, дом, училиште, животни, овошје и зеленчук, човечко тело, облека и обувки…

    148,00 ден
    Додај во кошничка
  • My first english fun activity book

    My first english fun activity book

    0

    Да учиме англиски со Софија.Научи ги првите англиски зборови со забавните илустрации поделени по различни теми: семејство, дом, училиште, животни, овошје и зеленчук, човечко тело, облека и обувки…

    148,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тото мачката-нинџа и големото бегство на змијата

    Тото мачката-нинџа и големото бегство на змијата

    0

    О, здраво!

    Веќе си тука.

    Совррршено!

    Ова е Тото

    и таа е

    прекрасна.

    Но, таа не е обична рунтава мачка. Таа е речиси целосно слепа, поседува нинџа-вештини и навечер доживува неверојатни авантури со нејзиниот своеглав брат, Сивко.

    Во оваа приказна, Тото и Сивко, заедно со нивниот нов пријател, одат во потрага по големата, смртоносна кралска кобра, која, бегајќи од зоолошката градина, сее страв низ Лондон. Но, на сцената стапува Тото, која ќе ги искористи сите свои супермоќи за да ја фати.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тото мачката-нинџа и неверојатната кражба на сирењето

    Тото мачката-нинџа и неверојатната кражба на сирењето

    0

    Еј, здраво!

    Неверојатната мачка-нинџа Тото се врати, и тоа уште покул од претходно!

    Се случи нешто катастрофално: сето сирење од целиот свет исчезна. Некој го украл.

    Придружете им се на Тото, нејзиниот брат Сивко и заедничкиот пријател Мачколик на нивната тајна спасувачка мисија. На Тото ќе ù требаат сите нинџа-вештини за да го совлада тој безмилосен крзнен крадец на сирењето…

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Совршена дремка

    Совршена дремка

    0

    „Совршена дремка“ е сликовница со големи шарени илустрации и една забавна приказна за неколку животни од џунглата.

    Сè започнува со ветувањето на ракунот дека ќе го разбуди јагуарот од неговата попладневна дремка, за да не се успие. Да ветиш некому дека ќе го разбудиш од спиење е голема одговорност, но тука малку се комплицираат работите. Ќе успее ли ракунот да го одржи ветувањето?

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Девојчињата можат сè

    Девојчињата можат сè

    0

    Девојчињата ги има во сите форми и бои.

    Тие нè воодушевуваат и нè радуваат.

    Тие постојано нè изненадуваат.

    Девојчињата можат сè,

    што и да посакаат – веднаш.

    А ако си девојче

    …и ти можеш исто – повеќе од еднаш!

    Дали сакаш да освоиш врв на некоја планина? Или да возиш пожарникарско возило? Да станеш премиерка на држава? Придружи им се на девојчињата на страниците на оваа книга за да ги видиш неверојатните нешта што тие ги прават секој ден – и откриј што би сакала да правиш ТИ!

    Сликовница за сите што имаат сон.

    280,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Дневникот на Ана Франк

    Дневникот на Ана Франк

    0

    „Дневникот на Ана Франк“ е исповед на едно еврејско девојче за време на Втората светска војна. За својот тринаесетти роденден Ана добива дневник, во кој на 14.06.1942 година ги запишува првите реченици. Но набрзо семејството мора да избега и да се скрие во тајното засолниште во Амстердам, во кое ќе помине повеќе од две години криејќи се од нацистите. Во засолништето им се придружува и семејството Ван Дан, а подоцна и забарот Дусел. Таа во дневникот ги забележува животот, настаните и проблемите во засолништето, прикажувајќи ги и особините на неговите станари, што доаѓаат до израз при живеење во таквите околности.

    Ова е потресна приказна за трагично завршеното детство, приказна која низ призната на невиното еврејско девојче ги отсликува ужасите на нацистичкиот режим за време на втората светска војна.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • МИР СО СЕКОЈ ЧЕКОР

    МИР СО СЕКОЈ ЧЕКОР

    0

    Будниот ум ќе се погрижи за сѐ, како што сонцето се грижи за вегетацијата.

    Мир со секој чекор, ремек-дело на современиот мудрец и духовен учител Тич Нат Хан, ни ги открива древните холистички учења за практична примена при секојдневните проблеми.

    Обземени од виорот на современиот живот, забораваме дека духовниот мир и среќaта ни се на дофат на раката. Доволно е само да живееме во склад со здравиот разум, да го забавиме темпото и со буден ум да уживаме во секој миг. Сѐ што правиме е поетски чин или уметничко дело, доколку тоа го правиме со буден ум. Будниот ум е темел на среќниот живот и него можеме да го одржуваме низ секојдневна медитација. А медитацијата – свеста за сопственото тело и дух по пат на свесно дишење, можеме да ја изведуваме и додека миеме садови, јадеме или чекаме пред семафорот.

    Кога имаме буден ум и внатрешен спокој, се исполнуваме со љубов, сочувство и алтруизам. Со нивна помош создаваме атмосфера на мир и хармонија, која понатаму се шири од индивидуалецот на семејството, од семејството на заедницата и на крајот – на целиот свет.

    Мир со секој чекор е книга која нè учи како да го смениме својот светоглед… таа ни отвора видици кон похуман начин на живот. Паблишер викли

    280,00 ден
    Прочитај повеќе