-
Линија помеѓу две неба
0350,00 денМоќно создадена книга, во која ќе се допрат луѓето и ѕвездите и случајно ќе се измешаат неколку судбини, за да ги измерат небото и длабочините на универзумот, но и копнежот и силината на човечкиот дух. Роман со богата палета од неочекувани ликови, кои ќе ве поведат на возбудливо патување низ дивите предели на Феникс, Аризона.
Младата професорка Аманда Брајтон – брилијантен научник по астробиологија, една вечер ќе биде поканета на свечен прием во куќата на Оскар Леблан – Кралот на челикот. Од тој момент, нејзиниот мирен и едноставен живот ќе се заплетка со членовите на ова моќно и богато семејство…
Меѓутоа, секој од нив крие опасна тајна, а таа ќе биде принудена да се избори со сите нив, па дури и со самата себеси, за да ги сочува своето професионално достоинство и својата чест. Нејзината единствена слабост, во борбата да ги избегне опасните замки на судбината, се потполно неочекуваните чувства кон помладиот син Вилијам.
-
Хотел меѓу две војни
0420,00 денХотел меѓу две војни“ е смел и богат псевдоисториски роман за љубовта на Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Забранета империја во процепот меѓу фактите и фикцијата, меѓу војните и мирот, меѓу срцата и умот во нас, но и надвор од нас. Опсада на Троја соѕидана во душата на Мустафа наспроти јуришот на тагата и болката на Елени испишани во два романа: во долгиот постмодернистички „Хотел меѓу две војни“ на Русјаков и во истоимениот кус, сентиментален роман на Елени, вгнезден во него како резервно женско срце.
-
Авантурите на лошото девојче
0500,00 денТаа секој миг може да исчезне не кажувајќи збогум.
Рикардо е опсесивно вљубен во една необична девојка која постојано исчезнува и ненадејно се појавува. Луд по неа уште од тинејџерските години, влегува во еден маѓепсан круг од кој не сака да излезе. Како и да се појави, како жена на француски дипломат, како љубовница на мистериозен јапонски бизнисмен или како сопруга на богат Англичанец, Рикардо жедно ја прифаќа поканата на неодоливата измамничка.
Ќе дознае ли некогаш која е таа навистина? Тешко прашање, исто како и дилемите околу идентитетот, и личниот и националниот. Сите ликови расфрлени низ светот како семиња на ветер, опседнати со своите амбиции и желби, се луѓе кои се борат за своите идеали, подготвени да го сменат својот идентитет како да облекуваат нов костум.
Во својот обичен живот во саканиот Париз, во свет на лаги и брзи промени, Рикардо не престанува да го очекува враќањето на своето лошо девојче. Ќе паднат ли на крај маските и ќе се открие ли вистинското лице на љубовта?
„Приказна која опфаќа децении и континенти, раскажана со таква умешност што се граничи со вешто премостување на личното и универзалното.“
Сан Франциско кроникал
-
Девојката од прозорецот
0430,00 денРОМАНОТ ПО КОЈ СЕ СНИМЕНИ СЕРИИТЕ
„ДЕВОЈКАТА ОД ПРОЗОРЕЦОТ“ И „МОЈОТ ДОМ“Ги познаваме по очите луѓето што повторно ќе ни предизвикаат болка доживеана во детството, и покрај тоа, се вљубуваме во нив. Животот нѐ насочува кон нив.
Нашата судбина е запишана во родниот дом: куќата во која ги доживуваме првите трауми, со кои пораснавме и кои го определуваат нашиот животен пат. Само што многу често, тргнувајќи по тој пат, не можеме да ја откриеме среќата.
Во оваа книга се раскажани две вистински животни приказни – ги обединува болката од траумите доживеани во детството, болка што не минува, не се заборава и остава трага за цел живот.
… Искрената љубов помеѓу главната хероина Налан – Девојката од прозорецот, која секогаш живеела во луксуз, ама судбината ѝ предизвикала страдање, и Хајри – кој израснал во беда… Љубов, која ги сврзала тие две души, кои живееле два различни животи, ама е страсна, но болна…
Во основното сиже се вметнати и драматичната приказна за Зејнеп и нејзиниот неуспешен обид да ја открие среќата во бракот со Мехди.
Судбината ранува, а љубовта спасува. -
Исидора Мун и ѕвездата паѓалка
0350,00 денИсидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.
Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.
Исидора учи за вселената на училиште. Една ноќ здогледува ѕвезда паѓалка што паѓа од небото и запознава нова светлечка другарка. Таа се вика Нова и не требалo да падне на Земјата. Што е уште полошо, го загубила своето месечево мачорче Плутон!
Може ли Исидора да ù помогне на Нова да го најде загубеното мачорче пред да се врати дома?
-
Дебитант
0350,00 ден„Дебитант“ е совршен, смртоносен отров, кој не остава траги.
Неговиот создател, хемичарот Калитин, работел во тајната советска лабораторија, но по распаѓањето на Советскиот Сојуз избегал на запад. Потполковниот Шершнев добива наредба да го отруе предавникот со истиот отров што тој го создал…
Трилерот „Дебитант“ е книжевна студија за отровите како алатка на советските и руските разузнавачки служби, а истовремено брилијантна проза за современиот Фауст, кој му ја продал душата на ѓаволот, како и за вечните теми: суштината на доброто и злото, врската меѓу творецот и неговата творба, науката и моралот.
-
Дневници (1910 – 1923)
0650,00 денДневниците на Франц Кафка (1883 – 1924) го опфаќаат периодот од 1910 до 1923 година.
Тие даваат продорен поглед кон неговиот живот во Прага и личните искажувања за соништата, чувствата кон таткото и жената со која не можел да се ожени, како и чувствaта на вина и внатрешната состојба на отфрленост. Дневниците се приказ на еден живот со речиси неподнослив интензитет.
Книгата содржи не само лични белешки, автобиографски рефлексии, елементи за тоа како Кафка го разбира своето пишување, туку и афоризми, скици за раскази, писма и многубројни литературни фрагменти од повеќето негови романи. Еден од најзначајните литературни критичари во Германија, Денис Шек, за „Дневниците“ вели: „Дури кога ќе ги прочитаме, сфаќаме колкава смисла за хумор имал Кафка. Дури тогаш разбираме што сакаат да ни кажат неговите често неразбирливи книги.“
Ова издание ја содржи целата оставнина што му била достапна на неговиот издавач и најдобар пријател, Макс Брод. Tука се вклучени и личните коментари, варијанти и поговорот на Макс Брод за записите на Кафка.
-
Позајмени сништа
0300,00 денМу должиш на детето во тебе да се бориш за неговите соништа, му вети, се сеќаваш?
Понекогаш посакувам да се вратам во минатото, но не за да ги променам работите, туку да ги почувствувам по втор пат. Верзијата од него што таа ја креираше во нејзиниот ум, не е негова одговорност.
Тејлор ја уништи бајката во која Еден живееше со години. Егоистичен, брутален, но никогаш доволно искрен за постапките кои мораше да ги направи шест години претходно. Сè уште ја посакува, а таа е крајно недостижна. Неговиот ноќен живот и забавите не се некое ветување за созреана личност. Кој ќе биде „тригерот“ да го натера да застане на сопствени нозе?
И тогаш сонот се заплеткува со реалноста. Секоја вечер продолжува каде што застанал. Дали ја имаме таа моќ да управуваме со него или тој е дел од мислите што го окупираат нашето секојдневjе? Што кога и двајцата се присутни во истиот сон и свесно одговорни за секоја постапка која ја преземаат?
-
Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот
0400,00 денПатување низ една вселена каде границите меѓу реалноста и симулацијата се топат во чад од кафеанска ламба. Дон, Роб, Хал, Р2 и чудесни битија како Природата, Спектар и Моно се вплеткуваат во разговори што се нишаат меѓу смеење и апокалипса, меѓу научни формули и егзистенцијални прашања.
Оваа книга ја меша иронијата на Даглас Адамс, метафизиката на Ками и визијата на Лем, но ја сместува во универзална кафеана – архетипско место каде секоја цивилизација би можела да ја започне или заврши својата приказна.
Тука симулациите се напредни копии на реалноста, а симулакрумите поавтентични од неа. Времето тече со каприциозни закони што го понижуваат разумот, а гравитацијата е само уште една шега на космосот. На крајот, човештвото е ставено пред најтешкиот избор: Дали врвната смисла е слободата што создава светови – или љубовта што ги чува?
Читателот ќе најде забава, но истовремено ќе биде предизвикан и збунет – и можеби малку променет. Ова не е обичен роман, туку филозофска научна фантастика за оние што сакаат да го постават најстарото прашање на нов начин: Што значи да се биде човек во универзум кој можеби е само симулација – или, пак, само уште една шега?
-
Правило против убиство
0500,00 ден#4 АРМАНД ГАМАШ
Во екот на летото, брачниот пар Арманд и Рен-Мари Гамаш ја слават својата годишнина во „Маноар Белешас“, изолиран, луксузен хотел недалеку од селото Три Пајнс. Но, тие не се сами. Семејството Фини – богато, културно и угледно – исто така пристигна на своја прослава.
Прекрасниот „Маноар Белашас“ е можеби опкружен со природа, но има нешто неприродно што демне. Како што се вжештува атмосферата и се приближува дожд, на семејната средба се појавуваат некои изненадувачки гости, а страшната летна бура остава зад себе мртво тело.
Главниот инспектор Гамаш треба да открие долго закопани тајни и омраза скриена зад љубезни насмевки. Потерата го носи во Три Пајнс, во темните агли на сопствениот живот и, најпосле, до грозоморна кулминација.
-
Гробиштата
0400,00 денАко не го правиш тоа што го сакаш, колку и да се фалиш со слободниот дух, не можеш да кажеш дека си слободен.
Адријан Грин е романски хомосексуалец кој одлучува да се пресели во Лондон затоа што е веќе уморен од себедокажувањето, од сиромаштијата, од тоа да биде различен. Со месеци живее кај својот пријател Оли и кога веќе губи надеж дека ќе најде работа, среќата му се насмевнува: станува администратор на блиските гробишта.
Во своите монолози и во разговорите со клиентите и новите пријатели, Адријан со сурова искреност, многу хумор и сарказам ни кажува што точно мисли за вербата и религијата, среќата и парите, музиката и книгите, сексот и љубовта, стравот и смртта. Гробиштата Вормхолт стануваат простор каде што тој постепено сфаќа дека среќата лежи во прифаќањето на сопствената вистина, а не во очите на другите.
Искрен до крајност, доволно дрзок за да ги нарече работите со нивното вистинско име, доволно храбар да ги прифати различните, Адријан прераснува во бунтовник кон стереотипите, во човек кој ни ја враќа вербата во животот.
-
Волга, Волга
0450,00 денУште еден фантастично напишан роман од Миљенко Јерговиќ!
Секој петок, Џелал Пљевљак патува 116 километри со својата црна волга, од Сплит до Ливно. Оди во џамија и се враќа назад. И така едно 15 години. И кога мисли дека веќе ги познава секое дрво и секоја куќа покрај патот, му се случува нешто што ќе му го смени животот засекогаш. Го зафаќа типична босанска снежна бура и патот ќе го навее во селото Фатуми.
Пет години подоцна, 1993, во текот на најсуровиот дел од војната во Босна, еден неименуван документарист се обидува да ја реконструира приказната со која јавноста опсесивно се занимавала до не толку одамна. Приказната за човекот кој станал последна и најголема ѕвезда во историјата на црните хроники на овие простори.
Потресната животна сторија за осаменоста е поделена во три дела и е доволно загатлива за да го вовлече читателот во себе, но исто толку отворена за да не може да се остави и да се излезе од неа. Јерговиќ повторно си игра со документите, си игра со перспективите, со точките на гледиште. Не се знае докрај кој ја зборува вистината, што е вистината, кој има право, има ли виновници воопшто. Ова е свет со комплексни ликови во кој е сѐ дозволено и е сѐможно, свет во кој човековата природа е внимателно истражена и е длабоко нурнато во темниците на човековиот ум.
-
Незадоволна
0350,00 ден„Ова не треба да биде вака, ова треба да биде поинаку“, зборува некој глас во мене. „Ова не е доволно, од ова треба да има повеќе“, друг глас ми шепоти. „Гледаш ли колку нешта ти недостасуваат?“, повторно слушам глас. „Ќе изменам сѐ. Престанете да ме прогонувате, престанете да ме мачите“, им ветувам. Трчам во круг, ги туркам сите нешта по пат, ги туркам сите луѓе. Не застанувам, продолжувам да трчам. „Патот ми е чист, нема ништо и не гледам никој. Каде е крајот? Остана ли уште нешто?“, од умор едвај зборувам. „Остана“, ми се смеат гласовите. „Што е тоа? Кажете ми, каде е крајот?“, ги прашувам. „Остана уште да се измениш ти“, не престануваат да се кикотат. „Тоа ли е крајот?“, им велам. „Крајот не постои. Тоа е почетокот“, ми се смеат…
-
Внимавај кој волк го храниш
0480,00 денКнигата „Внимавај кој волк го храниш“ е втората книга на овој популарен автор во неговиот препознатлив стил кој се карактеризира со леснотија во читањето. Одушевените читатели, како и големиот број на позитивни критики, коментари и реакции кој ја преплавија медиумската јавност се најдобра препорака за оваа книга да стане култен, балкански бестселер, како и првиот хит на Црнкиќ, „7 тајни на успехот“.
Книгата е напишана на едноставен јазик, преполна е со позитивни и корисни совети кои произведуваат инстант мотивација. Ова е книга што се чита во еден здив, но и на која постојано се враќаме пронаоѓајќи нова смисла и одговори со секое ново читање.
Брилијантни и необични приказни кои лесно се паметат и прераскажуваат, одличен почеток кој ќе ве заинтригира и ефективен крај кој ќе ве натера да размислувате, се само неколку причини зошто оваа книга едноставно не се испушта од раце и зошто е прав подарок за вашите најблиски. Среќата се зголемува кога се споделува.
-
Да го живееме животот од своите соништа
0450,00 денКако да станете најдобра верзија за себе? Преку вистинската книга за себеспознавање! Авторката ја анализира човековата посебност врз основа на неговите ставови, емоции, чувства, желби и со едноставен јазик ни објаснува дека мораме секојдневно да бидеме благодарни за малите нешта во животот, бидејќи единствено така ќе ги почувствуваме позитивната промена и задоволството. Во седумте поглавја на книгата, Коваржик ги вклучува и своите лични искуства. Овие автобиографски моменти се во функција да го појаснат целиот процес. Aвторката со сопствен пример ни покажува дека може да се живее животот од соништата.
Прочитај и откриј се себеси – осмели се да ги оствариш своите желби и соништа!
„Сте се запрашале ли некогаш дали постои нешто повеќе од самиот живот? Истото го правела и Лидија Коваржик. Таа била токму таму каде што сте денес. Барала одговори, траги и алатки за да го подигне својот живот на повисоко ниво. Направете си голема услуга и прочитајте ја оваа книга. Лидија е тренерот кој ви треба токму сега.“
Инге Рок, основачка на Академијата „Инге Рок“
„Да се научи да се прифати сопственото постоење како едно ’Да‘ упатено за својата среќа; да се усвои сопствениот живот како уникатна можност за личен развој што води кон себеисполнување; а со сето тоа надградување и ’дотерување‘ за живот да му се изрази на битието едно ’Благодарам‘ како резултат на човековата зрелост. Тоа е животната филозофија преточена во книгата на Лидија Коваржик.“
Лордан Зафрановиќ, филмски режисер и сценограф
„Да бидеме како децата. Оваа навидум едноставна идеја, но со голема енергија и со длабок дострел одекнува во книгата на Лидија Коваржик. Поврзува често неочекувани контексти и ги вдахнува читателите да го осознаат своето битие – не само во интелектуална смисла, туку многу практично, на конкретни примери. Како секој од нас може да живее исполнет живот и да им користи на другите. На своите мисии низ сите краишта на светот, повеќепати имав можност да увидам дека ни се враќа она што симболично сме го ’пуштиле низ вода‘. Книгава што ја држите в раце е уживање. Не го оптоварува читателот со теориска мудрост, туку во секоја реченица дава надеж, леснотија и желба за живот. Да се живее со полн здив, да се живее смислено. Благодарна сум што настанало ова дело, а верувам дека тоа ќе си го пронајде патот до срцата на читателите.“
Павла Гомба, извршна директорка на УНИЦЕФ во Чешката Република
-
Една од оние ноќи во Малибу
0350,00 денТоа беше само една од оние ноќи во Малибу, темна како прекривка од кадифе, кремави бранови кои се уриваа на брегот…
Но, кога приватниот истражувач Мек Рeјли го слушна крикот на една жена меѓу звуците на брановите, неговиот едноставен животен стил засекогаш се смени. Една прекрасна, но вознемирена жена стоеше на вратата од една убава куќа на плажата. Во раката држеше пиштол, директно вперен кон него… Мек, едвај, го избегна куршумот. Која е таа жена?
Полна со описи кои се заштитен знак на Елизабет Адлер, заверите и неверојатните ликови, “Една од оние ноќи во Малибу” е книга која се чита во еден здив.