Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Хари Потер и Редот на фениксот

    Хари Потер и Редот на фениксот

    0

    Хари Потер е исфрлен од Хогвортс! Бранејќи го својот братучед Дадли од дементорите, тој е принуден да употреби магија за време на летниот распуст, постапка што доведува до негово сослушување од министерот за магија лично. Во меѓувреме, лордот Волдеморт е сè помоќен, а голем дел од волшебничкиот свет – вклучувајќи го и Министерството за магија – е во одрекување: се води подмолна хајка против сведоштвата на Хари и Дамблдор. Но, за среќа, постојат луѓе кои ќе му се спротивстават на Мрачниот господар. Познатиот Ред на фениксот, основан од Дамблдор како противтежа на страшните смртојади, дејствува и се бори зад кулисите. На повидок е нова волшебничка војна и секој мора да ја одбере страната на која ќе се бори.

    „Хари Потер и Редот на фениксот“ е петтиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата.

    1.150,00 ден
    Додај во кошничка
  • Се што чуваме

    Се што чуваме

    0

    Ејми Тирни го има вистинскиот рецепт за совршен живот: да се омажи за нејзината прва љубов од детските денови, да основаат семејство и да го откупи ресторанот на родителите. Но, кога нејзиниот свршеник, Џејмс Донато, ненадејно исчезнува во бродска несреќа, нејзината визија за светла иднина заедно со него исчезнува во морето. Наместо да чекорат кон олтарот на нивниот свечен ден, Ејми се наоѓа на неговиот погреб – настан што ја остава крајно вознемирена.

    Во обидот да си го обнови сопствениот живот, Ејми сè подлабоко се впушта во разоткривање на случката со исчезнувањето на Џејмс. Открива море од тајни што ја тера да се сомнева во сè што граделе заедно. Токму под површината се наоѓа вистината што може да ја ослободи Ејми… или да ја уништи засекогаш.

    „Сè што чуваме“ е дебитантски роман на Кери Лонсдејл и прв од трилогијата „Сè“. Во него се обработуваат темите на очајот од загубата, еуфоријата од новото вљубување и нештата што го забрзуваат пулсот при налетот на вистината за драгите личности и на што сè се подготвени тие за да нè заштитат.

    330,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кога мама заборави да ме сака

    Кога мама заборави да ме сака

    0
    „Зборувате со некого и наеднаш застанувате, не знаете што кажувавте пред само пет секунди. Тоа се случува сè почесто, почнувате да ги заборавате зборовите, имињата на луѓето, а потоа и нив, вашите најблиски. Секој ден губите по некоја коцка од вашиот живот, сè околу вас се распаѓа како кула од карти. Потоа почнува да ви ги снемува работите, некој ви ги краде парите, ви ја крие облеката, а се сомневате и дека сакаат да ве отрујат… но никој не ви верува. А и вие не верувате никому.
    Кога Алцхајмер ќе ви влезе дома, тој не само што ги краде меморијата, сеќавањата на заболениот, туку го става во окови целото семејство. Некои работи се толку тажни што нема место за ништо друго. А кога мајка ви ќе ве заборави… тоа е една од тие работи!
    Мајка ви, жива е? – ме праша еден ден.
    Да, МАМО, жива е!
    Не забележа ништо чудно во мојот одговор“.
    199,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тажни мисли

    Тажни мисли

    0

    „Пазарот е преплавен со книги за тоа како да се постигне добро ментално здравје, почнувајќи од медитација, преку максимална концентрација, до лекување со медикаменти. Но, мозокот не се развил за потребите на нашата добросостојба, туку заради наше преживување и размножување. Стресните состојби, паничните напади, опсесивно-компулсивните нарушувања, дури и АДХД и дијагнозите во спектарот на аутизмот, сите тие носат еволуциски поволности. Психијатарот Андерш Хансен го сфатил ова, и сега ни ги испорачува своите размисли во неговата генијална и одлично составена книга. Апсолутно задолжително четиво!“
    –Хуго Лагеркранц, почесен професор по педијатрија, институт „Каролинска“

     

    „Андерш Хансен е нашиот најистакнат и најугледен јавен едукатор. Со неговиот кристалнојасен, максимално непосреден стил, кој во ниеден миг не отстапува исплашен од тешки прашања, Хансен пишува за еволуцијата, за мозокот и за тоа зошто многумина од нас се чувствуваат толку неубаво. Според мене, брилијантно. И, многу поучно“.
    Давид Лагеркранц

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Се што даваме

    Се што даваме

    0

    Преполн тензија, мистерија и романса, последниот роман од трилогијата на Кери Лонсдејл, „Сè што даваме“, носи моќна завршница на возбудливиот серијал за љубовта, лагите и тајните што ги чуваат семејствата.

    Наградуваниот фотограф Ијан Колинс прави само една грешка во животот, што ја чини слобода неговата мајка и уништено семејство, оставајќи го сам да се грижи за себе. Со години тој е разделен од татко му, а на мајка му ù се губи секаква трага. Сè додека тој сам не тргне во потрага по неа.

    Денес, се чини Ијан има сè што отсекогаш посакувал – национална слава како фотограф, својата сакана сопруга Ејми и нивната обожавана ќерка Кети. А сепак, како да му недостигаат само две нешта: да се појави во „Нешнел џиографик“ и да ја пронајде мајка му. Кога познатото списание му понудува проект од неговите соништа, во истиот ден се појавува поранешниот свршеник на Ејми – Џејмс, кој му пренесува важна порака и остава белег на неговиот брак. Ијан мора да направи избор: да ја зграпчи посакуваната работна задача или да се поврзе со мистериозната жена која можеби го има клучот од разрешницата на неговото неспокојно минато. Но, влоговите се преголеми, затоа што Ијан може да го загуби она што му е највредно: неговото семејство.

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Џебен сет за боење - Животни

    Џебен сет за боење – Животни

    0

    Одличен сет со 2 боенки и 12 боички!

    170,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто

    Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто

    0

    Омилената ѕвезда од „Пријатели“ нè носи зад сцената на хит-серијата и на неговата борба со порокот во овие искрени, забавни и разоткривачки мемоари што испраќаат моќна порака за надеж и упорност.

    „Здраво, се викам Метју, иако можеби ме знаете и по друго име. Пријателите ме викаат Мети. И требаше да сум мртов.“

    Вака започнува приказната на познатиот актер, која води од детските амбиции за слава сè до зависноста и закрепнувањето од неа. Тој нè запознава со: петгодишниот Метју, кој патувал од Монтреал до Лос Анџелес, врвејќи ја траекторијата помеѓу неговите разделени родители; со четиринаесетгодишниот Метју, кој веќе бил познат во цела Канада; и со дваесет и четиригодишниот Метју, кој ја зграбил посакуваната улога како водечки член на актерската екипа од пилот-серијата која првично била наречена „Пријатели како нас“.

    Во извонредната приказна што само тој може да ја раскаже, Метју Пери го открива растуреното семејство во кое израснал, желбата да биде препознаен, и празнината што не можела да се пополни дури и кога неговите најголеми соништа биле остварени. Исто така, тој детално ги опишува мирот што го нашол во трезвеноста и чувството додека траела сеприсутноста на „Пријатели“, споделувајќи приказни за колегите од серијата, но и за други ѕвезди што ги запознал по тој пат. Искрен, самосвесен, и со хуморот како заштитен знак, Пери сликовито ја прикажува својата доживотна битка со пороците и како тие се родиле и покрај тоа што навидум имал сè.

    „Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто“ сe незаборавни мемоари кои се и интимни и ни ги отвораат очите, како подадена рака за секој што води некоја битка. Непоколебливо искрена, трогателна и бурно смешна, ова е книгата што фановите долго ја очекуваа.

    700,00 ден
    Додај во кошничка
  • Аутопсија на љубовта

    Аутопсија на љубовта

    0

    Аутопсија на љубовта е длабоко интимна поезија, еден вид на внатрешна исповед на авторот. Тој се соголува себеси, интензивно, чувствува љубов, копнеж, страв, безнадежност, апсурд… Токму тој бодлеровски призвук, емозионално жестоките слики со силно изразени контрасти се најсилната страна на поезијата на Моџо.

    Помеѓу стиховите во кои се испреплетуваат тагата, болката и разочарувањето, како противтежа авторот ја спротиставува љубовта како нешто што ќе го спаси светот.

    На границата помеѓу животот и смртта, сонот и јавето, постоењето и непостоењето, ангелите и демоните, е таа, неговата љубена, по која тој посега, а патиштата никако да им се вкрстат. Како расипан часовник чиишто стрелки се застанати далеку една од друга, проколнати да не се сретнат никогаш.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Избрани дела од Чарлс Дикенс

    Избрани дела од Чарлс Дикенс

    0

    Три романи од еден од најпознатите автори на сите времиња собрани во едно луксузно издание.

    -ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА

    -ПРИКАЗНА ЗА ДВА ГРАДА

    -БОЖИКНА ПЕСНА ВО ПРОЗА

    1.190,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мојата срцевидна книга - Магијата на малата самовила

    Мојата срцевидна книга – Магијата на малата самовила

    0

    Мали срцевидни книги за најмалите девојчиња!

    130,00 ден
    Додај во кошничка
  • Купи си ги е*ените лилјани

    Купи си ги е*ените лилјани

    0

    Ако барате книга што содржи совети и строги техники што ги користат петте најуспешни луѓе на планетава, тогаш оваа книга не е за тебе. Оваа книга е за секој човек. Особено за младите жени. Тара Шустер e обична девојка, дезориентирана душа, која, исто како тебе, решила да си го среди животот. Таа не нуди решенија како во секоја втора книга за самопомош напишана по шаблон и книги на кои веќе никој не им ни верува.

    Едно утро, Тара се разбудила мамурна и решила да се соочи со вистината и да стави точка на својот несреден живот. Вистината е тука речиси цело време, само што ние ја забележуваме или не обрнуваме доволно внимание на неа. Ако сакаш да си го средиш животот, потребни ти се само неколку трикови, многу искреност и малку доследност. Препуштете ги крајностите на оние што живеат екстремни животи.

    „Книга што би сакала да ја имав покрај себе кога имав дваесет години.“ – Анџелика Хјустон

    „Во своето интересно автобиографско дело, Тара Шустер, отворено пишува како од фазата на лечење самата себе успеала да ја поврати контролата над својот живот. Исполнет со бисери на мудроста овој дневник е вистински погодок.“ – Паблишер викли

    „Тара Шустер не само што дава неверојатно конкретни, корисни совети, туку со читателите дели живописни приказни благодарение на кои имате впечаток дека не сте толку осамени на овој свет“ – Њујорк магазин

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мојата срцевидна книга - Лола ја сака ѕвездата

    Мојата срцевидна книга – Лола ја сака ѕвездата

    0

    Мали срцевидни книги за најмалите девојчиња!

    130,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мојата срцевидна книга -  Лола е вистински другар

    Мојата срцевидна книга – Лола е вистински другар

    0

    Мали срцевидни книги за најмалите девојчиња!

    130,00 ден
    Додај во кошничка
  • Госпоѓицата

    Госпоѓицата

    0

    Централен лик на романот е госпоѓицата Рајка Радаковиќ и нејзината најголема страст – скржавоста.

    Дејството се одвива во Сараево, пред и за време на Првата светска војна, и во Белград, во првите хаотични години по војната. Преку сеќавањата на скржавата лихварка се навраќаме до времето кога нејзиниот татко, пропаднат трговец, бил на смртна постела и ја заветил својата ќерка по цена на животот да го чува она малку што може да ѝ го остави. Така, таа станува целосно поробена од парите во кои се надева дека ќе најде сигурност и одмазда спроти омразениот и несигурен свет. Рајка уште како млада девојка се откажува од радоста на животот, стекнувајќи се со аскетска и речиси мизантропска осаменост.Романот е психолошка монографија на личност која меѓу нејзините современици и сограѓаните била позната едноставно како „Госпоѓицата“ – длабоко поразена токму во она време кога во човечката природа се создаваат најубавите соништа за животот.За разлика од другите романи на Андриќ, основен белег на ова дело е отсуството на ориенталниот колорит, но присутна е неговата омилена форма – хрониката, прикажувајќи ги минатото и сегашноста на педантен уметнички и филозофски начин. „Госпоѓицата“ (1945) е објавена во истата година кога се објавени и романите „Мостот на Дрина“ и „Травничка хроника“, оформувајќи своевидна „Босанска трилогија“.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Двајца во едно срце

    Двајца во едно срце

    0

    Лидија и Фреди. Фреди и Лидија. Беа заедно повеќе од десет години и мислеа дека нивната љубов е вечна. Ама погрешија. Повеќето животни пресврти се случуваат неочекувано, понекогаш незабележано се лизнуваат покрај нас, па ги забележуваме дури подоцна, ако воопшто ги забележиме.

    Во болната игра на судбината, Лидија останува сама. Сака само да се заклучи во своите четири ѕида и плаче додека не остане без солзи. Единствено олеснување ѝ носат соништата: додека спие, како да влегува во некое паралелно сценарио во кое ништо не се сменило. И така, токму кога ќе почне повторно да ги прави првите, срамежливи чекори во реалниот свет, Лидија чувствува дека повикот на минатото ја влече наназад, таму каде што и натаму е можен нејзиниот стар живот со Фреди.

    Ама невозможно е истовремено да се живеат два животи. Ако сака да се врати во светот во кој Фреди и натаму е жив и е господар на нејзиното срце, мора да направи избор. Затоа што некој во нејзиниот нов живот – нејзиниот вистински живот – сака таа да остане…

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Седумте мажи на Евелин Хуго

    Седумте мажи на Евелин Хуго

    0

    Возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога за тоа ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега?

    Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ù е во ќор-сокак.

    И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера.

    Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ù ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како приказната на Евелин се приближува кон крајот, станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин.

    450,00 ден
    Додај во кошничка