-
Прозорецот
0400,00 денНаследство (Книга 1): Прозорецот
Што ако обвинетиот ви каже дека зад убиството на неговата сакана стои „човекот од прозорецот“ на петти кат, без да објасни на кој начин тој се нашол таму? Би му поверувале ли?
Што ако се работи за некаков паранормален феномен? Би се соочиле ли со него?
Ако дознаете дека зад тоа се крие голем заговор и тајна организација која ќе ве прогонува? Ќе имате ли храброст да продолжите?
Новинарот Мите е решен по секоја цена да ја открие мистеријата зад „човекот од прозорецот“, иако не е свесен што сè ќе треба да жртвува за да го направи тоа.
Додека тој е посветен на истрагата на феноменот, неговата пријателка Катерина и неговиот татко Лазар бараат начин да му помогнат и да ја разоткријат тајната организација која се обидува да го спречи Мите, пред членовите од организацијата да успеат во тоа.
-
Смирени родители, среќни деца
0600,00 денПионерски водич за тоа како да се воспитаат одговорни, способни и среќни деца.
Приодот на д-р Лора Маркам, подеднакво едноставен и ефектен, се темели врз најновите истражувања за развојот на мозокот и врз опсежни искуства од клиничка работа со родители. Нејзината порака гласи: Ако ја јакнете меѓусебната емоционална поврзаност со вашето дете, создавате вистинска и трајна промена. Кога ја имате таа суштествено важна поврзаност, не треба да му се заканувате на детето, да му додевате, да го молите, да го „поткупувате“ – дури ниту да го казнувате.Овој исклучителен водич ќе им помогне на родителите подобро да ги сфатат сопствените емоции, но и да ги контролираат, така што ќе можат да дејствуваат во односот со детето со здрави граници, со емпатија, со јасна комуникација, и така да воспитаат самодисциплинирано дете. Во примерите „чекор по чекор“ се содржани решенија и реченици кои се веќе тестирани со деца и се наменети за родители на деца од најрана возраст до возраста на основното училиште.
Ако сте изморени од „битки за моќ“ со детето, од неговите испади и од тоа да трагате по вистинската „последица“ за него, не барајте натаму. Овде ќе ги откриете практичните средства и начини со кои на еден позитивен и докажан начин ќе го преобразите стилот на вашето родителство. -
Селфи
0550,00 ден#7 СЕКТОРОТ Q
Што може да открие едно едноставно селфи за три (навидум) среќни девојки?
Тие се млади, убави, мрзливи и веќе со години го изигруваат државниот систем за да добијат социјална помош, така што секоја понудена работа ја одбегнуваат со разни оправдувања. И додека тие единствено се грижат за својот изглед и за обезбедувањето „спонзори“, не се ни свесни дека ѝ паѓаат во очи на една неурамнотежена личност што решила да го ослободи светот од ваквите „паразити“.
За тоа време во парк во Копенхаген е откриено тело на постара жена. Случајот неверојатно потсетува на друго нерешено убиство од пред повеќе од десет години, иако врската меѓу жртвите ја збунува полицијата. Тие мислат дека сличностите се случајни, но, всушност, и тоа како се поврзани.
Детективот Карл Морк и неговиот крајно симпатичен помошник Асад ќе се најдат пред тежок предизвик кога мрачното минато на нивната колешка Роуз, која е во тешка депресија, ќе се соочи со едно нерешено убиство.
Дали тимот без нејзиното присуство ќе успее да се избори со сето тоа?
И дали Секторот Q навистина ќе се спаси од згаснување?
-
Пчелно семејство
0300,00 ден„Пчелно семејство“ е збирка од седум раскази. Секој расказ застапува одреден обред или обичај од словенечката традиција, кои во делото на Мугерли се вметнати во поинаков контекст или во современи рамки, така што добиваат нова улога и добиваат нова смисла. Централна тема на секој расказ е семејството: било да е неостварено („Јаболкарка“), обединето и потоа раздвоено („Пламени јазици“) или некое што во нормални услови би можело да стане вистинско („Пчелно семејство“). Сите раскази, освен еден, се случуваат во сегашноста, но поради ритуалите и атмосферата се чинат безвременски. Авторката со јазична виртуозност нè внесува во свет што не го познаваме, иако живееме во него.
Читајќи ги расказите, постојано преминуваме некакви граници – јазични, културни, политички, географски, но и оние што се поставени помеѓу реалноста и несвесното.
Во 2021 година „Пчелно семејство“ ја добива престижната Награда за литература на Европската Унија.
-
Драми – А. П. Чехов
0750,00 денОва издание ги следи драмските чекори на Чехов – од младешкото експериментирање до зрелата тишина на неговите последни дела. Со секоја сцена тој ни подарува светови исполнети со неизговорени чувства, човечки слабости и нежна иронија што допира длабоко.
Книгата ги обединува највпечатливите драмски дела на Чехов – од раната, ретко поставувана „Платонов“ до вечните класици „Вујко Вања“, „Три сестри“ и „Вишновата градина“.
Со суптилна иронија, длабока човечност и ненаметлива трагика, Чехов ги прикажува судбините на обичните луѓе – нивните копнежи, разочарувања и надежи.
Од комичните судири во „Мечка“ и „Предлог за брак“ до интимните монолози во „За штетата од тутунот“ и „Лебедова песна“, оваа збирка нуди богат спектар на емоции и стилови, сведоштво за мајсторството на еден од највлијателните драматурзи на модерната ера.
Семејство, љубов, празнина – сè што не се кажува, а сè што боли.
Идеално за љубителите на театарот, литературата и тишината меѓу зборовите
-
Инспиративна вистина
0350,00 денКнига за духовното издигнување, личните победи и враќањето на вистинскиот пат
Луѓето пишуваат бидејќи никој не слуша.
Од многутемина кои се соочуваат со анксиозноста, малкумина се тие кои ќе проговорат и ќе напишат некој ред, помагајќи им на другите и будејќи ја свеста на пошироката јавност. Но, може ли млад човек да говори за овие теми? Дали е потребно многу поголемо животно искуство за да се даде одговор на овој проблем?
Староста не е од пресудно значење. Важен е интересот, искуството, зрелоста и вештините на личноста. Ова е спознавање на себеси, дел од развојот и растот на секоја личност. Ова е емоционален отскок на индивидуата, непријатен по својата манифестација, но важен за заокружувањето на тој процес.
Книгата „Инспиративна вистина“ е наменета за општата јавност, за читателската публика која трага по разбирливи одговори во кои може да се пронајде и со кои може да се идентификува. Да се избере вистинскиот јазик за пренесување на мислите за оваа појава е комплицирано прашање, но играјќи на картата на искреноста, би рекле дека е најдобриот пат оваа книга да допре до секој читател.
Зошто „Инспиративна вистина“?
- Книга која ќе ви помогне да се запознаете себеси и да се фокусирате на остварувањето исклучителни резултати.
- Приказна за духовното издигнување, личните победи и враќање на вистинскиот пат.
- Надминете ја илузијата за однапред изгубените битки, активирајте се за победа!
- Поздравете се со празнината, зрачете со вистинската вредност!
- Не очекувајте надворешна слобода без внатрешен мир! Оваа книга нуди решение да ја остварите таа цел.
-
Наивност
0400,00 денМартин држејки го в раце болното дете, истовремено плачеше со Силвана. Детето беше во бесознание, по нецели пет минути стигна докторот кој веднаш го зеде детето во своите раце и го внесе во болницата, каде што влегоа Веле, Мартин и Силвана. Персоналот на болницата се зачуди што го виде докторот со детето в раце бидејки беше на одмор. Тогаш персоналот почна да го прашува докторот, што се случува, а тој им кажа дека е итен случај и дека детето што го држи во рацете, е од негови блиски пријатели и персоналот се затрча.
Дејствието на романот ,,наивност,, е во денешно време, тоа е една приказна што опишува наивноста до каде може да го доведе на човекот.
-
Тивката ноќ на Херкул Поаро
0450,00 денНајславниот детектив на светот, легендарната ѕвезда на романите на Агата Кристи, повторно ги активира своите „сиви ќелии“ и пристапува да реши една божиќна мистерија.
Денот е 19 декември 1931 година, а Херкул Поаро и инспекторот Едвард Кечпул добиваат повик да истражат убиство на човек што се случило во навидум сосема безбедна средина: на оддел од болница во Норфолк. Мајката на Кечпул, Синтија, инсистира Поаро да престојува во трошна куќа на брегот, за сите да можат да бидат заедно за време на празниците додека Поаро го решава случајот. Пријателот на Синтија, Арнолд, набргу треба да биде примен во истата болница, а неговата сопруга е убедена дека токму тој ќе биде следната жртва на убиецот, иако одбива да објасни зошто мисли така.
Поаро има помалку од седум дена да го реши злосторството и да спречи уште убиства, доколку сака да избега од кошмарно сценарио и да се врати дома за Божиќ. Во меѓувреме, некој бескрајно безмилосен има друга замисла за неговата судбина.
Ќе успее ли Херкул Поаро навреме да го реши овој збунувачки случај?
-
Твојата вина
0599,00 денУште поголема романса, но и предавство, разочарување, мистерија: сето тоа ве чека во продолжението на романтичната сага за лошото момче со добро срце и за добрата девојка со голема храброст.
Кога Ноа се вљуби во Ник знаеше дека нивната врска нема да биде едноставна: тие се целосна спротивност, оган и струја, а кога се заедно светкаат молњи… во секоја смисла.
Досега нивната страст беше посилна од гордоста, но разликата меѓу нив и сеништата што ги демнат обајцата, сето тоа постојано ги доведува во искушение, како темпирана бомба што се заканува дека ќе ги разнесе.
Во љубовта не е сè и секогаш мед и млеко, а Ник и Ноа мораат да научат како заедно да се соочат со пречките и да не дозволат некој да ги раздвои.
Дали Ноа, навистина, е подготвена да се соочи со своите стравови и повторно да му верува некому?
Дали Николас ќе успее да го остави своето минато зад себе и да ѝ го отвори срцето на една личност? -
Сиракот од Бергамо
0400,00 денДесетина години откако е затворен најголемиот полициски случај во историјата на Италија, злото повторно чука на врата.
Две години Калин е сокриен под таен идентитет во Лугано со своето семејство. Тој е четириесетгодишен оперативец од тајната полиција на Италија, кој повторно е активиран откако е пронајдено безживотното тело на неговиот поранешен шеф во пензија, Флорини. Покрај обесеното тело е оставена порака, а неговото име се наоѓа на неа. Сега мора да балансира помеѓу семејството и темните опасности кои демнат од минатото.
Жедта за одмазда на убиецот е посилна од сè. Калин, заедно со агентот Џенаро, се впуштаат во комплексна истрага и навлегуваат во врзоп кој се обидуваат да го одмотаат и да го откријат серискиот убиец кој брутално убива невини жртви во Бергамо. Тој не само што остава иста порака по секое грозоморно дело туку изгледа како секогаш да е еден чекор пред нив…
-
Мојата вина
0599,00 денПрв дел од волшебната романтична сага, која веќе маѓепса милиони читатели. Приказна за љубовта, предавството и за тајните. Храбра хероина и арогантен херој, зад чијашто фасада на лошо момче се крие нежно и благородно срце.
Николас Лестер е роден да ми го компликува животот. Висок, со сини очи, коса црна како ноќно небо… Звучи прекрасно, така? Па, и не е толку кога ќе дознаеш дека ќе ти биде полубрат и дека, како капак на сè, го претставува сето тоа од што бегаш откако знаеш за себе. Опасност. Тоа беше првото нешто што ми падна на
памет кога го запознав и открив дека води двоен живот и крие тајни од својот татко мултимилионер.
Како на крај се вљубив во него? Лесно – со тие убави сини очи, Николас може цел свет да го сврти наопаку. -
Бигор шарпланинецот
0250,00 денНе познавам ниту еден автор кој со зборовите може да ги долови глетките и со таква сила да ги оживее емоциите – да нѐ маѓепса и целосно да нѐ опчини – како што тоа го прави Ферид Мухиќ. Книгата зборува за пријателството и посветеноста, при што и авторот и шарпланинецот Бигор покажуваат еднаква верност станувајќи си еден на друг чувар, заштитник – поткрепа!
Д-р Марија Дун, профeсорка на Универзитетот во Питсбург
Трогателна сага за нераскинливата поврзаност меѓу човекот и песот, која спонтано прераснува во метафизичка ода на пријателството и неговата трансцендентна димензија, изземена од неумоливиот тек на времето – за да му ја подари на физичкиот свет есенцијалната состојка што самиот е конститутивно неспособен да ја изнедри, а без која „животот не е вреден за живеење“!
Д-р Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје
-
Возрасни деца од емоционално незрели родители
0450,00 денОваа книга нема цел да обвини никого, напротив, ни овозможува да ги разбереме родителите на едно друго ниво што ќе нѐ научи како да ги излечиме раните од минатото.
Децата не можат да си ги изберат родителите. За жал, многу од нив имаат емоционално незрели родители, а последиците од тоа ги чувствуваат цел живот. Да се разбере сопственото минато и да се види како влијае тоа врз сегашноста може да биде болен процес. Благодарение на клиничкиот психолог Линдзи Гибсон, можеме да се запознаеме со деструктивната природа на односите со родителите и да научиме како да се справиме со нив.
Ако и вие сте растеле со недостапен или себичен родител, често од вас може да избиваат чувства на лутина, бес, осаменост или несигурност. Сетете се на сите ситуации во кои не ви биле задоволени емоционалните потреби, кога сте биле игнорирани или сте морале да преземате одговорност како да сте возрасни. Овие лузни можат да се излечат и од рани да станат двигател кон подобар и посреќен живот. Ако добро знаете што значи емоционална зрелост, ќе можете да го најдете и она што го барате.
„Приоѓајќи им со мудрост и сочувство, Линдзи Гибсон им овозможува на читателите да ги согледаат и подобро да ги запознаат отровните врски, што го олеснува пронаоѓањето на нови, здрави патишта што ќе ги излечат. Оваа книга е моќна можност за да си помогнете самите себеси.“
Томас Ф. Кеш
-
Рецептот за надеж
0490,00 денЕви бега од навидум блескавиот живот со нејзиниот речиси бивш сопруг. Од загубата на нејзиното бебе. Од Лондон и од божиќната еуфорија.
Оддалечената куќа на југот на Франција изгледа како совршено мирно место за да ја надмине својата тага. Но, куќата на југот на Франција е спротивно од тивка,од петелот што пее во зори до бувот од шталата што испушта чудни звуци во долгата ноќ, да не го спомнуваме згодниот сосед на Еви, докторот Дидие, кој работи во својата гаража низ текот на целиот ден. Наскоро, малата локална заедница почнува да ја освојува, потсетувајќи ја Еви што навистина е важно во животот.
Но, дали прекрасните сини очи на Дидие се повеќе од вкусните вечери на Еви? И дали откажаниот Божиќ – т.е. не-божиќната гозба за двајца – може да го излечи нејзиното срце?
-
Јас и ти: Како јас стана суперхерој
0300,00 денДали си подготвен да станеш суперхерој? Ти веќе имаш супермоќи – на пример, ја имаш моќта да бидеш среќен! ЈАС ќе ти помогне да ја откриеш онака како што нему му помогна ТИ.
Запознај ги овие двајца суперхерои и придружи им се во нивната авантура. Тие не патуваат низ светот, но одат на едно многу потајно и поневеројатно место. Во срцето на едно дете. Сосем исто како твоето!
-
Се што би сакал да знаев порано
0299,00 денВо секој од нас постои дел што никогаш не расте – детето кое некогаш сме биле. Ова внатрешно дете нè учи да сонуваме големи соништа, ја буди радоста во нас, но знае да донесе и солзи и грижи.
Ова е книга за сите верувања што ги има детето во нас и како тие ја обликуваат личноста која сме денес. Но во одреден момент од нашите животи сите ние треба да ги преиспитаме овие верувања и мисли и да видиме дали сè уште ни одговараат како возрасни. Дали нè прават среќни или се преголем товар?
Оваа книга е за тој момент кога треба да одлучиме што треба да задржиме, а што да оставиме зад себе додека одиме напред во животот.