Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Ќерката на трговецот со свила

    Ќерката на трговецот со свила

    0

    Незаборавна приказна за една жена растргната помеѓу два света…

    Француска Индокина, 1952 година. Кога Никол, полу-Французинка, полу-Виетнамка, ќе наполни осумнаесет години, нејзината мајка умира и татко ѝ ѝ препушта да се грижи за одамна затворената продавница за свила во Ханој. Но нејзината сестра Силви е таа што ќе го преземе управувањето со големиот семеен бизнис. Погодена од оваа неправда, почнува да ги чувствува и неправдите на колонијалната власт кон Виетнамците.

    Додека бунтовниците со сите расположливи средства се обидуваат да стават крај на владеењето на Французите, Никол е на крстопат помеѓу Тран, озлогласен виетнамски бунтовник што ѝ нуди совршено бегство од неволите, и Марк, шармантниот американски трговец и маж за каков што отсекогаш сонувала. Исправена пред големите одлуки, животот ќе ѝ тргне во неочекуван правец…

    Магична повест за мрачните тајни, сестринското ривалство и страсната љубов, сместена во колонијалната ера на Далечниот Исток.

    Од бестселер-авторката на МИРИСОТ НА ЛИСТОВИТЕ ЧАЈ

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кери Сото се врати

    Кери Сото се врати

    0

    Кери Сото е бестрашна и нејзината посветеност да победи по секоја цена не ја прави ниту малку популарна. Во моментот кога ќе се повлече од тенисот, таа е најдобрата тенисерка што ја видел светот. Таа го постави секој можен рекорд и освои дваесет грен-слем титули. Жртвуваше речиси сè за да стане најдобра, со помош на нејзиниот татко, Хавиер, како нејзин тренер. И самиот поранешен шампион, Хавиер ја тренирал уште од двегодишна возраст. Но, шест години по повлекувањето, во 1994 година, Кери седи на трибините на Отвореното првенство на САД и гледа како нејзиниот рекорд го соборува извонредната тенисерка Ники Чен. На 37 години, Кери решава да се врати и со помош на нејзиниот татко да го собори рекордот на Чен. И покрај тоа што на медиумите никогаш не им се допаѓала „Борбената секира“. И покрај тоа што нејзиното тело не се движи како порано. Па, дури и ако тоа значи да си ја проголта гордоста и да тренира со човекот кому еднаш му го отвори срцето: Боу Хантли.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • 48 закони на моќта

    48 закони на моќта

    0

    Тој што сака секогаш и во сите ситуации да биде добар, ќе пропадне меѓу другите што не се добри.

    Провокативна и контроверзна, „48 закони на моќта“ отворено зборува за мрачните страни на човековото однесување и неговата желба за моќ, што ја прави актуелна особено во денешно време.

    Некои нејзини закони нѐ учат за скромноста, други за таинственоста, а некои нѐ упатуваат на бескомпромисно извлекување лична полза. Независно од моралните забелешки до кои може да се дојде, тие закони се сосем реални и видливи во нашето секојдневие. Целта на оваа книга не е да се прикаже начинот на стекнување моќ туку, напротив, да се научиме да ги препознаваме туѓите обиди за завладување на нашиот живот.

    Возбудлива и богата со вистински историски настани и ликови, првпат објавена во 1998 година, ова е книга за принципите и стратегиите што луѓето отсекогаш ги користеле за стекнување и одржување на власта во различни контексти, од политика и бизнис до личните односи. Водич со непроценливи увиди за меѓучовечките односи, за манипулацијата и општественото влијание, кои можат да се применат за лично и за професионално растење и напредување.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бризбејн

    Бризбејн

    0

    Евгениј Водолазкин во својот нов роман ја продолжува приказната за јунаците (исто како и во „Лавр“ или во „Авијатичарот“) чија судбина – како во античките трагедии – наеднаш и веднаш се менува.

    Глеб Јановски е музичар, виртуоз што на врвот од својата слава ја губи можноста да настапува поради болест и се обидува да најде нова смисла на својот живот, нова потпорна точка. Во тоа му помага минатото: се обидува да ги собере заедно сеќавањата од детството во Киев, од младоста во Ленинград, од сегашноста во Минхен. Само Бризбејн го нема меѓу тие животни патешествија. Дали воопшто постои таков град? Или тоа е само илузија, мечта, утописки идеал?

    Романот е прогласен за Книга на годината во Русија за 2019 година.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Неточка Незванова

    Неточка Незванова

    0

    Со мајсторски стил и длабоко чувство за човековата душа, Достоевски го внесува читателот во најскришните мисли на девојчето кое неусетно се претвора во девојка.

    Во форма на лична исповед, приказната ни ги открива премрежјата на Неточка Незванова. Од најмала возраст таа е принудена да ја запознае сиромаштијата, да ја поднесе смртта на мајка си и да биде напуштена од татко си. Нејзиното детство го минува во сенката на очувот Ефимов, пропаднат музичар кој смета дека е занемарен гениј и кој на чуден начин ја привлекува. Но од овој пијаница не може да се очекува друго освен да ја искористи и да ја доведе до пропаст. Кога ќе биде спасена од страна на една аристократска фамилија, Неточка се одлучува од остане аутсајдер – осамен набљудувач на блескавото општество. Почетокот на единствениот незавршен роман на Достоевски е објавен пред да биде уапсен и депортиран во Сибир под сомнеж за револуционерни активности. По десет години минати таму, и по враќањето во Санкт Петербург, не продолжува со работата над овој важен текст во кој ги прикажува страдањето, осаменоста, лудилото и гревовите кои не одминуваат никого. Романот ги содржи темите кои доминираат и во подоцнежните дела на рускиот класик.Раскажувајќи ни ја приказната за една фамилија и настаните поврзани околу истата преку ликот на малата Неточка: преселбата од Санкт Петербург во Москва во куќата на Александра Михајловна, едно неочекувано убиство, необичното пријателство со кнегинката Катја, смртта на нејзиниот очув, како и откривањето на тајно писмо, Достоевски во својот недовршен роман Неточка Незванова ја акцентира темата на страдањето на децата, интересите и предизвиците при нивното соочување со општеството во кое живеат. Неточка Незванова раскажува за своето детство во сенката на очувот, Ефимов, пропаднат музичар кој смета дека е занемарен гениј. Младата девојка на чуден начин ја привлекува овој пропаднат пијаница, кој ја искористува и го доведува семејството во крајна сиромаштија. Но кога ќе биде спасена од страна на една аристократска фамилија, деликатната психа на злоставената Неточка се одлучува од остане аутсајдер – осамен набљудувач на блексавото општество. Со приказот на страдањето, самотијата, лудилото и гревовите што ги погодуваат и богатите и сиромашните, ги содржи темите кои доминираат и во неговите подоцнежни романи.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Белегот на сите нешта

    Белегот на сите нешта

    0

    Величествен, опсежен роман за желбата, амбицијата и жедта за знаење.

    Вметнувајќи го својот уникатен глас во волшебна приказна за љубов, авантури и откритија, Елизабет Гилберт го опфаќа периодот од XVIII и XIX век. Романот ја следи судбината на необичното семејство Витакер, на чело со бизнисменот Хенри, Англичанец од сиромашно потекло, кој стекнува огромно богатство во Јужна Америка благодарение на трговијата со кинин и на крајот станува најбогатиот човек во Филаделфија. Неговата ќерка Алма, родена во 1800 година, покрај парите, ја наследува и татковата интелигенција, па станува надарена ботаничарка. Како што истражувањата ја водат кон длабоките мистерии на еволуцијата, таа се вљубува во Амброуз Пајк, човек што слика неповторливи орхидеи и ја одвлекува во свет поразличен од нејзиниот – свет на духовното, божественото и магичното. Алма е трезвен научник, Амброуз уметник на утопија – но тоа што го обединува овој необичен пар е очајната желба да сфатат како функционира светот.

    Извонредно истражен и раскажан со галопирачко темпо, романот нè води низ целиот свет – од Лондон до Перу, Филаделфија, Тахити, Амстердам… Напишана со смел, предизвикувачки дух на тоа време, мудрата, промислена и волшебна приказна на Гилберт со сигурност ќе ги освои срцата и умовите на читателите.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бизарни раскази

    Бизарни раскази

    0

    Збирка од десет раскази чиј заеднички именител е фасцинацијата од чудовишното. Токарчук ни поставува дилеми што нè исфрлаат од комфорната зона, потсетувајќи нè дека светот сè повеќе ни се измолкнува и дека сè помалку имаме контрола врз она што го правиме.

    Бизарен е светот во кој живееме, ставен во непрестајно движење и постојано менување. Такви се и овие фасцинантни раскази  огромно патување, книга што преку чудовишното ги поткопува сите очекувања. Од каде води потекло бизарното? Дали бизарното е одлика на светот или пак лежи во секого од нас? Читателот ја губи свеста низ постојаната промена на ритамот на нарацијата. Што ли го чека на следната страница?

    Ова не се само приказни за клонирање, осаменост и неможност да се сфатиме себеси и својата положба во утврдените општествени улоги, туку секој расказ е визија што ја поттикнува потребата да му дадеме смисла на светот. Со помош на гротеска, црн хумор, фантастични и хорор-елементи ни покажува дека реалноста не е онаква каква што ја познаваме. Токму затоа и постои уметноста  за да го провоцира она што се плашиме и да го помислиме.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Двојник

    Двојник

    0

    Петербуршкиот чиновник Јаков Петрович Голјаткин неочекувано открива дека постои негов целосен двојник, не само според надворешниот изглед туку и со исто име и презиме.

    Додека Голјаткин-постариот води скромен и повлечен живот, неговиот двојник поседува потполно спротивни карактеристики, тој е дрзок мајстор на социјална мимикрија и плетење интриги. Од овој момент животот на главниот јунак почнува незапирливо да се распаѓа, бидејќи неговиот двојник методично и немилосрдно го зазема местото на Јаков Петрович во друштвото, на работа и во срцата на познаниците.

    „Двојник“е најзагадочната повест на Ф. М. Достоевски од неговиот најран период. Ова е длабоко истражување на психата на човекот, на природата на неговата идентичност, на границите помеѓу реалноста и халуцинациите и за тоа како социјалниот притисок и внатрешни комплекси можат да го доведат човека до лудило.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мојот пурпурен мирислив роман

    Мојот пурпурен мирислив роман

    0

    Пријателството меѓу двајcа писатели добива cхуден пресврт кога едниот од нив одеднаш ќе стане успешен. Лјубомората и фрустраcиите ќе го поттикнат неуспешниот писател да испланира и бескрупулозно да изврши совршено книжевно злосторство.

    180,00 ден
    Додај во кошничка
  • Карпа на бесилките #4 Детската куќа

    Карпа на бесилките #4 Детската куќа

    0

    Уште една воодушевувачка приказна за морбидното насилство и одмаздата.

    На едно мрачно вулканско поле во околината на Рејкјавик се наоѓа Карпата на бесилките. Тоа порано било место на кое се вршеле погубувања, а сега е туристичка атракција. Сè додека едно утро полицијата не најде човек обесен таму…

    Клинецот закован во неговите гради докажува дека не се работи за самоубиство. Но, кога полицијата ќе влезе во станот на жртвата, наоѓа уште една загатка: таму е оставено едно четиригодишно дете. Се чини дека тоа нема никаква врска со жртвата. Од неговите родители нема ни трага ни глас, а цртежите што ги црта покажуваат дека било сведок на нешто ужасно.

    Додека детективот Хулдар се обидува да го најде убиецот, а детската психологинка Фреја ги бара родителите на момчето, мистеријата добива мал зрак светлина.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сликата што не е на продажба

    Сликата што не е на продажба

    0

    Миа и Јан. Навидум едноставни и обични, но исправени пред многу предизвици. Приказна за вртлозите на животот кога душата е сместена во две тела, а тие не можат да најдат мир. Дали за да ги победиш тагата и празнината, како две сестри близначки, треба да инсистираш на сопствената замисла за животот и љубовта или исполнетоста може да се постигне и со толеранција и компромис? Подеднакво незадоволни, а среќни?! Нелогично звучи, но дали е (не)возможно? Каде да се најде патот – во единството на спротивностите или во парадоксите на созревањето, кога дури отпосле ќе сфатиш дека довербата одамна не постои, дека си грешел, а сè можело да биде поинаку. Или иднината ќе остане неоткриена, љубовта ќе остане тајна, а зборот ТЕ САКАМ ќе биде погрешно разбран, или постои надеж?! Кој мудрец може да ги посоветува Миа и Јан кога е доволно доцна, а сепак навреме, да го отворат куферот на неостварените желби?

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Војната на уметноста

    Војната на уметноста

    0

    Победете ги блокадите, совладајте го отпорот и раскрилете ја својата креативност

    Ако сонувате да напишете роман, жалите што не сте ги завршиле своите слики, песни или сценарија, ако сакате да основате фирма, од денес да почнете со диета или вежбање… а сепак нешто ве спречува – ова е вистинската книга за вас.

    „Војната на уметноста“ е докажан водич за целосно искористување на творечката енергија. Како да го отклучиме својот потенцијал и да ги надминеме стравот и отпорот што ни го спречуваат успехот? Со храброст, следејќи ја вистинската формула и напорно работејќи, страста може да се претвори во цел.

    Таа е неопходна за секој човек и за сите животни области, не само за уметноста. Со своето богато искуство, Пресфилд ни дава детален план за препознавање и совладување на отпорот што нè спречува да се зафатиме со најважните работи. Само така можеме да постигнеме остварување на своите соништа и да почнеме да живееме слободно, водени од својата креативност.

    „Неверојатно јасно и мудро дело за психологијата на творењето.“

    Џеј Мекинерни

    „Отпорот е гласот во нас што ни повторува да се откажеме, да внимаваме, да не брзаме… Пресфилд е генералот со пет ѕвезди во војната против стравот.“

    Сет Годин

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Телефонската говорница на крајот од светот

    Телефонската говорница на крајот од светот

    0

    Книгата е инспирирана од вистинска телефонска говорница што се наоѓа во североисточниот дел на Јапонија.

    Авторката пишува приказна за жена што ги изгубила своите мајка и ќерка во цунамито во 2011 година и е принудена да патува низ тагата, но и низ животот пред себе. Јуи првпат ќе чуе за „телефонот на ветерот“ додека води разговор на својата радиоемисија. Јавувач, кој исто така изгубил близок во цунамито во 2011 година, раскажува за говорницата преку која гласот му го предаваш на ветерот и тој го пренесува отаде овој свет.

    Моќен и трогателен, внимателно напишан и предизвикувачки роман. Месина пишува јасно и воздржано, со способност да открие многу во само неколку реда.

    Во книгата владее мир и тишина, и тоа на секое движење му дава уште поголемо значење. Зборовите имаат тежина и се чини дека нема реченица што е вишок. Приказната на Јуи трогнува, возбудува и го грее срцето – сè во иста мера.

    „Телефонската говорница на крајот од светот“ е преведен во повеќе од дваесет држави и секаде се сместува на врвот на топ-листите. Во тек се преговори за продажба на филмските права.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење

    Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење

    0

    Првпат објавена во 1891 година, „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ на Пелегрино Артузи денес се смета за најзначајната италијанска книга за готвење од модерно време. Во годините пред смртта на Артузи во 1910 година оваа книга била препечатена тринаесет пати, па така бројот на рецепти пораснал од 475 на 790. Денес, ова значајно дело продолжува одново и одново да се објавува, но и да се преведува на повеќе јазици како холандски, шпански, англиски, француски итн.

    Иако самиот Артузи потекнувал од високата класа и постои сомнеж дека некогаш воопшто допрел кујнски прибор или запалил оган под тенџере за да готви, тој сепак успеал да напише книга која не била наменета не за професионални готвачи, каков што бил обичајот во XIX век, туку за оние кои готвеле за своето семејство во домовите од средната класа: домаќинките и нивните куќни помошници.

    Во книгата Артузи на читателите им се обраќа на еден хумористичен и ноншалантен начин, во духот на пријателски советодавец. Тој вметнува духовити анегдоти кај повеќето рецепти, опишувајќи ги сопствените искуства, но и историската важност на одредени јадења.

    Ова ремек-дело на Артузи не е само популарна книга за готвење – тоа претставува едно од најзначајните дела на италијанската култура. До ден-денес „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ останува најчитаната книга за италијанската кујна која датира од значајниот историски период на раѓањето на модерна Италија.

    Познатиот новинар и писател Џузепе Прецолини, по прогонството во Швајцарија, ќе каже дека за него, она што останува од Италија се: „Данте, Пинокио, шпагетите и книгата на Артузи“.

    Пелегрино Артузи е роден во Форлимпополи (во близина на Болоња) на 4 август 1820 година, во семејството на Тереза и Агостино Џунчи. По студиите во семинаријата во Бертиноро, тој почнал да работи кај неговиот татко, a пресвртница во неговиот живот бил нападот на бандитите на 25 јануари 1851 година. При овој напад биле ограбени најбогатите семејства додека биле во театар, меѓу кои и она на Артузи, па по овој ужасен настан, семејството ја напуштило Ромања и се преселило во Фиренца, каде држеле штанд за продажба на свила. Пелегрино успешно се вработил во Ливорно, а подоцна основал и банка во Фиренца која му донела богатство и почит.

    790,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Нишки до срцата

    Нишки до срцата

    0

    Наташа Брезовска-Богоевска не ѝ е непозната на македонската читателска публика досега, во својот творечки опус веќе има повеќе дела поезија и проза како за деца така и за возрасни, а повеќе пати нејзините раскази биле наградувани и забележувани како драгоцен придонес кон македонската белетристичка литература. Во оваа збирка раскази таа се пројавува како мајстор на кусиот прозен жанр, а големиот опус раскази зборува за нејзината посветеност на секој внимателно избран збор, лапидарноста на изразот зборува за високата креативност на авторката: со малку зборови
    да каже многу, да погоди токму во срцата и на пребирливата читателска публика и со интерес да се очекува секое нејзино следно остварување.
    Нејзините раскази „Кукли“, „Спомени“, „Преку океанот“, „Спасување“ и многу други издишуваат човечки топол здив што е чуен и восприемлив за секој вистински читател, обременети со пораките: Назад кон природата!; Семејството е света работа!; Љуби го ближниот свој!; Верувај во моќта на љубовта! итн. На мошне сликовит и колоритен начин ни ги доближува токму овие трајни човечки вредности, кои не губат смисла и во овие луди времиња и зборуваат дека само со вистинска верба и истрајност се стигнува до вистината и токму тие моменти на топлина и грижа од најблиските се вистинска среќа за секој човек и сите животни несреќи и предизвици полесно се пребродуваат со вербата во доброто. Со секој нејзин расказ извира по една нишка до срцето на читателот.
    Авторката верува во човекот, верува во неговата добрина, во неговата верба дека доброто со добро се враќа, па да ѝ веруваме и ние дека овие топли животворни редови се дел од нејзиното богато животно искуство, кое на најдобар можен начин го преточила во литературно дело вредно за читање и за паметење.
    Проф. д-р Снежана Петрова-Џамбазова

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Круг

    Круг

    0

    Последниот роман на Меша Селимовиќ се навраќа на неговата доминантна тема: човековиот егзистенцијализам.

    „Круг“ почнува со тоа што главниот јунак Владимир ја спознава вистината за Младен, постариот брат кој загинал во 1944 година. Младен е прогласен за херој на Револуцијата, но со тоа во смрт ги повлекол и таткото и мајката. Но само Младен е интересен за заедницата. Владимир, иако е брат на херој и единствен преживеан член во семејството, не е повикан на свечноста за отворање спомен-музеј во нивната родна куќа. Лут поради овој потег на партиските другари, ја напушта работната акција. Од тој момент во него почнува да се раѓа сомнеж во Партијата и во Револуцијата, а пред читателот се простира цела галерија ликови преку кои се изразуваат политичките, социјалните и културните контрасти на времето.

    Во општествениот план на романот е пролетерското општество и бунтот на идеалната совест на Владимир против владејачката хиерархија, идеолошкиот опортунизам и против предавството на поранешните револуционери.

    Во сето ова е испреплетена и љубовна приказна преку која Селимовиќ уште еднаш го покажува своето врвно мајсторство за прикажувањето на внатрешната состојба на ликовите и меѓучовечките односи.

    Иако формално недовршен, по својата структура и поетичка компактност, „Круг“ функционира како заокружена прозна целина.

    400,00 ден
    Додај во кошничка