-
Никој и ништо во Париз и Лондон
0300,00 денТрпезата на богатите и сиромашните се разликува само според нивните приходи.
Орвеловата автобиографија, исповед и критика – маестрален портрет на сиромаштијата во општеството.
Класикот на критичката мисла отворено и без трошка самосожалување ги изнесува вистините за бедата што ја доживеал во Париз и Лондон. Двете епизоди се еднакво фасцинантни – париската по разоткривањето на заднината на отмените француски ресторани, и лондонската по начинот на кој е насликан животот на скитниците на самото дно на општеството.
Орвел ни нуди живописен приказ на двата града со отрезнувачки вистини за ужасната стварност –ужасна затоа што е сосема реална. Овој негов роман е веродостоен сведок и значаен социјален документ за сиромаштијата што го угнетува народот. Но тој истовремено прераснува и во беспоштедна критика кон општеството кое не презема ништо за нејзино решавање.
-
Азбучната куќа
0600,00 денВтора светска војна – двајца англиски пилоти, eдна психијатриска болница за офицери на СС и една многу опасна игра на преправање.
Во 1944 година, двајца англиски пилоти, Џејмс и Брајан, пријатели од детството, се соборени над Германија. Свесни дека ќе бидат стрелани како шпиони ако ги фатат нацистите, успеваат да влезат во санитетски воз наменет за високорангирани припадници на СС-единиците што го загубиле разумот поради суровите доживувања на источниот фронт. Џејмс и Брајан исфрлуваат од возот двајца пациенти на умирање и ги заземаат нивните постели со надеж дека подоцна ќе избегаат. Така, двајцата завршуваат во Азбучната куќа, психијатриска болница што се наоѓа во самото срце на Германија, во Фрајбург. И единствен спас им е да глумат дека се луди…
„Најдобар филм што сум го прочитал во животот.“ – Јуст Бетцер, филмски продуцент
„Возбудлива комбинација на воен роман и психолошки трилер, ни малку поневозбудлив од неговиот меѓународно познат серијал за секторот Q.“ – The Times
-
Раскази од минатиот век
0250,00 денВо Раскази од минатиот век Виолета Танчева-Златева ја брише границата меѓу умот и заумот, меѓу стварноста и фантазијата, меѓу светот на секојдневието и светот на очудувањето, меѓу сонот и јавето, меѓу класичниот и магичниот реализам. Иако пишувани „во минатиот век“, тие се интуитивна проекција на новиот век, небаре минатото ја посматра иднината со очите на сегашноста, а погледот се менува во дијалогот со себеси, па имаме раскази и со морбиден, но и со меланхоличен призвук, и со рурален, но и со урбан амбиент, и со исповеден, но и со премолчен тон, и со цврсти, конкретни факти, но и со раскошно измислени случки, поставувајќи го егзистенцијално-поетичкото прашање „Колку треба да се премолчи, а сепак да се каже потребното?“ Потеклото, коренот, селската (не)идила, градската сцена, растењето, мајчинството, љубовта, ранливоста на човечкото битие, заборавот, сеќавањето, судбината на жената, животот како пат без станица за одмор – се само дел од темите што авторката ги обработува на автентичен начин, ненаметливо, емпатично и во духот и на старата македонска книжевна класика, но и во дослух со новите наративни пристапи на раскажување. Виолета Танчева-Златева раскажува за хронотопот на срцето кое е секогаш овде и сега. Нејзините раскази од минатиот век се раскази за нас и за нашиот век.
Лидија Димковска
-
Избрани раскази
0450,00 денЧехов е автор на околу 900 дела, најголемиот дел хумористични раскази, драми, новели и повести, кои се сметаат за класични творби на светската литература.
Во расказите не прикажува големи историски настани и ликови. Приказните почнуваат секојдневно, за да го вовлечат читателот, но на крајот ефектите се секогаш моќни и предизвикуваат длабоки размисли и големи емоции. Прозата му е проткаена со хумор или со блага иронија и секогаш е присутна тагата која во подоцнежните дела преминува во резигнација и очај. Многумина го сметаат за еден од најдобрите автори на куси раскази во светот.
Работел како лекар во текот на целиот живот, а паралелно се занимавал и со книжевност. Самиот изјавил: „медицината ми е сопруга, а литературата – љубовница“.
Во оваа книга се поместени петте антологиски раскази и повести пишувани во опсег од десетина години: „Шега“ (1886), „Степа“ (1888), „Двобој“ (1891), „Павилјон број 6“ (1892) и „Човек во футрола“ (1898).
-
-
Часови по измама
0200,00 денПатник
Имам сѐ, а врз мапата
на мојата душа празни места
сѐ уште вдлабени. Неистражени
предели каде што себе
се канам на двобој, или на експедиција:
по тој пат, нема што да се загуби.
И кога ни се чини дека имаме сè, уште зјаат многу празнини во нас што пекаат за пополнување. Каде да ги најдеме „неистражените предели“ со кои можеме да ги населиме? Во себе да ги бараме или во светот за кој немаме чувство дека сосем му припаѓаме? И по кој пат да тргнеме кон нив – по тесната и длабока патека на душата или по широкиот друм на материјалниот свет опкружен со илузии, неискреност и „часови по измама“?… Но можеби уште поважно е на тој пат да не се изгубиме себеси.
Виолета Танчева-Златева
-
Поставете граници, пронајдете мир
0430,00 денСите знаеме дека треба да имаме здрави граници за да ги усогласиме работата и приватниот живот, да излеземе на крај со токсичните луѓе и да уживаме во квалитетните односи со партнерот, пријателите и семејството. Меѓутоа, што навистина значат „здравите граници“ – и како успешно да ги покажеме своите потреби, како да знаеме кога треба да кажеме „не“ и да настапиме решително, а притоа да не го повредиме соговорникот? Авторката Недра Гловер Таваб, експертка за врски и една од највлијателните психолози на Инстаграм, ни го објаснува тој сложен проблем на денешното општество. Во книгата ни претставува едноставни, а истовремено ефикасни начини за поставување здрави граници во сите животни области. Предлага да користиме техники втемелени врз основа на најновите истражувања и најуспешните методи, што се применуваат во когнитивно-бихевиоралната терапија. На тој начин ќе ги одредиме и изразиме своите потреби јасно и без извинување. Ќе ги решиме главните проблеми што се кријат зад козависноста, одмерувањето на силите, анксиозноста, депресијата, преголемиот напор на работа и многу други проблеми што се појавуваат. Авторката ни дава јасни упатства како отворено да зборуваме за своите потреби и да уживаме во слободата што ни ја пружа природното однесување. „Без здрави граници не сме способни да живееме живот каков што сакаме. Оваа книга е вистински водич за дефинирање на очекувањата и на личните граници што ни помагаат да живееме спокоен живот и да бидеме почитувани и реализирани како што заслужуваме.“ д-р Скот Бари Кауфман
-
Италијанската девојка
0630,00 денРозана има само единаесет години кога се запознава со Роберто во кафеаната на своите родители во Неапол. Таа се вљубува во убавиот оперски пејач и се заколнува дека еден ден ќе се омажи за него. И Роберто не останува рамнодушен кон нејзиниот ангелски глас. И предвидува блескава иднина и ја убедува да почне да оди на часови по пеење.
Благодарејќи на својот беспорен талент, Розана освојува стипендија за музичката школа во миланската “Скала”. Наскоро патот повторно и се вкрстува со патот на Роберто. Заедно ги освојуваат сцените на најпознатите оперски куќи во светот. Тие се неверојатен тим и во животот и покрај неговата репутација на кршач на женски срца. Нивната љубов е опсесивна, но и разорна, обележана од лаги и предавства. Но, тајните од минатото на Роберто се закануваат да испливаат на површината и да им ја затемнат среќата. Ќе успеат ли Розана и Роберто да ја зачуваат својата љубов кон музиката и еден кон друг?
-
Водни тела
0250,00 денРеката е насекаде – во водата која тече во домовите, во нивните разбранувани тела, во снегулките што лебдат и ѝ се враќаат во течението.
Што значи да се биде и колку сме изградени од она што било? Какви се водните тела? Дали човекот е растреперен бран и вода која е де во прилив де во одлив? Оваа приказна тече по коритото на животот барајќи го неговиот извор и обидувајќи се да ја спречи сушата.
Безимената протагонистка и писателка во сенка од Сиднеј се враќа во родното Куманово, но наместо во градот од спомените доаѓа во сиво место задушено во смог, ѓубре и закопани соништа. Како носителка на богатата македонска традиција, баба ѝ ѝ открива дека во Куманово некогаш постоела речна плажа. И така главната хероина се впушта кон откривање на личните приказни и легендите, кон сувото речно корито, заедно со другарите од детството – дивиот таксист Гаврил и Јасна, фотографка која ги следи трагите на црниците. Барајќи го изворот на водата, тие несвесно си го бараат својот извор.
И како што „Сè што користиме ни е позајмено, а наше е да го чуваме“, така вистината во оваа книга е позајмена. Ваше е да ја чувате книгава на полиците, а вистината за себе – во себе.
-
Можеби треба да разговараш со некого
0600,00 денОткривањето на тешките вистини си има своја цена, но и неспоредлива награда: слободата
Мудри и забавни записи на психотерапевтката чии книги „Њујорк тајмс“ постојано ги прогласува за бестселери. Готлиб храбро ни го открива својот живот, и како психотерапевт и како пацент, следејќи ги вистините и лагите што си кажуваме себеси и на другите растргнати меѓу љубовта и омразата, вината и прошката, стравот и храброста да се впуштиме во промени.
Иако сè поотворено разговараме на теми кои некогаш се сметаа за многу интимни, штом ќе се споменат анксиозноста и депресијата, веднаш замолчуваме. Затоа, секому му треба ваква книга – „Можеби треба да разговараш со некого“ е толку искрена што прераснува во бунт кон стереотипите.
Врвен психотерапевт кој им помага на луѓето да го изведат животот на прав пат, еден ден Лори Готлиб и самата запаѓа во ќор-сокак. Кога целиот нејзин свет се распаѓа, во нејзиниот живот влетува Вендел, терапевт од кого ќе побара помош. Зашто секому, па дури и на оние кои ги решаваат проблемите на другите, им е потребно место каде што ќе можат да ја покажат својата ранливост – и да поразговараат со некого.
„Неодоливо патување низ човечката душа што нема да сакате никогаш да заврши.“
Киркус ривју
-
Фифти-фифти
0500,00 денЌе победи оној кој ќе раскаже најдобра приказна.
На две сестри им се суди за убиство. Доказите се заплеткани, а тие се обвинуваат една со друга. На која ќе ѝ верувате?
„Татко ми е мртов. Сестра ми Софија го уби! Уште е во куќата, ве молам помогнете ми!“
„Татко ми е мртов. Сестра ми Александра го уби! Уште е во куќата, ве молам помогнете ми!“
Едната од нив лаже, едната од нив е убиец. Но која?
Дали проникливиот адвокат Еди Флин ќе избере да ја застапува невината сестра? За првпат во својата кариера, тој ќе почне да се сомнева во својот избор.
„Брилијантно! Ѓаволски добри заплети и пресврти.“
К. Л. Тејлор„Генијално исткаен заплет, од перото на еден велемајстор на криминалниот жанр.“
Ерин Кели -
Прекрасен нов свет
0300,00 денЕдна книга за иднината може да нè заинтересира единствено со тоа колку е веројатно да се остварат нејзините пророштва. A Хаксли во своето животно ремек-дело добро предвидел дека укинувањето на духовните науки и вредности за сметка на материјалните ќе го смени животот од корен. Дали ни се заканува свет составен од бесчувствени луѓе кои личат на машини и се грижат само за социјалната стабилност и опстанокот? Во футуристичкиот свет на Хаксли луѓето се создаваат во лаборатории, секој со однапред предодредена функција и класа. А изолирано од нив живеат нормалните, преостанатите дивјаци. Кога прекрасните нови луѓе ќе дојдат во допир со еден дивјак, започнува вистинското соочување со стварноста. Дистописката визија на Хаксли нè соочува со заканите пред кои е исправено човештвото, со надеж дека ќе нè освести пред нивната можна опасност.
-
Скарлетна студија
0300,00 денПрвото дело во детективската серија за Шерлок Холмс кој го воведува читателот во неговиот енигматичен универзум.
Кога д-р Џон Вотсон доаѓа да живее на улицата „Бејкер“ со Шерлок Холмс, нема претстава дека штотуку навлегол во еден нејасен свет на криминал и насилство. Придружувајќи го во една злокобна куќа во јужен Лондон, Вотсон запрепастено открива мртовец чие лице е згрчено во ужас. На телото нема траги од насилство, додека на ѕидот со крв е напишан еден единствен збор. Доктор Вотсон е еднакво збунет како и полицијата, но брилијантните аналитички вештини на Шерлок наскоро ќе го расплеткаат клопчето на убиството, одмаздата и изгубената љубов.
„Скарлетна студија“ е запознавање со познатото дуо – ликовите на Шерлок Холмс и д-р Џон Вотсон. Мистеријата околу откривање на извршителот на убиството случено под неразјаснети околности набрзина ги претвора во најдобри пријатели, а целата истрага води кон испишување на студија на случај наречен „Скарлетна студија“.
„Холмс!“, извикав. „Ти ли си? Зарем е можно да си жив? Можно ли е да си успеал да се искачиш од тој ужасен амбис?“
-
Дисциплина без драми
0600,00 денВистинското значење на зборот дисциплина не е „доведување во ред“ со казнување, туку подучување, тврдат Даниел Џ. Сигел и Тина Пејн Брајсон, автори на книгата Менталниот склоп на детето и на други светски бестселери. Со многу искрени приказни и примери, како и со корисни илустрации, книгата Дисциплина без драми ефикасно, едноставно и јасно ќе ве води низ непослушноста, солзите и гневот на вашето дете – без сцени, викања и без казнувања. Ќе научите како брзо и лесно да се поврзете со детето, да ги пренасочите неговите емоции и да ја искористите можноста да го подучите на вештини корисни за цел живот.
Дознајте:
факти за развојот на детскиот мозок и за најефикасните стратегии во зависност од возраста на детето;
како да поставите јасни и доследни граници до кои ќе се придржувате и вие и вашето дете;
осум стратегии за пренасочување на однесувањето, што може да се применат во секоја ситуација;
како да се однесувате со разумен, сочувствителен пристап кон детето кога има излив на гнев;
дваесет најчести грешки во дисциплинирањето и како да се одбегнат;
како да се користи „пусулка“ за потсетување на основните начела во секојдневни ситуации. -
Америка (III издание)
0300,00 денДа замислиме две нешта: Америка да биде личност, а не име на континент и да биде тој, а не таа. Значи, си имаме работа со Америка Берти, триесетгодишен маж чие искуство може да се спакува во џеб од панталони. Едноставен како „извини“ и повлечен како мирно море. Америка Берти, тоа триесетгодишно дете со големо име и со скромни барања. Да вози велосипед наоколу, да лови риба, да игра со своите поќерки и по посетата на поштарот, во осаменост да минува часови со писмата што никој не знае од кого и од каде пристигнуваат.
Ајде сега да замислиме дека сме во Италија, од другата страна на Јадранското Море, и некаде меѓу Бриндизи и Монополи е скриено малото Тинтинио, место што го нема на географска карта, но во него гравитираат толку многу уникатни личности што го заслужува вниманието на светот.
Кога тие две нешта ќе се спојат – чудните навики на еден интровертен човек и љубопитноста на провинцијата што живее од секојдневниот џагор – се создава дело што го носи шармот на приказните што се паметат цел живот.
Роман за опојната привлечност на непознатото, роман за љубовта и пријателството, за потрагата по дом, за неможноста на простувањето, за апсурдот на заборавот, за отсуството како судбина и пред сè роман за утописката (не)моќ на зборот.
-
МОЌТА НА ПОЗИТИВНОТО МИСЛЕЊЕ
0450,00 денРазмислувајте позитивно и ќе активирате позитивни сили што носат позитивни резултати.
„Моќта на позитивното мислење“ е една од најпродаваните книги на сите времиња, глобален бестселер преведен на 42 јазика и продаден во над 20 милиони примероци. Таа им помогна на многу луѓе низ светот да живеат целосно и исполнето преку инспиративната порака на Норман Винсент Пил за неопходноста од верба и позитивен став кон животот.
Во овој исклучителен прирачник за исполнет, здрав и вреден живот, Пил со многу практични примери ни ја приближува моќта на верувањето и нејзиното директно благотворно влијание. Неговите практични техники ќе ве поттикнат да ги остварите сите свои амбиции и надежи и да постигнете душевен мир.
Оваа едноставна и остварлива филозофија на животот ќе ве научи:
- Да верувате во себеси и во сè што правите
- Да стекнете решителност
- Да развиете моќ за постигнување на поставените цели
- Да си го подобрите здравјето
- Да си овозможите непрестајна циркулација на позитивна енергија
- Да ги отфрлите непотребните грижи и да живеете опуштено
- Да ги подобрите личните и професионалните односи
- Да преземете контрола над околностите
- Да бидете љубезни – и со другите и со себеси.