Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Името на розата

    Името на розата

    0

    Дебитантското остварување на Умберто Еко, „Името на розата“, е историско- детективски роман сместен во средновековен италијански манастир, исклучително популарна и умешна комбинација на семиотика и медиевалистика, книжевна теорија и врвен раскажувачки талент.

    Приказната почнува при крајот на ноември 1327 година, кога во еден бенедиктински манастир пристигнува англискиот францисканец Вилјем
од Баскервил во придружба на својот ученик и искушеник Адсон од Мелк. Манастирот е потресен од необјаснивата смрт на младиот собрат Адолфо,
чие мртво тело е само првото од неколкуте што во околината создаваат атмосфера дека се ближи апокалипсата и дека набрзо ќе дојде антихристот. Доволно световни за да смеат да си дозволат да бидат логични, надминувајќи низа пречки – од строг библиотечен надзор па до посета на Инквизицијата – Вилјем и Адсон тргнуваат во потрага по вистинскиот причинител за смртта на калуѓерите.

    Продадена во повеќе од педесет милиони примероци ширум светот и преведена на над четириесет јазици, „Името на розата“ е добитник на највисокото книжевно признание во Италија, наградата „Стрега“, и е прогласена за една од стоте најдобри книги на дваесеттиот век според реномираниот француски весник „Ле Монд“.

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Злосторство и казна, том 2

    Злосторство и казна, том 2

    0

    Првиот голем роман од зрелата фаза на Достоевски, „Злосторство и казна“, е едно од оние книжевни ремек-дела што се длабоко врежани во колективната човечка меморија – од насловот до последната страница. Пишуван во најбурниот период од животот на авторот (враќање од Сибир, смрт на неговата сопруга и на неговиот брат, затворање на „Епоха“, коцкарски долгови), „Злосторство и казна“ сè уште е ненадмината психолошка студија на престапот. Родион Романович Раскољников – лик базиран на францускиот поет-убиец Пјер-Франсоа Ласенер – е поранешен студент по право кој живее во малечка изнајмена соба во Санкт Петербург и кој е убеден дека неговата морална супериорност му дава право, во име на повисоко добро, да ги заобиколи или да ги пречекори овоземските човечки закони. Својата прото-ничеанска природа Раскољников ја испитува уште на почетокот на романот: ја убива лихварката Аљона Ивановна – и, непланирано, нејзината сестра Лисавета – со намера нејзиното неправедно стекнато богатство да го искористи во добри цели. И оттука Достоевски го преселува експериментот во лавиринтите на умот од Раскољников, каде што спомените на смртта и алтруистичките пориви се соочуваат со сета непредвидена реалност на стравот и нечистата совест. Сметан од Томас Ман за „најголемиот криминалистички роман на сите времиња“ и позитивно спореден со опусот на Пруст, и еден и пол век по своето создавање, „Злосторство и казна“ не престанува да возбудува и да поставува прашања чиишто одговори, во отсуство на религиозната вдахновеност на Достоевски, изгледаат сè помрачни и подалечни.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Девојчето со две имиња

    Девојчето со две имиња

    0

    Книга за едно семејство што се распаѓа и за две сестрички кои мораат да бидат разделени. Нене (или Даде), постарата сестричка, заминува да живее со тато, а помалечката Снеже, останува со мама. На солзите им нема крај! Едно недоразбирање, едни неискажани зборови и еден недовршен разговор ставаат крај на хармонијата во семејството…

    Нене не може да се справи со напливот на емоции во своето малечко детско срце. Сакаат да ја разделат од нејзината сестричка Снеже, од нејзиното сонценце што го сака цела една вечност од четири години. Страшно! Не може да им прости на родителите: сега им текнало дека веќе не се сакаат, си решиле господата дека децата можат така, како бонбончиња, или како некоја чоколада да се поделат! Цааап! На ти тебе едно половинче, а ова другото е за мене! Ееее! Не може тоа така, нека извинат, ама не може!…

    Нене има само една единствена и најголема желба: сето ова да заличи на некаков сладникав филм со среќен крај. Нејзиното сонценце Снеже повторно ќе ги извикува нејзините две имиња: Да-да!!! Не-не!!!

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Грдото пајче

    Грдото пајче

    0

    „Грдото пајче“ е една од најпопуларните и најубави Андерсенови бајки, која со генерации им се раскажува на децата ширум светот.

    Трогателна приказна за пајчето кое е отфрлено од другите пајчиња и птици затоа што е грдо, па заминува во светот за да најде некој што ќе го сака…

    150,00 ден
    Додај во кошничка
  • Авантурите на Хаклбери Фин

    Авантурите на Хаклбери Фин

    0

    „Авантурите на Хаклбери Фин“ е еден од првите романи во американската книжевност напишан на народен, говорен јазик. Нарекуван е и првиот вистински голем американски роман.

    Романот ги следи патешествијата на Хак Фин низ Југот на земјата, предводени од желбата за независност и слобода.

    Хак го сретнува избеганиот црнец Џим, роб по кој е пуштена потера, и заедно патуваат на сплав по Мисисипи, при што им се случуваат многу авантури и сретнуваат многу интересни личности – меѓу кои и Том Соер!

    Разработувајќи ги безвремените и универзални теми поврзани со предрасудите, храброста и надежта, „Авантурите на Хаклбери Фин“ до денешен ден се смета за камен-темелник на американската романескна традиција.

    290,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мери Попинс

    Мери Попинс

    0

    Мери Попинс е необична англиска гувернанта која секое дете би посакало да ја има! Долетува во Лондон со помош на ветерот од исток право во домот на семејството Бенкс, на Црешовата уличка број 17 за да се грижи за нивните четири деца.

    Мери Попинс има волшебна торба и чадор од кој не се дели. Се појавува од никаде, внесува радост и авантура во животите на децата, а нејзините магични моќи можат и неможното да го направат можно!

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Силјан штркот

    Силјан штркот

    0

    Во село Мало Коњари имаше еден чоек многу чесен и кроток, на име Божин.

    Тој имаше само еден син на име Силјан; имаше Божин и една ќерка.

    Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синои Божиноj само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко.

    150,00 ден
    Додај во кошничка
  • Двојната Лота

    Двојната Лота

    0

    Луиза и Лота се близначки кои не се познаваат, бидејќи уште како бебиња биле раздвоени, па секоја од нив растела во свој свет. Луиза Палфи живеела со таткото, славен диригент и композитор, во бучниот и луксузен свет на виенските уметници, а Лота Кернер живеела со мајката, уредничка во една издавачка куќа, во скромната и едноставна средина на германскиот град Минхен. Иако се многу слични во изгледот, тие се сосем различни – Лота е мирно, тивко и добро девојче, а Луиза е палава и темпераментна.

    Нивната прва, ненадејна средба е во детското одморалиште на летниот распуст. На почетокот се мразат, но откако ќе откријат дека се близначки, не се разделуваат. Сестрите решаваат да ги заменат своите улоги и да се обидат да ги смират своите родители. Се раѓаат низа смешни, но и драматични ситуации, кои кулминираат со треската на Лота и моментот кога таткото ќе сака да се ожени со друга жена!

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Повикот на дивината

    Повикот на дивината

    0

    Половина бернардинец, половина шкотски овчар, Бак е украден од дома и продаден на трговец со кучиња.

    Наскоро се наоѓа на брод што патува за Канада,во екот на златната грозница. Инстинктите на Бак почнуваат да се будат додека работи во поштенска запрега и е принуден да се бори за опстанок.

    Откако е продаден на група Американци во потрага по злато, Бак е спасен од Џон Тортон, со кого се спријателува. И покрај силната приврзаност што ја чувствува кон човекот, повикот на дивината е премногу силен. Не можејќи да му одолее, тој тргнува на патување низ неистражените краишта на дивината во потрага по исконските закони на својата природа.

    Романот „Повикот на дивината“ го истражува неизбежниот повик на инстинктите што го повикуваат Бак надвор од цивилизацијата кон природата и законите на дивината.

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дневник на прочитани книги

    Дневник на прочитани книги

    0

    Овој нотес претставува твој мал личен дневник на книгите што ги читаш и веќе ги имаш прочитано.

    Во него можеш да ги прибележиш најважните делови од книгата, твоите омилени ликови или сцени, убавите мисли и некои убави реченици, па дури и твоите размислувања додека ја читаше книгата.

    Ваквите прибелешки ќе ти бидат корисни кога ќе сакаш да се присетиш на некои од твоите омилени книги или на твоите доживувања додека ги читаше.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ти и јас

    Ти и јас

    0
    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Божествена комедија

    Божествена комедија

    0

    Божествена комедија е обележје на италијанската литература и се смета за „енциклопедија на средновековието“. Оваа поема претставува прониклива христијанска визија за амбивалентната природа на човековата судбина, од една страна како краткотрајна, а од друга страна како бесконечна. Божествена комедија исто така може да се чита и како алегорија што ги отсликува општествено-политичките проблеми што ги сведочел и во кои учествувал и самиот Данте. Тој во поезијата наоѓа средство за посочување на крвавиот хаос на земјата и помеѓу луѓето, за нивниот стремеж за власт и насилство, а во исто време и средство за осветлување на возвишеното и на Доброто.

    Данте Алигиери (1265 – 1321) е италијански поет и една од најважните фигури во светската литература. Негово најпознато дело е поемата Божествена комедија, што се смета за врвна реализација на класичната книжевност. Покрај поезија, Данте пишува и важни теоретски дела. Во незавршеното дело Гозба ги изнесува своите морално-филозофско-богословски интересирања во тоа време. Во трактатот За монархијата пишува за своите политички сфаќања за поделба меѓу верската и политичката власт. Неговиот литературен првенец од кој се откажува, Нов живот, претставува еден вид автобиографски роман во стихови, посветен на големата љубов Беатриче. Пишува на народен и на латински јазик, но силно го брани правото на народниот јазик во литературата.      

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кој владее со светот?

    Кој владее со светот?

    0

    Во оваа продорна и темелна анализа на актуелната меѓународна ситуација, Ноам Чомски истражува како, и покрај подемот на Европа и Азија, САД сè уште ги одредуваат глобалните текови. Повикувајќи се на најразновидни примери, од американското инволвирање во Куба до санкциите против Иран, Чомски ни покажува како декларациите за слобода и демократија честопати не се согласуваат со акциите во вистинскиот свет. Покрај ова, обрнува внимание на изборот на Трамп и што тоа зборува за американското општество.

    Книгата „Кој владее со светот?“ е жесток напад врз светогледот презентиран од мејнстрим медиумите и како таков е неизоставно четиво за секој што сака да знае повеќе од новинските наслови.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Оди, постави стражар

    Оди, постави стражар

    0

    Една брилијантно напишана книга за американскиот Југ, за една млада жена која спознава дека нејзиниот татко не е совршен, не е бог.

    Јунаците може да паднат, а понекогаш тоа е и неопходно.

    „Оди постави стражар“ е книга за паднатите идоли и за одземањето на илузиите. Книга за промената и за тоа колку им е на луѓето тешко да се разделат од своите идентитети и да продолжат понатаму, кон иднината.

    А чуварот на секој човек е токму неговата совест.

    700,00 ден
    Додај во кошничка
  • Битлсите

    Битлсите

    0

    Во текот на 1967 и 1968 година, Хантер Дејвис поминува 18 месеци со ,,Битлсите” додека тие се на врвот на нивната кариера, претставувајќи го бендот кој обликувал една генерација, создавајќи популарна музика. Како единствен нивен авторизиран биограф, тој имал ексклузивен пристап-бе само Џон, Пол, Џорџ и до Ринго туку и до нивните пријатели, семејството и до соработниците. Дејвис насобрал изобилство од лични, приватни материјали, кои откриваат многу за нив и кои ја сместуваат оваа книга во групата класици-која едноставно мораат да ја прочитаат и другите биографи. Останувајќи близок со бендот во текот на годините, Дејвис има пристап до информации што ги вклучува последователно во поновите изданија. Ова издание е осовременето со нов материјал за солистичките кариери и за животните на ,,Битлсите”, како и со приказни за многу други луѓе кои се појавуваат во книгата. Со додаток на еден новопронајден текст на Џорџ Харисон и со мементо мори за починатите членови, ова издание го раскажува сето она што е досега познато за најголемиот рок-бенд во историјата.

    890,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Распаметен: петнаесет размислувања за креативноста, умот и бизнисот