-
-45%
Балот на лудите жени
0Original price was: 400,00 ден.219,00 денCurrent price is: 219,00 ден.Историска драма за жените затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 век.
Во прочуената психијатриска болница „Салпетриер“, доктор Шарко го фасцинира општеството со своите јавни демонстрации на хипноза врз наводно луди жени отфрлени од семејствата. Но вистината е покомплицирана – тие не се навистина луди. Некои се несакани или непослушни сопруги, други мајки што не можат да ја преболат загубата на чедото, трети се ќерки што одбиваат да се покорат или девојки родени од вонбрачни врски. За париската елита, најзначајниот годишен настан е Балот на лудите жени, кога можат да ги набљудуваат пациентките облечени во свечени костими како танцуваат на звуците на валцерот. А за самите пациентки, балот претставува редок момент на надеж.
Женевјев е главна медицинска сестра во „Салпетриер”. По смртта на сестра ѝ Бландин, таа ја отфрла верата и се посветува на науката, слепо верувајќи му на познатиот доктор Шарко. Но нејзините убедувања се разнишуваат кога ја запознава 19-годишната Ежени – ќерка на угледно семејство, насилно затворена во болницата. Ежени има тајна: таа гледа духови. Инспирирана од забранетата Книга за духовите за која зборува цел Париз, таа е решена да избега од болницата, да се ослободи од ограничувањата на својот пол и да најде луѓе што ќе ѝ поверуваат. Но затоа ѝ е потребна помошта на Женевјев…
-
-49%
Незначајни партнери
0Original price was: 490,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Лена Вестбрук, перфекционист и работохоличарка, внимателно го планира и оркестрира секој детаљ од својот живот. Па, по две години врска, кога нејзиното момче ѝ раскинува вечерта кога таа очекува да ја побара за жена, збунета е до бескрај, а срцето ѝ е скршено. Тогаш бега во домот на саканата тетка, прекрасниот остров Бејнбриџ во Сиетл, да тагува на мир и да си дојде на себе. Првата вечер заспива во гостинската куќа. Но кога се буди следното утро, повеќе не е во колибата на островот, туку во мал шик париски стан – облечена во скапа свилена ноќница – до згоден парижанец кој мисли дека Лена му е сопруга.
Од елегантните соседства во Париз, допрекрасните пејзажи на Ирска
и блескавите хоризонти на Њујорк, па и многу неочекувани дестинации помеѓу тие, секојпат кога Лена се буди, таа e на некое друго место, со некој друг. Во секое искуство, добива шанса да види како би било да тргнела по некој друг пат. Колку повеќе ѝ се разјаснуваат нејзините минати одлуки, толку повеќе се прашува, дали некоја од овие романси воопшто била… значајна?Интересна, изненадувачка и магична новела која ги истражува сите „што ако” во животот, но најмногу, љубовта.
-
-40%
Девојчето во снегот
0Original price was: 500,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Њујорк, 1998 година – парада за Денот на благодарноста. Кира Темплтон исчезнува во толпата. По детално пребарување на целиот град, некој наоѓа неколку прамени коса до алиштата на девојчето. Во 2003 година, дента кога Кира би требало да наполни 8 години, нејзините родители добиваат чуден пакет – видео касета со снимка која трае само една минута и ја прикажува Кира како си игра во непозната соба.
Мирен Тригс, студентка на факултетот за новинарство, започнува своја паралелна истрага и дознава дека и нејзиниот живот, исто како и животот на Кира, е преполн со неизвесности и несигурности.
„Девојчето во снегот”, продадена во милиони примероци, е совршен трилер кој ги менува правилата на жанрот. Кастиљо несомнено е нов феномен во европската литература.
-
-40%
За нас (Браќата Бејли #2)
0Original price was: 550,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Ашер Бејли, кој се враќа дома во своето чудно гратче, повеќе не е истиот човек кој стави веренички прстен на прстот на Грејс. Тој е покрупен, посилен, прогонуван од своите внатрешни демони. Принуден да се откаже од Грејс и од сѐ друго во неговиот живот поради затворска казна која едвај ја преживува.
Сега кога е дома, браќата агресивно го пречекуваат, а соседите со задоволство го озборуваат. Тоа му е очекувано. Но дефинитивно не очекува да види дека Грејс сѐ уште го носи неговиот прстен.
Бајката на Грејс не е завршена. Беше трагично прекината. Таа ги има поминато последните седум години од својот живот чекајќи еден маж. И сега кога тој е вратен, има многу работа пред себе. Ашер е повреден и лут и тврдоглаво убеден дека тие не можат да бидат заедно. Тој се плаши дека темнината во него не може да се заузда. Но, Грејс нема да се откаже од него, од нив, без борба.
-
-37%
Професорот
1Original price was: 520,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Ив води убав, спокоен живот. Секое утро се буди со бакнеж од нејзиниот прекрасен и згоден сопруг, Нејт, пред да тргнат кон гимназијата во која и двајцата предаваат. Нивното секојдневие тече како подмачкано. Или барем така изгледа.
Нејт, обожаван од учениците и колегите, упорно одбива да ѝ обрне повеќе внимание. Парите не им стигнуваат, а згора на сѐ, оваа година и двајцата треба да ѝ предаваат на најпроблематичната ученичка, 16-годишната Ади, која е причината што минатата година еден од најдобрите професори во училиштето беше принуден да си замине. Ништо никогаш не беше докажано, не беа поднесени обвиненија, но гласините беа доволни. Затоа што кога некој ќе се посомнева во врска меѓу професор и ученичка, последиците секогаш се тешки.
Сите знаат дека на Ади не може да ѝ се верува. Дека лаже и манипулира. Уништува туѓи животи. Барем така се зборува. Но лекција број еден во оваа гимназија е да не веруваш никому. Некои гласини кријат далеку пострашни тајни.
„Професорот“ е мрачен, психолошки трилер со бројни остроумни пресврти што ќе ги држат читателите во неизвесност до последната страница.
-
-43%
Првата лага е добитна
0Original price was: 520,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Таа ти го украде идентитетот.
Сега треба да си го вратиш.Иви Портер има сè што една обична девојка може да посака: прекрасно момче што ја сака, удобна куќа со двор и бела дрвена ограда, забавна група пријатели. Но… Иви Портер не постои.
Најпрво ѝ даваат нов идентитет: Иви Портер. Штом ќе ја добие и локацијата од мистериозниот шеф, господин Смит, таа дознава сè што може за градот и неговите жители. Потоа ја дознава целта: Рајан Самнер. А нејзината мисија е последното парче од сложувалката.Иви не го знае вистинскиот идентитет на господин Смит, но знае дека оваа задача е посебна. Но Рајан успева да ѝ се пикне под кожа и таа веќе почнува да замислува поинаков живот. Само, не смее да направи никаква грешка – особено по она од последниот пат.
А единствената работа што цел живот се обидува да ја зачува, единствениот идентитет на кој секогаш може да се врати – вистинскиот – одеднаш пристигнува во градот. Иви Портер мора да биде еден чекор понапред од своето минато и да се погрижи да има некаква иднина пред себе. Влогот не може да биде поголем. Но Иви отсекогаш сакала предизвик.
-
-29%
Завеани за Божиќ
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Таа е завеана со семејството. Единствениот проблем? Тоа не е нејзиното семејство…
Семеен собир
Овој Божиќ братот и сестрите Милер имаат една цел – да ги избегнат добронамерните прашања од семејството. Тие имаат тајни што не сакаат да бидат дознаени и се потпираат еден на друг за да го одвлечат вниманието.Непоканета гостинка
Луси Кларк ја мачи можноста да ја изгуби работата – ако не успее да склучи голема деловна зделка со Рос Милер. Планот ѝ е да му ја однесе својата понуда до семејниот дом во Шкотските Планини и потоа да си замине. Таа никако не би сакала да се наметнува на совршениот семеен Божиќ на Милерови.Божиќ за паметење
Кога Луси се појавува на заснежениот праг на Милерови, семејството помислува дека му е девојка на Рос. Но додека да се расчисти недоразбирањето, снежна бура го зафаќа регионот и Луси останува заглавена. Додека сите се подготвуваат за заедничката прослава на Божиќ, нетрпеливоста почнува да избива на површина и одеднаш Луси се наоѓа среде голема семејна кавга – со семејство кое не е нејзиното. -
-43%
Тајната на куќната помошничка (The Housemaid #2)
0Original price was: 520,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Во совршениот дом постои само едно правило: Не ѕиркај зад затворената врата…
На Мили Каловеј ѝ е тешко да најде работа каде што нема да ја распрашуваат за нејзиното минато. Затоа е неизмерно благодарна кога семејството Гарик ја ангажира да го чисти нивниот прекрасен стан со неверојатен поглед на Менхетн и да подготвува префинети оброци во нивната модерна кујна.Сè изгледа речиси совршено – само што сè уште не ја видела госпоѓа Гарик, која е постојано затворена во една од гостинските соби. Мили ја слуша како плаче и забележува дамки од крв на нејзините бели ношници кога ги пере алиштата. Еден ден не може да издржи и тропнува на вратата, која тивко се подотвора. Тоа што го гледа внатре менува сè…
Тогаш се заветува. На крајот на краиштата, веќе го има направено тоа порано. Таа може да ја заштити госпоѓа Гарик и истовремено да ги зачува своите тајни.
Даглас Гарик ќе плати. Прашање е само колку далеку е подготвена да оди куќната помошничка.
-
-38%
Светлината на Антикитера
0Original price was: 370,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Ангелики Апостолакис е туристички водич кој живее и работи на островот Лезбос во Грција. Таа е порасната во патријархално и конзервативно семејство каде зборот на таткото е закон. Токму поради тоа, нема избор, освен да работи во семејната туристичка агенција, иако не ѝ се допаѓа ниту работата, ниту работната атмосфера. Но, на една семејна вечера, нејзината братучетка, Зои, која живее на островот Наксос, успева да издејствува Ангелики да замине со неа, под изговор дека ѝ треба помош во работата.
На прошетка до локалните знаменитости, Ангелики случајно открива стара кутија полна со чудни предмети. Па двете братучетки, заинтригирани од откритието, се обидуваат да дознаат што е тоа што го пронашле и колкава вредност има. Потрагата ги води низ авантури на повеќе грчки острови. Како што се сретнуваат со различни луѓе и дознаваат сѐ повеќе информации за грчката митологија и легендите, така стануваат сѐ посвесни дека имаат пронајдено нешто исклучително. Толку исклучително што може да ги одведе и до исклучителна опасност. Затоа што, некој почнува да ги следи. Некој постојано им е зад петици. Кој знае за нивното откритие? И зошто е тоа толку важно за некого?
„Светлината на Антикитера“ е мистерија која ќе ве поведе на раскошно патување по грчките острови. Приказна која шета помеѓу минатото и сегашноста, задржувајќи го вниманието со тензија, неизвесност и интересни факти од грчката митологија сѐ до последната страница.
-
-40%
Галерија на мртвите (Robert Hunter #9)
0Original price was: 550,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.„Работам во полицијата подолго од три декади и за тоа време имам видено куп лудачки дела, но кога пред смртта би требало да изберам една работа што би сакал да jа заборавам… тоа би било она што се наоѓа во онаа соба.“ Тоа е мислата која се врти низ главата на детективот Хантер кога пристигнува на едно од најшокантните места на злосторства кои некогаш ги видел.
Неочекуван развој на настаните ги принудува Хантер и неговиот партнер да ги здружат силите со ФБИ за да го фатат серискиот убиец кој не знае за граница; психопатот кој го обожава тоа што го прави затоа што за него, убиствата се многу повеќе од убивање – тие се форма на уметност.
Добредојдовте во Галеријата на мртвите.
-
-29%
Божиќниот клуб на читатели
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Сара Морган ни се враќа со приказна за моќта на книгите да исцелуваат, но и моќта на женското пријателство.
Со својот историски шарм и бајковитата библиотека, хотелот Јаворов Шеќер се смета за совршена зимска дестинација. Како што празниците наближуваат, хотелот се полни со гости кои се надеваат на зимување од соништата. Но младата вдовица Хети, преморена од жонглирање со хотелот и обврските како посветена самохрана мајка, едвај чека празниците да завршат.
Кога клубот на читатели составен од Ерика, Клаудија и Ана – долгогодишни пријателки кои навидум имаат сѐ на светот – доаѓа во хотелот на „читачки одмор“, сѐ се менува. Нивното пријателство и љубовта кон книгите ги движи низ животот, низ сите подеми и падови. Но Хети забележува дека и тие имаат големи емоционални товари и ништо не може да ја подготви за тоа колку длабоко нејзината приказна се испреплетува со нивните. Дали овие четири жени заедно можат да започнат комплетно ново поглавје во своите животи за време на најубавиот период од годината, и тоа за само недела дена?
-
-40%
Бессони во Менхетен
0Original price was: 450,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Мојата љубовна приказна започна со писмо. Но не од човекот во кого подоцна се вљубив. Писмото беше од неговата ќерка. Слатко девојченце по име Бирди, кое пиша до списанието за кое работев. Мојот работодавец еднаш годишно им исполнуваше желби на читатели. Но таа конкретна колумна почнуваше дури за неколку месеци.
Па јас самата ѝ исполнив неколку желби. Безопасно беше… или барем така си мислев. Сѐ додека не отидов малку предалеку.
Додека анонимно исполнував уште една од желбите на Бирди, го видов татко ѝ. Нејзиниот ненормално згоден самохран татко. И тогаш требаше да престанам да изигрувам добра вила. Требаше да ставам крај на сѐ. Но посилно беше од мене. Имав некоја конекција со девојчето. Нешто што ме тераше да се однесувам ирационално.
И така им се појавив на врата.
-
-47%
Како намќорот го спаси Божиќ
0Original price was: 470,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Изабел Кук има сериозен проблем. Нејзината семејна фарма, местото каде што воедно се одржува еден од најважните традиционални настани во Тиликум, Божиќното село, е во неволја. Голема неволја. А најлошото од сѐ е што човекот којшто се обидува да ја купи фармата е најголемиот намќор на светот – Илајас Стоунхарт. Нема теоретски шанси. Таа нема намера да му дозволи ни да им се приближи. Не со тоа негово камено срце.
Илајас е заинтересиран само за стекнување богатство, не пријатели. Особено откако неговиот шеф му го ветува долгоочекуваното унапредување. Сѐ што треба да направи е да убеди едно семејство, на кое бизнисот секако не му оди добро, да ја продаде фармата. Проблемот? Фармата е на семејството Кук. А Изабел Кук му е поранешна девојка.
И покрај тоа што има минато со Изабел, ова е само бизнис. И нема намера да дозволи една фармерка која го обожава Божиќ да застане помеѓу него и неговите амбиции. А Божиќ? Па тој го мрази! Божиќното село е глупост. Но кога доаѓа во малиот град, божиќниот дух – и Изабел – почнуваат да му се пикаат под кожа. И има шанси таа да е единствената која може да го стопи мразот на неговото ледено срце.
-
-44%
За тебе (Браќата Бејли #1)
0Original price was: 390,00 ден.219,00 денCurrent price is: 219,00 ден.Една ноќ ги зближува. Друга ги разделува.
На Грејс Мајлс ѝ недостасува лесното другарство со Ашер, но растењето значи оддалечување. А и вистина, како би можел да се вљуби во неа кога го имаат поминато детството валкајќи се во кал на потокот и делејќи мастика за џвакање? Но летово, нешто како да е поинаку. Да беше понаивна, Грејс ќе помислеше дека Ашер флертува со неа. Тие темни очи, цврстото тело и ѓаволестата насмевка ѝ будат пеперутки во стомакот и храброст во срцето да се надева на работи за коишто отсекогаш била убедена дека никогаш нема да ги има.
Затрескувањето во најдобрата другарка не би требало да е комплицирано, но за Ашер Бејли, љубовта кон Грејс е сè, само не едноставна. Патот до романса не е лесен благодарение на глутницата браќа кои се заштитнички настроени кон девојката од соседната куќа, бабата која не трпи глупости, малото гратче каде што озборувањето е секојдневна појава, и кавгата што се протега низ генерации. Но Ашер сфаќа дека неговите чувства се преголеми за да ги игнорира. Не ризикува со тоа што ја љуби. Ризикува ако дозволи да ја изгуби.
И една вечер, еден бакнеж менува сè.
Конечното признавање на чувствата е почетокот на нивниот среќен крај. Но нивната бајковита љубовна приказна трагично прекинува и никој од нив никогаш повеќе нема да биде ист. -
-44%
Љубов на втор поглед
0Original price was: 590,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Како се запознавте? Тоа е едно од основните прашања кои им се поставуваат на сите парови. И одговорот обично е некоја романтична приказна, стрелата на Купидон ги погодила во задникот, се вљубиле на прв поглед. Нашето запознавање беше многу поинакво. Шетав низ едно богато соседство во Беверли Хилс во потрага по маж, само за да ја направам љубоморна мојата смртна непријателка која штотуку ме отпушти од работа. Тој пак нервозно шеташе, мрморејќи за некоја пропадната зделка на работа додека се обидуваше да смисли како да се извлече од настанатиот проблем.
И така налетавме еден на друг. Немаше искри. Апсолутно ништо што укажуваше на тоа дека помеѓу нас би можело да се роди нешто. Но дур се свестам, лапав бесплатен ручек и го слушав како ми се отвора за своите проблеми кои водеа до чуден предлог… тој сакаше да бидам неговата Вивиен, знаете, од филмот Убава жена – само без безобразниот дел. Требаше да живеам во палата, да одам на состаноци во пар и да се преправам дека сме лудо вљубени и… свршени. Каква бесрамност. Но луѓето прават луди нешта кога се очајни. А јас корнев на очај. Па, склучивме договор.
Но направив и една голема… не, ОГРОМНА грешка. Случајно се вљубив во непоправливиот Хаксли Кејн.
-
-40%
Чуварот на крокодили
0Original price was: 450,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Кога фикцијата и реалноста се пресретнуваат, границата меѓу нив може да биде крајно смртоносна.
Во центарот на Копенхаген, млада студентка е пронајдена брутално убиена во нејзиниот стан, а нејзиното лице обележано со чудни исеченици. Инспекторот Јепе Корнер и неговата партнерка Анет Вернер, одговорните на случајот, брзо откриваат дека минатото на жртвата е полно со мрачни тајни. Сопственичката на куќата и сосетка, Естер, пишува роман кој до најситен детаљ го раскажува убиството. Дали се работи само за обична случајност или макијавелистички план?
Јепе и Анет мораат да нурнат подлабоко во минатото на двете жени за да го откријат идентитетот на суровиот манипулатор кој остро ги влече конците во овој возбудлив трилер.
Скандинавска приказна која ќе ве остави без сон.