Пенелопи Вард е американска бестселер авторка на бројни романи што се најдоа на листите на бестселери на The New York Times, USA Today и The Wall Street Journal. Родена е и израсната во Бостон, САД. Пред да започне професионално да пишува, работела како телевизиска новинарка.
Денес живее во Род Ајланд со своето семејство. Позната е по емотивни, романтични и често страствени љубовни приказни кои имаат милиони продадени примероци ширум светот.