-
-29%
Сите цвеќиња во Париз
10Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Две жени се поврзани низ времето во градот Париз, поврзани со мистериозен дневник и шокантни тајни кои се протегаат од Втората светска војна до сегашноста.
Кога Керолајн се буди во една болница во Париз и не се сеќава на своето минато, се разочарува кога дознава дека со години водела тажен, осаменички живот во стан покрај Сена. Кога полека почнуваат да ѝ се враќаат некои бледи спомени од маж и мало детенце, се заколнува дека ќе ја состави сложувалката за својот живот, иако од некоја причина се чувствува како да е во опасност. Полека се спријателува со главниот готвач во едно пријатно ресторанче во близина за да не се опседнува со минатото, како и со една шокантна мистерија од пред неколку декади…
Во Париз, окупиран од нацистите, млада вдовица, Селин, си живее мирен живот со татко ѝ, локален цвеќар, и нејзината ќерка, Кози. Кога еден безмилосен германски офицер дознава дека семејството има еврејско потекло, тој почнува да ја уценува Селин, принудувајќи ја да му стане љубовница само за нејзиниот татко да биде безбеден. Тројцата почнуваат да кројат план за бегство, но нивната мисија скршнува во лош правец и саканиот татко и ќерка на Селин ги снаоѓа лоша судбина. Крајно вознемирена, Селин се плаши од најлошото. Но набрзо дознава дека Кози се искраднала и ја следела до станот каде што таа е заробена. Мотивирана како никогаш претходно, Селин сега мора да се бори да ја крие и заштити личноста што ја сака повеќе од сè.
Паралелната нарација се вкрстува кога Керолајн го наоѓа дневникот на Селин скриен во плакар и дознава дека ѕидовите на нејзиниот стан кријат мрачни тајни.
-
-43%
Сурова љубов
6Original price was: 400,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Кога Тејт Колинс го запознава пилотот Мајлс Арчер, знае дека тоа не е љубов на прв поглед. Тие не можат да се однесуваат дури ни како пријатели. Единственото заедничко нешто им е непобитната взаемна привлечност. И кога ги отвораат картите, сфаќаат дека тоа им одговара на двајцата. Тој не сака љубов, таа нема време за љубов, па им останува само сексот. И нивниот договор може да е незамисливо едноставен ако Тејт успее да се држи до единствените две правила што Мајлс ги има за неа.
Никогаш не поставувај прашања за минатото.
Не очекувај иднина.Двајцата се убедени дека можат да се носат со овој договор, но речиси веднаш сфаќаат дека не можат.
Се кршат ветувања. Се кршат правила. Се кршат срца…
Љубовта станува сурова. -
-23%
Најсветлото зајдисонце
4Original price was: 390,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Портер Рис е вдовец и татко на две дечиња кој не може да го заборави хоророт кога за влакно ќе ги изгубел двете. Тој се труди да им обезбеди среќен и стабилен живот на своите деца, да им биде родител каков што заслужуваат, но истовремено се бори со сопствената беспомошност и бес додека го гледа неговото болно синче како му пропаѓа пред очи.
Зборови никогаш нема да ме повредат.
Лаги… Зборови ме уништија.
„Многу ми е жал. Таа не преживеа“.
„Тато, тој не може да дише!“
„Не можеме да направиме ништо за Вашиот син“.Тие слогови и букви станаа мојот џелат. Си велев дека ако не им придадам значење на болката и стравот, нема да имаат никаква моќ над мене. Но, како што поминуваа годините, така омразата и лутината што останаа почнаа да ме контролираат.
На крајот, она што ми даде надеж за ново изгрејсонце беа пет нежни свиленкасти зборови. „Здраво. Јас сум Шарлот Милс“.
Во некој совршен свет, Шарлот Милс и Портер Рис би се запознале и заљубиле во сосема поинакви околности. Но во реалниот свет, ги спојува токму она што засекогаш би можело да ги уништи.
-
-29%
Се случи една есен (Wallflowers #2)
1Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Четири млади дами се здружуваат со една цел: мора да ја искористат својата лукавост и интелигенција за да си најдат сопрузи.
На баловите во Лондон, прекрасната и храбра Лилијан Боуман полека сфаќа дека нејзината независност и темпераментност стекнати во Америка не се баш најатрактивни особини за мажите во Англија. А најкритички настроен кон неа е неподносливиот и невозможен сноб Маркус, лорд Вестклиф – најпожелниот ерген аристократ во Лондон.
Но Лилијан испробува еден нов чудесен парфем кој има магичен ефект врз мажите, па Маркус шокантно – и опасно – одненадеж ја бакнува скришно во градината. Лилијан ја обзема неопислива страст за човек кој не ѝ се ни допаѓа. Во тој момент, времето запира и не постои никој освен тие двајца… жива среќа само што никој не ги начекува на дело!
Маркус е човек кој има максимална контрола над своите емоции, стабилен како карпа. Но со темпераментната Лилијан, секој допир е исклучителна тортура, секој бакнеж неодоливо заведување. Но како би можел да помисли да земе толку несоодветна жена… за невеста?
-
-22%
Изгубеното писмо
2Original price was: 420,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Срцепарателна, љубовна историска приказна инспирирана од вистински ликови кои биле дел од отпорот за време на Втората светска војна во Австрија и мистериозно љубовно писмо што поврзува генерации еврејски семејства.
Австрија, 1938
Кристоф е млад чирак на еврејски мајстор за изработка на поштенски марки. Кога неговиот учител исчезнува за време на Кристалната ноќ, Кристоф е принуден да продолжи да изработува марки за Германците, а истовремено работи и со Елена, ќерката на неговиот сакан учител, на фалсификување документи за што повеќе Евреи да побегнат од државата. Додека се вљубува во Елена во екот на бруталниот хаос на војната, Кристоф мора да најде начин да ја спаси неа и да се спаси себеси.Лос Анџелес, 1989
Кејти Нелсон си ги средува животот и куќата после тежок развод и налетува на колекцијата поштенски марки на татко ѝ, кој од неодамна е во дом затоа што почнува да го губи помнењето. Кога ги носи кај проценител, тој открива необична поштенска марка од Австрија од времето на Втората светска војна, залепена на старо љубовно писмо кое никогаш не стигнало на својата финална дестинација. Кејти и Бенџамин, проценителот на стари марки, заедно почнуваат да откриваат приказна која зборува за страст и трагедии кои се протегаат низ декади и континентни. -
-33%
Доказ за љубов
4Original price was: 400,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.По убиството на една тинејџерка, истражувачката новинарка Теса Новак забележува како мистериозен маж во црна кожна јакна се вртка околу местото на злосторството. И колку повеќе размислува за него, толку поубедена станува дека тој е поврзан со убиството…
Но тој човек всушност е Џулијан Дарканџело, ФБИ агент кој работи на тајна задача и соработува со денверската полиција. Џулијан долго време пробува да фати организатор на трговија со бело робје и убиец и сè повеќе му се доближува. Но обвинувањата на Теса сега може да го разоткријат и да уништат сè, па затоа тој сака таа да биде тргната од истрагата.
Но колку повеќе се вплеткува во истрагата, толку повеќе Теса станува мета на убиецот. Џулијан и Теса се принудени да си веруваат еден на друг и нивната физичка привлечност ескалира додека ловат безмилосен убиец кој сака да ги види двајцата мртви.
Акциона романса каква што може да напише само Памела Клер, авторката на бестселерот Точка на кулминација.
-
-45%
Верити
14Original price was: 420,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Ловен е авторка на раб на финансиска катастрофа кога прифаќа една од оние понуди што доаѓаат еднаш во животот. Џереми Крафорд, сопруг на легендарната авторка Верити Крафорд, ја ангажира Ловен да ги доврши останатите книги во успешен серијал кој неговата сериозно повредена сопруга не може да го заврши.
Ловен пристигнува во нивниот дом каде што треба да ги разгледа и истражи сите забелешки и осмислени концепти во канцеларијата на Верити, надевајќи се дека ќе најде доволно материјали за да почне со пишување. Но она што Ловен не го очекува е пронаоѓањето на недовршена автобиографија во хаотичната канцеларија, што Верити немала намера никој да ја прочита. Таа автобиографија е полна со грозоморни признанија, а едно од тие признанија е и приказната што навистина се случило дента кога умрела ќерка ѝ.
Ловен одлучува да не му ја покаже автобиографијата на Џереми затоа што знае дека сето она што го пишува внатре ќе го уништи веќе ужалениот татко. Но кога нејзините чувства за Џереми почнуваат да се засилуваат, таа сфаќа дека може да ѝ оди во прилог ако тој ги прочита зборовите на жена му. На крајот на краиштата, без разлика колку е посветен на повредената сопруга, ниеден маж не би можел да продолжи да сака жена по една толку ужасна вистина.
-
-29%
Маријана
2Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Чудесна, неизвесна и богата приказна за љубителите на Лусинда Рајли…
Џулија Бекет за првпат ја здогледува куќата Грејветерс на само пет години, но уште тогаш има некое претчувство дека тоа некогаш ќе биде нејзина куќа. И кога конечно станува сопственичка на куќата после долги години, почнува да се сомнева дека постои причина што била привлечена кон неа.
Како Грејветерс да е портал помеѓу два света, таа во соништата повремено се транспортира во седумнаесеттиот век и станува Маријана; млада жена во Англија која се бори против опасности, сиромаштија и предавства, сето тоа под прангите на забранета љубов.
Со секое враќање назад, Џулија станува сè поопседната со минатото… па почнува да се плаши дека животот на Маријана целосно ќе го засени нејзиниот и мора да најде начин некако да го остави минатото зад себе или ќе ја изгуби шансата за среќа во сегашноста.
-
-29%
Пакетот
5Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Младата психијатарка Ема Штајн воопшто не излегува од дома од вечерта кога ја силуваат во хотелска соба. Таа е третата жртва на психопат кој новинарите го нарекуваат „фризерот“ затоа што им ги бричи главите на жените пред да ги убие. Ема, единствената која успева да му побегне, се плаши дека фризерот ќе се врати по неа за да ја доврши грозоморната мисија.
Во нејзината параноја, таа е убедена дека секој маж што го гледа е фризерот, иако реално воопшто не успеала да го види во хотелот. Ема се чувствува безбедно само во нејзината мала куќа во Берлин – или барем се чувствува до дента кога поштарот ја замолува да прими еден пакет во име на нејзиниот сосед кој не одговара на ѕвончето.
Маж чие име не ѝ е познато и кој таа никогаш не го сретнала, иако живее на истата улица со години… Кога пакетот влегува во нејзиниот дом, Ема станува попараноична од кога било претходно.
„Германскиот мајстор за трилери со уште едно ремек дело кое ви ветува нова непрoспиена ноќ“.
-
-22%
Изгубените девојки во Париз
2Original price was: 450,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Од авторката на бестселерот Вагонот со сираци, нова исклучителна приказна за пријателството и храброста на жените како шпиони за време на Втората светка војна.
1946, Менхетен
Грејс Хејли се обидува одново да го изгради својот живот откако го губи сопругот во војната. Едно утро, додека поминува низ железничката Гранд Централ одејќи на работа, таа наоѓа напуштен куфер пикнат под една од клупите на терминалот. Не можејќи да одолее на љубопитноста, Грејс го отвора куферот и внатре наоѓа десетина фотографии – секоја од нив од различна млада жена. Импулсивно, ги зема фотографиите и брзо заминува од железничката.
Грејс набрзо дознава дека куферот припаѓал на Еленор Триг, лидерка на група женски тајни агенти кои биле испратени надвор од Лондон за време на војната. Дванаесет од овие жени биле пратени во Окупирана Европа како радио операторки за да помагаат во отпорот, но тие никогаш не се вратиле дома и нивните судбини останале мистерија. Решавајќи да ја дознае вистината, Грејс посебно ја влече младата мајка Мари која била таен агент во Париз и чија опасна мисија раскажува уникатна приказна за пријателството, војната и предавствата.
-
-29%
Ленинградска зима
9Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Мередит и Нина Витсон се толку различни што не личат на сестри. Едната останува дома, се мажи со својата прва љубов, раѓа деца и го води семејниот бизнис. Другата ги следи своите соништа и патува низ светот како познат фоторепортер. Но кога нивниот сакан татко се разболува, Мередит и Нина повторно се спојуваат со нивната неописливо ладна мајка, Ања, која дури и во овој најтрагичен момент не им нуди утеха на своите ќерки.
Како деца, единственото нешто што ги поврзувало со неа била руската бајка што Ања понекогаш им ја раскажувала на девојчињата ноќе. Сега, татко им на смртна постела, бара трите жени да му дадат едно заедничко ветување – бајката да биде раскажана и ислушана за последен пат, но овој пат од почеток до крај. Па така почнува необичното патување низ вистината за животот на Ања во војна – во Ленинград, пред пет декади. Приказната на мајка им е толку потресна, срцепарателна и страшна што ќе ги протресе основите на нивното семејство и целосно ќе ги промени сите.
Оваа приказна започнува меланхолично и бавно, но до последните страници веќе не останува суво око дури ни кај најсилните читатели.
-
-32%
Другата жена
3Original price was: 440,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Подготви се да ја запознаеш другата жена: нема нешто што не е подготвена да направи за да те тргне од нејзиниот син…
Емили е убедена дека Адам е совршениот; човекот што мислела дека никогаш нема да го запознае. Но во сенките демне ривалка, жена која има длабока врска со човекот кој таа го сака.
Емили го одбира Адам, но не ја одбира неговата мајка Пами. Сите знаат дека секоја мајка би направила буквално сè за својот син и Емили сега ќе дознае колку далеку е подготвена да оди Пами за да го добие тоа што го сака, а тоа е: Емили засекогаш да исчезне од животот на Адам.
Другата жена е заразен, брз психолошки трилер за деструктивната врска меѓу една жена, човекот што го сака и неговата страшно манипулативна мајка.
-
-22%
Вагонот со сираци
2Original price was: 450,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Моќна приказна за пријателството, која се одвива во циркус кој патува низ Европа за време на Втора светска војна. Вагонот со сираци ни ги раскажува приказните на две исклучителни жени, приказни за жртвување и преживување по секоја цена.
Шеснаесетгодишната Ноа ја бркаат од дома откако останува трудна од германски војник и ја принудуваат да се откаже од бебето. Немајќи друг избор, таа живее во мала железничка станица, каде што работи како чистачка за да си го заслужи престојот. Кога Ноа наоѓа вагон со бебиња Еврејчиња товарени за патување до некој концентрационен логор, одеднаш се потсетува на детето што ѝ било одземено. Импулсивно грабнува едно од бебиња и бега во ноќта, и тој момент засекогаш ќе ѝ го промени текот на животот.
Ноа наоѓа засолниште во германски циркус, но мора да научи да изведува точки на летечки трапез за да се вклопи и да не биде забележана од непријателот, а со ова ѝ боде око на главната акробатка, Астрид. Ноа и Астрид најпрво се ривалки, но набрзо се зближуваат како сестри. Меѓутоа, војната е премногу опасна за сите во циркус кој крие Евреи, па Ноа и Астрид мора да решат дали нивното пријателство ќе биде доволно за да ги спаси – или тајните што горат помеѓу нив ќе уништат сè.
-
-29%
Совршената мајка
4Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Заразен психолошки трилер за група жени кои заедно се дружат во нивната група на мајки и неочекувано се поврзуваат кога доаѓа до трагедија. Се нарекуваат Мајските Мајки, бидејќи сите се имаат породено во истиот месец и се сретнуваат во паркот со количките, барајќи прибежиште од стресовите што доаѓаат со мајчинството; ги делат стравовите, радостите и советите што ги имаат како тазе мајки.
Една вечер по договор излегуваат без бебињата за да се опуштат малку, но токму таа вечер, нешто тргнува во ужасно лош правец: едно од бебињата го снемува од неговото креветче дома. Вини е самохрана мајка, која секако не сака да го остави бебето со дадилка, но другите жени инсистираат дека сè ќе биде добро и таа неволно попушта. Сега нејзиното бебе го нема, џандарите поставуваат вознемирувачки прашања и животот на затворената Вини се наоѓа под рефлектори. Кој е таткото на бебето? Каде всушност била мајката вечерта? Иако никој од групата мајки не е близок со резервираната Вини, три од нив преземаат големи ризици за да ѝ помогнат да си го најде синот. И кога новинарите почнуваат да им вадат душа на сите жени од групата, почнуваат да се разоткриваат штетни тајни, а браковите и пријателствата се ставени на голем тест.
-
-43%
Сите твои совршености
6Original price was: 400,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Колин Хувер се надминува себеси со моќна приказна за еден разнишан брак и едно старо, речиси заборавено ветување што би можело да го спаси.
На совршената љубов на Квин и Грахам ѝ се заканува нивниот несовршен брак. Спомените, грешките и тајните што се трупале низ годините сега ги влечат на различни страни и уште повеќе ја зголемуваат дистанцата меѓу нив. Единственото нешто што би можело да ги спаси е токму онаа работа што ги има донесено до работ на пропаста.
„Сите твои совршености“ е срцепарателна, емотивна и моќна приказна за пар чија потенцијална иднина се држи на шарките на ветувањата дадени во минатото. Додека без престан ги голтате страниците, ќе се прашувате: Може ли една силна љубов со совршен почеток да живее цел живот меѓу двајца несовршени луѓе?
Ако ви се допадна нејзината „Ова завршува со нас“, тогаш сигурно ќе ве освои и нејзиното најново ремек-дело.
-
-29%
Душокршачот
8Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Тој не ги убива, не ги силува, не ги измачува… Неговото злосторство е многу, многу полошо.
Три жени – млади, прекрасни, полни со живот – исчезнуваат без трага. На психопатот, кој медиумите го нарекуваат „Душокршачот“, му е потребна само една недела да ги уништи. До седмиот ден, жените се ментално мртви, како тела без душа. Никој не знае што им прави, но тие се како живи мртовци.
Кратко пред Божиќ, Душокршачот повторно напаѓа, но овој пат во една ексклузивна психијатриска клиника. Докторите и пациентите се испаничуваат кога сфаќаат дека во клиниката е примен тежок, насилен психопат, особено затоа што никој не знае кој е тој. Од друга страна, страшна снежна бура тотално ја отсекува изолираната клиника, па сите остануваат заробени внатре – со нефункционални телефони – заедно со Душокршачот. Заробени во клиниката, вработените и пациентите се здружуваат за да се заштитат, но во една ноќ полна со незамислив терор, Душокршачот им покажува дека никој не е безбеден и дека ништо не е така како што изгледа.
Уште едно ремек дело на Фицек, чиј крај никој нема да може да го предвиди.
