Филтер по цена
Жанр
  • Касиа

    Касиа

    0

    Васет, 1446 година пред Христа: Десетгодишните близнаци Елиел и Мириам робови од Гошен се спријателуваат со младиот благородник Небамон; два различни светови. Близнаците раскажуваат за Очите на Ра, два скапоцени камења кои се украдени од нивното племе. Со дух полн бунт и потреба за слобода, Небамон решава да им помогне Во потрагата на овие мистериозни скапоцености.

    Каиро, 1894 година после Христа: Младиот авантурист Јустинијан „Јуст“ Грифит ја поседува мистериозната книга „Списите од Александрија“, која во себе содржи тајни локации на скриени богатства, вклучително и онаа на Очите на Ра. Во придружба на неговата сопруга Изабела и локалецот Адел, Јуст треба да одгатне три загатки кои во себе ја чуваат скриената локација.

    Египет, 2025 и 2026 година после Христа: Исаак, Крсте и Агата се нурнуваат во древноста на Египет после смртта на Сотир Андов, таткото на Исаак. Низ едногодишното трагање по Очите на Ра, им се придружува мистериозниот Исмаил и Александра, мајката на Исаак. Трите убиства и натопениот песок од крв само ќе ги замрсат веќе испреплетените конци кои беа почнале да се одмотуваат уште од Охрид и Оксфорд.

    Како е смртта на Сотир поврзана со Очите на Ра? Зошто, покрај сите богатства Јустинијан решава да го бара тоа за кое има најмалку информации? Како другарството на Елиел и Мириам со Небамон ќе одекне низ минатото и сегашноста? Во ова второ продолжение од првата трилогија, оние нешта кои беа откриени и изнедрени во Охрид и Оксфорд се превртуваат, дополнително откриваат и ги изронуваат сите, а посебно Исаак и Крсте.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тутор за совршена љубов (When in Rome #2)

    Тутор за совршена љубов (When in Rome #2)

    0

    Ени Вокер е во потрага по совршениот партнер, со кого ќе го мине остатокот од нејзиниот тивок живот во Рим, Кентаки, водејќи ја цвеќарницата. Таа точно знае каква личност ѝ е потребна… но откако ќе слушне како ја нарекуваат „неверојатно здодевна“ почнува да верува дека проблемот не е во мажите, туку во неа. Дали е предоцна да стане заводлива и забавна како хероините во нејзините омилени љубовни филмови?

    Можеби ѝ недостига само малку вежбање за да стане поумешна во флертувањето… а таа точно знае кој може да ја подучува: Вил Грифин.

    Згодниот, тетовиран и недостижен Вил е привремено во градот, како личен агент за заштита на Амелија Роуз пред нејзината венчавка со Ноа Вокер, братот на Ени. Тој има само една лична цел додека е на задача: да се држи што подалеку од Ени Вокер и од сите нешта што би го задржале во тоа здодевно гратче. Но кога Ени го замолува да ѝ даде неколку „лекции по заведување“, тој не може да ја одбие. Се согласува да ѝ помогне да ја најде љубовта на нејзиниот живот, иако тој не би променил ништо кај слатката Ени и многу добро знае дека некојси обичен повлечен тип нема да ја усреќи.

    Во текот на жешките, но стриктно „образовни“ средби, Ени открива дека зад стоичката маска на Вил се кријат цели светови. Додека границата меѓу пријателството и љубовта станува сѐ понејасна, Ени почнува да ги преиспитува своите желби. Можеби љубовта не мора да биде совршена или внимателно испланирана. Можеби само треба да биде вистинска.

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Лето во Тоскана

    Лето во Тоскана

    0

    Полина Фонтана е жизнерадосна старица која со години е отуѓена од своето американско семејство. Но сега ги поканува своите правнуки Емилија и Лучана да ја придружуваат на патувањето во нејзината родна Италија. Им ветува дека на нејзиниот осумдесетти роденден ќе ја сретне љубовта на својот живот на скалите од катедралата Равело и ќе стави крај на проклетството што ги следи сите второродени ќерки во семејството Фонтана.

    Проклетството веројатно е само обична случајност, древен мит. Сепак, неоспорно е дека со векови, ниту една второродена ќерка во семејството Фонтана не пронашла љубов.

    Што би се случило ако се растури клетвата? Дали Емилија и Лучана ќеуспеат да ја најдат својата вистинска љубов? Покрај кривулестите венецијански канали, на тосканските полиња и во волшебните селца на брегот на Амалфи, расцветуваат романси, се остваруваат судбини и се откриваат долго чувани семејни тајни – тајни кои се повознемирувачки од проклетството старо со векови..

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Летниот непристоен предлог

    Летниот непристоен предлог

    0

    Го запознавам на состанок на слепо. Макс Јервуд е неверојатно згоден и забавен и ги има најубавите дупчиња на образите. Хемијата меѓу нас е неспоредлива… Но во тој миг доаѓа личноста со која, всушност, требало да се сретнам. Какво разочарување!

    Пред да си замине, Макс ми остава билет за хокејски натпревар. Се обидувам да уживам во состанокот со договорениот маж, но никако не можам да престанам да мислам на Макс. Одејќи си, одлучувам да отидам на натпреварот и да си ја пробам среќата. Но седиштето до моето е празно! Во мигот кога се свртувам да си одам, еден од тимовите дава гол и целата публика спобудалува. На екраните го даваат лицето на играчот што го постигнал голот. Иако носи кацига, се стаписувам кога се насмевнува – нема шанси да ги утнам тие дупчиња на образите. Не ме поканил заедно да гледаме натпревар, туку да го гледам како игра.

    Така започнува нашата луда авантура, со многу смеа, секс и нови предизвици. Но има еден проблем – Макс се сели во нов тим за неколку месеци. Ми предлага да го поминеме летото заедно и да ми помогне да го заборавам бившиот. Може ли врската да стане сериозна кога е со рок? Планот не е лош, но знаете што велат за плановите…

    490,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Херој

    Херој

    1

    Таткото на Алекса Холанд бил нејзиниот херој – сè до шокантното откритие дека таа и мајка ѝ не биле неговото единствено семејство. По откривањето на таа тајна, Алекса дава сè од себе да го насочи својот живот во друг правец и да создаде свој сопствен идентитет надвор од неговите ужасни тајни. Но кога запознава човек кој е подеднакво оштетен од грешките на татко ѝ како и таа, Алекса мора да му помогне.

    Кејн Каравеј не сака ни да чуе за обидите на Алекса за искупување, но не е толку лесно да се оттурне таа девојка. Решен да ја натера да го мрази, тој ја доведува до самиот крај на нејзиното трпение, речиси на раб на лудило, и чека таа да замине. Но неговите постапки само уште повеќе ги зближуваат и и покрај сè, тие почнуваат бурна и експлозивна афера.

    Само што, Кејн знае дека тој никогаш не би можел да биде витезот на бел коњ по кој Алекса отсекогаш копнеела. Но кога запаѓаат во опасност, сфаќа дека е подготвен да направи сè за да не дозволи некој од нив двајцата повторно да биде повреден.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Момчето во пижами на риги

    Момчето во пижами на риги

    5

    Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство. Патувајќи со Бруно, вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа, каде што неговиот татко, еден од командирите на Хитлер, има многу важна задача. Бруно ќе биде тажен, осамен и ќе нема со кого да си игра, па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги. Она што тој не го знае е дека „фармата“ воопшто не е фарма, туку логор и дека чадот од големите оџаци не е запалено ѓубре, туку…

    „Мало чудо од книга“, оцени Гардиан, бидејќи оваа книга е навистина тоа. Поглед во ужасното минато низ детски очи, невина пријателска детска рака подадена преку оградата која го поделила светот… Книга која ќе ја помните долго откако ќе ја прочитате, како што оцени Irish Times.

    button-new

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • Славејот

    Славејот

    12

    Франција, 1939
    Во тивко француско село, кротката и плашлива Вијан Моријак се збогува со својот сопруг, кој оди да војува. Таа не верува дека Германците ќе ја окупираат Франција, но тоа сепак се случува и ја принудува да прими непријател во сопствениот дом. Во ова време на војни, Вијан мора да научи да биде храбра. Храбра како сестра ѝ.

    Нејзината помала сестра Изабел, од друга страна, мора да научи да се плаши. Таа е премногу бунтовна и храбра за свое добро. На самиот почеток од војната, се запознава со мистериозниот партизан Гејтон и се вљубува како што може да се вљуби само млад човек… лудо и комплетно. Не можејќи да ја гледа татковината како пропаѓа, Изабел непромислено се приклучува на тајните групи за ослободување на Франција без да размисли за опасностите.

    Безвременска новела која ќе ве тера да ги голтате страниците без пауза. Приказна за издржливоста и храброста на жените која ќе ја помните цел живот. Сага за преживувањето и љубовта за време на војна што ќе ве натера да липате на глас.
    Ова е книга за секого, ова е книга за навек.

    button-new

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Без страв

    Без страв

    3

    Која е најтешката работа што некој би можел да ја побара од некого?

    Тревис Морисон е нуркач шампион и едно од најпопуларните деца во неговото училиште. На првиот ден од летниот распуст, додека се вози со чамец на езерото со неговите пријатели, Тревис одлучува да скокне од една од највисоките и најопасните карпи. Додека паѓа кон водата, нешто што успешно го има направено илјадници пати во животот, нешто тргнува во лош правец. Тревис се плаши дека ја скршил ногата, но тестовите во болницата откриваат ретка форма на рак на коски и со цел да му го спасат животот, докторите им кажуваат на неговите родители дека ќе мора да му ја ампутираат ногата.

    Животот на Тревис и на сите останати околу него се менува преку ноќ… Тревис е убеден дека тој и само тој треба да одлучува за својот живот. Тој има план, но не може да го реализира сам. Дали ќе успее да го убеди неговиот најдобар пријател, неговата девојка или неговата сестра… кој било, да му го исполни најважното барање што постои?

    button-new

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Вистината на Питија

    Вистината на Питија

    4

    Истрагата на бруталните убиства на момчињата имигранти сè уште тапка во место. Паралелно со неа има уште еден убиец кој со грозоморни убиства им се одмаздува на поранешни ученици на училиште каде што своевремено учела и таинствената Викторија Бергман. Жанет открива дека има нешто што ги поврзува двете различни истраги – скриена мотивација во која нема ни ронка човечност. Ништо не е онака како што изгледа. Кога маските паѓаат и сите си ги покажуваат вистинските лица, Жанет е оставена на милост и немилост на силите на злото.

    Психијатарката Софија Зетерлунд се обидува да ѝ помогне на Жанет, но и таа е затрупана во доволни свои проблеми со комплицираната Викторија Бергман. Како ќе заврши лавиринтот од психоанализи, останува неизвесно до самиот крај.

    „Збогум, Ханибал Лектор. Тој стар канибал психолошки е интересен колку канаринец во споредба со Викторија Бергман“.
    Bodil Juggas, Arbetarbladet

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе