-
-19%
Запишано со крв (Robert Hunter #11)
0Original price was: 570,00 ден.459,00 денCurrent price is: 459,00 ден.Ако тој ти го запише името, тогаш тоа е смртна казна…
Лос Анџелес, 5 декември – само неколку недели пред Божиќ. Анџела Вуд, експертот за џебни кражби, штотуку завршува со „работата“ за денес – 687 долари – не е лошо за нешто помалку од петнаесет минути работа.
Додека прославува за профитабилниот ден со коктел, вниманието ѝ го привлекува еден од гостите во локалот, кој е многу дрзок кон друг постар човек. Анџела решава да му одржи лекција, па му ја краде кожната чанта, која делува мошне скапо.
Но внатре нема пари… нема лаптоп… ништо вредно. Барем не за Анџела. Само црн нотес со кожни корици, изненадувачки тежок. Љубопитноста ја совладува, па во мирот на својот дом, Анџела почнува набрзина да го прелистува.
И тогаш започнува најголемиот кошмар во нејзиниот живот.
Ова не е обичен нотес.
Ова е нешто што се чита само на свој ризик и одговорност. -
-22%
Поканата
0Original price was: 590,00 ден.459,00 денCurrent price is: 459,00 ден.Тешко на секој што ќе ја прими…
Во текот на продолжен викенд на Алпите, Марла Линдберг прифаќа покана за петгодишнина од матурата. Но брзо по пристигнувањето сфаќа дека постои само едно поопасно нешто од напуштањето на изолираниот планински хотел ноќе, на подмрзаниот снег, а тоа е… да не го напушти.
Спомените на Марла се кристално јасни: чудната порака што ја намамила во напуштена породилна клиника. Ликот што се обидел да ја убие. Страшната кашлица со граден свиреж на психопатот за време на борбата за живот.
По години психотерапија, високо интелигентната млада жена сега знае дека сето ова се само лажни спомени. Марла страда од прозопагнозија, односно нарушување на перцепцијата за човекови лица што води до неспособност за препознавање ликови. Во екстремни ситуации, нејзиниот мозок си игра со неа, обидувајќи се залудно да ги препознае луѓето по нивните лица.
Кога Марла ја добива поканата за собирање на класот на Алпите, таа се надева дека средбата со старите другари ќе ѝ врати убави спомени. Кога пристигнува во завеаниот планински хотел, сите соби се веќе зафатени. Каминот гори, има чинии на масата, но таму нема никој. Почнува да ги бара останатите. И тогаш повторно ја слуша. Таа морничава кашлица со граден свиреж, во студениот мрак…
-
-20%
Касиа
0Original price was: 400,00 ден.319,00 денCurrent price is: 319,00 ден.Васет, 1446 година пред Христа: Десетгодишните близнаци Елиел и Мириам робови од Гошен се спријателуваат со младиот благородник Небамон; два различни светови. Близнаците раскажуваат за Очите на Ра, два скапоцени камења кои се украдени од нивното племе. Со дух полн бунт и потреба за слобода, Небамон решава да им помогне Во потрагата на овие мистериозни скапоцености.
Каиро, 1894 година после Христа: Младиот авантурист Јустинијан „Јуст“ Грифит ја поседува мистериозната книга „Списите од Александрија“, која во себе содржи тајни локации на скриени богатства, вклучително и онаа на Очите на Ра. Во придружба на неговата сопруга Изабела и локалецот Адел, Јуст треба да одгатне три загатки кои во себе ја чуваат скриената локација.
Египет, 2025 и 2026 година после Христа: Исаак, Крсте и Агата се нурнуваат во древноста на Египет после смртта на Сотир Андов, таткото на Исаак. Низ едногодишното трагање по Очите на Ра, им се придружува мистериозниот Исмаил и Александра, мајката на Исаак. Трите убиства и натопениот песок од крв само ќе ги замрсат веќе испреплетените конци кои беа почнале да се одмотуваат уште од Охрид и Оксфорд.
Како е смртта на Сотир поврзана со Очите на Ра? Зошто, покрај сите богатства Јустинијан решава да го бара тоа за кое има најмалку информации? Како другарството на Елиел и Мириам со Небамон ќе одекне низ минатото и сегашноста? Во ова второ продолжение од првата трилогија, оние нешта кои беа откриени и изнедрени во Охрид и Оксфорд се превртуваат, дополнително откриваат и ги изронуваат сите, а посебно Исаак и Крсте.
-
-22%
Игра на душата (Мирен Тригс #2)
0Original price was: 550,00 ден.429,00 денCurrent price is: 429,00 ден.Во 2011 година, грозоморно злосторство го тресе Њујорк – 15-годишно девојче е пронајдено распнато во една приградска црква откако било прогласено за исчезнато.
Мирен Тригс, истражувачката новинарка од „Менхетн прес“, одлучува да го истражува случајот откако добива мистериозен плик со фотографија од друго исчезнато девојче со едноставна порака: „Џина Пеблс, 2002 година“. Заедно со Џим Шмоер, нејзиниот поранешен професор по новинарство, ја следат трагата за девојчето од фотографијата додека истовремено го истражуваат и скорешното распнување. Истрагата ги води до една религиозна институција чии членови извршуваат ритуали далеку повознемирувачки отколку што си замислувале.
Двајцата партнери се соочени со три прашања:
Што ѝ се случило на Џина?
Кој ја пратил фотографијата?
И колку далеку води оваа мрачна игра на душата?Некои тајни се закопани со причина, а нивното растајнување би можело да ги чини живот.
-
-30%
Сопругата на мојот сопруг
0Original price was: 570,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Иден Фокс оди на трчање пред нејзината прва ликовна изложба што со душа ја чека. Но кога се враќа во домот во кој неодамна се досели, шармантната стара куќа во Хоуп Фолс што мештаните ја нарекуваат Двогледот, ништо не е како што треба да биде. Клучот не влегува во бравата, непозната жена што морничаво многу наликува на неа ѝ ја отвора вратата, а сопругот настојува дека таа туѓинка е неговата сопруга.
Една куќа, еден сопруг, две жени. Некој лаже.
Шест месеци претходно, Бирди, самотничка од Лондон, добива ужасна дијагноза и писмо од кое дознава дека е наследничка на Двоглед. Неочекуваниот подарок од одамна изгубената баба ја враќа во убавото крајбрежно селце Хоуп Фолс. Но кога Бирди ќе дознае за лондонската клиника што тврди дека умее да го предвиди точниот датум на смрт на секој човек, вклучително и нејзиниот, се чувствува приморана да поправи некои дамнешни грешки.
-
-27%
Куќната помошничка гледа сè (The Housemaid #3)
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Порано чистев туѓи домови – а сега не можам да поверувам дека оваа куќа е навистина моја! Се наоѓа во тивко и безбедно соседство, има шармантна кујна и голем двор каде што децата можат да си играат. Со сопругот со години штедевме за да им го дадеме на нашите чеда животот што го заслужуваат.
Иако нашата нова сосетка г-ѓа Ловел не ми влева доверба, решаваме да ја прифатиме поканата за вечера во нивниот дом. Вратата ни ја отвора нивната куќна помошничка. Носи бела престилка, а косата ѝ е стегната во строга пунџа. Точно знам како е да се биде на нејзино место. Но од нејзиниот студен поглед ме полазуваат морници…
Куќната помошничка на Ловелови не е единствената чудна работа на тивката уличка. Убедена сум дека гледам силуета како нè набљудува, мојот сопруг излегува од дома доцна навечер, а кога ја запознавам жената што живее во куќата отспротива, нејзините зборови ме стаписуваат: пази се од соседите.
Дали направив ужасна грешка што се преселив со семејството овде? Мислев дека ги оставив моите мрачни тајни во минатото. Можно ли е ова тивко соседство да се покаже како најопасното место?
-
-27%
-
-33%
Аномалија
0Original price was: 520,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Кога летот 006 на Ер франс од Париз до Њујорк го зафаќа епска олуја, животите на патниците засекогаш се менуваат. Авионот безбедно слетува на аеродромот „Џ. Ф. Кенеди“ во март, но на сечие изненадување, во јуни на радарските екрани се појавува истиот авион, со истите патници, кој слетува на воениот аеродром во базата Мегваер.
Што ќе прават патниците, но и владите? Како да ја објаснат оваа појава, кои протоколи да ги земат предвид, што да прават со двојниците? Тие се само некои од прашањата што си ги поставуваат политичарите.
Но што да прават самите патници? Кој е вистинскиот ЈАС, кој има право на живот или како да продолжи да живее заедно со својот идентичен двојник? Што ако некој починал меѓу март и јуни? Никој не може да го објасни овој невиден настан кој покренува бројни морални, теолошки, научни и егзистенцијални прашања.
Бестселерот „Аномалија“, добитник на најпрестижната француска награда „Гонкур“ за 2020 година, критичарите го нарекуваат „зачудувачки книжевен експеримент“ и „единствена комбинација од трилер, научна фантастика и психолошки роман”, а во светот исполнет со страв писателот ни го поставува прашањето: кои сме ние?
-
-27%
Жена на дното
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Нејзините зборови едно време палеа огнови во срцата на читателите. Но по фијаското со филмската адаптација на една од нејзините книги, гневните онлајн напади на разочараните читатели ја принудуваат Петра Роуз да се повлече, а тоа резултира со пробиени крајни рокови и неплатена хипотека. Обележана како измамничка и гладна за слава и пари, Петра си ја учи лекцијата што се случува кога интернетот ќе се сврти против тебе. И оттогаш не може да пишува повеќе.
Сега, со речиси целата заштеда потрошена и само груб нацрт план за нејзината следна мистерија, се повлекува во изолирана колиба покрај езеро, надевајќи се дека ќе пронајде инспирација таму. Тоа е нејзиниот последен обид да си ја спаси кариерата, но и себеси.
И тогаш се појавува тој. Детективот Натаниел доаѓа со вознемирувачки вести, а самото негово присуство потпалува креативност. Зборовите брзо почнуваат да се враќаат, а фиктивниот детектив страшно наликува на оној реалниот, кој станува нејзина муза. Нивното „истражување“ ги преоѓа границите на фантазијата и реалноста. Секој поглед, секој допир ја вовлекува во светот во кој мислела дека никогаш повеќе нема да се изгуби. Никогаш не се чувствувала пожива. Но олку моќна инспирација си доаѓа со цена… Кога тој почнува да си ја сфаќа својата улога во нејзината кариера малку пресериозно, Петра е принудена да се соочи со новосоздадениот хаос.
-
-40%
Танци со коски
0Original price was: 550,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.„Секогаш имате избор. Запрашајте се дали вреди за тоа што ќе го добиете.“
Навидум едноставна приказна за еден несреќен патологанатом. Северин не го ценат на работа и малку го плаќаа; во личниот живот му се случува нешто неразбирливо, а самодовербата му е на нула. Кога ќе се најде практично на дното, ја прифаќа можноста да заработи.
Предлогот не е сосема легален и тешко може да се очекува нешто добро од пазарот на трансплантација на органи, но примамливата помисла конечно да си го обезбеди животот е посилна од сомнежот. На крајот на краиштата, треба да земе само мала „ситница“ од веќе починати луѓе на кои тоа повеќе не им е ни потребно. Засега од починати. Засега ситница.
Чекор по чекор, одлука по одлука, Северин постепено се менува – од пренебрегнат човек што спасот го бара во алкохолот, за првпат почнува да чувствува самодоверба. А со неа расте и неговата неспринципиелност.
Откако еднаш ќе изврши злосторство, второто и третото доаѓаат многу полесно… Тоа што до вчера го сметал за недопустливо, станува негова нова норма.
Дали е способен да запре? И колку далеку може да оди човек што еднаш ја преминал границата?
-
-32%
Те сака, мама
0Original price was: 590,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.„Секој е способен за ужасни работи. Само зависи колку му е лош денот.“
Мекензи Каспер е исклучителна ученичка, но сите секогаш ја поврзуваат со нејзината мајка – светски позната писателка на бестселери чии мрачни и изопачени трилери имаат огромен број обожаватели низ целиот свет. Кога мајка ѝ ненадејно загинува, обожавателите тагуваат, а истражителите се прашуваат дали нејзината смрт навистина била несреќа. На денот на погребот, Мекензи добива мистериозен плик во кој наоѓа страници од дневникот на мајка ѝ, кои почнуваат со зборовите:
Сакаш да дознаеш една тајна?
Те сака, мама.Содржината ја шокира… но наскоро ѝ пристигнува второ писмо. И трето. Мекензи започнува сопствена истрага и разоткрива тајни со кои нејзиното семејство живеело со години. Набрзо почнува да сфаќа дека патот на мајка ѝ до славата бил исполнет со злокобни лаги кои можеби ја стигнале. Понекогаш за славата вреди да се убие. Или уште полошо. Мекензи ќе открие дека постојат и полоши работи од убиство…
-
-35%
Најпрекрасното злосторство на годината
0Original price was: 570,00 ден.369,00 денCurrent price is: 369,00 ден.Запознајте ги Меги Чејс и Итан Вајат – новата кралица на мистеријата и мајсторот на трилерите. Таа го мрази од дното на душата, а тој мисли дека нејзиното име е Марси (иако таа постојано го поправа). Кога и двајцата ќе ја прифатат мистериозната покана од нивниот таен обожавател да го поминат Божиќ во Англија, никој од нив не очекува нивниот домаќин да биде најпознатиот автор во светот: Еленор Ешли, Војвотката на смртта.
На три дена пред Божиќ, надоѓа снежна бура, а следното утро Еленор ја нема. Исчезнала од заклучена соба. Меги почнува да се прашува дали Елеонор е во опасност или ова е некаков тест. Дали Итан е нејзин соперник или е единствената личност меѓу сомнителните гости на имотот покриен со снег на која може да ѝ верува?
Додека снегот продолжува да вее, телефоните не работат, а напнатоста расте, секоја трага ги доближува Меги и Итан до вистината, а нивното соперништво се претвора во неочекувано партнерство. Бидејќи овој Божиќ, двајцата мора да станат сојузници (а можеби и нешто повеќе) ако сакаат да ја спасат Елеонор.
Освен ако прво не се убијат меѓу себе…
-
-37%
Ловејќи го злотворот (Robert Hunter #10)
0Original price was: 550,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Секоја приказна си има свој крај. Тој е најопасниот и најсуровиот сериски убиец со кој ФБИ некогаш си имал работа. Поседува исклучителна самоконтрола, широко познавање на криминалната психологија и искуство со хипноза. По три години поминати во затвор со максимално обезбедување, тој успева да избега….
-
-45%
Психологот
0Original price was: 490,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Возбудлив психолошки трилер и моќна приказна за куќата што крие шокантна тајна.
Кога Алиса и Лео се вселуваат во новата куќа во Кругот, затворена населба со луксузни вили, им се остваруваат сите соништа. Куќата ја купуваат по зачудувачки поволна цена, соседите се љубезни и пријателски настроени и најпосле се убедени дека ќе можат да уживаат во заедничкиот живот.
Но како што Алиса ги запознава соседите, открива ужасна тајна за нејзиниот нов дом и почнува да чувствува силна поврзаност со Нина, психологот што порано живеела во неа. Се опседнува во обидите да открие што точно се случило пред две години – но никој од соседите што ја пречекаа толку топло не сака да зборува за тоа. Алиса сфаќа дека нешто мрачно се крие зад блескавата фасада на населбата и дека копањето по туѓите тајни може да биде фатално…
Тоа што требаше да биде сон се претвори во кошмар…
-
-40%
Кодот на Катарина
0Original price was: 550,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Исчезнување без трага е мистерија само по себе. Но што ако исчезнатото лице оставило нешто зад себе што ја прави мистеријата уште поголема?
Кога Катарина Хауген исчезнала пред дваесет и четири години, случајот не бил решен. Оттогаш, секоја година на денот на нејзиното исчезнување, главниот инспектор Вилијам Вистинг ги разгледува документите од старата истрага и оди на гости кај сопругот на Катарина, Мартин Хауген, кој дента на исчезнувањето имал цврсто алиби. Нивниот редовен контакт прераснал во пријателство.Но овој пат Вистинг ја наоѓа куќата заклучена. На годишнината од исчезнувањето на неговата сопруга, Мартин Хауген и самиот исчезнува без трага.
Истиот ден во полициската станица пристигнува младиот истражител Адријан Стилер, кој работи на стари, нерешени случаи. Тој верува дека исчезнувањето на Катарина е поврзано со друга, уште постара мистерија. Принудени да соработуваат, Вистинг и Стилер мора да најдат заеднички јазик и да ги следат и најнезначајните траги за да го решат овој сложен случај.
Морничав трилер за тајните, довербата и непоколебливата потрага по вистината.
-
-33%
Давеничката
0Original price was: 490,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Ли Гуливер никогаш не помислила дека еден ден ќе живее на улица, но кога нејзиниот ресторан пропаѓа и таа запаѓа во огромни долгови, принудена е да го напушти својот стар живот и да исчезне заминувајќи само со колата и облеката. Во Сиетл преноќува на едно затскриено место покрај плажата, но изутрината здогледува расплакана жена како се фрла во океанот. Без размислување ја спасува жената, но наместо благодарност, добива бесен излив. Давеничката, Хејзел, ѝ кажува дека е заробена во насилен брак, дека е затвореник во сопствениот дом, а Ли ѝ ја одзела единствена шанса да избега од својот живот. Хејзел се враќа во својот позлатен кафез и Ли мисли дека повеќе нема да ја види. Сепак, следното утро Хејзел се враќа и тие се поврзуваат и остваруваат блиско и неверојатно пријателство.
Но еден ден Хејзел доаѓа со страшно барање: сака Ли да ѝ помогне да исчезне. Ја уверува дека ќе биде лесно, но Ли наскоро дознава дека работите не се такви какви што изгледаат и дека Хејзел можеби не е таква пријателка каква што мислела дека е.
