Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Првиот последен бакнеж

    Првиот последен бакнеж

    4

    Како се задржува љубовта која полека ви се лизга низ прсти?
    Може ли човек да го заборави минатото кога знае што носи иднината? И каде се наоѓаат сили кога знаеш дека секој бакнеж е одбројување до збогување?

    Првиот пат кога Моли го бакнува Рајан, таа уште веднаш знае дека тие ќе бидат заедно засекогаш. Шест години и илјадници бакнежи подоцна, Моли е мажена за човекот кој го сака. Но денес, додека Рајан ја бакнува, Моли сфаќа колку многу бакнежи залудно потрошила и загубила, бидејќи иднината носи нешто што ниеден од нив двајца не можел да го замисли и предвиди…

    Ова е приказната на Рајан и Моли, ова е приказната која ќе ви раскаже како се запознаваат, вљубуваат, изневеруваат, разочаруваат и разделуваат. Ова е приказна за љубовна афера. Ова е приказна која трае цел живот, а истовремено приказна која завршува прерано. Приказна која ќе ве насмее и расплаче. Приказна која ќе ви го скрши срцето со таква нежност што ќе молите за уште.
    Ова е приказна за еден прв бакнеж, но и за еден последен бакнеж…

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • -28% Крадец на колачиња (101 инспиративна приказна)

    Крадец на колачиња (101 инспиративна приказна)

    6

    Ова е книга која вреди секој да ја има во својата домашна библиотека за да може да посегне по неа секогаш кога ќе почувствува дека губи дел од човечното во себе…

    Може да ја чита буквално секој читател од најрана, па до најстара возраст. Приказните се прилично едноставни, како да ги слушате од дете, а сепак сложени и тешки, како да ги раскажува најголемиот мудрец на светот.

    Совет: имајте шамиче во близина кога ќе ја читате оваа книга. Да, длабоко вистинити, страшно тешки и сериозно блиски до секој од нас, овие приказни имаат голема моќ да изнудат солза и од најсилните…

    button-new

    Original price was: 320,00 ден.Current price is: 229,00 ден.
    Додај во кошничка
  • -15% Крадци и проститутки

    Крадци и проститутки

    9

    14ти Јуни, 1941 година
    Тие ме зедоа облечена само во ноќница. Тоа не беше тропање. Тоа беше страшно трескање кое ме натера да потскокнам. Тупаници удираа по нашата влезна врата. Внатре во куќата никој не мрдаше, никој не пушташе глас. Станав и ѕирнав во ходникот. Мајка ми стоеше залепена за ѕидот, нејзините очи затворени, а лицето згрчено од вознемиреност. Таа се молеше.

    Советите нѐ натискаа во камион како стока: жени, деца, стари и изнемоштени, штотуку породени со бебиња. Воз полн со учени луѓе, професори, адвокати, уметници… рекоа сме биле криминалци обвинети за контрареволуционерни активности. Најпочитуваните и најдостоинствените луѓе од Литванија, Латвија и Естонија, а вагонот во кој се возевме беше обележан со табла „Крадци и проститутки“.

    Ќе те најдам“, ми рече Андриус. Најди ме, се молев секој ден. Најди ме побрзо.

    Ужасна тајна на милион луѓе. Во некои војни се работи за бомбардирање. За овие луѓе и оваа војна, се работи за верување.

    button-new

    Original price was: 350,00 ден.Current price is: 299,00 ден.
    Додај во кошничка
  • Сонувај малку

    Сонувај малку

    4

    Лошата среќа на Рејчел Стоун зема уште поголем замав. Со празен паричник, расипан автомобил и гладно петгодишно синче кое зависи само од неа, таа се враќа во градот каде што сите ја мразат. Но оваа решителна млада вдовица со скандалозно минато има поминато доволно во животот за да научи како да биде борец. Таа ќе направи сè за нејзиното дете да биде безбедно.

    Гејб Бонер сака само да биде оставен на мир, особено од страна на прекрасната протерана жена која без дозвола го сместува своето привремено живеалиште – расипан автомобил – на неговиот имот. Таа има безобразна уста, талент за проблеми и дете кое му враќа многу болни спомени. Сепак, постои шанса жестокиот дух на Рејчел да е баш она што му треба на овој тврдоглав, силен маж за да се врати во живот.

    Добредојдовте во Салвејшн, Северна Каролина – каде еден човек кој има заборавено што значи тоа нежност запознава жена која нема што повеќе да изгуби и заедно се впуштаат во смешно и трогателно патување на срцето… до место каде нивните соништа можеби и можат да се остварат.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Тајната на сопругот

    Тајната на сопругот

    6

    Во срцето на Тајната на сопругот лежи писмо кое не смее да биде прочитано… 

    Драга моја Сесилија, ако го читаш ова, тоа значи дека јас сум мртов… 
    Замислете дека сопругот ви напишал писмо, писмо кое треба да се отвори по неговата смрт. Исто така замислете дека писмото ја содржи неговата најдлабока, најмрачна тајна – нешто што има потенцијал да ги уништи животите на повеќе луѓе, не само вашиот совршен живот кој го имате изградено заедно. Потоа замислете дека сосема случајно го наоѓате заталканото писмо додека вашиот сопруг сè уште е многу… жив.
    Сесилија Фицпатрик има постигнато сè: таа е неверојатно успешна бизнисменка, страшно почитувана жена во заедницата, посветена сопруг на својот совршен сопруг и прекрасна мајка на три деца. Нејзиниот живот е совршен и беспрекорен како и нејзиниот дом. Но ова писмо ќе смени сè и тоа не само за неа. Рејчел и Тес едвај ја знаат Сесилија, но тие исто така ќе ги почувствуваат катастрофалните последици од тајната на нејзиниот сопруг.
    Прекрасна драма исполнета со мистерии во која особено ќе уживаат љубителите на хит серијата Очајни домаќинки.
    button-new
    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • -34% Без страв

    Без страв

    3

    Која е најтешката работа што некој би можел да ја побара од некого?

    Тревис Морисон е нуркач шампион и едно од најпопуларните деца во неговото училиште. На првиот ден од летниот распуст, додека се вози со чамец на езерото со неговите пријатели, Тревис одлучува да скокне од една од највисоките и најопасните карпи. Додека паѓа кон водата, нешто што успешно го има направено илјадници пати во животот, нешто тргнува во лош правец. Тревис се плаши дека ја скршил ногата, но тестовите во болницата откриваат ретка форма на рак на коски и со цел да му го спасат животот, докторите им кажуваат на неговите родители дека ќе мора да му ја ампутираат ногата.

    Животот на Тревис и на сите останати околу него се менува преку ноќ… Тревис е убеден дека тој и само тој треба да одлучува за својот живот. Тој има план, но не може да го реализира сам. Дали ќе успее да го убеди неговиот најдобар пријател, неговата девојка или неговата сестра… кој било, да му го исполни најважното барање што постои?

    button-new

    Original price was: 300,00 ден.Current price is: 199,00 ден.
    Прочитај повеќе
  • Големи мали лаги

    Големи мали лаги

    2

    Училиштето Пириви е мало, прекрасно основно школо во близина на плажа каде децата учат дека насилството е неубаво и недозволиво. Но и покрај тоа, еден вечерен, родителски училишен настан се претвора во хаос и завршува со смртен случај. Пиштат сирени. Врескаат луѓе. Еден родител е мртов. Дали станува збор за убиство, трагична несреќа или нешто сосема трето? Родителите во Пириви ќе откријат дека малите лаги понекогаш можат да бидат најсмртоносни…

    Големи мали лаги е книга што не се остава, книга што ќе ве натажи и насмее, книга што ќе ве натера да размислувате. Ова е книга што не смеете да ја пропуштите.

    button-new

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Кога мене ќе ме нема

    Кога мене ќе ме нема

    1

    Срцепарателна приказна во стилот на Првиот последен бакнеж и П.С. Те сакам која ќе ви го крши срцето реченица по реченица.
    Дејзи има дваесет и седум години и веќе еднаш има победено рак на дојка. Како е можно повторно да ѝ се случува ова?
    Таа се подготвува да ја прослави третата годишнина од победувањето на ракот на дојка со својот сакан сопруг Џек. Но на само некој ден од важниот датум доживува страшен шок:
    нејзиниот доктор ѝ кажува дека ракот е вратен, но овој пат со дијагноза во агресивна четврта фаза.
    Докторот прогнозира од четири до шест месеци живот.
    И смртта е парализирачки страшна помисла – но не затоа што Дејзи се плаши за себе. Таа не може да замисли што ќе се случува со нејзиниот генијален, но шармантно беспомошен сопруг кога таа повеќе нема да биде тука да се грижи за него. Џек заборава да јаде, Џек не знае да готви, Џек е срамежлив, Џек не може сам.
    И овој страв не ѝ дава сон ноќе, сè додека Дејзи не добие идеја за решение: таа мора да му најде нова жена.

    button-new

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сè, баш сè

    Сè, баш сè

    4

    Мојата болест е ретка колку што е позната. Во основа, јас сум алергична на светот. Не излегувам од дома, немам излезено од дома цело седумнаесет години. Единствените луѓе што ги гледам се мајка ми и мојата болничарка, Карла.

    Но тогаш, еден ден, пред соседната куќа доаѓа камион за селење. Погледнувам низ прозорецот и го гледам него. Тој е висок, убаво мускулест и целиот облечен во црно – црна маица, црни фармерки, црни патики и црно плетено капче што целосно му ја покрива косата. Ме забележува дека го гледам и зјапа во мене. И јас зјапам во него. Се вика Оли.

    Можеби не можеме да ја предвидиме иднината, но можеме да предвидиме некои работи. Пример, јас сум сигурна дека ќе се заљубам во Оли. И прилично сум сигурна дека ќе биде катастрофа.

    button-new

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Прошетка по облаците

    Прошетка по облаците

    2

    „Животот порано беше неописливо прекрасен. Полн со магија и можности. Полн со чуда и возбуда. Не постоеше ништо што не можев да направам. Не постоеше ништо што не можев да бидам. Не постоеше место каде што не можев да отидам.

    Били Крофорд беше мојот свет. Мажот од моите соништа. Човекот што се заколнав дека ќе го сакам и почитувам и ценам сè додека „смртта не нè раздели“. Мислејќи и верувајќи, се разбира, дека никогаш нема да дојде до тоа. До смрт. Или ако дојде, тоа ќе биде многу, многу далеку во иднина. Премногу далеку за да се грижам за тоа денес. Или дури и утре.

    Но… ах, колку брзо можат да се распарчат соништата. За една секунда. Со еден пиштол. Со еден куршум кој ја распарува тишината на една ноќ.

    button-new

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Крадачка на книги

    Крадачка на книги

    2

    Годината е 1939. Нацистичка Германија. Државата не дише, го држи својот здив. Смртта никогаш не била позафатена, а од ден во ден ѝ се отвора сè повеќе работа.

    Покрај гробот на нејзиното братче, животот на едно девојче се менува засекогаш кога наоѓа еден предмет во снегот на земјата. Тоа е прирачник за гробари, паднат случајно, но доволно интересен за неа за да ја наведе на првата кражба на книга. Така почнува една љубовна афера со книгите и зборовите додека малата крадачка на книги учи да чита со помош на нејзиниот татко. Таа набрзо почнува да краде книги од огновите на нацистите кои ги палат, од домашната библиотека на сопругата на градоначалникот, од секаде каде што успева да најде. Но ова се опасни времиња. И стануваат уште поопасни кога нејзиното семејство почнува да крие Евреин во подрумот.

    Дали некогаш во животот ви се случило да прочитате книга и да сфатите дека никогаш повеќе нема да бидете исти? Дали некогаш сте прочитале книга која ве натерала да посакате да одите од човек на човек и да не престанете да ја препорачувате додека не бидете сигурни дека ја прочитал целиот свет? Ова е ТАА книга.

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Продадена

    Продадена

    3

    Лакшими е тринаесетгодишно девојче кое заедно со своето семејство живее во мала колиба на планините во Непал.

    Иако се очајно сиромашни, животот на Лакшими е убав, среќен и исполнет со едноставни задоволства како прошетки низ планината, играње со нејзината најдобра пријателка и набљудување на момчето за кое е ветена да се омажи кога ќе порасне.

    Но кога безмилосниот хималајски монсун ќе ја уништи и онаа малку посеана земја која ја имаат и ќе ги остави без ништо, очувот на Лакшими вели дека таа мора да замине во градот и да помогне во издржување на семејството. Тој ја запознава со гламурозна жена од градот која ветува дека ќе ѝ најде работа како слугинка. Среќна што ќе може да му помогне на своето семејство, Лакшими го напушта Непал и пристигнува во „Куќата на среќата“ полна со надеж. Но таа многу брзо ќе ја дознае вистината: дека нејзиниот очув ја продал како бело робје директно во водите на проституцијата.

    Животот на Лакшими станува кошмар од кој не може да побегне. Таа попрво би умрела отколку да се продава на тој начин, но сфаќа дека не постои шанса да се спаси од тоа место додека не си го врати „долгот“, односно сумата која била платена за неа.

    Водена од зборовите на мајка си: „Самото издржување е триумф“, таа се обидува да продолжи со хоророт во кој се претвора нејзиниот живот и да издржи, да триумфира… па можеби еден ден, дури и да најде начин за да побегне оттаму…

    button-new

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Париската ќерка

    Париската ќерка

    0

    Приказна за две мајки кои ќе мора да донесат незамисливи одлуки пред налетот на нацистичката окупација.

    Париз, 1939: Елис и Џулиет се запознаваат во паркот Булоњската шума и стануваат неразделни пријателки. На нивната среќа и нема крај, бидејќи и двете набрзо ќе станат мајки. Но, ветриштата на војната навестуваат дека нивните животи набрзо ќе бидат неповратно променети.

    Кога Елис станува мета на нацистите, таа ù го доверува на Џулиет најскапоценото нешто во нејзиниот живот – нејзината ќеркичка. Но, никаде не е безбедно во војна, дури ни во малата тивка книжарница на Џулиет која станува цел на неколку бомбардирања. Светот на Џулиет е уништен заедно со неа.

    По завршувањето на војната, Елис се враќа назад очекувајќи дека конечно ќе ја види својата ќерка, но наоѓа само урнатини, а Џулиет заедно со нејзиното семејство се исчезнати.

    Што се случи со ќерката на Елис во тие последни, ужасни моменти? Каде исчезна Џулиет без трага, носејќи ги со себе сите одговори? Очајната потрага ја води Елис во Њујорк и до Џулиет.

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Вистинскиот

    Вистинскиот

    0

    Самотијата не мора да биде и страдање.

    Овој роман-портрет на еден брак што пропаѓа нè води низ комплициран љубовен триаголник од две перспективи – на сопругата и на сопругот. Низ неверојатен сплет на двојност и паралели, навлегуваме во две приказни што се обединуваат со бравурозна прецизност.

    Петер и Илонка се богат пар чиј навидум совршен брак е уништен од тајни. Несигурната Илонка верува дека никогаш не може да биде доволно префинета за својот сопруг, а Петер се измачува со забранетата љубов кон Јудит, селанка и слугинка во неговиот дом од детството. Јудит, пак, копнее по слобода од стегите на општеството што ги заробува сите тројца во вител на љубов и загуба. Оваа извонредна приказна, која се одвива во Унгарија меѓу двете светски војни, во свет на драматични промени, е уште еден доказ за брилијантноста на Мараи.

    Дали е можно да се уништат емоциите со разумот? Оваа психолошка драма ќе ни го даде одговорот истовремено поттикнувајќи нè на размислување, за да откриеме дека сета убавина на постоењето што ја откриваме со разумот, на крај, сепак е сместена во срцето.

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Тие што се сакани

    Тие што се сакани

    0

    Чудесниот роман на Викторија Хислоп е сместен во времето на германската окупација на Грција, потоа граѓанската војна, по штo доаѓа и воената диктатура, настани што оставија длабоки лузни на таа почва.

    Атина, 1941 година. По неколку децении политичка независност, Грција е поделена на левица и на десница токму во моментот кога ја окупираат Германците. Петнаесетгодишната Темис потекнува од семејство што е поделено од политичките разлики. Нацистичката окупација го продлабочува јазот меѓу тие што ги сака, исто како што ја разорува и целата Грција. Таа е сведок на тоа како нејзините пријатели умираат од глад и сѐ што гледа ја наведува да даде некаков отпор.

    За време на граѓанската војна што доаѓа по завршувањето на окупацијата, Темис ѝ се придружува на комунистичката војска и тука доживува голема љубов и голема омраза, исто како парадоксите што изобилуваат во војната во која Грк се бори против Грк. Прогонета на островите, Темис запознава една затвореничка, чијшто живот се испреплетува со нејзиниот на начин на кој никако не можела да предвиди…

    Овој моќен роман го осветлува сложеното и трауматско грчко минато и го вткајува во епската приказна за обичната жена, која била принудена да проживее исклучително необичен живот.

    „Гледиштето на Викторија Хислоп на историјата во нејзините романи претставува олицетворение на сочувство и на добрина“. – „Скотсман“

    „Никој не пишува за Грција како Викторија Хислоп“. – „Ред магазин“

    „Таа возбудливо ја оживува грчката историја… Требало да спроведе детално историско истражување, но тоа не ја задушува приказната“. – „Сандеј тајмс“

    „Прекрасна, уникатна љубовна приказна и чудесни, потресни описи на земјата распарчена од омраза“. – „Дејли експрес“

    „Потресно четиво, кое ве враќа низ времето“. – „Ес/магазин“

     

    499,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Мутации

    Мутации

    0

    Домашната мува Леон Зумса се буди едно утро и се наоѓа себеси преобразена во „монструозен ‘рбетник“, односно човечко суштество. Лавот од сатирата на Курт Тухолски „Лавот избега!“ мутира во поларна мечка која го истражува хипстерскиот Берлин. Моделот на статуата на Венера од приказната на Проспер Мериме „La Venus d’Ille“ работи како млад роб во „фирма“ која покажува неверојатни паралели со денешниот работен свет. „Анегдотата од последната пруска војна“ (Клајст) е поместена во иднината, каде што последните четири луѓе се борат едни против други. „Повикувањето на големата мечка“ на Ингеборг Бахман е вкрстено со митот за Чулу на Лавкрафт и резултатот е песна што потсетува чудно на Готфрид Бен.

    „Мутации“ се 7 приказни и 1 песна, секоја базирана на класичен текст, од Црвенкапа до Вирџинија Вулф!

    300,00 ден
    Додај во кошничка