-
-34%
Љубов пред Божиќ
0Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.„Ако во изминативе неколку дена научив нешто, тоа е дека човек треба да се бори за среќата.”
По тешкиот развод и непростливото предавство, Џој Канделаро повеќе не може да му се радува на Божиќ, нејзиниот омилен празник. Без размислување купува авионски билет за Канада, очајна да исчезне од познатото опкружување. Кога по неочекуваната несреќа ќе се најде среде дивина, Џој ја зграпчува шансата да исчезне на некое време, да го напушти својот тажен живот и да подише со полни гради.
Во малото гратче Рејн Вели, наоѓа засолниште во зафрлената куќарка на Даниел О’Ши и неговиот шестгодишен син Боби, кој треба да го дочека првиот Божиќ без мајка си. Повлечен и изгубен во својата тага, Боби зборува само со своето замислено другарче – сè додека не ја запознае Џој. Додека таа им помага на Даниел и Боби да закрепнат, нешто сончево и неочекувано почнува да свети во нејзината душа: кревко ветување за нов почеток. Но ниту во Рејн Вели не е cè така како што изгледа и во еден ненадеен момент, новиот свет на Џој е уништен.
На бадниковата ноќ исполнета со чуда, невозможни избори и надеж што мислела дека е изгубена засекогаш, Џој мора да собере храброст да се бори за љубовта, семејството и втората шанса што не верувала дека некогаш ќе ја добие.
-
-27%
Жена на дното
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Нејзините зборови едно време палеа огнови во срцата на читателите. Но по фијаското со филмската адаптација на една од нејзините книги, гневните онлајн напади на разочараните читатели ја принудуваат Петра Роуз да се повлече, а тоа резултира со пробиени крајни рокови и неплатена хипотека. Обележана како измамничка и гладна за слава и пари, Петра си ја учи лекцијата што се случува кога интернетот ќе се сврти против тебе. И оттогаш не може да пишува повеќе.
Сега, со речиси целата заштеда потрошена и само груб нацрт план за нејзината следна мистерија, се повлекува во изолирана колиба покрај езеро, надевајќи се дека ќе пронајде инспирација таму. Тоа е нејзиниот последен обид да си ја спаси кариерата, но и себеси.
И тогаш се појавува тој. Детективот Натаниел доаѓа со вознемирувачки вести, а самото негово присуство потпалува креативност. Зборовите брзо почнуваат да се враќаат, а фиктивниот детектив страшно наликува на оној реалниот, кој станува нејзина муза. Нивното „истражување“ ги преоѓа границите на фантазијата и реалноста. Секој поглед, секој допир ја вовлекува во светот во кој мислела дека никогаш повеќе нема да се изгуби. Никогаш не се чувствувала пожива. Но олку моќна инспирација си доаѓа со цена… Кога тој почнува да си ја сфаќа својата улога во нејзината кариера малку пресериозно, Петра е принудена да се соочи со новосоздадениот хаос.
-
-32%
Љубовен експеримент во Њујорк (Love Deception #2)
0Original price was: 590,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Роузи Грахам има проблем. Всушност, неколку. Неодамна ја напушти одлично платената работа за да може да се сосредоточи на тајната кариера како автор на љубовни романи, но му нема кажано на семејството, а сега е западната во креативна криза. Згора на тоа, таванот од станот за малку ќе ѝ се срушеше врз глава. За среќа, го има резервниот клуч од станот на Лина, нејзината најдобра пријателка, па се вселува во него додека таа е на пат. Само што Роузи не знае дека Лина веќе му има дадено клуч и на нејзиниот братучед, Лукас, истиот оној братучед што таа го демне на Инстаграм. На нејзино изненадување, Лукас ѝ предложува да живеат заедно додека го реновираат нејзиниот стан.
Лукас е решен да ја игра улогата на шпански витез, само што наместо сјаен оклоп, тој носи пешкир околу половината, има разоружувачка насмевка и неодолив нагласок. А, да, и умее да готви. А кога ќе дознае за креативните маки на Роузи ѝ предложува скандалозен експеримент за да ѝ се врати писателската инспирација. Роузи нема што да изгуби. Нејзината глупава занесеност по него ја има наполно под контрола, но на престојот на Лукас во Њујорк му се ближи крајот, а Роузи воопшто не е убедена дека шест недели се доволни за да се справи со крајниот рок и – со себеси.
-
-33%
Нашиот најубав Божиќ
0Original price was: 520,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.„За Божиќ, чудата го осветлуваат небото над Шкотските Висорамнини.”
Гејл Мичел, брилијантната и амбициозна бизнисменка, со години се наоѓа во зенитот на кариерата, но по цена на односот со своите ќерки. По ненадејното соочување со сопствената смртност, ги контактира со неочекувана покана: повторно да го поминат Божиќ заедно – за првпат по пет години.
За сестрите Саманта и Ела Мичел, Божиќ е најубавиот период во годината, време кое го поминуваат во смеа и веселба, обидувајќи се да ги надоместат топлината и магијата што им недостигале на празниците додека растеле. Годинава, додека Ела се приспособува на животот како мајка, а Саманта се надева да постигне деловна зделка за куќата во којашто ќе го поминат празникот, двете сестри решаваат да ја прифатат мајчината покана.
Додека снегот непрестајно паѓа, се разоткриваат стари тајни, се разгоруваат нови познанства и жените од семејството Мичел се принудени да се соочат со вистините што предолго ги избегнувале. Заедно мора да научат дека патот до прошката ретко е без пречки, но понекогаш, еден Божиќ може да смени сè.
-
-33%
Божиќната колиба
0Original price was: 520,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.„Таков е животот, нели? Се трудиш да го извлечеш најдоброто од добрите делови, а со лошите се справуваш колку што можеш подобро.”
Имоџен е маркетиншки гениј, но иако нејзиниот имиџ на одличен професионалец е вистински, среќните приказни од детството што ги раскажува се исто толку измислени колку и нејзиниот наводен ентузијазам за Божиќ. Работењето деноноќно и без одмор отсекогаш било нејзиното решение за преживување на празничната сезона, сè додека исцрпеноста не ја натера да направи катастрофална грешка.
Имоџен е принудена да земе еден месец одмор од работа, но за среќа, нема да мора да остане во бедното станче во Лондон и да размислува за својот тажен живот. Дороти, нејзината омилена клиентка, ја поканува да престојува во нејзината Божиќна колиба во Котсволдс. Куќичката е совршено прибежиште и Имоџен брзо се навикнува на идиличниот селски живот, особено кога деновите ги минува со енергичниот ретривер и шармантниот ветеринар.
Но кога тајните од минатото ќе ѝ го нарушат мирот, дали Имоџен ќе остане сама за Божиќ или сепак ќе успее да им прости на оние што ѝ згрешиле?
-
-41%
Крадецот на бакнежи
0Original price was: 590,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.„Можеби сум чудовиште. Најпосле, се појавувам ноќе за да си играм. Но истото го правиш и ти, малечка. И ти си дел од темнината.”
Ќерката на шефот на чикашкото подземје, деветнаесет-годишната Франческа Роси животот го минува во позлатен кафез потчинувајќи се на семејната традиција и обичаите. Иднината ѝ е јасно исцртана: не ја чека факултет, туку договорен брак со симпатијата од детството, Анџело Бандини, наследникот на едно од најмоќните мафијашки семејства. Во текот на ноќта на нејзиното претставување пред општеството, Франческа е подготвена да му го понуди својот прв бакнеж на Анџело, но под превезот на мракот, суровиот сенатор Вулф Китон ја измамува и ѝ го краде, заедно со нејзината слобода.
Принудена да се омажи за Вулф, сиот нејзин свет се распаѓа. Сенаторот го отелотворува сето она што младата жена го презира кај мажите: тој е арогантен, безмилосен женкар, кој кова планови против нејзиното семејство. Сепак наскоро ќе открие дека под оклопот на цинизам и суровост што Волф Китон го носи околу себе, се крие многу, многу повеќе.
Единствената желба на Франческа е да се врати во прегратките на Анџело, а единствената цел на Вулф е одмазда. Но можеби и двајцата ја потценуваат моќта на своите чувства еден за друг.
-
-53%
21 Начин да умреш
0Original price was: 420,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Колку брзо може да ти се урне сиот свет?
Во еден момент, Стела е едно од најпопуларните девојчиња во класот, а во следниот таа е отфрлена, понижена и исклучена од групата која порано ја водеше.
Кога караницата со нејзината најдобра другарка Амалие излегува од контрола, Стела станува мета на неумоливо малтретирање. Малтретирање преку Фејсбук, по пораки, со сурови видеа на Јутјуб, на страницата за омраза што секој ден собира сè повеќе лајкови. Амалие ништо не може да ја спречи во одмаздата. Само Филипа разговара со неа, но… каква е таа другарка што го крие нивното пријателство пред другите?
Додека вознемирувањето станува сè пожестоко, светот на Стела тоне во тишина. Музиката која порано ѝ беше единствениот спас, повеќе не ѝ носи утеха. Никому не му верува, надежта ѝ исчезнува.
Но тука е нејзиниот список – списокот со дваесет и еден начин како да ја запре оваа болка. Со дваесет и еден начин како да умре.
-
-33%
Алјаска
0Original price was: 370,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Моќна приказна за двајца необични пријатели кои ги спојува љубовта кон едно куче.
Свен е решен: на првиот училиштен ден ќе направи нешто големо, нешто незаборавно. Фора што ќe ги спречи соучениците да го гледаат само како „кутрото момче со епилепсија“.
Паркер, пак, сака да остане незабележлива. По најлошото лето во нејзиниот живот, не верува никому. Но по завршувањето на првиот училиштен ден, открива нешто неверојатно: новото куче помошник на Свен е Алјаска – кучето што порано беше нејзино. Кога го здогледува во негово друштво, ѝ се враќаат сите убави спомени од времето што го поминале заедно. Очајно сакајќи повторно да биде со Алјаска, една ноќ Паркер се маскира и се прикрадува во собата на Свен… Во превезот на мракот, децата си ги споделуваат тајните и стануваат пријатели. Но прекуден тие се туѓинци – и двајцата ја кријат својата болка, копнеејќи по друштво и разбирање.
„Алјаска“ е трогателен роман за болката, храброста и исцелувачката моќ на пријателството. Приказна што ги разоткрива предизвиците со кои се соочуваат младите при созревањето, товарот што секој од нив го носи во душата и пријателството што може да расцвета и во најнеочекувани околности.
-
-39%
Испреплетени лози
0Original price was: 490,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Фиона отсекогаш знаела да чува тајни – дури и од таткото што ја одгледал. Таа е единствената што знае за аферата на мајка ѝ во Тоскана пред триесет години и планира така и да остане.
Но еден ден добива неочекувана вест — нејзиниот биолошки татко починал и ѝ оставил наследство. Патувањето во срцето на Тоскана, каде што се соочува со бесните полубрат и полусестра решени да го оспорат тестаментот, се претвора во патување низ лавиринтот од тајните на родителите. Иако малку исплашена, Фиона ја прифаќа судбината и се обидува да ја открие вистината за тоа што се случило она судбоносно лето кое мајка ѝ го поминала во Италија – и за таткото што никогаш не го запознала.
Низ страниците полни со аромите и романтиката на Тоскана, читателот ќе се нурне во една трогателна приказна за љубовта, жртвите, храброста и вистинското значење на семејството.
-
-40%
Земја на соништата
0Original price was: 500,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Колби Милс верува дека е предодреден за блескава музичка кариера, но ужасна трагедија му ги руши надежите. Сега ја води семејната фарма во Северна Каролина и, како кус одмор од секојдневните обврски, прифаќа да свири во еден бар на плажата во Сент Пит во Флорида.
Кога ја запознава Морган Ли, светот му се превртува наопаку. Судбоносната средба го тера да се замисли дали одговорноста што ја нагрбил мора засекогаш да му го управува животот. Морган е ќерка на богати доктори од Чикаго и дипломка на престижна музичка академија, која сонува да се пресели во Нешвил за да стане ѕвезда. И во љубовта и во музиката, Колби и Морган се надополнуваат како што никогаш не верувале дека е можно.
Додека нивната љубов расте, во едно зафрлено гратче, Беверли се обидува да создаде пристоен живот за неа и за нејзиниот шестгодишен син, по бегството од насилниот сопруг. Но парите ѝ се при крај и опасноста ги демне од сите страни. Очајната одлука што ќе ја донесе ќе промени сè во што верувала.
Судбината ќе ги спои тројцата и ќе ги натера да се запрашаат дали сонот за подобар живот може да ја надмине тежината на минатото. Трогателна приказна за смелоста да ризикуваш cè за да го оствариш сонот – и за (не)можноста да го оставиш минатото зад
себе. -
-37%
Проколната земја
0Original price was: 550,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Бет и нејзиниот мил, добродушен сопруг Френк имаат среќен брак, но главниот предуслов за нивната врска е минатото да остане закопано. Кога братот на Френк ќе го застрела кучето што им удавило неколку овци, никој не знае дека тој истрел засекогаш ќе им ги промени животите. Бидејќи кучето му припаѓа на Гејбриел Волф, човекот кого Бет го сакала како тинејџерка – човекот кој ѝ го има скршено срцето пред многу години. Гејбриел се враќа во селото со својот мал син, Лио – момче кое Бет премногу ја потсетува на нејзиниот сопствен син, кој има починато во трагична несреќа.
Како што струите ја повлекуваат Бет назад во животот на Гејбриел, така растат и тензиите во селото, па почнуваат да испливуваат опасни тајни и љубомора, но овој пат со смртоносни последици. Бет е принудена да направи избор помеѓу жената што била некогаш и жената во која е претворена сега.
Длабока љубовна приказна со пресврт на трилер – новела за горлива страст, невозможни избори и експлозивни последици која шета помеѓу минатото и сегашноста истражувајќи ја моќта на првата љубов.
-
-34%
Кога жеравите летаат на југ
0Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.„Жеравите летаат на југ“ на шведската писателка Лиса Ридзен е импресивен дебитантстки роман кој допира директно до срцето. Книга за која без двоумење може да се каже дека е невозможно да не ве трогне.
Дома кај Бо ретко се менува тивкото секојдневие, освен кога доаѓа персоналот од службата за домашна нега. Но тој го има своето сакано куче Сикстен, па не е сосем сам. Во празнотијата што зад себе ја оставила неговата сопруга, која живее во дом за дементни лица во шведскиот град Остерсунд, кај Бо почнуваат да ријат и гребат размислувања и сомнежи. Времето е премногу кратко за да стигне да го реши тоа што на моменти се чини невозможно – односот со синот.
Таткото и синот несигурно, но упорно се обидуваат да се сретнат на половина пат и да се доближат еден до друг. Но, во исто време, синот е убеден дека омилениот придружник на татко му, Сикстен, мора да се пресели, бидејќи осумдесет и деветгодишниот старец не може повеќе да се грижи за него. Заканата дека ќе го изгуби своето куче буди длабок вител од емоции што го тера Бо да се наврати на својот живот, на татковството и на својот начин на изразување и искажување љубов. -
-27%
Салто
0Original price was: 370,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Алвур има дванаесет години и живее за гимнастиката. Негова најголема желба е еден ден да настапи на Олимписките игри и да патува во Јужна Америка со својот најдобар пријател Рагнар. Но додека Рагнар е успешен во сè и изгледа како да има совршен живот, Алвур постојано се сомнева во себе и се плаши од мислењето на другите.
Кога тимот добива покана да патува во Бразил, Алвур очајно посакува да биде избран – но токму тогаш на неговиот сакан помал брат Еики му дијагностицираат аутизам. Алвур одбива да поверува дека Еики е различен и чувствува дека никој не го разбира. Во потрага по одговори и сила, тој тајно ја контактира својата мистериозна тетка Харпа – поранешна олимписка шампионка во гимнастика, која по страшниот пад ги прекинала сите врски со семејството и светот.
Ова е трогателна приказна за братската љубов, за борбата со сопствените стравови и за пронаоѓањето на храброста токму онаму каде што најмалку ја очекуваме.
-
-33%
Давеничката
0Original price was: 490,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Ли Гуливер никогаш не помислила дека еден ден ќе живее на улица, но кога нејзиниот ресторан пропаѓа и таа запаѓа во огромни долгови, принудена е да го напушти својот стар живот и да исчезне заминувајќи само со колата и облеката. Во Сиетл преноќува на едно затскриено место покрај плажата, но изутрината здогледува расплакана жена како се фрла во океанот. Без размислување ја спасува жената, но наместо благодарност, добива бесен излив. Давеничката, Хејзел, ѝ кажува дека е заробена во насилен брак, дека е затвореник во сопствениот дом, а Ли ѝ ја одзела единствена шанса да избега од својот живот. Хејзел се враќа во својот позлатен кафез и Ли мисли дека повеќе нема да ја види. Сепак, следното утро Хејзел се враќа и тие се поврзуваат и остваруваат блиско и неверојатно пријателство.
Но еден ден Хејзел доаѓа со страшно барање: сака Ли да ѝ помогне да исчезне. Ја уверува дека ќе биде лесно, но Ли наскоро дознава дека работите не се такви какви што изгледаат и дека Хејзел можеби не е таква пријателка каква што мислела дека е.
-
-40%
Лето во Тоскана
0Original price was: 500,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Полина Фонтана е жизнерадосна старица која со години е отуѓена од своето американско семејство. Но сега ги поканува своите правнуки Емилија и Лучана да ја придружуваат на патувањето во нејзината родна Италија. Им ветува дека на нејзиниот осумдесетти роденден ќе ја сретне љубовта на својот живот на скалите од катедралата Равело и ќе стави крај на проклетството што ги следи сите второродени ќерки во семејството Фонтана.
Проклетството веројатно е само обична случајност, древен мит. Сепак, неоспорно е дека со векови, ниту една второродена ќерка во семејството Фонтана не пронашла љубов.
Што би се случило ако се растури клетвата? Дали Емилија и Лучана ќеуспеат да ја најдат својата вистинска љубов? Покрај кривулестите венецијански канали, на тосканските полиња и во волшебните селца на брегот на Амалфи, расцветуваат романси, се остваруваат судбини и се откриваат долго чувани семејни тајни – тајни кои се повознемирувачки од проклетството старо со векови..
-
-43%
Возот со деца
0Original price was: 440,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Трогателна приказна за љубовта, семејството и надежта, базирана на вистинити настани од периодот по Втората светска војна во Италија. Романот ги следи животите на децата од југот на Италија, испраќани на север да живеат со семејства кои можат да им обезбедат подобра иднина во текот на тешките зими. Преку очите на главниот лик, Америго, Ардоне мајсторски ја отсликува детската наивност и траумите на разделбата.
Италија останува во многу лоша состојба по војната, особено југот. Седумгодишниот Америго живее со својата мајка во Наполи, преживувајќи како и сите други сиромашни луѓе во нивното соседство. Но еден ден, дознава дека возот ќе ги однесе него и други деца на север, со други семејства каде што ќе бидат безбедни и ќе имаат топла облека и храна. Па така, Америго и илјадници други деца заминуваат кон подобар живот. Низ неговите невини, љубопитни очи гледаме како една нација се издига од пепелта на војната и како одново се раѓа.
Позитивно изненаден од новата околина и можностите за подобра иднина, Америго сфаќа дека понекогаш мора да се откажеме од сѐ, дури и од мајчината љубов, за да си ја пронајдеме судбината.
„Возот со деца“ е повеќе од историски роман — тоа е човечка сага за загуба, носталгија и надеж. Книжевно ремек-дело кое носи длабока историска и емотивна тежина.