Детски книги (342)
  • img-book

    Три мачки, едно чудовиште е забавна книга што овозможува уникатна авантура и којашто поттикнува љубов кон животните на многу едноставен и спонтан начин.


  • img-book

    Ники и нејзините пријатели Брендон, Клои и Зои се здружуваат за една важна мисија во десеттото продолжение на „Дневникот на едно смотано девојче“. Ники мора да скрие седум смотани кученца од двајца родители, една љубопитна сестричка, цело училиште и… злобната Мекензи Холистер. Ако некој може да успее во ова, тоа е Ники… но не без неколку урнебесни пречки, кои ќе ѝ се најдат на патот!


  • img-book

    Приказни за еден НЕ ТОЛКУ среќен крај!

    Седмото продолжение на дневникот на Ники Максвел!


  • img-book

    Како да знаеш дека ѝ се допаѓаш на твојата симпатија,

    Според Ники Максвел:

    Сака да оди со тебе на најголемата игранка на годината.

    (Апсолутно, сé уште има време да го поканиш.)

    (О, боже… Што ако тој не рече да?!)

    (О, боже…. Што ако оди со Мекензи?!!!!!)


  • img-book

    Квизот содржи 48 илустрирани прашања, „магичен прозорец“ за отчитување на точниот одговор и ливчиња за бележење на резултатите.

    Прашањата прикажани на сликите се наменети за деца на возраст од 3 до 5 години. Насловот на квизот ПАРОВИ секогаш сугерира на иста задача – пронајди го парот зададен на големата слика помеѓу трите мали сликички подолу, според некој критериум што не е однапред зададен, но е најочигледен (на пример: мажјак – женка, занимање – алат, мајка – младенче, животно – храна, еднаква бројност …). Решенијата се единствени за дадените слики.

    Со поставување на „магичниот прозорец“ над црвеното поле, може да се провери точниот одговор на занимлив и нестандарден начин. Под точниот одговор се крие знакот „смајли“. Овој квиз може да се користи повеќе пати и со повеќе играчи.

    Квизот може да го игра поединец или група, при што секому може да му се бележат резултатите и на крајот да се прогласи победник со најмногу точни одговори.


    КВИЗ ПАРОВИ од: 420 ден
  • img-book

    Сликовница сликовница работенка, големина на пар. сложувалка 6,5х6,5 см.


  • img-book

    Сликовница со тврди листови.


  • img-book

    Сликовница со тврди листови 5 -3д форми инсекти.


  • img-book

    Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.

    Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.

    Кога Исидора е поканета да преспие кај другарка ù Зои, на среќата ù нема крај, затоа што никогаш досега не била на преспивање!

    А затоа што имаат торта за печење, полноќна гозба и бескрајна волшебна смеа за споделување, ќе мора да останат будни цела ноќ за да успеат да направат сè!


  • img-book

    Што е тоа? Дали навистина Боби направи роботче!? Јипирипи! Со помош на Зина, Зази и Биби, роботчето Р1 оживува и почнува да прави неверојатни работи. Тоа не само што ја претвори гаражата на Боби во суперопремена лабораторија, туку отвара и – портал! Портал што ќе ги однесе Биби, Боби. Зази и Зина… Каде? Ќе прочитате во оваа книга…


    РОБОТЧЕТО Р1 од: 200 ден
  • img-book

    Пет девојки сосема случајно ќе се сретнат на пристаништето во Глувчево. Нивната крајна дестинација е колеџот Глушфорд каде овие девојки ќе станат повеќе од пријателки…сестри. Ова е вистинската приказна за Колет, Памела, Ники, Виолет и Паулина и создавањето на сестринството „Теа“.


  • img-book

    Во училиштето на Ники се одржува натпревар на таленти и Ники не може да дочека да започне со подготовките за танцување со нејзините БФФ, Клои и Зои, а со нејзините пејачки вештини да го импресионира Брендон, нејзиниот симпатија!
    Но тогаш Ники дознава дека и нејзината вечна соперничка, Мекензи, исто така учествува на натпреварот и таа е предодредена да биде во центарот на вниманието.
    Може ли смотаница како Ники да го прифати предизвикот на најпопуларната девојка во училиштето и да победи?


  • img-book

    Ники Максвел не е изненадена што нејзината симпатија, Брендон, волонтира во локалниот центар за спасување животни. Тој е толку сладок – секако дека би сакал да им помогне на преслатките кученца! Кога тој ѝ кажува дека на центарот му се заканува затворање, Ники знае дека не смее да дозволи тоа да се случи. Особено кога ќе ја дознае шокантната тајна на Брендон, знае дека постоењето на центарот за спасување животни е поважно од кога било. Од таа причина, Ники и нејзините пријателки, Клои и Зои, се пријавуваат на натпревар по уметничко лизгање за да соберат пари за центарот, но Мекензи мора да замеша прсти и да се обиде да изгледа дека таа е херојот. Нема шанси Ники да го дозволи тоа. Ќе мора да смисли некои екстра креативни идеи овој пат!


  • img-book

    Одличен сет со 2 боенки и 12 боички!


  • img-book

    Една од најпознатите приказни во ново издание. Преку звучниот модул, вашето дете може да го слушне текстот од секоја страница и самостојно да ужива во приказната.


  • img-book

    Весела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе ги научат првите поими.