Филтер по цена
Жанр
  • Четврто крило (The Empyrean #1)

    Четврто крило (The Empyrean #1)

    0

    Добре дојдовте во суровиот и елитен свет на воениот колеџ за јавачи на змејови

    Дваесетгодишната Вајолет Соренгејл од мала се подготвува да влезе во Квадрантот на писарите, каде што ќе живее мирен живот, опкружена со книгите и историјата. Но нејзината строга мајка, генерал на воениот колеџ „Басгијат“, има други планови. На нејзина заповед, Вајолет им се придружува на стотиците кандидати кои сакаат да ја поминат опасната обука и да станат дел од кралската елита: јавачи на змејови.

    Меѓутоа кога си ниска и кревка, смртта те демне зад секој агол… зашто змејовите не се поврзуваат со слаби човечки суштества – ги спалуваат. Освен тоа, многумина се подготвени да ја убијат, бидејќи кадетите желни за слава се побројни од змејовите кои се подготвени да се поврзат. А други пак, како Зејден Риорсон, бескрупулозниот и опасно привлечен крилен заповедник, би ја убиле само зашто го носи омразеното презиме Соренгејл.

    Вајолет ќе мора да ја искористи сета своја итрина ако сака да го дочека изгрејсонцето. Со секој изминат ден, и војната станува cè пожестока, магичните штитови на кралството попуштаат и бројот на жртвите расте… А најлошото е што Вајолет почнува да се сомнева дека раководството крие ужасна тајна.

    Пријатели, непријатели, љубовници. Сите во „Басгијат“ имаат сопствени мотиви и планови. Затоа што, штом ќе влезеш во Квадрантот на јавачите, постојат само два начина да излезеш: да дипломираш или да умреш.

    Силата на храброста е поважна од физичката сила.

    890,00 ден
    Додај во кошничка
  • Убавина во бело

    Убавина во бело

    0

    Нора Робертс срдечно ве поканува да ги запознаете другарките од детство Паркер, Ема, Лорел и Мек – основачките на „Завети“, една од најпрестижните фирми за планирање свадби во Конектикат.

    Нејзините фотографии често ги красат насловните страници на списанијата за невести. Мекензи „Мек“ Елиот најудобно се чувствува зад објективот, додека ги доловува среќните мигови во животите на другите кои никогаш не ги доживеала самата додека растела. Нејзиниот татко го заменил своето прво семејство со второ, а мајка ѝ, која понатаму го продолжила животот со друг маж, еден од многуте, постојано бара од неа внимание и пари. Темелите на животот повторно ѝ се затресуваат неколку мига пред важен состанок за планирање свадба кога налетува на братот на идната невеста… средба од која и двајцата гледаат ѕвезди.

    Картер Мегваер дефинитивно не е нејзин тип: стабилен е и безбеден. Дури е професор по англиски јазик во нивното поранешно средно училиште. Но кај него има нешто кое ја наведува Мек да помисли дека опуштена кратка врска е токму тоа што ѝ треба за да си ги одврати мислите од напорните невести и од постојаното избегнување на повиците од мајка ѝ. Но минливата врска може да се претвори во нешто повеќе токму кога најмалку очекуваш. Со помош на нејзините три најдобри другарки – и деловни партнерки – Мек мора да научи како да создава свои среќни сеќавања.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Невестата

    Невестата

    0
    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Жена на дното

    Жена на дното

    0

    Нејзините зборови едно време палеа огнови во срцата на читателите. Но по фијаското со филмската адаптација на една од нејзините книги, гневните онлајн напади на разочараните читатели ја принудуваат Петра Роуз да се повлече, а тоа резултира со пробиени крајни рокови и неплатена хипотека. Обележана како измамничка и гладна за слава и пари, Петра си ја учи лекцијата што се случува кога интернетот ќе се сврти против тебе. И оттогаш не може да пишува повеќе.

    Сега, со речиси целата заштеда потрошена и само груб нацрт план за нејзината следна мистерија, се повлекува во изолирана колиба покрај езеро, надевајќи се дека ќе пронајде инспирација таму. Тоа е нејзиниот последен обид да си ја спаси кариерата, но и себеси.

    И тогаш се појавува тој. Детективот Натаниел доаѓа со вознемирувачки вести, а самото негово присуство потпалува креативност. Зборовите брзо почнуваат да се враќаат, а фиктивниот детектив страшно наликува на оној реалниот, кој станува нејзина муза. Нивното „истражување“ ги преоѓа границите на фантазијата и реалноста. Секој поглед, секој допир ја вовлекува во светот во кој мислела дека никогаш повеќе нема да се изгуби. Никогаш не се чувствувала пожива. Но олку моќна инспирација си доаѓа со цена… Кога тој почнува да си ја сфаќа својата улога во нејзината кариера малку пресериозно, Петра е принудена да се соочи со новосоздадениот хаос.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Танци со коски

    Танци со коски

    0

    „Секогаш имате избор. Запрашајте се дали вреди за тоа што ќе го добиете.“

    Навидум едноставна приказна за еден несреќен патологанатом. Северин не го ценат на работа и малку го плаќаа; во личниот живот му се случува нешто неразбирливо, а самодовербата му е на нула. Кога ќе се најде практично на дното, ја прифаќа можноста да заработи.

    Предлогот не е сосема легален и тешко може да се очекува нешто добро од пазарот на трансплантација на органи, но примамливата помисла конечно да си го обезбеди животот е посилна од сомнежот. На крајот на краиштата, треба да земе само мала „ситница“ од веќе починати луѓе на кои тоа повеќе не им е ни потребно. Засега од починати. Засега ситница.

    Чекор по чекор, одлука по одлука, Северин постепено се менува – од пренебрегнат човек што спасот го бара во алкохолот, за првпат почнува да чувствува самодоверба. А со неа расте и неговата неспринципиелност.

    Откако еднаш ќе изврши злосторство, второто и третото доаѓаат многу полесно… Тоа што до вчера го сметал за недопустливо, станува негова нова норма.

    Дали е способен да запре? И колку далеку може да оди човек што еднаш ја преминал границата?

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Те сака, мама

    Те сака, мама

    0

    „Секој е способен за ужасни работи. Само зависи колку му е лош денот.“

    Мекензи Каспер е исклучителна ученичка, но сите секогаш ја поврзуваат со нејзината мајка – светски позната писателка на бестселери чии мрачни и изопачени трилери имаат огромен број обожаватели низ целиот свет. Кога мајка ѝ ненадејно загинува, обожавателите тагуваат, а истражителите се прашуваат дали нејзината смрт навистина била несреќа. На денот на погребот, Мекензи добива мистериозен плик во кој наоѓа страници од дневникот на мајка ѝ, кои почнуваат со зборовите:

    Сакаш да дознаеш една тајна?
    Те сака, мама.

    Содржината ја шокира… но наскоро ѝ пристигнува второ писмо. И трето. Мекензи започнува сопствена истрага и разоткрива тајни со кои нејзиното семејство живеело со години. Набрзо почнува да сфаќа дека патот на мајка ѝ до славата бил исполнет со злокобни лаги кои можеби ја стигнале. Понекогаш за славата вреди да се убие. Или уште полошо. Мекензи ќе открие дека постојат и полоши работи од убиство…

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Крадецот на бакнежи

    Крадецот на бакнежи

    0

    „Можеби сум чудовиште. Најпосле, се појавувам ноќе за да си играм. Но истото го правиш и ти, малечка. И ти си дел од темнината.”

    Ќерката на шефот на чикашкото подземје, деветнаесет-годишната Франческа Роси животот го минува во позлатен кафез потчинувајќи се на семејната традиција и обичаите. Иднината ѝ е јасно исцртана: не ја чека факултет, туку договорен брак со симпатијата од детството, Анџело Бандини, наследникот на едно од најмоќните мафијашки семејства. Во текот на ноќта на нејзиното претставување пред општеството, Франческа е подготвена да му го понуди својот прв бакнеж на Анџело, но под превезот на мракот, суровиот сенатор Вулф Китон ја измамува и ѝ го краде, заедно со нејзината слобода.

    Принудена да се омажи за Вулф, сиот нејзин свет се распаѓа. Сенаторот го отелотворува сето она што младата жена го презира кај мажите: тој е арогантен, безмилосен женкар, кој кова планови против нејзиното семејство. Сепак наскоро ќе открие дека под оклопот на цинизам и суровост што Волф Китон го носи околу себе, се крие многу, многу повеќе.

    Единствената желба на Франческа е да се врати во прегратките на Анџело, а единствената цел на Вулф е одмазда. Но можеби и двајцата ја потценуваат моќта на своите чувства еден за друг.

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Психологот

    Психологот

    0

    Возбудлив психолошки трилер и моќна приказна за куќата што крие шокантна тајна.

    Кога Алиса и Лео се вселуваат во новата куќа во Кругот, затворена населба со луксузни вили, им се остваруваат сите соништа. Куќата ја купуваат по зачудувачки поволна цена, соседите се љубезни и пријателски настроени и најпосле се убедени дека ќе можат да уживаат во заедничкиот живот.

    Но како што Алиса ги запознава соседите, открива ужасна тајна за нејзиниот нов дом и почнува да чувствува силна поврзаност со Нина, психологот што порано живеела во неа. Се опседнува во обидите да открие што точно се случило пред две години – но никој од соседите што ја пречекаа толку топло не сака да зборува за тоа. Алиса сфаќа дека нешто мрачно се крие зад блескавата фасада на населбата и дека копањето по туѓите тајни може да биде фатално…

    Тоа што требаше да биде сон се претвори во кошмар…

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Проколната земја

    Проколната земја

    0

    Бет и нејзиниот мил, добродушен сопруг Френк имаат среќен брак, но главниот предуслов за нивната врска е минатото да остане закопано. Кога братот на Френк ќе го застрела кучето што им удавило неколку овци, никој не знае дека тој истрел засекогаш ќе им ги промени животите. Бидејќи кучето му припаѓа на Гејбриел Волф, човекот кого Бет го сакала како тинејџерка – човекот кој ѝ го има скршено срцето пред многу години. Гејбриел се враќа во селото со својот мал син, Лио – момче кое Бет премногу ја потсетува на нејзиниот сопствен син, кој има починато во трагична несреќа.

    Како што струите ја повлекуваат Бет назад во животот на Гејбриел, така растат и тензиите во селото, па почнуваат да испливуваат опасни тајни и љубомора, но овој пат со смртоносни последици. Бет е принудена да направи избор помеѓу жената што била некогаш и жената во која е претворена сега.

    Длабока љубовна приказна со пресврт на трилер – новела за горлива страст, невозможни избори и експлозивни последици која шета помеѓу минатото и сегашноста истражувајќи ја моќта на првата љубов.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кога жеравите летаат на југ

    Кога жеравите летаат на југ

    0

    „Жеравите летаат на југ“ на шведската писателка Лиса Ридзен е импресивен дебитантстки роман кој допира директно до срцето. Книга за која без двоумење може да се каже дека е невозможно да не ве трогне.
    Дома кај Бо ретко се менува тивкото секојдневие, освен кога доаѓа персоналот од службата за домашна нега. Но тој го има своето сакано куче Сикстен, па не е сосем сам. Во празнотијата што зад себе ја оставила неговата сопруга, која живее во дом за дементни лица во шведскиот град Остерсунд, кај Бо почнуваат да ријат и гребат размислувања и сомнежи. Времето е премногу кратко за да стигне да го реши тоа што на моменти се чини невозможно – односот со синот.
    Таткото и синот несигурно, но упорно се обидуваат да се сретнат на половина пат и да се доближат еден до друг. Но, во исто време, синот е убеден дека омилениот придружник на татко му, Сикстен, мора да се пресели, бидејќи осумдесет и деветгодишниот старец не може повеќе да се грижи за него. Заканата дека ќе го изгуби своето куче буди длабок вител од емоции што го тера Бо да се наврати на својот живот, на татковството и на својот начин на изразување и искажување љубов.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Крстопати

    Крстопати

    0

    Го запознав Вест Хејвен кога имав осум години. Ме научи да играм покер кога имав девет и заедно правевме авиони од
    хартија кога имав единаесет. Ме бакна кога имав шеснаесет. Тој беше најдобриот дел од нашите семејни летни одмори во Монтана. Тој беше момчето кое ми го украде срцето. Имав дваесет и три кога животот грубо нѐ раздели.

    Години подоцна, го прекршувам заветот и се враќам на ранчот. Не како гостинка, туку како негова нова сопственичка. Вест можеби најмногу посакува да ме снема, но дури и тој мора да признае дека прифаќањето на мојата помош е единствениот преостанат начин да се спаси нивното семејно наследство.

    Не ни е лесно да работиме еден покрај друг соочувајќи се со тие стари спомени. Но оваа ситуација е само привремена. Двајцата сме на крстопати. И можеби, ако не си дозволам повторно да се вљубам во Вест Хејвен, ова е нашата шанса засекогаш да ги закопаме тие духови. Можеби овој пат конечно ќе можеме вистински да се збогуваме.

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Убавината на скршените нешта

    Убавината на скршените нешта

    0

    Итан се бори за нешто целиот свој живот – за успех, за докажување, за љубов. Роден со големи соништа и амбиции, а израснат со малку, се обидува да се пробие во свет кој никогаш не му дал ништо на тацна. Научен да очекува загуби. Научен секогаш да биде подготвен за падот.

    Тогаш ја запознава Ирис, девојката која му покажува дека ништо во животот не е невозможно. Таа прави тој да се чувствува семоќно. Со неа, повеќе не мора да се бори сам. Па кога таа сонува, тој сонува со неа. Кога таа посакува нешто, тој ќе помести и планини за да ѝ го даде. А кога таа копнее за семејство, тој се заколнува дека ништо – дури ни невозможното – нема да им застане на патот.

    Нивната љубов е неуништлива, неопислива, луда… Но што кога љубовта не е доволна?

    Навидум совршен пар, тие бијат битка во тишина: битка која им ги тестира силите, надежта, телата и љубовта. И кога конечно го добиваат чудото кое го чекаат, мислат дека е готово. Но грешат. Судбината е безмилосна и ја распарчува нивната љубовна приказна. Стануваат туѓинци во сопствените животи, а нивната љубов почнува да напукнува од грешката која никој не може да ја поправи. За првпат, тие се на спротивна страна на битката.

    Некои љубови преживуваат сѐ. Некои не. Но за некои вреди да се бориш… дури и кога се скршени. Можеби затоа што има некоја посебна убавина во љубењето со скршено срце.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Фаворити

    Фаворити

    1

    За светот се скандал. Еден за друг, опсесија.

    Таа нема значајно потекло, познато име, богатство или семејна поддршка, но отсекогаш знаела дека ѝ е пишано да стане добитничка на златен олимписки медал во танц на мраз. Кога Катарина Шо го запознава Хит Роча, осамено дете заглавено во системот за згрижување сираци, нивната инстантна конекција ги прави добар пар на мразот. Благодарение на тоа што се потпираат на лизгањето – и еден на друг – за да побегнат од своите турбулентни животи, Кет и Хит стануваат шампиони на мразот, освојувајќи го светот со нивната неопислива хемија, бунтовнички стил и нивната вртоглаво луда врска.

    Но шокантен инцидент на Олимписките Игри ненадејно става крај на нивното партнерство.

    На десетгодишнината од нивното последно лизгање заедно, еден документарен филм повторно ја потпалува масовната опсесија со Шо и Роча, тврдејќи дека низ интервјуа со нивните најблиски пријатели и најжестоки ривали ќе ја открие „вистинската приказна“ за скандалозниот пар. Кет не сака да има ништо со документарецот, но не може да ја поднесе помислата некој друг да ја дефинира нивната историја. Па, по цела декада молк, сега ја раскажува приказната: од детските трагедии од кои се раѓа нејзината огнена врска со Хит до судирот на желби поради кој се разделуваат. Сензационалистички гласини им го следат секој чекор со години, но има шанси вистината да е уште пошокантна од насловите во таблоидите.

     

    590,00 ден
    Додај во кошничка