-
Прекрасна грешка
0450,00 денПрвиот пат кога го запознав Кејн Вест, беше во бар.
Тој забележа дека гледам накај него и погрешно го протолкува
моето муртење, мислејќи дека го меркам.
Кога се обиде да разговара со мене, јас го пресеков – му кажав што мислам за неговиот лажлив, прељубнички, его-манијакален задник.
Видете, прекрасниот кретен си отиде на вечера со мојата најдобра пријателка – намамувајќи ја во неговиот кревет, без ни да помисли да спомне дека е оженет.
Тој си го заслужи секој дел од моето пердашење, дури и малку му беше, во споредба со тоа што тој го направи.
Особено кога таа мрзлива насмевка му го украси неговото совршено лице, како одговор на мојот бесен монолог.
Само што, испадна дека, човекот кој штотуку го направив партал, не е вистинскиот човек.
Упс. Моја грешка.
Засрамена, избегав без извинување.
И онака никогаш повеќе немаше да го видам згодниот странец, нели?
Така си мислев… додека следното утро не влегов на час.
Па, здраво професоре Вест, јас сум вашиот нов асистент.
Ќе работам под Вас… фигуративно кажано.
Иако буквалното толкување можеби и не е толку лоша работа – да работиш „под“ професорот Вест.
Ова има да биде интересно… -
ИГРАЧОТ
0450,00 денГо запознав Броди Истон во машката соблекувална. Требаше да го направам моето прво интервју како спортски новинар.
Познатиот квотербек реши да се разголи. Не, не ми ги раскажа своите тајни, не ми ја разголи душата. Самобендисаниот играч реши да ја тргне крпата врзана околу половината во моментот кога му го поставив првото прашање. А интервјуто одеше во живо!
Но јас не излегувам со играчи – згодни и самозадоволни момци на кои паметот им е само во сексот. Не затоа што сум една од малкуте жени кои работат во светот на професионалниот спорт.
Нема поголем играч од Броди Истон. Секоја жена копнее да го смени. Но нему му беше потребна девојка за која вреди да се промени. Излезе дека јас сум таа девојка.
Просто како грав, нели? Но никогаш не е толку едноставно. Постои цела една приказна меѓу Си беа еднаш и Си живееја среќно до крајот на животот. А оваа е нашата.
-
Изопачена љубов
0520,00 ден(Серијал TWISTED #1)
Алекс Волков е ѓавол со ангелско лице и минато од кое не може да побегне. Трагедијата во детството му го одредила животот и му го поплочила патот кон одмаздата. Воден од безмилосната потрага по успех, тој во своето срце нема место за љубов.
Кога е принуден да се грижи за помладата сестра на неговиот најдобар пријател, почнува да чувствува дека нешто се топи во неговите гради. По извесно време му го распламтува срцето. Во него почнува да беснее таков оган што ќе му го изгори сиот свет.
Ава Чен е самостојна и силна девојка, со чии соништа господарат кошмарите од детството на кое не може да се сети. Но и покрај тешкото минато, постојано наоѓа убавина во светот што ја опкружува – вклучително и во срцето скриено зад ледениот ѕид што го кренал мажот кој не смее да го посакува. Најдобриот пријател на нејзиниот брат. Нивниот сосед. Нејзиниот спасител и нејзината пропаст.
Алекс и Ава не смеат да се засакаат. Нивната забранета љубов ќе разоткрие тајни кои би можеле да ги уништат – нив двајцата и сè што им значи.
-
ПОГОДОКОТ #3
1450,00 денТој знае како да ја погоди целта – на мразот и надвор од него…
Али Хејс е во криза. Наскоро ќе дипломира, а нема поим што ќе прави потоа. За да бидат работите уште полоши, тагува по неодамнешниот прекин на долгогодишната врска. Див, необврзан секс сигурно не е решение за нејзините проблеми, но на згодната хокејска ѕвезда Дин Ди Лорентис е невозможно да му се одолее. Но ќе го направи тоа само еднаш, зашто иако иднината ѝ е несигурна, во неа сигурно нема место за кралот на врските за една ноќ.
…но неговото вообичаено однесување нема да биде доволно за да го освои нејзиното срце.
Дин секогаш го добива тоа што го сака. Девојки, оценки, уште девојки, признанија… Досега ниедна жена не успеала да одолее на неговиот шарм. Сѐ додека не ја запознае Али. За само една ноќ, енергичната русокоса му го превртува светот наопаку – а сега сака да бидат пријатели? Нема шанси! Не е готово додека тој не каже дека е готово. Дин се впушта во непопустлив освојувачки поход, но кога неколку драматични промени ќе му го потресат животот, почнува да се прашува дали можеби не е време да престане да размислува само за погодоците… и да почне да се стреми кон љубовта.
-
Траги од минатото
1350,00 денСтари мистерии отвораат нови рани…
Полициски извештај за настан кој се случил во мај 1994 година ја отпочнува приказната богата со ликови и испреплетени стории во чија срж лежи стара мистерија. Во раните утрински часови пронајдено е безживотното тело на полицаецот Зафир. Неговата глава е целосно разнесена од истрел од револвер кој е пронајден до неговото тело. Од извршениот увид на местото на настанот и од извршените оперативни проверки констатирано е дека Зафир се самоубил.
По 28 години во истиот град исчезнуваат две машки лица. Заедничко за исчезнатите е тоа што и двајцата извршиле семејно насилство врз нивните сопруги и тие ги пријавиле настаните во полициската станица.
Потрагата по двајцата исчезнати ја води инспектор кој всушност е син на починатиот полицаец Зафир. Додека трае потрагата по исчезнатите, во полициската станица се појавува и нова млада инспекторка. Нејзиното појавување и започнување со работа во полициската станица во малиот град е сомнително, поради тоа што таа не познава никого во гратчето.
Неизвесна мистерија, која до самиот крај го тера читателот да се прашува како ли ќе заврши, кој е виновникот, кој е мотивот. Фактот дека авторот по професија е инспектор кој ги искористува своите лични искуства и експертиза како инспирација од која ги крои приказните го прави делото уште поинтересно.
-
Најслаткиот филџан кафе
0320,00 денЕма е млада девојка, средношколка во музичко училиште, која го сака пеењето и свирењето виолина. Малку „презрела“ за своите години, или барем таа така се доживува себеси. Ема е паметна, Ема е интересна, Ема е убава; сите сакаат да се дружат со неа и каде и да оди го привлекува вниманието на момчињата. Но нејзиното внимание го привлекува токму оној кој не треба; личност која е забранета за Ема. Новиот, млад и прекрасен професор по солфеж, кој сепак е премногу „стар“ за малолетната Ема. Но забранетото секогаш е најслатко и најпривлечно, па така Ема се опседнува со професорот Огнен и не може да престане да мисли на него. Фантазира за него, го идеализира до бескрај и почнува да излегува каде што тој има свирки само за да биде во негова близина.
Кога нејзината најдобра другарка дознава за ова и ја советува да не се впушта во опасни води со постариот професор, Ема не сака ни да чуе; напротив, таа свесно ја оттурнува Марија од себе. Впрочем, таа ги оттурнува сите и сѐ од себе, не сакајќи ништо да ѝ пречи во мисијата да го освои неговото срце. Младоста ја карактеризираат невиноста и неискуството, коишто се први предуслови за погрешни избори и грешки кои можат многу да чинат. Па така, во еден момент се чини како главната хероина да губи сѐ, но сепак останува една светла точка во нејзиниот живот.
Велат дека пријателството е како свеќа што сјае и ти го грее срцето кога надвор е студено и темно…
-
Ја мразам мајка ми
0350,00 денРодителите се единствените луѓе на светот чии раце се секогаш подадени кон нас и секогаш подготвени да нè прифатат. Само што, понекогаш, ние сметаме дека тие раце имаат намера да нè гушат, па се опираме и опираме за да избегаме што подалеку од нив. За жал, далеку од вистинската поддршка и искрените совети кои единствено тие можат да ни ги дадат, може да донесеме катастрофални одлуки и да паднеме на дното во кое ќе ги повлечеме и нив со нас.
Ова е приказна за девојка доведена на раб на нервен слом и втурната во психички проблеми по смртта на нејзиниот татко. Приказна за девојка која почнува да ја гледа мајка си како непријател и станува мета на емотивни манипулатори кои ја цицаат секоја капка енергија од неа, доведувајќи ја до уште поголеми психички проблеми и психијатриска установа. Ова е приказна за девојка која на потешкиот начин ќе научи дека единствените луѓе во чија верност и љубов никогаш не треба да се сомневаме се родителите. Животот е суров учител, но најважните лекции секогаш се најтешки за учење.
Прекрасен и трогателен роман, во кој емоциите се леат од страница на страница и вибрираат низ секој збор.
-
Сè што заборавила Алиса
0550,00 денАлиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка.
Замислете само колку ќе се изненади кога ќе се освести по падот во вежбалницата (во вежбалница? Па таа мрази да вежба!) и ќе открие дека има триесет и девет години и три деца на кои не се сеќава. Се разведуваат со љубениот сопруг Ник, кој ја мрази, а од сестра ѝ Елизабет, поради некоја причина, необјасниво се отуѓила.
Сега мора да сфати зошто одвај разговараат со сестра ѝ и како се претворила во една од оние преслаби мајки облечени во прескапа облека. Како можело за десет години нештата да тргнат толку наопаку? Зошто не се препознава самата себе – и што е уште полошо, зошто оваа нова Алиса ни најмалку не ѝ се допаѓа?
Алиса мора да се сети на сè што заборавила, одново да ја изгради сликата од изминатите десет години и да дознае дали работите можат да бидат како порано. А пред сè, мора да дознае дали заборавот е благослов или проклетство и дали е навистина можно човек да почне одново.
-
Книгољупци
0550,00 денЕдно лето. Двајца соперници. И заплет каков што ниеден од нив не очекува…
Сиот живот на Нора Стивенс се врти околу книгите. Како книжевна агентка, може да се пофали дека занесено чита ракописи и склучува одлични договори за нејзините автори, но тешко дека отелотворува модерна книжевна хероина од мало гратче која ужива во зајдисонцето со човекот од нејзините соништа. Таа живее во Големото Јаболко и не е жената која го освојува згодниот фармер, туку онаа која мажот ја напушта заради една шармантна, скромна девојка.
Како хероина ја доживуваат само нејзините клиенти, на кои им е достапна во секое време, и нејзината сакана сестра Либи. Токму по барање на Либи, Нора ќе помине еден август во гратчето Саншајн Фолс во Северна Каролина. Бремената Либи очајно се надева дека малото место ќе ја преобрази нејзината сестра опседната со кариера. Но наместо романтични излети и состаноци со привлечниот лекар или развиениот бармен, Нора постојано налетува на Чарли Ластра, намуртениот книжевен уредник од Њујорк. Тоа би звучело мошне симпатично да не е фактот дека во минатото веќе се среќавале и средбите, најблаго кажано, никогаш не поминувале најдобро…
И двајцата знаат дека не се совршени херои од книгите, но кога непрестајно се принудени на низа случајни средби – кои ниеден добар уредник не би ги одобрил! – тие ќе откријат нешто што ќе им овозможи да ги расветлат приказните кои внимателно ги испишале за себе. -
Магичен час
1550,00 денЕден ден, од длабочините на Националната шума Олимпик излегува шестгодишно девојче и се качува на дрво во гратчето Дождлива Долина. Не зборува, валкана е и прегладнета. Во рацете држи волче, а на зглобовите има траги од врзување. Локалната полиција ја наоѓа и прави сè за да го дознае нејзиниот идентитет, а во меѓувреме смета дека со неа најдобро би било да работи детски психолог.
По скандалот што ѝ ја уништува кариерата, детскиот психолог Џулија Кејтс се враќа во родниот град. Таа решава да го ослободи од незамисливиот страв и осаменоста дивото девојче, кое го нарекува Алиса. Но за да допре до неа, најпрвин мора да го открие нејзиното минато. Принудена е да побара помош од својата отуѓена сестра, полицајка. Никој не знае дали девојчето било оставено во шумата, дали се изгубило или можеби било киднапирано.
Неверојатните факти од животот на Алиса ги тестираат границите на вербата и издржливоста на Џулија додека таа дава сè од себе да создаде дом за Алиса и за себе. Во Магичен час Кристин Хана му вдахнува живот на еден од најсаканите книжевни ликови и раскажува незаборавна приказна за моќта на љубовта, победата на надежта и значењето на домот и семејството.
-
Љубов меѓу редови (Dreamland Billionaires #1)
0490,00 денРОУАН
Работа ми е да создавам бајки. Забавни паркови. Продукциски компании. Хотели со пет ѕвезди. Сè може да биде мое еден ден, ако го реновирам забавниот парк Дримленд.
Замислата да ја вработам Зара теоретски беше добра… Но ја бакнав.
Работите излегоа од контрола кога ѝ пишав преправајќи се дека сум друг. Кога сфатив дека згрешив, веќе беше предоцна.
За луѓето како мене нема среќен крај. Зашто ни е судено да го уништиме.ЗАРА
Откако ја искритикував најскапата луда железница на Дримленд, требаше да ме отпуштат. Наместо тоа, Роуан Кејн ми ја понуди работата од соништата.
Но проблемот е во тоа што морам да работам за најтешкиот шеф на светот.
Не смеам да мислам на него, но срцето не ме слуша. Време е да го научам милијардерот дека парите не можат да поправат сè. Особено не нас.Прва од трите возбудливи приказни за тројца браќа, внуци на основачот на забавниот парк Дримленд.
-
Бадникова вечер во Фрајдеј Харбор (Фрајдеј Харбор #1)
2390,00 денНА ЕДНО МАЛО ДЕВОЈЧЕНЦЕ МУ Е ПОТРЕБНО СЕМЕЈСТВО
Една лоша дождлива вечер, шестгодишната Холи го изгубила единствениот родител кој го знаела, нејзината сакана мајка. И од таа вечер, Холи никогаш повеќе нема прозборено ни збор.
НА ЕДЕН ЧОВЕК МУ Е ПОТРЕБНА СОПРУГА
Нешто што дефинитивно не му е потребно во животот на Марк е шестгодишно дете. Но набрзо сфаќа дека е подготвен да направи сѐ што може за повторно да го разубави нејзиниот живот. Сестра му му дава совет: Таа нема никој друг, освен тебе. Почни со тоа што ќе ја сакаш. Останатото ќе си дојде само по себе.
ПОНЕКОГАШ Е ПОТРЕБНА МАЛКУ МАГИЈА…
Меги не се осмелува повторно да верува во љубов по загубата на сопругот. Но таа верува во магијата на имагинацијата. Кога ја запознава Холи, препознава девојченце кое очајно има потреба од малку магија.
…ЗА ДА СЕ ОСТВАРАТ СОНИШТАТА
Три осамени личности. Три животи на крстопат. Тројца кои ќе откријат дека Божиќ е она време од годината кога сѐ е можно.
-
Понуда од џентлмен (Бриџертон #3)
0450,00 денЌе ја прифати ли неговата понуда пред часовникот да отчука полноќ?
Софи Бекет е незаконска ќерка на грофот Пенвуд и негова штитеничка. Но животот ѝ станува неподнослив кога татко ѝ ќе се ожени, а по неговата смрт новата господарка ќе ја претвори во своја слугинка. Деновите на девојката се исполнети со мачна работа, но една неверојатна ноќ засекогаш ќе ѝ ја смени судбината.
Софи никогаш не си замислувала дека ќе успее да се прикраде на прочуениот бал под маски – ниту дека таму ќе го сретне својот „принц“! Но додека танцува во цврстата прегратка на шармантниот Бенедикт Бриџертон, се чувствува како принцеза. За жал, знае дека штом часовникот ќе отчука полноќ, магијата ќе заврши.
Која беше таинствената жена?
И по две години од таа волшебна ноќ, Бенедикт не може да ја заборави прекрасната дама која му ги затвори очите за сите други девојки – освен можеби за заводливата убавица облечена како слугинка која од некаде му е зачудувачки позната. Иако се заколна дека ќе ја пронајде таинствената жена од балот и ќе се ожени со неа, со секој изминат ден прекрасната слугинка завладува со неговото срце. Но ако ѝ го подари своето, дали ќе ја жртвува единствената шанса да доживее љубов како од бајките?
-
Грешката (Off-Campus #2)
0450,00 денТој е вистински играч и тоа не само во хокејската арена…
Студентот од трета година, Џон Логан, може да ја добие секоја девојка што ќе ја посака. За оваа хокејска ѕвезда, животот е низа забави и врски за една вечер, но зад неговите неодоливи насмевки и ноншалантен шарм се крие сè поголемиот очај поради ќор-сокакот во кој ќе се најде по дипломирањето. Возбудливата вечер што ќе ја помине со бруцошката Грејс Ајверс е токму она што му е потребно за да му ги одврати мислите од проблемите. Но кога со една непромислена грешка ќе ја оттурне од себе, Логан планира да ја помине последната година на колеџ докажувајќи ѝ дека вреди да му даде втора шанса.Но сега ќе мора да ја смени тактиката…
Иако првата година не помина како што си замислуваше, Грејс се враќа на Универзитетот „Брајар“ постара и помудра. Освен тоа, наполно го има преболено арогантниот хокеар кому за малку ќе му ја предадеше својата невиност. Таа не е кутра, ниту пак е повлечената девојка каква што беше кога првпат се сплеткаа. Ако Логан очекува таа да клечи и да го моли како и сите други негови „другарки“, тогаш гадно се излажал. Сака да му се врати? Ќе мора убаво да се помачи. Овој пат, таа ќе седи зад воланот… и планира да го излуди. -
Божиќ во Шкотска
0490,00 денВо снежните Шкотски Гори, Сузан Мекбрајд сонува за совршен Божиќ. Нејзините три посвоени ќерки доаѓаат дома за празниците и таа со нетрпение ги чека. Напнатоста расте…
Хана, зависничка од работа, знае дека не може две години по ред да го избегнува празнувањето со семејството. Но паниката не е предизвикана од тежината на нивните очекувања – туку од големата тајна што ја крие.
Мајката домаќинка Бет доживува лична криза и за време на Божиќ сака само да размисли дали е подготвена да се врати на работа – семејната средба би требало да ѝ го намали стресот, не да го зголеми.
Поузи не е сигурна дека ужива во животот, но бидејќи нејзините родители зависат од неа, ризично е да направи промена. Но сепак, не е толку ризично колку што е вљубувањето во прекрасниот нов сосед Лук.
Додека сонот на Сузан за совршен Божиќ пропаѓа, мора да верува дека празничната магија ќе ги сплоти нејзините ќерки. Но дали оваа нова сплотеност ќе ги научи сестрите дека нивната врска е доволно цврста за да издржи сѐ – вклучувајќи и еден необичен семеен Божиќ?
-
На работ
0490,00 денШто би направил кога копнежот те турка до работ?
Истражувачката новинарка Кетрин Кет Мартин го запознава планинскиот ренџер Гејбриел Гејб Роситер кога тој ја спасува по нејзиниот пад заедно со одронот на карпи во националниот парк Елдорадо Кањон. По неколку месеци, тој повторно ѝ доаѓа на помош кога еден полициски службеник од Болдер ги обвинува неа и другите американски Индијанци за нелегално престојување на местото Меса Бјут.
Некој сака да ги избрка домородните Американци од нивната света земја. Затоа, Кет и Гејб ги здружуваат силите за да ја истражат причината. Но поради страста што ја чувствуваат еден кон друг и кон вистината, тие ќе им станат трн во око на луѓето кои се доволно очајни за да убијат.