-
-10%
Оваа книга ме натера да помислам на тебе
0Original price was: 570,00 ден.513,00 денCurrent price is: 513,00 ден.Тили Најтингејл е вчудовидена кога од локалната книжарница ѝ се јавуваат да ѝ кажат дека кај нив ја чека роденденски подарок од нејзиниот сопруг. Делумно зашто не се сеќава кога последен пат читала книга од задоволство, а главно зашто Џо е починат веќе пет месеци.
Кога оди да го подигне подарокот, Алфи, сопственикот на книжарницата, со топол и љубезен поглед, ѝ ја објаснува замислата на Џо. На секој први од месецот, Тили ќе добива по една книга со рачно напишано писмо од Џо. Така тој ќе се обиде да ѝ помогне да ја сврти страницата на нејзината прва година без него.
Отпрвин, Тили не може да си замисли да се задлабочи во фиктивниот свет, но нежните зборови на Џо ја поттикнуваат да се обиде. И имал право. Наскоро Тили не може да ги испушти книгите од раце и ново поглавје од нејзиниот живот почнува да се испишува. Посетите на книжарницата и длабоките и искрени разговори со Алфи ѝ ја нудат потребната утеха, но и ја охрабруваат да се впушти во авантури поттикнати од книгите на Џо, кои ќе ја однесат на разни места низ светот и ќе ѝ донесат многу нови искуства и пријателства.
Годината исполнета со книги и чуда ќе ѝ овозможи на Тили одново да му се радува на животот и на новите можности, а можеби дури и на љубовта.
-
-15%
Сестрите
0Original price was: 590,00 ден.499,00 денCurrent price is: 499,00 ден.Меган Донтес сиот живот се справува со скршено срце. Пред дваесет и седум години беше принудена да направи ужасен избор што ја чинеше сѐ, дури и љубовта на сестра си, Клер. Денес, Меган е вревен адвокат за разводи и не верува во блискост – сѐ додека не го запознае мажот кој може да ѝ го промени убедувањето.
Клер Кавено е вљубена – за првпат во својот живот. Како што се приближува денот на нејзината венчавка, таа се подготвува да се соочи со својата строга, критички настроена сестра. По повеќе од две децении сестрите за првпат ќе минуваат време заедно подготвувајќи ја венчавката. Во текот на едно топло лето, овие две жени кои веруваат дека немаат ништо заедничко ќе се обидат да станат тоа што никогаш не биле: семејство.
„Сестрите“ е нежна, трогателна приказна што раскажува за убавите моменти и болката што ги споделуваат сестрите, за грешките направени во името на љубовта и за исцелителната моќ на новите почетоци. Кристин Хана ќе ве остави без зборови и со оваа неверојатна книга.
-
-12%
Судирот
0Original price was: 570,00 ден.499,00 денCurrent price is: 499,00 ден.Кошмарот од кој бега не е ништо во споредба со оној на кој ќе налета.
Тиган е во осмиот месец од бременоста, сама и очајна да го остави уништениот живот зад себе. Планира да престојува извесно време кај нејзиниот брат додека да го смисли следниот чекор, па по завршувањето на смената, тргнува на пат со својот автомобил. Само кога би знаела дека ја чека снежна бура.
Тиган воопшто не стигнува до својата дестинација. Отсечена од главниот пат, со уништен автомобил и скршен глужд, Тиган е во паника дека направила огромна грешка. За чудо, ја спасува една девојка која ѝ нуди да преноќи во нивната топла куќа додека не го расчистат снегот.
Но нешто не е во ред. Тиган верува дека чека да помине бурата, но како што изминува времето, сфаќа дека е во незамислива опасност. Засолништето не е она што очекувала и престојот во куќата може да се покаже како смртоносна грешка.
Сега мора да стори сѐ што е во нејзина моќ за да се спаси себеси – и бебето.
-
-17%
Тео од Голден
0Original price was: 600,00 ден.499,00 денCurrent price is: 499,00 ден.Едно пролетно утро, туѓинец пристигнува во малиот јужњачки град, Голден. Никој не знае од каде доаѓа, ниту пак зошто се доселил токму во нивното гратче. Неговото име е Тео.
Овој тивок, љубопитен и бескрајно мил старец го посетува локалното кафуле во кое се изложени деведесет и два портрети на жителите од Голден изработени од локалниот уметник. Тој ги купува и еден по еден им ги подарува на нивните вистински сопственици.
Со секое дарување се расплетува чудесна приказна, се раѓа пријателство, од корен се менува живот.
Жителите се спријателуваат со таинствениот старец, кој не е незапознаен со тагата и загубата, но останува прашањето – кој е Тео и зошто е тука?
„Тео од Голден“ е приказна за моќта на великодушноста и за невидливите нишки љубезност што нè поврзуваат едни со други. Приказна што нè потсетува дека и најмалиот чин на добрина може да промени живот… дури и цел град.
-
-25%
Вистината помеѓу нас
0Original price was: 400,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Постои љубов што те спасува. Постои и љубов што те уништува. А онаа најопасната ги прави и едното и другото истовремено.
Тара Орлова преживува. Тоа е она што го прави целиот свој живот – работи бескрајни смени, ја носи тежината на својата мајка алкохоличар, тоне во долгови, сонува за нормален и мирен живот кој се чини дека постојано ѝ е далеку од досег.
Каин Кос има сѐ. Пари, име, моќ. И темнина во него што не се скротува со ниту една привилегија на животот.
Кога судбината ги спојува во сенките на Москва, она што почнува како необична конекција се претвора во нешто што ниеден од нив не може да го контролира – ниту пак да го преживее без да се промени. Затоа што Каин бие тајна битка да ја сруши корумпираната империја на неговото семејство. И колку повеќе Тара се доближува до неговиот свет, толку повеќе сфаќа дека кога лагите се валута, а довербата оружје – љубовта може да биде најопасниот ризик.
Две скршени души мора да решат дали вистината помеѓу нив вреди за цената што треба да се плати.
-
-27%
Оставена пред олтарот
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Животот на Слоун Карик се врти околу љубовните приказни и среќните краеви. Таа е новинар што пишува за венчавки за списанието во кое работи и од мала верува во нивната магија – сè додека свршеникот не ја остави пред олтарот.
Сега секоја црква, секој завет, секоја прослава ја потсетува на животот што го изгуби. Заколнувајќи се дека никогаш повеќе нема да љуби, Слоун се посветува целосно на работата, но една работна обврска ја спојува со последниот маж што ѝ е потребен во моментот: шармантниот, арогантен и неподносливо неодолив Вајлдер Хејс.
Украдените погледи и забавното препирање набрзо се претвораат во нешто подлабоко. Доколку си дозволи да љуби, ризикува сè, а Слоун не е сигурна дали е доволно силна да преживее уште едно разочарување.
Сепак Вајлдер можеби вреди за ризикот. Бидејќи понекогаш, љубовта не влегува во твојот живот кога си подготвен… туку кога најмногу ти е потребна.
-
-27%
Кревки нешта
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Април, 1906 година. Разорувачки земјотрес го тресе Сан Франциско токму пред изгрејсонце исплукувајќи го пеколот на површината на земјата. Многу животи згаснуваат, но некои се раѓаат од пепелта засекогаш променети.
Софи Вејлен, млада ирска имигрантка, е очајна да се спаси од мачниот живот во Њујорк, па одговара на огласот за невеста во весникот и се согласува да се омажи со маж што не го познава. Вдовецот Мартин Хокинг е занесно згоден и има неверојатни очи, но е воздржан и многу често патува по работа. Петгодишната ќеркичка на Мартин, Кет, веднаш ѝ го освојува срцето на Софи, но чудното однесување на новиот сопруг ѝ разгорува сомнеж дека нешто не е како што треба во нејзиниот нов живот.
Животите им се менуваат една ранопролетна вечер кога непозната личност им се појавува на врата. Судбините им се испреплетуваат вечерта пред ужасниот земјотрес впуштајќи ги на опасно патување на кое ќе ги откријат својата сила и сознанието дека љубовта умее да го победи стравот.
„Кревки нешта“ е емотивна приказна за силата на мајчината љубов, женската солидарност и пријателствата.
-
-13%
Луција
0Original price was: 380,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Луција има сè во животот – стабилен брак, успешна кариера и обично секојдневие. Но некаде помеѓу очекувањата и обврските, го има изгубено единственото нешто што не може да го замени – себеси.
Кога возбудливата порака од дамнешната младешка љубов ѝ ја напукнува површината на нејзиниот контролиран свет, Луција е вовлечена во тивка, но моќна внатрешна бура. Бура што ја тера да се запраша дали го живее животот што го посакувала.
Додека сомнежите ја јадат, а страста ја растреперува и буди, Луција наоѓа неочекувано, а сепак толку едноставно прибежиште во… мирисот на лавандата. Тој ја потсетува на чувството што не смее повторно да го занемари.
„Луција“ е интимен портрет на една жена; приказна за копнежот, храброста да се направи различен избор и новите животни почетоци. -
-21%
Запишано со крв (Robert Hunter #11)
0Original price was: 570,00 ден.448,00 денCurrent price is: 448,00 ден.Ако тој ти го запише името, тогаш тоа е смртна казна…
Лос Анџелес, 5 декември – само неколку недели пред Божиќ. Анџела Вуд, експертот за џебни кражби, штотуку завршува со „работата“ за денес – 687 долари – не е лошо за нешто помалку од петнаесет минути работа.
Додека прославува за профитабилниот ден со коктел, вниманието ѝ го привлекува еден од гостите во локалот, кој е многу дрзок кон друг постар човек. Анџела решава да му одржи лекција, па му ја краде кожната чанта, која делува мошне скапо.
Но внатре нема пари… нема лаптоп… ништо вредно. Барем не за Анџела. Само црн нотес со кожни корици, изненадувачки тежок. Љубопитноста ја совладува, па во мирот на својот дом, Анџела почнува набрзина да го прелистува.
И тогаш започнува најголемиот кошмар во нејзиниот живот.
Ова не е обичен нотес.
Ова е нешто што се чита само на свој ризик и одговорност. -
-24%
Вистински бои
0Original price was: 590,00 ден.448,00 денCurrent price is: 448,00 ден.Сестрите Греј отсекогаш биле блиски, но по смртта на мајка им стануваат и најдобри другарки. За жал, на нивниот строг татко поважна му е репутацијата одошто сопствените деца и, години подоцна, тој сè уште бара од нив да ја одржуваат неговата позиција во општеството.
Винона, најстарата, има најголема потреба од татковото одобрување. Таа никогаш не се чувствувала пријатно и вистински дома на ранчот што е во сопственост на семејството три поколенија. Знае дека не ги поседува квалитетите што татко ѝ ги цени, но, како најдобар адвокат во градот, решена е еден ден да му ја докаже својата вредност.
Аурора, средната сестра, е миротворецот во семејството. Таа ги смирува сите кавги и се обидува да ги усреќи сите, истовремено криејќи ја својата болка.
Виви Ен е неоспорната ѕвезда во семејството. Занесна убавица, сонувачка со срце од злато, таа е обожавана од сите. Сѐ ѝ оди од рака, сè додека во градот не се појави еден туѓинец.
За миг, сè се менува. Сестрите Греј застануваат една против друга на начини на кои ниедна од нив не си замислувала. Лојалноста им е ставена на тест, се разоткриваат стари тајни, а шокантното убиство ќе ги потресе и семејството и целиот град.
Емотивна приказна каква што само Кристин Хана умее да напише, „Вистински бои“ е незаборавен роман за сестринските врски, искупувањето, прошката, а најмногу за тоа што значи да се биде семејство.
-
-24%
Поканата
0Original price was: 590,00 ден.448,00 денCurrent price is: 448,00 ден.Тешко на секој што ќе ја прими…
Во текот на продолжен викенд на Алпите, Марла Линдберг прифаќа покана за петгодишнина од матурата. Но брзо по пристигнувањето сфаќа дека постои само едно поопасно нешто од напуштањето на изолираниот планински хотел ноќе, на подмрзаниот снег, а тоа е… да не го напушти.
Спомените на Марла се кристално јасни: чудната порака што ја намамила во напуштена породилна клиника. Ликот што се обидел да ја убие. Страшната кашлица со граден свиреж на психопатот за време на борбата за живот.
По години психотерапија, високо интелигентната млада жена сега знае дека сето ова се само лажни спомени. Марла страда од прозопагнозија, односно нарушување на перцепцијата за човекови лица што води до неспособност за препознавање ликови. Во екстремни ситуации, нејзиниот мозок си игра со неа, обидувајќи се залудно да ги препознае луѓето по нивните лица.
Кога Марла ја добива поканата за собирање на класот на Алпите, таа се надева дека средбата со старите другари ќе ѝ врати убави спомени. Кога пристигнува во завеаниот планински хотел, сите соби се веќе зафатени. Каминот гори, има чинии на масата, но таму нема никој. Почнува да ги бара останатите. И тогаш повторно ја слуша. Таа морничава кашлица со граден свиреж, во студениот мрак…
-
-25%
Касиа
0Original price was: 400,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Васет, 1446 година пред Христа: Десетгодишните близнаци Елиел и Мириам робови од Гошен се спријателуваат со младиот благородник Небамон; два различни светови. Близнаците раскажуваат за Очите на Ра, два скапоцени камења кои се украдени од нивното племе. Со дух полн бунт и потреба за слобода, Небамон решава да им помогне Во потрагата на овие мистериозни скапоцености.
Каиро, 1894 година после Христа: Младиот авантурист Јустинијан „Јуст“ Грифит ја поседува мистериозната книга „Списите од Александрија“, која во себе содржи тајни локации на скриени богатства, вклучително и онаа на Очите на Ра. Во придружба на неговата сопруга Изабела и локалецот Адел, Јуст треба да одгатне три загатки кои во себе ја чуваат скриената локација.
Египет, 2025 и 2026 година после Христа: Исаак, Крсте и Агата се нурнуваат во древноста на Египет после смртта на Сотир Андов, таткото на Исаак. Низ едногодишното трагање по Очите на Ра, им се придружува мистериозниот Исмаил и Александра, мајката на Исаак. Трите убиства и натопениот песок од крв само ќе ги замрсат веќе испреплетените конци кои беа почнале да се одмотуваат уште од Охрид и Оксфорд.
Како е смртта на Сотир поврзана со Очите на Ра? Зошто, покрај сите богатства Јустинијан решава да го бара тоа за кое има најмалку информации? Како другарството на Елиел и Мириам со Небамон ќе одекне низ минатото и сегашноста? Во ова второ продолжение од првата трилогија, оние нешта кои беа откриени и изнедрени во Охрид и Оксфорд се превртуваат, дополнително откриваат и ги изронуваат сите, а посебно Исаак и Крсте.
-
-25%
Товарот на вистината
0Original price was: 400,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Една мајка одбива да се откаже. Еден детектив е принуден да се сомнева во сè. А вистината одбива да остане закопана.
Шест месеци по исчезнувањето на Тамара Калајџиева, случајот почнува да се води како нерешен. Без нови траги и докази, полицијата е принудена да го посвети вниманието на тековните задачи. Само мајка ѝ, Ружица, е заглавена во минатото. Уништена од загубата и болката, во живот ја одржуваат единствено надежта и вербата дека нејзиното чедо еден ден ќе се врати.
И по шест месеци, се случува незамисливото. Повик во ноќта ја прекинува тишината и гласот што една мајка никогаш не би можела да го заборави го оживува нерешениот случај.
Младиот инспектор Стефан Михајловски го наследува случајот од кој сите други кренале раце. Воден од инстинктот и личните принципи, продолжува да копа подлабоко и сфаќа дека ова не е само обичен случај на исчезнато лице, туку нешто многу помрачно. Нешто внимателно скриено. Делчињата од вистината избиваат на површина и она што личело на очајна измислица на една мајка, полека се претвора во вознемирувачка реалност.
-
-23%
Зрак надеж
0Original price was: 520,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Во текот на мојот прв ден во Монтана, ќе настанеше тепачка за количка за пазарување во продавница. Најзгодниот маж кој некогаш сум го видела ги смири тензиите пред да ме покани на состанок. И за малку ќе прифатев… но тогаш ми го кажа своето име.
Како сопственик на ранчот Хејвен Ривер, Џакс Хејвен не ми беше шеф. Но и делумно ми беше. Работите беа комплицирани. Па, единствената опција ми беше да го одбијам, да побегнам, а потоа да се преправам дека не се знаеме на првиот работен ден. И многу јасно, не смеев да си дозволам да се дознае дека потајно бев малку зацапана во него.
Па така, колку што се трудам за работата, двојно повеќе се трудам да се преправам дека Џакс не постои. Не си дозволувам да мислам на неговите сјајни очи или шармантната насмевка. Игнорирам колку нездраво добро изгледа во пар избледени фармерки. И не ме интересира колку секси му стои каубојскиот шешир – Џакс е дистракција што не можам да си ја дозволам. И сѐ одеше по планот до вечерта на забавата, кога испивме малку повеќе. По една ноќ во неговиот кревет, веќе нема теоретски шанси да го игнорирам Џакс Хејвен. Барем не сега кога носам негово дете.
-
-19%
Лесни пари
0Original price was: 490,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Кога ќе го промените начинот на размислување за парите, ќе го збогатите сиот свој живот.
Прекуглава ви е да живеете „од плата до плата“? Се чувствувате заробени од трошоците што секој месец ви се натрупуваат? Се прашувате како некои луѓе живеат финансиски спокојно и слободно, додека други остануваат заглавени?
Cè започнува од начинот на размислување. Cè додека не ги промените вашите мисли, чувства и однесувања околу парите, ќе продолжите да чекорите по истиот пат и ќе ги добивате истите резултати.
Црпејќи од разговорите со врвни финансиски експерти во емисијата „Школа за извонредност“, од најновите истражувања за психологијата на парите и од неговото лично искуство на патот до успехот, Луис Хаус ви нуди практични совети и нова перспектива што ќе ви помогнат да стекнете вистинска финансиска сигурност и изобилие.
Луис ќе ви открие како да го откриете вашиот „финансиски стил“, да го поврзете начинот на размислување за парите со вашата значајна животна мисија и да изградите 7 клучни финансиски навики за мир и слобода. Со овие алатки, ќе можете да создадете онолку богатство колку што сакате – без разлика на вашите околности.
Ова не е само уште една книга за финансии или инвестирање. Ова е книгата што ви е потребна за да станете свесни за вашата вредност за да можете да заработувате повеќе и да го создадете изобилието што го посакувате.
-
-27%
Игра на душата (Мирен Тригс #2)
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Во 2011 година, грозоморно злосторство го тресе Њујорк – 15-годишно девојче е пронајдено распнато во една приградска црква откако било прогласено за исчезнато.
Мирен Тригс, истражувачката новинарка од „Менхетн прес“, одлучува да го истражува случајот откако добива мистериозен плик со фотографија од друго исчезнато девојче со едноставна порака: „Џина Пеблс, 2002 година“. Заедно со Џим Шмоер, нејзиниот поранешен професор по новинарство, ја следат трагата за девојчето од фотографијата додека истовремено го истражуваат и скорешното распнување. Истрагата ги води до една религиозна институција чии членови извршуваат ритуали далеку повознемирувачки отколку што си замислувале.
Двајцата партнери се соочени со три прашања:
Што ѝ се случило на Џина?
Кој ја пратил фотографијата?
И колку далеку води оваа мрачна игра на душата?Некои тајни се закопани со причина, а нивното растајнување би можело да ги чини живот.