Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Ти не знаеш да сакаш

    Ти не знаеш да сакаш

    5

    Договорен брак во дваесет и први век? Тоа е апсурд.

    Тоа е ставот на Дејзи Девру кога нејзиниот татко ѝ соопштува дека мора да се омажи со човекот кој тој го одредил за неа или ќе ја остави препуштена сама на себе – засекогаш. Таа, искрено, нема некој голем избор. Може да се омажи за тмурниот, здрвен Русин или да заврши во затвор поради големите долгови на својата мртва мајка кои не може самата да ги отплати.

    Александер Марков, од друга страна, му е голем должник на нејзиниот татко, па се согласува да му направи една услуга за возврат, но воопшто нема намера да глуми вљубен младоженец и да ја забавува девојката која по негово мислење не е ништо друго, освен разгалена празноглавка. Да видиме дали оваа мала богата, разгалена девојка ќе успее да се снајде и да издржи во неговиот свет повеќе од неколку дена.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Или ти, или никој

    Или ти, или никој

    1

    Што ако една жена што си нема поим од спорт наследи професионален рагби тим? Чикаго дефинитивно не е подготвен за Фиби Сомервил, празноглавата секс бомба што го презема саканиот тим на градот.

    А Фиби дефинитивно не е подготвена за главниот тренер на Старс, Ден Калебов, агресивниот бивши рагбист кој има само една работа на ум – победа на секое поле. Калебов е еден од оние мажи кои најмногу ја плашат. А новата секси шефица е една од оние жени кои Ден најмногу ги презира – приглупа убавица што не разликува магаре и музика.

    Па зошто тогаш таа толку го привлекува? И зошто нејзе, светска жена, ѝ се врзува јазикот од неговиот момчешки шарм? Зошто на двајцата им се раѓа желба за карање секогаш кога се во близина?

    Ова е приказна за двајца тврдоглави луѓе кои веруваат во играње за победа до последен грам енергија.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Тајна задача: љубов

    Тајна задача: љубов

    1

    ДВАЈЦА ТАЈНИ АГЕНТИ…
    …ќе беа совршени партнери да не се мразеа толку многу.

    ТАА Е ЖЕЛНА ДА СЕ ДОКАЖЕ КАКО ФБИ АГЕНТ-ЖЕНА…
    ФБИ агентите Џесика Харлоу и Џон Шепард имаат минато. Бившата адвокатка и арогантниот бивши војник се имаат запознаено и замразено уште за време на обуката во ФБИ академијата пред шест години. Шест години подоцна, ниеден од нив не очекува повторно да налета на другиот, а уште помалку да ги спојат како партнери на важна тајна задача.

    ТОЈ Е АРОГАНТЕН И МИСЛИ ДЕКА Е НАЈДОБАР…
    И ова спојување со партнер што го мразат за двајцата доаѓа во најлош можен момент. Џесика е тазе разведена од холивудски режисер и едвај чека да се докаже во новиот кабинет на ФБИ во Чикаго. А Џон го дели само еден случај од неговата работа од соништата, елитниот Тим за спасување заложници на ФБИ. Но за да ја завршат оваа тајна задача, мора да најдат начин да работат како тим, задача што станува уште потешка кога ги сместуваат во романтичен хотел на плажа како дел од истрагата.

    НИВНАТА ТАЈНА ЗАДАЧА СТАНУВА КОМПЛИЦИРАНА…

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Улица Индија

    Улица Индија

    1

    На последната средба на Хана Николс со Марко Д’Алесандро пред долги пет години, тој ѝ го крши срцето. Лошото момче со скриена мила страна во себе е единствениот тип што Хана некогаш го сакала – и единствениот маж со кој некогаш била. По една страсна ноќ кога тој не успева да ѝ одолее, Марко одеднаш заминува од Шкотска, оставајќи ја Хана без збор. Скршена од последиците од нивната заедничка ноќ, Хана никогаш не успева потполно да го заборави, да му прости за тоа што ѝ го направил и да продолжи понатаму со својот живот.

    Марко знае дека тоа што ја оставил Хана му била најголемата грешка во животот и со години се кае за тоа, па кога судбината конечно повторно ги спојува, одбива да се откаже од неа без борба. Решен да ја освои, се обидува да ја потсети на сите причини поради кои треба да бидат заедно. Но баш кога помислуваат дека можеби сепак можат да имаат иднина заедно, Хана открива нешто што ја ослободува тајната болка што ја крие од него – тајна што може да ги раздели пред да добијат шанса да почнат одново.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Проблемот со бившите

    Проблемот со бившите

    3

    Ема Синклер е експертот за раскинувања и скршени срца на списанието Stilleto, а таа е најдобра во тоа што го работи затоа што пишува од лично искуство. Пред пет години, Ема била лудо вљубена идна невеста. Сега е ледената кралица на Менхетен. Ема го оставила Југот зад себе, но дури ни нејзините најдобри пријателки не знаат дека си го оставила и срцето таму. Сега, нејзиниот шеф во Stilleto ѝ дава задача да се соочи со сите нејзини бивши; меѓу кои и ѓаволесто секси типот што ја оставил пред олтарот.

    Алекс Кесиди упорно си ги гледа сите соништа како му се рушат пред очи. Кога конечно наоѓа нова професија што ја сака, чиста коинциденција е што одбира работа во истата област и во истиот град како неговата поранешна свршеница… така? И Алекс не може да не се прашува што ќе беше… Но за разлика од наивната девојка што ја помни тој, оваа Ема е кул, софистицирана и нездраво самоуверена – и таа не сака да има апсолутно ништо со него. Проблемот е во тоа што Алекс никогаш не ја посакувал повеќе.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ова завршува со нас

    Ова завршува со нас

    22

    Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.

    Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.

    Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.

    button-new

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тој рече, таа рече

    Тој рече, таа рече

    5

    Како една од главните колумнистки на Stilleto, Грејс Брајтон се има прославено предупредувајќи ги жените за расипани, неверни лажговци. Таа само никогаш не се посомневала дека и нејзиниот свршеник би можел да биде еден од нив.

    Џејк Мелоун сака да му се врати на својот стар авантуристички, спонтан живот и точно знае како да го изведе тоа. Во Oxford се отвора нова секција за патувања и Џејк – без жена, деца и подготвен да живее каде било – е совршен за работата… само што неговата репутација на плејбој не му влева многу доверба на неговиот шеф. За да ја добие работата, мора да се согласи на заедничкиот проект со Stilleto. Но по само еден состанок со неодоливата, дрска и сензационална Грејс Брајтон, Џејк почнува да ја сфаќа оваа задача многу посериозно.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Господин Неодолив

    Господин Неодолив

    2

    Се ближи најфамозната свадба на годината… Луси Јорик е ќерка на поранешната претседателка на Америка. Мег Коранда е дете на филмски ѕвезди.
    Едната од нив треба да се омажи за господинот Неодолив – Тед Бодин – миленичето на Винет, Тексас. Другата не е среќна поради тоа и решена е да ја спаси својата пријателка од болка.

    Но иако Мег знае дека откажувањето на свадбата на нејзината најдобра пријателка е вистинскиот потег, очигледно е дека никој друг не се сложува со неа. Па таа станува најомразената жена во градот уште пред Луси да каже „да“ – а тоа патем е град каде што е заглавена со празен паричник, кола со дупнати гуми и еден многу бесен извисен младоженец.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • А што по бакнежот?

    А што по бакнежот?

    6

    Џули Грин обожава кратки и слатки љубовни авантури. Секси први состаноци, неодоливи први бакнежи, пеперутки во стомак. Но тренерки, пица и гледање филмови со дечко во петокот навечер? Грозно. Но кога ја добива најтешката приказна во нејзината кариера – од прва рака да открие и да напише како авантурите преоѓаат во сериозни врски – ѝ треба некој доволно храбар маж што ќе ѝ даде шанса за нешто повеќе на девојката што не сака да чуе за љубов.

    И Мичел Форбс во друг случај би бил идеалниот маж за тоа. Невозможно згодниот воркохолик кој е познат само по долгите врски би требало да биде совршениот субјект за „истражувањето“ на Џули. Но она што таа не го знае е дека Мичел сега сака само кратка и несериозна авантура за првпат во животот. Впрочем, се има обложено дека може да го изведе тоа. И долгоногата новинарка позната по тоа што секогаш бега од љубов е баш онаква девојка каква што му треба.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • 9 Ноември

    9 Ноември

    5

    „Ова е љубовна приказна за едно типче (јас) и една девојка (Фалон). Мислам… Може ли да се смета за љубовна приказна ако не завршува со љубов? Мистериите завршуваат кога ќе се реши мистеријата. Биографиите завршуваат кога ќе се раскаже приказната. Љубовните приказни би требало да завршуваат со љубов, така? Можеби грешам, тогаш. Можеби ова не е љубовна приказна. Ако ме прашате мене… би рекол дека ова може да се смета дури и за трагедија. Што и да е – како и да завршува – ветив дека ќе ја раскажам. Па, без понатамошни одложувања.

    Еднаш, многу одамна… запознав една девојка.
    ВИСТИНСКАТА девојка.“

    Фалон го запознава Бен, иден писател, дента пред да се пресели на другиот крај од земјата. Хемијата меѓу нив ги тера да го поминат тој нејзин последен ден во Л.А. заедно и нејзиниот драматичен живот станува креативната инспирација за книга што Бен отсекогаш ја барал. Со текот на годините и низ нивните разни врски и турбуленции во нивните одвоени животи, тие продолжуваат да се сретнуваат на истиот датум секоја година.

    Но Фалон еден ден станува несигурна дали Бен и ја кажува вистината или само смислува совршена реалност за да напише уникатна и профитабилна книга.

    button-new

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Зад затворени врати

    Зад затворени врати

    16

    Сите познаваат по некој пар како Џек и Грејс. Тој е згоден и богат, таа е убава, шармантна и елегантна. Можеби не сакаш да ти се допаѓаат, но ти се допаѓаат. Можеби сакаш да ги запознаеш подобро и како индивидуални личности, но тешко е затоа што Џек и Грејс никогаш не се двојат.

    Некој можеби ќе го нарече тоа вистинска љубов. Друг можеби ќе праша зошто Грејс никогаш не крева на телефон. Или зошто никогаш не може да излезе на кафе или на ручек, иако не работи. Како може да готви толку прекрасни јадења, а сепак да е толку слаба. И зошто има решетки на прозорецот во една од спалните соби?

    Понекогаш, совршениот брак е совршена лага.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Збогум најмила

    Збогум најмила

    10

    Што е поважно, дали љубовта или пријателството? Дали правдата или мајчинството? И ако човек не може да заборави, може ли барем да прости?

    Лекси е сираче со мрачно минато, шетано од дом во дом, кога најпосле завршува кај својата баба во сосема нов град. И нејзе конечно ? се насмевнува мала среќичка, па успева да најде нешто што наликува на дом и семејство. Згора на тоа, брзо успева да се прилагоди и да си пронајде пријателка. Кога Лекси и Миа стануваат најдобри пријателки, а близнакот на Миа, Зак, се вљубува во Лекси, тројцата стануваат неразделни.

    Џуд живее за своите деца – близнаците Миа и Зак – и дава сe од себе да ги изведе на правилен пат и да имаат совршен живот. Но една летна вечер, нејзиниот најлош кошмар се остварува. Една одлука го менува целиот тек на нивните животи.

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Славејот

    Славејот

    12

    Франција, 1939
    Во тивко француско село, кротката и плашлива Вијан Моријак се збогува со својот сопруг, кој оди да војува. Таа не верува дека Германците ќе ја окупираат Франција, но тоа сепак се случува и ја принудува да прими непријател во сопствениот дом. Во ова време на војни, Вијан мора да научи да биде храбра. Храбра како сестра ѝ.

    Нејзината помала сестра Изабел, од друга страна, мора да научи да се плаши. Таа е премногу бунтовна и храбра за свое добро. На самиот почеток од војната, се запознава со мистериозниот партизан Гејтон и се вљубува како што може да се вљуби само млад човек… лудо и комплетно. Не можејќи да ја гледа татковината како пропаѓа, Изабел непромислено се приклучува на тајните групи за ослободување на Франција без да размисли за опасностите.

    Безвременска новела која ќе ве тера да ги голтате страниците без пауза. Приказна за издржливоста и храброста на жените која ќе ја помните цел живот. Сага за преживувањето и љубовта за време на војна што ќе ве натера да липате на глас.
    Ова е книга за секого, ова е книга за навек.

    button-new

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Само најсекси маж кој постои

    Само најсекси маж кој постои

    4

    ТЕЈЛОР ДОНОВАН
    Млада, успешна адвокатка која си ја обожава својата професија. Паралелно со судењето, на Тејлор ѝ доделуваат нова задача во која е инволвиран еден познат актер. Колку познат?

    ЏЕЈСОН ЕНДРУС
    Смртоносна комбинација на интелигенција, сексипил и шарм. Има ли потреба таа да биде загрижена што наеднаш треба да соработува со најпосакуваниот маж на денешницата… Дали нејзината професионалност за првпат ќе биде ставена на тест? Хммм… Ма ти се молам – па зборуваме за Тејлор Донован овде! Жената која не се скрши ни кога ја раскина својата веридба пред некој месец. Што си мислат луѓето, кој е тој? НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ??? 

    Ќе го поремети ли Господинот Холивуд нејзиниот совршен, педантен свет во кој сè е подредено на кариерата? Може ли некој да ја расплаче Тејлор – онаа која знае дека во „бејзболот нема плачење“?

    НАЈПРОДАВАНАТА РОМАНСА НА САКАМ КНИГИ!

    button-new

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Нека победи подобриот

    Нека победи подобриот

    3

    САМОУВЕРЕНА. БЕЗОБРАЗНА. НЕПОБЕДЛИВА…
    Пејтон Кендал: феминистка до коска која дава сè од себе за да успее во професијата во која доминираат мажи. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, таа има само една цел пред себе – да биде унапредена во партнер.

    АМБИЦИОЗЕН. НАДМЕН. ЗГОДЕН КАКО ЃАВОЛ…
    Џеј Ди Џејмисон: богато семејство, гламурозен стил на живот, амбициозен и професионален, најдобар во својата работа. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, тој има само две цели пред себе – да биде унапреден во партнер… и да ја игнорира Пејтон. Осум години глума и цивилно однесување кога тие двајцата се наоѓаат во присуство на други луѓе. Осум години омраза и војна додека се наоѓаат зад затворени врати иако двајцата знаат дека има две партнерски позиции и нема потреба од војна.

    И одеднаш, пресврт! Доаѓа известувањето дека нема две туку само една позиција за унапредување!

    Па, нека победи подобриот!

    button-new

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Терапија

    Терапија

    14

    Нема сведоци, нема траги, нема докази, нема тело. Дванаесетгодишната ќерка на познатиот психијатар Виктор Ларенц, која боледува од необјаснива болест, исчезнува под мистериозни околности за време на посетата на доктор и истрагата за нејзиното исчезнување не носи никакви резултати. Четири години подоцна, Виктор сe уште е уништен од трагедијата. Тој се повлекува во семејната викендичка на море, каде што се надева дека ќе успее да стави еден вид на крај и да продолжи понатаму со животот.

    Но таму одеднаш го посетува прекрасна непозната жена по име Ана. Таа тврди дека е писателка која страда од необична форма на шизофренија и го замолува за терапија. Виктор повеќе не работи со пациенти и нема намера да почне ни сега, но кога открива дека нејзините халуцинации се вртат околу исчезнато девојче што страшно наликува на неговата ќерка Џози, одеднаш ја прифаќа како пациент, бидејќи се сомнева дека таа има некаква врска со исчезнувањето на ќерка му.

    Терапија е интелигентен психолошки трилер, брза и луда приказна што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај и ќе остане со вас долго откако ќе ја откриете мистеријата.

    button-new

    380,00 ден
    Додај во кошничка