-
Изневерени тестаменти
0360,00 денМетафориcхната идеја за двеве полувремиња ми дојде уште порано, во текот на еден пријателски разговор, и не претендира на никаква науcхност, впроcхем, станува збор за едно банално елементарно, наивно, евидентно доживувањеч во врска со музиката и со романот, ние сите сме воспитувани во естетиката на второто полувреме.
-
Мојата љубовна приказна ТИНА ТАРНЕР
0450,00 денПродадени двесте милиони плочи. Дванаесет награди „ГРЕМИ“ Само една Тина Тарнер. „Правев опасни работи и ми беа правени опасни работи, но во последен момент нешто во мене секогаш ми кажуваше кога да побегнам, како да преживеам. Без разлика што и да ми се случеше, секогаш се извлекував. Си реков, па можеби треба да живеам. Можеби сум тука со причина. И можеби причината е да ја споделам мојата приказна со вас.“
-
Оваа книга е без контрола!
0360,00 денБен и Бела си играат со противпожарното возило на Бен со далечинско управување. Па зошто тоа не се врти, ниту пак ја вклучува сирената кога Бен ги притиска копчињата? И зошто му се случуваат чудни работи на кучето на Бела? Тука се работи за случај на една книга што губи контрола над работите и само читателот може да помогне тие да се вратат во нормала.
-
Оваа книга ми го изеде кучето!
0360,00 денСе бара љубезен читател за да ѝ покаже на оваа палава книга кој е главен. „Оваа книга ми го изеде кучето“ е приказна за едно мало девојче, едно големо куче и една книга со палаво однесување! Еден ден, додека Бела си го шеташе кучето, случи нешто чудно. Тоа исчезна! На Бела, на нејзиниот пријател Бен и на спасувачките екипи им стана јасно дека опасноста се крие на страниците на оваа книга. Но, таму каде што полицијата и противпожарната бригада не успеваат, ти – читателот – би можел да помогнеш.
-
Ние сме во погрешна книга!
0360,00 денСе бара љубезен читател да им помогне на Бен и Бела да најдат среќен крај во оваа сликовница. Кога трката со вреќи за компири тргнува наопаку, Бен и Бела ќе се најдат исфрлени од нивната страница во некоја непозната територија. Но, тоа ќе ги одведе и на авантура со секое прелистување на страниците. Ајде да видиме како ќе го најдат патот назад во својата книга?
-
Слобода од познатото
0280,00 денЗа да се гледа не се потребни ни философија ни учител. Никој не мора да ви каже како да гледате. Едноставно гледате.
Нашиот свет е полн со насилство и страдање и потребна му е промена. Но како таа да се постигне? Кришнамурти нè поттикува активно да (се) истражуваме и да излеземе од стапицата на познатото за да можеме да постигнеме промена во себе, а со тоа и промена во мислењето и однесувањето на целото човештво.
Што е освестеноста и како да се постигне, во што е суштината на човековата потрага, што е љубовта, зошто се плашиме од смртта, зошто страдаме и зошто нашиот ум е несреќен?… се само дел од поважните теми што ги обработува Кришнамурти покажувајќи како луѓето можат радикално и брзо да се ослободат од тиранијата на очекуваното, без разлика на својата припадност. Големиот учител ни нуди изобилна духовна ризница од која читателот ќе црпи со задоволство и благодат.
„Кришнамурти ми изврши длабоко влијание и ми помогна да ги надминам самонаметнатите ограничувања на мојата слобода.“
Дипак Чопра
„Еден од најголемите мислители на сите времиња.“
Далај-лама
-
Мала книга на стапици
0320,00 ден„Оваа книга е малечок алат, инструмент кој можете да го користите на ваш начин. Алатот, се разбира, не работи сам по себе. Тој мора да се користи за да биде корисен, и мора да се научи како да се користи. Овој ’драматуршки‘ инструмент нема да напише драми за вас, но може да ви помогне вие да напишете драми. Алатот е едноставен, но тој се користи за создавање сложена магија.“
-
Размислувај како Шерлок Холмс
0360,00 денНа половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Шерлок Холмс е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за набљудување, логика, концентрација и селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња
-
Шапката на волшебникот
0280,00 денЕден пролетен ден Муминтрол, Снусмумрик и Сниф тргнуваат во потрага по нешто необично. На еден планински врв наоѓаат висока, црна шапка.
Наскоро ќе се покаже дека мистичната шапка има волшебна моќ. Сè што се става во неа се преобразува во нешто друго: лушпите од јајца стануваат розови облачиња на кои може да се седи и лета, а куќата на Мумините се претвора во џунгла. Но еден ден се случува нешто страшно. Муминтрол се покрива со шапката додека играат криеница, а кога излегува од неа никој не го препознава. Тој е претворен во чудно суштество со големи уши и долга опашка. Што ќе се случи сега со него?
Шапката на Волшебникот е третата книга на финско-шведската писателка Туве Јансон од серијата за Мумините. Таа е возбудлива приказна за едно прекрасно и чудно лето кое семејството на Мумините никогаш нема да го заборави.
-
Патеката на слоновите
0430,00 денРут е преубава млада девојка која живее во Лондон. Но, не само што е убава, таа ќе има среќа да се сретне и да се омажи со Џорџ Кери, баснословно богат земјопоседник кој наследил огромни имоти и луксузна куќа на островот Цејлон, далеку од родната Англија. Џорџ е средовечен маж, добродушен и згоден човек и син на Том Кери, познат земјопоседник во британската колонија кој ја има изградено огромната куќа од тиково дрво и ги поседувал огромните плантажи со кафе и чај. Куќата е изградена на долговековната патека на слоновите, кои во топлите и сушни денови поминувале од тука за да најдат свежа вода и храна. Таа патека за нив е од непроценливо значење. Во првите моменти Рут ужива во луксузните подароци од медениот месец во Франција, раскошот на куќата на Цејлон и егзотиката на овој прекрасен остров исполнет со природни убавини. Сепак, она што постојано ѝ недостига на Рут е вниманието на Џорџ, бидејќи тој сè помалку е во куќата. Но, Рут има постојана поддршка од Апухами, стариот слуга на Џорџ и од Вилдинг, привлечниот и вешт управител на плантажата за чај. Вилдинг сè почесто е во друштво на Рут и ја надоместува празнината од Џорџ, додека Апухами на мудар начин се обидува да го заштити својот господар Џорџ… Љубовта секогаш го пронаоѓа својот пат, иако понекогаш може подолго да трае. Исто како и слоновите што секогаш одат по својата патека, иако често таа е подолга од другите патеки и во таа намера никој и ништо не може да ги спречи. По романот е снимен познатиот холивудски филм „Патеката на слоновите“, во кој главната улога ја толкуваше мегапопуларната филмска дива Елизабет Тејлор. Извонредна историска љубовна приказна, филмувана и режирана според романот продаден во преку 50 милиони примероци
-
Размислувај како Леонардо Да Винчи
0360,00 денНа половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Леонардо да Винчи е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за љубопитност, креативност, техника и перфекција, следејќи ги трагите на најсложениот и полиедричниот генијалец на сите времиња.
-
Патот на супериорниот маж
0400,00 денСмела, предизвикувачка и многу длабока книга.
Патот на супериорниот маж од Дејвид Деида, светски познат гуру за личен развој и духовна сексуалност, е практичен водич за живеење машки живот со интегритет, автентичност и слобода, во сите области од животот – кариера, хоби, пријателство, интимност, љубов, секс.
Преведен на над 20 јазици, овој бестселер на Деида е длабок и возбудлив водич за патот на самоуверениот маж кој е подготвен да се усовршува надминувајќи ги пречките и да си поставува нови цели живеејќи во хармонија со себе и со светот. А среќната врска со саканата жена е многу значаен дел од тој пат. Ефикасните, несекојдневни и на многу начини револуционерни совети и телесни практики од Деида се однесуваат на сите аспекти на заедничкиот живот: од решавање на секојдневните прашања до способноста да се дава и да се прима највисоко задоволство во сексот.
„Патот на супериорниот маж поставува предизвик пред сите мажи да ја исполнат својата вистинска цел и да бидат автентично мажествени. Искористете ја можноста со оваа книга во раката.“
Тони Робинс
„Оваа книга ќе навреди и разгневи некои луѓе, ќе инспирира и тестира други, но ќе ги предизвика буквално сите…“
Кен Вилбер
-
Размислувај како Алберт Ајнштајн
0360,00 денНа половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Алберт Ајнштајн е патување низ раскажување, активности и игри со коишто ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.
-
Желбата на ежот
0280,00 денКога сме заедно, ние го имаме најдоброто време на светот. Тогаш сме безвременски.
Колебливото еже живее осамено во својата куќичка во шумата. Никој не му оди на гости, а тоа никако не може да се реши да ги покани. Долго ја смислува поканата, но дали воопшто треба да ја прати? Што ако му дојдат сите заедно, ќе има ли чај и торта за сите? И дали сите јадат иста торта? А што ако се исплашат од неговите боцки?…
Ежето со денови ги замислува сите посети на животните од шумата, од морето и пустината. Можеби ќе немаат за што да разговараат? Можеби дабарот, носорогот или мечката ќе му ја растурат куќата? Јастогот може да му ги извади боцките со своите клешти, осата може да го боцне. Слонот ќе му ја скрши масата, а китот ќе му ја поплави куќата. А песната на славејот, пак, многу ќе го растажи…
За тоа време, желката и полжавот упорно патуваат кон неговата куќичка и си замислуваат како ќе се забавуваат. Дали ќе успеат да стигнат кај ежето пред да заврне првиот снег?
Чудесна приказна за пријателството, за прифаќањето на разликите и потребата да живееме заедно, во љубов и разбирање.
-
Лебарки
0500,00 денСѐ додека има болка, ќе има и живот.
Во еден сомнителен мотел во Бангкок е најдено телото на норвешкиот амбасадор во Тајланд, прободено со ритуален нож. Дали бил жртва на грабеж или се работи за убиство од политички причини? Обидувајќи се да избегне скандал, Осло го праќа мамурниот инспектор Хари Хуле на специјална задача. Набргу тој талка по бангкокшките улички помеѓу опиумските дувла, храмовите, рекламите за туристи, малолетниците што се проституираат и го-го баровите.
Сите кријат нешто и истрагата тапка во место. Кога Хари ќе дојде до една сомнителна снимка, работите уште повеќе се комплицираат. Можните сведоци ненадејно исчезнуваат и трагите не водат никаде. Но неуспехот во расветлување на убиството не е единствената казна што може да ги најде непретпазливите. Зад мрачните ѕидови на градот владее подземен свет на високи финансии, меѓународна шпионажа и педофилија.
Има ли некој комушто Хуле може да му верува во непознатиот град?
„Несбе цврсто управува со сложеното дејство и драмскиот развој на ликовите, но особената привлечност на овој роман е што Хари Хуле совршено се вклопува во живописната реалност на Бангкок и Тајланд, иако Несбе го префрлил во крајно ненорвешко опкружување.“
– Индипендент
-
Оваа книга ми ја украде мачката
0360,00 денПовеќето книги не се непослушни или скокотливи, ниту пак киваат. Но,оваа НЕ Е таква книга!