-
Шерлок Холмс: Знакот на четворката
0269,00 денБиди до третиот столб одлево пред театарот Лицеум ВЕЧЕРВА во деветнаесет часот. Ти си жена на која ѝ имаат згрешено и ќе ја добиеш ПРАВДАТА. Немој да повикуваш полиција. Ако повикаш, сè ќе биде залудно.
Кога го замолија Холмс да ја погледне мистериозната порака што ѝ пристигна на Мери Морстен, ниту тој, ниту, пак, Вотсон очекуваа дека ќе бидат вовлечени во предавничка пајажина стара неколку децении. Набрзо ќе почнат и опасни експедиции под сјајот на месечевата светлина за да го разоткријат значењето на знакот на четворката и да го решат одамна закопаниот криминал.
-
Шерлок Холмс: Синиот гранат
0199,00 денВчера од кутијата со накит на грофицата Моркар бил УКРАДЕН скапоцен дијамант, познат како Син Гранат. Грофицата нуди награда од ИЛЈАДА фунти за оној што ќе ѝ помогне да го врати скапоцениот камен…
Додека полицијата се обидува да го најде украдениот дијамант, Холмс се труди да го најде сопственикот на една божиќна вечера. Но, откако детективот случајно ќе наиде на дијамантот, Холмс и Вотсон влегуваат во трка со времето за да спасат невин живот.
-
Шерлок Холмс: Студија во скарлетна боја
0249,00 денТело за кое се смета дека е лицето И. Џ. ДРЕБЕР е откриено сношти во празна куќа во Лондон. Нема очигледна причина за СМРТТА. Неговата адреса е Кливленд, Охајо. Секоја информација е добредојдена.
По мистериозното убиство, полицијата е збунета, па најпознатиот детектив аматер на светот е замолен да помогне во истрагата. Заедно со д-р Вотсон, Шерлок Холмс тргнува во потрага за откривање на една одмазда, која оди подлабоко од сите можни претпоставки.
-
Шерлок Холмс: Вампирот од Сасекс
0199,00 денГосподине – нашиот клиент, господинот Роберт Фергусон, ни се обрати во врска со ВАМПИРИ. Со оглед на тоа што сме инженерска фирма, за жал темата не е некоја на којашто можеме да дадеме стручно мислење. Можеби вие ќе можете да бидете од поголема ПОМОШ.
Холмс и Вотсон се соочуваат со најчудниот случај дотогаш. Еден вознемирен сопруг доаѓа кај нив да побара помош, очајно сакајќи да го разбере чудното однесување на неговата жена. Таа е фатена на дело како ја цица крвта на сопственото бебе! А сепак, вампирите се измислени, тие не постојат… нели?
-
Уништување
0650,00 денВо заднина имаше нешто помрачно, нешто нездраво, па дури и зло…
Пристига 2027 година. Француската држава станува жртва на серија мистериозни и вознемирувачки кибернапади. Дури и најдобрите компјутерски научници остануваат без одговори пред невидливата закана. Земјата е во состојба на економски пад и морално распаѓање.
Пол Резон работи во Министерството за економија и е близок до владата, како син на човек кој целиот свој работен век го поминал во безбедносните служби. Кога таткото умира од мозочен удар, неговите деца имаат можност да си ги обноват односите и да ја вратат претходната блискост. Но што се подразбира под обновување на личните односи или на државата?
Мишел Уелбек уште еднаш открива нови страни во своето творештво, додавајќи сочувство и нежност во емоциите на бес, одвратност и иронија, со стил кој ги разбрануваа читателите и критичарите претходните години и му донесе меѓународна слава.
„Најзначајниот романсиер во цела Европа во последните три децении.“
Сандеј тајмс
„Уелбек е неспоредлив. Нема автор што му парира.“
Дејли телеграф
-
Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто
0200,00 ден„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка која ги оживува и осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.
-
Шерлок Холмс: Велепоседниците од Рајгејт
0199,00 денВилијам Кирван, кочијашот на семејството Канингем, вчеравечер бил УБИЕН додека го штител имотот на господарот.
Ова е втора ПРОВАЛА во областа за помалку од една недела.
Со надеж дека ќе му помогне на Холмс побрзо да закрепне по еден особено напорен случај, Вотсон договара посета на пријателот на село. Но, по кражбата што ја остава збунета локалната полиција, Холмс е вовлечен во мрежа од лаги, уцени и убиство. Самиот мора да ги најде натрапниците – ако успее да го преживее случајот…
-
Моминска вечер
0550,00 денСабота, 7:48 наутро. Ме буди ѕвонењето на телефонот. Главата ми пука, а стомакот ми се превртува од лошо претчувство. Синоќа ја прославивме мојата моминска вечер. До свадбата има уште две недели. Мамурна сум како никогаш досега… а покрај мене во креветот лежи непознат маж.
Се јавувам. Сузан е.
„Не знам како да ти го кажам ова, Меги… Енџи е мртва.“
Не можам да поверувам. Пред само неколку часа сите бевме заедно, танцувавме и се смеевме во клубот во центарот на градот.
Тоа требаше да биде мојата последна вечер како слободна девојка, помината со шесте мои најблиски пријателки.Но, сега една од нас е мртва.
А една од нас можеби е убиецот.
И кој е човекот во мојот кревет?По една бурна моминска вечер и премногу испиени пијалаци, Меги Трухарт се буди покрај непознат маж. Но, вистинскиот кошмар започнува кога добива телефонски повик: нејзината пријателка Енџи била убиена кратко откако девојките се разделиле претходната ноќ.
Кели Делани, која си заминала порано од забавата, прва се соочува со прашањата на детективот за убиства од Чикаго, Рон О’Рајли. Колку повеќе ги истражува жените што биле на моминската вечер, толку повеќе детективот сфаќа дека некои од нив кријат опасни тајни.
Додека свадбениот ден се приближува, шокантни вистини излегуваат на виделина, а убиецот го насочува вниманието кон уште една од девојките.
Дали ќе успеат да го запрат убиецот пред да има нова жртва?Впечатлив психолошки трилер – совршен за фановите на Џенева Роуз, Луси Фоли, Лиан Мориарти и Шари Лапена.
-
Опијатите на лепословието
0400,00 денВенко Андоновски (1964) е еден од нашите најчитани писатели. Добитник е на сите значајни домашни награди за проза и драма, како и на неколку меѓународни признанија. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, критичар и теоретичар, овој пат под критичка лупа ги става своите дела.
Оваа книга е моја лична теорија за романот, расказот и драмата, книга во која не само што пишувам за своите дела туку и откривам некои свои „мали тајни“ на пишувањето. Во неа тврдам дека љубовното мелодрамско е брашното, трилерот е квасецот, апсурдот е месото, а гледните точки и „блендата“ на раскажувањето се зачините во тој „рецепт“ за „мојот специјалитет“ – романот. Говорам и за невидливите огледала поставени на тајни места, во кои се огледува текстот, пропаѓајќи вртоглаво во самиот себе. Говорам и за „температурата“ на текстот и како јас ја одржувам, како ја качувам или ја спуштам, а ја изнесувам и тезата дека температурата на текстот влијае врз температурата на душата кај читателот. Оваа книга е мој личен „прозен готвач“ и се надевам дека ќе им помогне и на други писатели кои се бараат себеси – да се пронајдат, зашто секој си смислува свој личен рецепт и има свој личен стил до кој самиот доаѓа. А ќе им помогне и на читателите – ќе им покаже како да читаат лепословија.
Венко Андоновски
-
Шерлок Холмс: Сојузот на црвенокосите
0199,00 денСОЈУЗОТ НА ЦРВЕНОКОСИТЕ има потреба од нов член кој би помагал со извесни мали обврски. Платата за оваа позиција ќе биде ЧЕТИРИ фунти неделно. Сите црвенокоси мажи со добро здравје и со навршени дваесет и една година ќе бидат земени предвид.
Откако добро платената работна позиција на Џабез Вилсон во Сојузот неочекувано се затвора, тој го замолува Холмс да дознае зошто. Она што почнува како секојдневна истрага се претвора во вечерна заседа во која Холмс се обидува да спречи неверојатна кражба.
-
Година со Ентони Де Мело
0490,00 денЗапалете ја светилката на свесноста, па темнината ќе исчезне!
Секојдневни средби со Тони де Мело, од недела во недела, во текот на целата година. Таква е оваа книга. Поделена на педесет и две поглавја, во кои секој неделен дел е клучен пасус од ремек-делата на Де Мело.
Сме научиле среќата да ја бараме надвор од себеси, па кога со своите напори не можеме да оствариме духовно исполнет живот, се обвинуваме и самоосудуваме. Ништо на светот не може да ни даде среќа. Зошто? Зашто веќе ја имаме. Исто како што ги имаме и спокојот и љубовта. Тие се кодирани во нашата ДНК. Не се стекнати или заработени. Живеат во нас за да бидат изразени низ нас. Единствениот потребен напор не е напор. Тоа е согледување и отфрлање на лажните верувања што нè спречуваат.
Ако некогаш се посомневате во моќта на оваа книга, во Де Мело и во себе, навратете се на неговото ветување: „Не сум запознал ниту еден човек што не ја забележал разликата по неколкунеделна посветеност на постигнувањето свесност“.
„Компас за животот, мапа за среќата.“
Тарнер сторис
-
Хамнет
0420,00 денДвајца исклучителни луѓе. Љубов која ги спојува. Загуба што им се заканува да ги уништи.
Еден летен ден во 1596 година во Стратфорд, единаесетгодишното девојче Џудит одненадеж ќе го кутне силна грозница. Хамнет, нејзиниот брат близнак, е во панична потрага по помош. Но, нема никој дома.
Мајката Агнес се наоѓа на имот оддалечен речиси два километри каде одгледува лековити билки и пчели. Таткото работи во Лондон. Ниту еден од нив не насетува дека едното дете ќе им умре.
Романот Хамнет е силна приказна за бракот и семејството кои се опустошени од тага и загуба, но и нежен, незаборавен портрет на момче чиј живот е заборавен, а чие име ја носи една од најпознатите драми на сите времиња.
Импресивното дело на Меги О’Ферел е меѓу најфалените романи напишани на англиски јазик последниве години, светски бестселер и добитник на престижни награди, меѓу кои „Воменс прајз“ и „Бритиш бук авордс“.
„Приказната за Хамнет Шекспир го чекала својот раскажувач повеќе од четиристотини години. Меги ѝ ја даде должната почит. Извонредно, потресно, импресивно.“ – Камила Шамси
„Хамнет е круна на книжевната кариера на Меги О’Ферел. Книга која се сака и се чува.“ – „Обзервер“
„Вистински скапоцен камен“ – „Космополитен“
-
Умешност на лутината: мал водич за голема лична моќ
0350,00 денПовик за сопствена револуција
„Умешност на лутината“ нè води на мало патување во лутината… Ова чувство е корен на многу наши дисфункционалности, незадоволства, несигурности, ама и учител и извор на нашата лична моќ.
Малку по малку, разбирливо и преку примери, книгата ни открива слој по слој од лутината. Што правиме со својата лутина? Зошто го правиме? Свесно ли избираме како ќе ја покажеме или ќе ја скриеме? Како тоа влијае на нашиот живот? На нашата самодоверба? На нашите лични односи? И, конечно, што можеме да преземеме околу тоа? На крајот, сфаќаме дека патувањето со „Умешност на лутината“ било патување во самите нас.
Доц. Мирјана Јовановска Стојановска, психолог/психотерапевт
Книга-амалгам за лутината – водич за трансформација
Водичот „Умешност на лутината“ е како амалгам од повеќе книги, па му го дава на читателот, без да губи многу време, она најпотребното што би го извлекол за себе од сите тие книги заедно… ретко дело наменето за пошироката читателска публика, а сепак според својата содржина не спаѓа во класичната комерцијална литература меѓу книгите за самопомош.
М-р Дора Попова Узуновски, психолог/психотерапевт
-
Линија помеѓу две неба
0350,00 денМоќно создадена книга, во која ќе се допрат луѓето и ѕвездите и случајно ќе се измешаат неколку судбини, за да ги измерат небото и длабочините на универзумот, но и копнежот и силината на човечкиот дух. Роман со богата палета од неочекувани ликови, кои ќе ве поведат на возбудливо патување низ дивите предели на Феникс, Аризона.
Младата професорка Аманда Брајтон – брилијантен научник по астробиологија, една вечер ќе биде поканета на свечен прием во куќата на Оскар Леблан – Кралот на челикот. Од тој момент, нејзиниот мирен и едноставен живот ќе се заплетка со членовите на ова моќно и богато семејство…
Меѓутоа, секој од нив крие опасна тајна, а таа ќе биде принудена да се избори со сите нив, па дури и со самата себеси, за да ги сочува своето професионално достоинство и својата чест. Нејзината единствена слабост, во борбата да ги избегне опасните замки на судбината, се потполно неочекуваните чувства кон помладиот син Вилијам.
-
Заплет
0490,00 денНЕУСПЕШЕН ПИСАТЕЛ. ОДЛИЧНА ИДЕЈА ЗА РОМАН ШТО ЈА СМИСЛИЛ ДРУГ. УБИСТВО. ЗАПЛЕТ ЗА КОЈШТО СЕКОЈ АВТОР БИ СИ ЈА ПРОДАЛ ДУШАТА. Џејкоб Финч Бонер. Некогаш млад надежен писател, денес предава креативно пишување на мал колеџ во внатрешноста и се бори да ја задржи последната нишка самопочит. Со години нема ништо солидно напишано – а камоли објавено. Еван Паркер. Млад, згоден, арогантен. Од сите студенти кои ја посетуваат програмата на колеџот, Паркер најмногу му оди на нерви на Џејк. Дали е тоа зашто Џејк веќе се гледа како пропаднат автор, а Еван ја има сета иднина пред себе? Сепак, кога Еван ќе ја претстави идејата за неговиот прв роман, оваа блага нетрпеливост се претвора во завист. Идејата на Еван и заплетот во книгата се практично светски бестселер во најава. Поминуваат неколку години, но името на Еван останува непознато во јавноста. Тогаш, Џејк доаѓа до неверојатно откритие. Еван Паркер повеќе не е жив. Онаа одлична идеја сепак не била преточена во роман. Затоа Џејк ќе го стори она што би го направил секој писател: ќе ја искористи. За кусо време тој станува автор на бестселер кој силно одекнува меѓу читателската публика, нешто што отсекогаш го посакувал. Но, сè има своја цена. Еден ден, Џејк добива анонимна порака што ќе го промени неговиот живот. Тоа што беше само прашање на чест и кариера набрзо ќе се претвори во игра на живот-или-смрт помеѓу мачка и глушец.
-
Хотел меѓу две војни
0420,00 денХотел меѓу две војни“ е смел и богат псевдоисториски роман за љубовта на Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Забранета империја во процепот меѓу фактите и фикцијата, меѓу војните и мирот, меѓу срцата и умот во нас, но и надвор од нас. Опсада на Троја соѕидана во душата на Мустафа наспроти јуришот на тагата и болката на Елени испишани во два романа: во долгиот постмодернистички „Хотел меѓу две војни“ на Русјаков и во истоимениот кус, сентиментален роман на Елени, вгнезден во него како резервно женско срце.