-
Нашиот најубав Божиќ
0520,00 ден„За Божиќ, чудата го осветлуваат небото над Шкотските Висорамнини.”
Гејл Мичел, брилијантната и амбициозна бизнисменка, со години се наоѓа во зенитот на кариерата, но по цена на односот со своите ќерки. По ненадејното соочување со сопствената смртност, ги контактира со неочекувана покана: повторно да го поминат Божиќ заедно – за првпат по пет години.
За сестрите Саманта и Ела Мичел, Божиќ е најубавиот период во годината, време кое го поминуваат во смеа и веселба, обидувајќи се да ги надоместат топлината и магијата што им недостигале на празниците додека растеле. Годинава, додека Ела се приспособува на животот како мајка, а Саманта се надева да постигне деловна зделка за куќата во којашто ќе го поминат празникот, двете сестри решаваат да ја прифатат мајчината покана.
Додека снегот непрестајно паѓа, се разоткриваат стари тајни, се разгоруваат нови познанства и жените од семејството Мичел се принудени да се соочат со вистините што предолго ги избегнувале. Заедно мора да научат дека патот до прошката ретко е без пречки, но понекогаш, еден Божиќ може да смени сè.
-
Божиќната колиба
0520,00 ден„Таков е животот, нели? Се трудиш да го извлечеш најдоброто од добрите делови, а со лошите се справуваш колку што можеш подобро.”
Имоџен е маркетиншки гениј, но иако нејзиниот имиџ на одличен професионалец е вистински, среќните приказни од детството што ги раскажува се исто толку измислени колку и нејзиниот наводен ентузијазам за Божиќ. Работењето деноноќно и без одмор отсекогаш било нејзиното решение за преживување на празничната сезона, сè додека исцрпеноста не ја натера да направи катастрофална грешка.
Имоџен е принудена да земе еден месец одмор од работа, но за среќа, нема да мора да остане во бедното станче во Лондон и да размислува за својот тажен живот. Дороти, нејзината омилена клиентка, ја поканува да престојува во нејзината Божиќна колиба во Котсволдс. Куќичката е совршено прибежиште и Имоџен брзо се навикнува на идиличниот селски живот, особено кога деновите ги минува со енергичниот ретривер и шармантниот ветеринар.
Но кога тајните од минатото ќе ѝ го нарушат мирот, дали Имоџен ќе остане сама за Божиќ или сепак ќе успее да им прости на оние што ѝ згрешиле?
-
Крадецот на бакнежи
0590,00 ден„Можеби сум чудовиште. Најпосле, се појавувам ноќе за да си играм. Но истото го правиш и ти, малечка. И ти си дел од темнината.”
Ќерката на шефот на чикашкото подземје, деветнаесет-годишната Франческа Роси животот го минува во позлатен кафез потчинувајќи се на семејната традиција и обичаите. Иднината ѝ е јасно исцртана: не ја чека факултет, туку договорен брак со симпатијата од детството, Анџело Бандини, наследникот на едно од најмоќните мафијашки семејства. Во текот на ноќта на нејзиното претставување пред општеството, Франческа е подготвена да му го понуди својот прв бакнеж на Анџело, но под превезот на мракот, суровиот сенатор Вулф Китон ја измамува и ѝ го краде, заедно со нејзината слобода.
Принудена да се омажи за Вулф, сиот нејзин свет се распаѓа. Сенаторот го отелотворува сето она што младата жена го презира кај мажите: тој е арогантен, безмилосен женкар, кој кова планови против нејзиното семејство. Сепак наскоро ќе открие дека под оклопот на цинизам и суровост што Волф Китон го носи околу себе, се крие многу, многу повеќе.
Единствената желба на Франческа е да се врати во прегратките на Анџело, а единствената цел на Вулф е одмазда. Но можеби и двајцата ја потценуваат моќта на своите чувства еден за друг.
-
21 Начин да умреш
0420,00 денКолку брзо може да ти се урне сиот свет?
Во еден момент, Стела е едно од најпопуларните девојчиња во класот, а во следниот таа е отфрлена, понижена и исклучена од групата која порано ја водеше.
Кога караницата со нејзината најдобра другарка Амалие излегува од контрола, Стела станува мета на неумоливо малтретирање. Малтретирање преку Фејсбук, по пораки, со сурови видеа на Јутјуб, на страницата за омраза што секој ден собира сè повеќе лајкови. Амалие ништо не може да ја спречи во одмаздата. Само Филипа разговара со неа, но… каква е таа другарка што го крие нивното пријателство пред другите?
Додека вознемирувањето станува сè пожестоко, светот на Стела тоне во тишина. Музиката која порано ѝ беше единствениот спас, повеќе не ѝ носи утеха. Никому не му верува, надежта ѝ исчезнува.
Но тука е нејзиниот список – списокот со дваесет и еден начин како да ја запре оваа болка. Со дваесет и еден начин како да умре.
-
21 начин да умреш (Е-КНИГА)
0420,00 ден📱 Е-КНИГА | ДИГИТАЛНО ИЗДАНИЕ (EPUB)
Внимание: Ова е електронско, а не печатено издание на книгата. По успешното купување добивате линк за преземање на книгата во EPUB формат, наменет за читање на телефон, таблет или компатибилен е-читач.
Колку брзо може да ти се урне сиот свет?
Во еден момент, Стела е едно од најпопуларните девојчиња во класот, а во следниот таа е отфрлена, понижена и исклучена од групата која порано ја водеше.
Кога караницата со нејзината најдобра другарка Амалие излегува од контрола, Стела станува мета на неумоливо малтретирање. Малтретирање преку Фејсбук, по пораки, со сурови видеа на Јутјуб, на страницата за омраза што секој ден собира сè повеќе лајкови. Амалие ништо не може да ја спречи во одмаздата. Само Филипа разговара со неа, но… каква е таа другарка што го крие нивното пријателство пред другите?
Додека вознемирувањето станува сè пожестоко, светот на Стела тоне во тишина. Музиката која порано ѝ беше единствениот спас, повеќе не ѝ носи утеха. Никому не му верува, надежта ѝ исчезнува.
Но тука е нејзиниот список – списокот со дваесет и еден начин како да ја запре оваа болка. Со дваесет и еден начин како да умре.
-
Дом – Катерина Тихозора
0360,00 денШто е домот? Дали е тоа местото во кое живееме или нешто што го носиме во срцето?
Кога неговиот дом е уништен од војната во Украина, едно момче е принудено да остави сè зад себе и да тргне на пат кон непозната земја, во потрага по безбедност. Низ неговите очи ја доживуваме болката од загубата, неизвесноста и надежта за нов почеток.
Со прекрасните илустрации на Александар Продан, „Дом“ е трогателна сликовница за бегалството, припадноста и силата на спомените, која нè потсетува дека вистинскиот дом не е само место – тој секогаш живее во нашето срце.
-
Јаз – Дарко Тушевљаковиќ
0370,00 ден„Страдањето со кое се соочуваме обидувајќи се да ги премостиме бездните во нас, не знае што е јазик, нација, вера, пол, тоа не е ограничено со географска ширина и должина“, вели авторот во едно интервју.
Токму овие зборови совршено ги доловуваат универзалните човечки димензии опишани во овој моќен општествен роман за Србија во 1990-тите години и на почетокот на новиот век. Роман што одлично ја прикажува младата генерација растргната помеѓу заминувањето и преживувањето во сопствената земја, но и постарата генерација, проголтана од носталгијата и во борба против времето што ги надминува.
Сликајќи ги животите на младите луѓе во турбулентното време и комбинирајќи елементи на општествен роман и фантазма-горија, Тушевљаковиќ во „Јаз“ создава сцена на која, среде големи политички и историски пресврти, се појавуваат впечатливи ликови со своите човечки и интимни драми.
Трогателен и комплексен роман, кој се занимава со универзалната тема за тоа како човек може да се надмине себеси и своето минато и да го зачува сопственото право да биде различен, да биде човек.
-
Камчето (Е-КНИГА)
0420,00 ден📱 Е-КНИГА | ДИГИТАЛНО ИЗДАНИЕ (EPUB)
Внимание: Ова е електронско, а не печатено издание на книгата. По успешното купување добивате линк за преземање на книгата во EPUB формат, наменет за читање на телефон, таблет или компатибилен е-читач.
Трогателно сведоштво за надежта и пријателството во еден од најмрачните периоди во човековата историја.
Приказна за талентираниот виолинист Еитанас и неговата најдобра другарка Ривка, кои растат во свет во кој децата се смеат, кучињата лаат, а жените си муабетат на скалите.
Животот би бил прекрасен, дури и идиличен, да не е ужасната вистина – никому не му е дозволено да излезе од градот, а оние кои ќе минат низ портите, никогаш повеќе не се враќаат.
Оваа наградувана сликовница ни открива моќна приказна што се одвива во еден од најмрачните периоди за човештвото – холокаустот.
Лиричното раскажување на авторот и прекрасните илустрации одлично ги доловуваат деталите од секојдневието во гетото: град опкружен со sидишта, патролиран од војници, во кој надежта сè уште се насетува на покривите.
Тивок потсетник дека дури и во најтешките моменти надвладуваат надежта, пријателството и човечноста.
-
Писмо за мама под елката
0320,00 ден„Писмо за мама под елката“ е приказна што ќе ве разнежни и прегрне — потсетувајќи ве дека детските срца гледаат чудо и онаму каде што ние гледаме несовршеност. Писмото оставено под елката е благодарност за сите невидливи дарови што мајката ги дава без да ги брои — и потсетник дека најсветлиот празничен подарок не е во кутија под елката, туку во срцето што најсилно љуби.
Сликовница што ќе ја подарувате, читате и чувате многу години.
-
Ловејќи го злотворот (Robert Hunter #10)
0550,00 денСекоја приказна си има свој крај.
Тој е најопасниот и најсуровиот сериски убиец со кој ФБИ некогаш си имал работа. Поседува исклучителна самоконтрола, широко познавање на криминалната психологија и искуство со хипноза. По три години поминати во затвор со максимално обезбедување, тој успева да избега. И е многу, многу бесен. Во својата ќелија веќе ја испланирал одмаздата до последен детаљ. Сега е време да ја спроведе. Да ја натера личноста одговорна за неговото апсење да страда. Да ја принуди да учествува во игра во која нема шанси да победи.
А таа личност е Роберт Хантер, неговиот некогашен пријател и цимер од студентските денови. Двата најсјајни ума во историјата на „Станфорд“ повторно се среќаваат…
-
Алјаска
0370,00 денМоќна приказна за двајца необични пријатели кои ги спојува љубовта кон едно куче.
Свен е решен: на првиот училиштен ден ќе направи нешто големо, нешто незаборавно. Фора што ќe ги спречи соучениците да го гледаат само како „кутрото момче со епилепсија“.
Паркер, пак, сака да остане незабележлива. По најлошото лето во нејзиниот живот, не верува никому. Но по завршувањето на првиот училиштен ден, открива нешто неверојатно: новото куче помошник на Свен е Алјаска – кучето што порано беше нејзино. Кога го здогледува во негово друштво, ѝ се враќаат сите убави спомени од времето што го поминале заедно. Очајно сакајќи повторно да биде со Алјаска, една ноќ Паркер се маскира и се прикрадува во собата на Свен… Во превезот на мракот, децата си ги споделуваат тајните и стануваат пријатели. Но прекуден тие се туѓинци – и двајцата ја кријат својата болка, копнеејќи по друштво и разбирање.
„Алјаска“ е трогателен роман за болката, храброста и исцелувачката моќ на пријателството. Приказна што ги разоткрива предизвиците со кои се соочуваат младите при созревањето, товарот што секој од нив го носи во душата и пријателството што може да расцвета и во најнеочекувани околности.
-
Балот на лудите жени (Е-КНИГА)
0400,00 ден📱 Е-КНИГА | ДИГИТАЛНО ИЗДАНИЕ (EPUB)
Внимание: Ова е електронско, а не печатено издание на книгата. По успешното купување добивате линк за преземање на книгата во EPUB формат, наменет за читање на телефон, таблет или компатибилен е-читач.
Историска драма за жените затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 век.Во прочуената психијатриска болница „Салпетриер“, доктор Шарко го фасцинира општеството со своите јавни демонстрации на хипноза врз наводно луди жени отфрлени од семејствата. Но вистината е покомплицирана – тие не се навистина луди. Некои се несакани или непослушни сопруги, други мајки што не можат да ја преболат загубата на чедото, трети се ќерки што одбиваат да се покорат или девојки родени од вонбрачни врски. За париската елита, најзначајниот годишен настан е Балот на лудите жени, кога можат да ги набљудуваат пациентките облечени во свечени костими како танцуваат на звуците на валцерот. А за самите пациентки, балот претставува редок момент на надеж.
Женевјев е главна медицинска сестра во „Салпетриер”. По смртта на сестра ѝ Бландин, таа ја отфрла верата и се посветува на науката, слепо верувајќи му на познатиот доктор Шарко. Но нејзините убедувања се разнишуваат кога ја запознава 19-годишната Ежени – ќерка на угледно семејство, насилно затворена во болницата. Ежени има тајна: таа гледа духови. Инспирирана од забранетата Книга за духовите за која зборува цел Париз, таа е решена да избега од болницата, да се ослободи од ограничувањата на својот пол и да најде луѓе што ќе ѝ поверуваат. Но затоа ѝ е потребна помошта на Женевјев…
-
Испреплетени лози
0490,00 денФиона отсекогаш знаела да чува тајни – дури и од таткото што ја одгледал. Таа е единствената што знае за аферата на мајка ѝ во Тоскана пред триесет години и планира така и да остане.
Но еден ден добива неочекувана вест — нејзиниот биолошки татко починал и ѝ оставил наследство. Патувањето во срцето на Тоскана, каде што се соочува со бесните полубрат и полусестра решени да го оспорат тестаментот, се претвора во патување низ лавиринтот од тајните на родителите. Иако малку исплашена, Фиона ја прифаќа судбината и се обидува да ја открие вистината за тоа што се случило она судбоносно лето кое мајка ѝ го поминала во Италија – и за таткото што никогаш не го запознала.
Низ страниците полни со аромите и романтиката на Тоскана, читателот ќе се нурне во една трогателна приказна за љубовта, жртвите, храброста и вистинското значење на семејството.
-
-50%
Психологот
0Original price was: 490,00 ден.245,00 денCurrent price is: 245,00 ден.Возбудлив психолошки трилер и моќна приказна за куќата што крие шокантна тајна.
Кога Алиса и Лео се вселуваат во новата куќа во Кругот, затворена населба со луксузни вили, им се остваруваат сите соништа. Куќата ја купуваат по зачудувачки поволна цена, соседите се љубезни и пријателски настроени и најпосле се убедени дека ќе можат да уживаат во заедничкиот живот.
Но како што Алиса ги запознава соседите, открива ужасна тајна за нејзиниот нов дом и почнува да чувствува силна поврзаност со Нина, психологот што порано живеела во неа. Се опседнува во обидите да открие што точно се случило пред две години – но никој од соседите што ја пречекаа толку топло не сака да зборува за тоа. Алиса сфаќа дека нешто мрачно се крие зад блескавата фасада на населбата и дека копањето по туѓите тајни може да биде фатално…
Тоа што требаше да биде сон се претвори во кошмар…
-
Земја на соништата
0500,00 денКолби Милс верува дека е предодреден за блескава музичка кариера, но ужасна трагедија му ги руши надежите. Сега ја води семејната фарма во Северна Каролина и, како кус одмор од секојдневните обврски, прифаќа да свири во еден бар на плажата во Сент Пит во Флорида.
Кога ја запознава Морган Ли, светот му се превртува наопаку. Судбоносната средба го тера да се замисли дали одговорноста што ја нагрбил мора засекогаш да му го управува животот. Морган е ќерка на богати доктори од Чикаго и дипломка на престижна музичка академија, која сонува да се пресели во Нешвил за да стане ѕвезда. И во љубовта и во музиката, Колби и Морган се надополнуваат како што никогаш не верувале дека е можно.
Додека нивната љубов расте, во едно зафрлено гратче, Беверли се обидува да создаде пристоен живот за неа и за нејзиниот шестгодишен син, по бегството од насилниот сопруг. Но парите ѝ се при крај и опасноста ги демне од сите страни. Очајната одлука што ќе ја донесе ќе промени сè во што верувала.
Судбината ќе ги спои тројцата и ќе ги натера да се запрашаат дали сонот за подобар живот може да ја надмине тежината на минатото. Трогателна приказна за смелоста да ризикуваш cè за да го оствариш сонот – и за (не)можноста да го оставиш минатото зад
-
Проколната земја
0550,00 денБет и нејзиниот мил, добродушен сопруг Френк имаат среќен брак, но главниот предуслов за нивната врска е минатото да остане закопано. Кога братот на Френк ќе го застрела кучето што им удавило неколку овци, никој не знае дека тој истрел засекогаш ќе им ги промени животите. Бидејќи кучето му припаѓа на Гејбриел Волф, човекот кого Бет го сакала како тинејџерка – човекот кој ѝ го има скршено срцето пред многу години. Гејбриел се враќа во селото со својот мал син, Лио – момче кое Бет премногу ја потсетува на нејзиниот сопствен син, кој има починато во трагична несреќа.
Како што струите ја повлекуваат Бет назад во животот на Гејбриел, така растат и тензиите во селото, па почнуваат да испливуваат опасни тајни и љубомора, но овој пат со смртоносни последици. Бет е принудена да направи избор помеѓу жената што била некогаш и жената во која е претворена сега.
Длабока љубовна приказна со пресврт на трилер – новела за горлива страст, невозможни избори и експлозивни последици која шета помеѓу минатото и сегашноста истражувајќи ја моќта на првата љубов.
