-
Сечилиште
0250,00 денПо дваесет и пет години, семејството конечно се собира во малото балканско гратче во кое некогаш владеела среќа и напредок, сѐ додека над нив не се надвила сенката на војната. Сега ненадејно се вратиле: најстариот син Владимир, истакнат професор по економија, снаата Хелена и внукот Давид. Бабата Надија и дедото Клемент одвај дочекале да ги видат. На семејната вечера се појавува и синот Игор, воен репортер, кој се обвинува себеси за семејната трагедија.
Од аперитивот до дижестивот, Игор Штикс нѐ води низ напната и интересна семејна историја која секако дека е обременета со политиката на XX и XXI век. Во неа важна улога игра и прадедото Оскар, кој како млад австроунгарски војник учествувал во Октомвриската револуција, а на крајот завршил во логор во текот на Втората светска војна. Ноќ во која се откриваат долгопотиснатите тајни, во која се заменуваат судири и одмазди, во која станува очигледно дека минатото не може да се врати, но дека може од неговите стеги да се извлече со човечност и со непосредност. Ноќта завршува како и секоја друга, со изгрејсонце, но дали е тоа нов почеток или само уште едно ново разминување?
„Сечилиште“ на Игор Штикс ги допира сите оние резови и рани кои војната ги остава кај луѓето а и тие меѓу себе, се занимава со емоциите и неможноста минатото и личностите од нашиот живот да се отсечат со ножици.
-
Подарок за сеќавање
0430,00 денДарси Арчер работи во мала книжарница на Менхетен. Верна на своите соништа, одбива да се заљуби во некој што не е речиси совршен маж, некој што нема да ја собори од на нозе… буквално. Еден ден, на патот до книжарницата, возејќи велосипед, Дарси случајно ќе налета во убаво облечен маж со куче на поводник. Тој паѓа во несвест и итната помош мора да го однесе во болница, додека сиротото куче ќе остане само. Исполнета со чувство на вина, Дарси го зема кучето и размислува како да го врати на сопственикот што за целото тоа време лежи во болница и не може да се сети на ништо што се случило пред несреќата. Додека му помага на непознатиот маж да се сети на својот живот и семејството, го открива неговиот свет на книгите, патувањата, авантурите и сите оние работи за кои дотогаш само мечтаела. Дарси полека го спојува мозаикот за овој таинствен човек и почнува да се прашува, дали е тој ЕДЕН ЕДИНСТВЕН… Но, дали реалноста и мечтаењето се едно исто? И што ќе се случи кога на принцот на белиот коњ ќе му се врати меморијата? Дали Ајдан е навистина оној што го чека и со кој ќе живее среќно…
„Пријатна и слатка божиќна романса!“
‒ Паблишерс викли„Магична, топла и забавна.“
‒ Клоузер„Заплетот на оваа книга е исклучителен и ме натера да го видам крајот.“
‒ Marie’s Book Boutique -
Кирка
0500,00 денМагична книга која ткае поинаква приказна за волшебничката Кирка.
Неугледна, повлечена и без никакви моќи, иако ќерка на богот на сонцето Хелиј и заводливата нимфа Персеида, малата Кирка е осудена на осаменост и потсмев. Но наскоро таа во светот на смртните луѓе ќе ја открие својата волшебна моќ.
Сомничавиот Зевс ја прогонува на еден пуст остров, кој станува нејзино царство. Тука таа ги припитомува дивите животни, ги усовршува своите вражби и се среќава со многу митски јунаци – Дедал и неговиот несреќен син Икар, Минотаур, Медеја и лукавиот Одисеј во когошто се вљубува.
Жената што сака да биде независна е демнета од најразлични опасности. Кирка несвесно си го навлекува гневот и на луѓето и на боговите, а на крај се соочува и со одмаздољубивата божица Атина. За да го заштити најмилото, мора конечно да реши дали местото ѝ е покрај боговите, од кои потекнува, или покрај смртниците, коишто ги засакува.
„Волшебна приказна! Мадлин Милер создала смела феминистичка верзија на класичната приказна; во митскиот свет полн со богови, чудовишта и нимфи, длабоко во себе, главната хероина е иста како секој од нас.“
О магазин
„Иако знаеме како сè ќе заврши, оваа сочна приказна, раскажана во нова светлина, е напната и полна со неочекувани елементи.“
Вашингтон пост
-
Духот на мајка ми
0300,00 денПост-концептуалистичка мини-книга од Милчо Манчевски, илустрации Матијас Хајпел.
-
Куќа од стакло
0490,00 денРоуз Баркли е деветгодишно девојче, кое, веројатно, е сведок на убиството на нејзината дадилка и кое, во екот на жестоката бракоразводна битка на своите родители, престанува да зборува. Стела Хадсон е адвокатка за најдобар интерес на детето, чијашто задача е да открие кој во семејството е жртва, а кој убиец. Но како да ја открие вистината кога сите лажат? Штом Стела ќе помине низ железната безбедносна порта и ќе зачекори во луксузната, зачувана куќа во стар стил на семејството Баркли во Вашингтон, сфаќа дека случајот е уште поизвртен отколку што претпоставувала, а самото семејство – многу порастроено. И куќата е морничава – се што во неа било направено од стакло, е заменето со пластика. Додека Стела се доближува до вистините кои Барклиеви очајно се обидуваат да ги скријат, опасноста се овкиткува околу неа како покров, а нејзините минато и сегашност се судираат на неочекуван начин. Секој е осомничен за убиството на дадилката: мајката, таткото, бабата, момчето на дадилката. Дури и Роуз. Дали личноста што Стела треба да ја заштити… е токму таа од која треба да се заштити?
-
365 дена свесни
0650,00 денНа секој ден во нашиот живот му е доделена посебна намена!
Секој ден е единствен и неповторлив.
Прирачникот „365 дена свесни“ е замислен како ваш сојузник за секој ден во годината. За да ви помогне во секој ден да освестите нешто за животот што може да ви послужи да учите, духовно да растете и на денот што е пред вас да му го додадете најважниот зачин: мудроста.
Бидејќи вистински живеат само тие што знаат да живеат…
-
Клетва
0490,00 денРеши дека нема да ги даде ни мајка си ни сестрите, што и да се случи. Му даде завет на татко си дека ќе се бори за нив до последниот здив.Во тој момент помисли дека не е сосем сигурна дали тоа беше вистински завет или беше клетва.
Идиличниот живот на семејството Станимировиќ од корен ќе се промени кога нивното мирно банатско село ќе го зафати виорот на Втората светска војна. Таткото Јован ќе мора да го напушти семејството за да се вклучи во борбата против окупаторот, а неговата најстара ќерка Душанка ќе направи се за да ги заштити мајка си и трите помлади сестри. Во тоа ќе и помогне баба и Радојка, надалеку прочуена по своите моќи и своите напивки.
Јелена Бачиќ Алимпиќ,една од најпопуларните српски авторки, ни раскажува една емотивна и силна приказна за неизмерната љубов, храброст и преданост. Романот “Клетва” е омаж на човечката сила и потсетување дека со упорност и истрајност може да се надминат и најголемите ужаси и страдања…
-
Скриен потенцијал
0600,00 денАдам Грант уште еднаш ни објаснува на кој начин можеме да се издигнеме, себеси и другите, до неочекувани височини.
Живееме во свет опседнат со дарбите. Ги воспеваме талентираните ученици на училиште, природно надарените спортисти во спортовите, децата генијалци во музиката. Меѓутоа, додека им се восхитуваме на луѓето кои почнуваат со вродени предности, како да превидуваме колку далеку можеме да стигнеме самите ние. Потценуваме колкав спектар вештини можеме да научиме и колку добри можеме да станеме. Секој од нас може да се подобрува. А, кога приликите сами не ви затропаат на врата, постојат начини на кои самите ќе си направите врата. „Скриен потенцијал“ нуди нова рамка со чија помош ќе си ги подигнете амбициите и ќе ги надминете очекувањата.
Адам Грант преплетува пионерски докази, изненадувачки согледувања и живописно раскажани приказни, со што нè вади од четирите ѕида и нè носи насекаде – од училницата до олимписките терени, од утробата на земјата до вселената. Покажува дека напредокот не зависи од тоа колку напорно работите, туку од тоа како учите. Растот нема врска со генијалноста што ја поседувате – туку со карактерот кој го развивате. Грант истражува како се градат карактерни вештини и мотивациски структури со чија помош го реализираме нашиот потенцијал, и како да се осмислат системи кои ќе создадат можности за сите оние кои се потценувани. Оваа книга открива како секој може да се издигне до ниво на кое ќе постигне големи нешта. Вистинското мерило на вашиот потенцијал не е колку е висок врвот на кој сте се искачиле, туку колкав пат сте минале за да стигнете дотаму. -
Слики зборови и лаги
0300,00 денКратка билингвална книга во која кое се надополнуваат и се спротивставуваат зборот и сликата, есејот и фотографиите. Излагањето на Манчевски, презентирано на конференцијата Филм и вера во Ватикан во 2011, е основа на рефлексиите на авторот, во кои тој размислува за природата на вистината видена во уметничкото дело – колку е важно делото да биде верно на фактите и како вербата на уметникот се отсликува во делото.
-
Престара за ова
0490,00 денТивкиот и повлечен живот на една жена,пензиониран сериски убиец,е нарушен од неочекувана посетителка. За да ја заштити својата тајна, и останува само една опција – Уште едно убиство.
-
Драг господине М
0450,00 денСвоевремено славен писател, М. го постигнал најголемиот успех со трилер базиран на случај на исчезнување во реалниот живот. Во него ја раскажал приказната за професор по историја што исчезнал една зима откако имал куса врска со својата прекрасна студентка. Професорот никогаш не бил пронајден. По објавувањето, романот на М. станал бестселер што го одбележал неговиот интернационален пробив.
Тоа било пред многу години, но сега кариерата на М. е на залезот. Но не и ако го прашате неговиот бизарен, навидум срамежлив сосед, кој ги демне и него и неговата сопруга. Зошто?
Благодарение на романот на М., кој наводно е фикција, се чини дека сите се поврзани засекогаш, сè додека нешто неочекувано не ја одведе „приказната“ во сосем неочекувана насока.
Со сè позасилена напнатост на својот мрачно циничен ум и светски познатиот инстинкт за човечките недостатоци, Херман Кох повторно не поштедува ништо и никого во својот напнат роман, зајадлива претстава што ги држи читателите на штрек во мистериозниот простор помеѓу фактите и фикцијата.
-
Анатомија на скандалот
0500,00 ден#1 Најгледана серија на НЕТФЛИКС
Сопруга. Љубовница. Политика. Моќ. Лаги.
Софи Вајтхаус има прекрасен дом, две сјајни деца и привлечен, успешен маж. Со други зборови, има совршен живот. Но, сѐ се менува една ноќ кога нејзиниот сопруг Џејмс доаѓа дома и ѝ признава дека ја изневерил.
Одеднаш нејзиниот смирен, уреден свет, се превртува наопаку. Дали навистина го познава човекот за кој се омажи? Признанието на Џејмс е само врвот на ледената санта. Обвинет е за ужасен злочин. Но вистината е уште пострашна отколку што некој би можел да замисли. Дали Џејмс е виновен или е само невина жртва на злобен план?
Во оваа напната и возбудлива сторија за љубовта, одмаздата и лагата никој нема чисти мотиви, ама тајните на некои луѓе се многу помрачни и поопасни.
-
Мистериозниот град под калето
0590,00 денДали си подготвен за една суперавантура, стотици години наназад низ историјата во нашиот главен град, Скопје? Да истражуваш, да се бориш и да се криеш, да бидеш вистински јунак? Оваа книга нема да ја читаш по вообичаен редослед. Низ страниците ќе се соочиш со многу предизвици. Ќе се запознаеш со Скопје и со јунаците од неговото минато кои се споменуваат и до ден-денес, бидејќи со своите дела, храброста и јунаштвото оставиле печат зад себе. А сега, ти си на ред да станеш јунак. Додека се движиш низ страниците на оваа книга, мораш да бидеш многу храбар и мудар. Ако се случи да се изгубиш, не предавај се, обиди се повторно. Книгата секогаш ќе те врати на вистинскиот пат! Со помош на оваа авантура ќе научиш еден дел од историјата што е значаен за нашиот главен град. Тоа е периодот кога градот Скопје бил под османлиска власт. Ќе посетиш многу објекти значајни за тоа време и кои до ден-денес постојат за да нè потсетуваат дека Скопје е град со многувековна традиција.
-
Свети ереси
0500,00 денРајан Кјузак растеше побрзо од другите. Така е тоа кога си најстар од шесте деца, кога мајката е умрена, а татко ти е алкохоличар. Никој не вели дека Рајан е глуп. Ниту зад неговиот грб. Проблемот е во луѓето што го опкружуваат. Водачот на бандата го користи неговиот татко како „чистач“.Сосетката тврди дека само сака да помогне, но можеби сака нешто повеќе од тоа. Проститутката бара човек за кој никогаш не претпоставувала дека ќе ѝ недостасувасѐ додека една ноќ тој не исчезна без трага…
На страната на Рајан е само неговата девојка Карин. Ако и неа ја испушти, останува сосема сам.
Всушност не знаеш колку си јак, додека силата не ти затреба. Тинејџери, убиство, психолошки роман, распаднати семејства, секс, дрога, алкохол, Лондон, Ирска…
Романот ја доби престижната награда „Бејлис“ за најдобра женска фикција во 2016 година. Истата година „Свети ереси“ е добитник и на наградата „Дезмонд Елиот“ за дебитантски роман.
„Моќен роман.“ ‒ Вашингтон пост
„Неверојатна приказна и крај што ве остава без здив.“ ‒ Њујорк Тајмс
-
Медитации
0300,00 денНе расправај многу за тоа каков треба да биде добриот човек, туку ти самиот биди таков.
Медитации е светилник што големиот римски император и философ Марко Аурелиј го изградил среде разбрануваниот океан на секојдневните обврски и проблеми, со цел никогаш да не го загуби курсот на пловидбата кон моралноста и мудроста.
Напишана на старогрчки јазик, без никаква намера некогаш да биде објавена, Медитации е извонредна книга философско-интроспективни записи за разбирањето на себеси, функционирањето на светот и универзумот. Со овие текстови, кои имаат цел да дадат лична утеха и да бидат охрабрување за водење едноставен живот проникнат со скромност, љубов кон луѓето и моралноста, Марко Аурелиј создава едно од најголемите философски дела на сите времиња. Книга на која ѝ се восхитуваат и од која се инспирираат државници, мислители и читатели низ целиот свет, ризница на мудрости во потрагата по смислата на животот.
-
33 стратегии на војувањето
0450,00 денВо војната и во животот премногу работи се непредвидливи.
Научете ги офанзивните стратегии на животот што од нас бара иницијатива и преговарање од позиција на сила, избегнете битка што не може да се добие, а победете во суптилната социјална игра на секојдневието.
Големите воини и на бојните полиња и во дневната соба покажуваат разумност, агилност и смиреност. Благодарение на своето длабоко разбирање, рационалните, досетливите и интуитивните секогаш ги победуваат паничните и некреативните луѓе кои немаат план.
Во препознатливиот стил на Грин, од катастрофални грешки до генијални потези, од Наполеон до денешните генерали, од самурајски мечувалци до дипломати – секое од овие 33 поглавја ќе ве подготви за стратегија што ќе ви помогне да ги добиете сите животни битки. Оваа книга е психолошката муниција што ви е потребна за да ги надминете шемите на неуспех и за да ја имате победата секогаш на своја страна.
„Помеките души оваа книга ќе ја сметаат за застрашувачка. Оние чиј морален компас е ориентиран исклучиво кон моќта – имаат совршен водич.“
Паблишерс викли